i jas imam vo saksija na terasa seri domati, ama mene mi e zal da gi sobiram, pa mi stojat kako ukras ..bas se cool taka so toa crvenkite ubavki plodovi !! Site mi vikaat zosto ti stojat nesobrani, ama navistina mi e zal da gi kinam
Прв пат ја гледам темава... Браво за сите Феминки што сами си одгледуваат овошје и зеленчук!!! Био храната во денешно време е многу скапа, а останатата по пазарите не можеш со сигурност да знаеш колку е прскана, каде е одгледана... Секој што има услови мислам дека треба да си одгледува барем некој вид на овошје и зеленчук!!! Јас само во саксии можам да одгледувам... Дворот ми е мал, но имам засадено шери доматчиња, чили пиперчиња, рен, керевис, магдонос, босилек и нане!!! Од дрвца имам праска, дрен и лешник... Со останатиот зеленчук и овошје ме „снабдува“ татко ми... Дел одгледува самиот, а дел зема од луге кои садат како за своја душа !!!
Јас летово имам своја градина. на 10 м2 и ја одгледувам со помош на татко ми. Имам шери доматчиња, блитва, тиквички, рокула, благи пиперчиња, јагоди, краставици, босилек за зачин,магдонос,нане и други зачински тревки, имам и по два корена дињи и лубеници. И да, имам долги нокти и не, не ми е гад да си ги засукам ракавите и да си ја средувам бавчичката боса (патем е природен детокс на телото низ стапалата кои исто така ми се средени затоа што нели...мислат ако го правиш тоа си целиот селанец). Не прскам со ништо, само природно ѓубриво и вода, секако и сонце. За лубениците и дињите кои почнаа да горат од сонцето си набавив органско средство и се опоравија, сигурно нешто вештачко поевтино ќе беше и повеќе ќе завршеше работа, ама ќејфот не ми е тој. Задоволна сум и среќна со моите домаќи производи. Сите беа песимисти, мислеа дека ќе се откажам, но убаво напредуваат, тиквички и краставици веќе имаме, јагодите поминаа, лубениците и дињите ќе бидат за 20тина може и повеќе дена. Малку каснат некои производи, ама добро. Задоволна сум како за прва година. За шерито дали ќе ги биде не сум сигурна...
Здраво треба да ги скинеш ливчињата, оние најгорните и мал дел од стебленцето за да се шират во должина. Јас имав само една билка и така направив па да видиш колку се прошири. Ако саксијата ти е мала пресади ги во поголема (треба сепак да имаат место), и скини го најгорниот дел, па кажи ми дали функционирало. Поздрав
Дали некој може да препорача некоја добра страна или блог со совети и упатства за садење на зачински билки во саксии, и нивно одгледување. Однапред благодарам.
Пошто е сезона на сеење на растенија, ајде малце да продискутираме што сеете, одгледувате, на кој начин го правете тоа, колку ви успева?
Momentalno hit mi se jagodite. Opsednata sum so niv. Pa si imam moe katce so jagodi. Osven toa sadam i vo dolgnavesti i obicni saksii. Imaat cvet sega. Isto i malinite mi se omileno ovosje, gi imame i mnogu se rasprostraneti. Potoa kajsija, praska, smokva, godji beri, aronija, ribizla, visna, lesnici. Moite odgleduvaat i nesto zelencuk, pa imame patlidjan, krastavicki, morkovi, piperki, luk i kromid. I taka. Tajnata e mnogu ljubov i trud. Ps da bese temava za cvekinja drug muabet kje pravevme
Ako imas nekoj da ti dade korce bidejki se razmnozuva i pusta od strana korcinja. Moze i da se kupat ne znam kolku cinat. Nema nekoe posebno pravilo za odgleduvanje, uspeva vo najgolem del od slucaite. Izdrzlivi se na sonce, moze da si nasadis vo dvor ako imas, nie gi gjubrime za da bidat poubavi, navodnuvanje i toa e toa. Jas na ovoj nacin zasaduvam: kopam dupka vo zavisnost od goleminata, go stavam rastenieto i ja mesam zemjata so gjubre (poveke zemja). Ova se otporni rastenija pa i bez ovie saltanati moze da ti uspeat. Dovolno e odozgora malce da gi nagjubrish.
За тие во стан.. Садите по нешто во саксии и што? Јас прашувам бидејќи и кактус можам да исушам...со мојот талент А имав години со шери домати, рукола и една јагода.. А и оние отров лутите чили пиперчиња.. Ама умре тоа време хаха
Леле саксиите преубаво изгледаат. Дајбоже да ви успеат на се натоварат со јагоди и да си кинете од нив во секое време
Тие што се зелени мислам дека ќе успеат. Јас на земја имав садено и еднаш дадоа род и после се расипаа.
Сите се живи и тие што изгледаат исушени, почнуваат да ртат одоздола. Околу родот зависи какви се, овие се месечарки, а за расипување може лошо си ги чувала Ние надежни сме дека цело лето јагоди ќе јадеме
Оооо!!! Преубаво изгледаат. Саксиите - од каде? Имам јагоди во бавча, ама не ги јадеме. Мачките само на нив лежат.
Preubava tema Jas od neodamna se navlekov na ovaa droga narecena odgleduvanje rastenija no seuste nemam zasadeno nekoe ovosje ili zelencuk. Omileni mi se kaktusite i sukulentite. Moeto prasanje e dali vo Skopje bi uspeale malinite i kade bi mozela da najdam veke zasadeni? Istoto me interesira i za seri domatite. Iskustvo so odgleduvanje, nega i sto i da vi padne na pamet.
Читајќи ве, па почнав да ги мислам компирите во кофа. Треба да видам и босилек, нешто такво и шери домати ми е интересно дали ќе пораснат. Може ќе ми делува ко што им делува јога на некои а и ќејф ќе биде да си направам чипс со првиот и можеби единствен компир Штета што ич не ме бива со растенија.