1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одгледување зеленчук и овошје

Дискусија во 'Дом' започната од Theodora, 27 февруари 2011.

  1. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    108.251
    Пол:
    Женски
    Саксиите ги имаше во Меркур и Хубо, а веќе никаде :smirk:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Извини што доцна со одговор, не сум видела.:( Од расад се садат. Ни ги има дадено пријател уште пред десетина години. Се разможуваат многу, па доволни ти се неколку садници. Не бараат посебен услов, упеваат, барем јас не се сеќавам дека татко ми некако ги третира, значи не. :)
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    @emkaemka супер ти е идејата, гледав вакво нешто на интернет и се токмев слично да ги подредам. Ајде другата година сега е касно. Стварно се фенси, само мој совет е да бидат изложени на сонце, побрзо растат и успеваат, јас многу пресадив од под сенка, веќе имаат цвет. Можеби ги грее сонце твоите само не се погодил моментот или времето или сликата ако е така ок ,ако не смести ги во некој друг агол, ако можеш секако. :)
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од домашно произведство на овошје и зеленчук. Ние имаме голем двор, дрвце мислам дека нема што немаме, сега и овоштарник направи мм со бадеми едвај чекам да почнат да раѓаат. :)
    Од зеленчук сега е сезона на марули, младо лукче и кромидче, ротквици, спанаќ, блитва.... секој ден имаме свежа салата. :sun: Исто скоро секогаш имаме магданос, мирудија, морков, а скоро треба да засадиме патлиџан, краставици, пипер, тиквици....
    Зеленчукот не го прскаме, овошјето само во цвет, откако ќе се формират плодови, не. Јас немам многу време да се занимавам со тоа, годинава пак со бебче уште помалку, ама затоа мм ужива додека го работи.
     
    На didisi, Giovanna, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Сакав оваа година да засадиме нешто со пријатели (малку) ама не стигнавме. Немам многу искуство, па ако некој/а од вас може да помогне со совет или идеја што може да се засади сега, во мај?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како да посадам авокадо ?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Јас босилек си имам стандард. Лани имав и мента и рузмарин и брат ми зимата мислел дека се суви треви и ги искубал, а тие зимата скроз се сушат и напролет пак ми никнуваат. Сега имам јагоди, босилек и младо авокадо. Ама планирам да земам рузмарин пак и некои други зачински билки. А и шери доматите ги мислев ама не посадив.
    За авокадото како се сее можеш да видиш на нет, ама ако ти е само за украс плод раѓа после многу години ако ти успее на оваа клима.
     
    На koritsaki и joy1 им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    На која страна ви е терасата? Јужна?

    Мислам дека род не се добива само од семката. И јас сакав, читав и пишеше дека не може да се оплоди така само. Во странство се продаваар расади
     
    На 1209 и Tinushka им се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    108.251
    Пол:
    Женски
    Јужна :)
     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Ее, ќе успеат. Јас сакав на источен, ама се премислив
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    @Zlatna12345 Успеваат малините, и се рашируваат многу, кај што нема да ги насадиш ќе никнат :)

    @zhap4e мајка ми садеше годинава компири во буре за прв пат, баш ќе ти кажам дали ќе биде нешто од нив ако сакаш :D
     
    На mira.mira, Zlatna12345 и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    image.jpeg Јас имам желба да засадам шери домати на тераса,купив семки.Ќе може некој поискусен да ми објасни кога и како да го засадам,што му е потребно?И уште нешто на сликата од лева страна не ми се јасни точките и бројките што значат:lol:...тешко на мојот домат:sun:
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    20170510_150141.jpg
    Не можам да ги прикачам и другите слики :( Штета, а баш ги опфатив целосно.. нареден пат повеќе среќа :)
     
    На PoisonGirl, Maja333, Asterion и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Живеам во куќа без двор но со голема тераса, така што за се наведено подолу се работи за саксиско земјоделство :D

    Кога бев помала имавме повеќе 10 големи саксии со лимони и 4-5 саксии мандарини, но бараат многу грижа, зашто зимно време треба да се внесат внатре, памтам дедо ми во собата кај што ги внесуваше саксиите понекогаш во поладните денови од зимата им пушташе греење за да не смрзнат. Ама сепак, послатки мандарини не сум јадела во животот, штета што не успеавме да ги одржиме во живот.
    Имавме и краставици, 3-4 вида чили пиперчиња, ама ни пресушија, остана само еден вид, сега мајка ми гледам секоја година по нешто ново си засадува и се и успева :rofl:
    Јагодите месечарки, ги имавме откако памтам за себе, ама ни се исушија откако дадовме коренче за пресадување. Ова ни е втора година откако имаме нови коренчиња, почнаа да зреат неделава и пресреќна сум, ме враќаат во детство :inlove:
    Мајка ми на балкон во мали саксии има посадено невен, магдонос, рузмарин, босилек, се надевам дека ќе засадиме повеќе зачински тревки, нема поубаво од свежо, а имаме и стебло авокадо и дрво кајсија (исто во огромен цреп) што ми има успеано како експеримент како мала и не се суши, секоја година се поголемо расте, сега можеби е високо скоро метро и пол ама никако да роди, одвај чекам да си се осамостојам и да си ја исполнам желбата за куќа со бавча и овоштарник, кајсијата ќе ми биде прво засадено нешто. :D

    Имам намера следната година да посадам по некое коренче домати, кромид, лук, краставици и најобични пиперки, верувам дека ќе успеат пиперките зашто чили пиперките си опстојуваа без проблем, а сега ми дадовте и идеа за компири во буре :wasntme:

    @Tinushka Мајка ми по овој принцип из'рте авокадо и и успеа, го посади и стеблото порасна http://www.nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=20250&scID=9959&l=63
     
    Последна измена: 17 мај 2017
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски

    Еве линк за Авокадо :)
     
    На zhap4e и Anacid им се допаѓа ова.
  16. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    А јаготките месечарки кога се садат? Има ли некој определен период и какво ѓубре му ставате?
     
  17. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Само да ве известам дека по 1 месец , авокадото конечно напукна на средина , а одоздола ѕирка коренче . Премногу време му треба за да биде спремно за садење и премногу нега (мислам на менење вода често) Но целиот тој процес иако се одвива бавно ми е многу интересен:inlove:
    Инаку имам посадено и други растенија како што пишував погоре , но моментално сум сконцентрирана на авокадото и ѓумбирот:D
     
    На zhap4e, Mayyya и Anacid им се допаѓа ова.
  18. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    @Tinushka штом напукнало сега брзо ќе расте. Еве го моето, сликата е од март, сега веќе е големо, го пресадив во саксија.
    Не сум дома за да го сликам, ама веќе има 25 cm.
    FB_IMG_1498345981286.jpg
     
    На Lolipop23, Skorpija25, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јееее :inlove:
    За колку време појави корен и стебло ?
     
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    13.394
    Пол:
    Женски
    А јас го имам излупено тоа корубчето гледам вас ви стои. Го гледав видеото од you tube и видов дека таму го лупат и јас го направив истото. Што е поправилно?
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.