Јас гледав од тука и според оваа статија не треба да се лупи, ама скоро видов кај пријатели излупено и кај нив почнало да се појавува стебленце. Можеби не е толку битно тоа, ама за секој случај стави и нелупено. @Tinushka не се сеќавам точно кога го ставив во вода ама мислам околу 2-3 месеци поминаа пред да се појави стебленце.
Да да мене ми се нелупени во исто време ги ставив и едното ми пркна нагоре извади стебленце ама ми беше страв за понатаму да не ми угине затоа прашав.
Јас живеам во странство, но во Мк моите одгледуваат различни земјоделски култури.. Имаме голема градина во која одгледуваме домати, пиперки, лук, кромид праз... А и имаме ниви посадени со компири и пченка..
Гледам на инстаграм неколку профили како засадувале авокадо дома во саксија, пред некој ден слушнав за еден човек што имал посадено цреша во саксија и си чува дома. Мислење за одгледување дрва во саксија?
Jas imam avokado vo saksija no e samo dekorativno rastenie.Odgleduvanjeto na ovoshki vo saksii ne e praktichno zasto korenot im e golem .Postojat posebni sorti koi se uvezuvaat I koi mozat da se odgleduvaat vo saksii.Pred nekolku godini gi imase no skoro ne sum sretnala po rasadnicite.
Сакам да прашам дали некој од вас одгледува Micro greens и дали сте информирани околу заинтересираноста кај нас ?
Моите родители посебно татко ми се залага за нашата бавча и двор, мајка ми,сестра ми помагаат а јас најмногу до пред да се омажам. Татко ми секогаш прскаше и пред да садиме нешто копаше. Потоа наводнуваењ, садење,копање, плевење ,јадење он и ние. Тој знае кога што се сади и со што кога се прска прптив инсекти и сл. јас секогаш во пролет ги белев со вар дрвцата и фрлав ѓубре 3-15ка или/и шалитра во тревникот. со кристално ѓубре ги прскав цвеќињата. садиме: компир,лук,кромид,зелка пиперки, домати, тикви,краставицо,марула,морков,магдонос. имаме: 7 дрвца јаболкаа на кои има по 1 калем и постојано јадиме, смоква,лешници,цреша,јапонска јаболка,мушмула, 3 сливи-разни сорти, ќиви, праски -разни сорти, зерзелија/кајсија благодарение на татко ми и тоа што имаме голем двор и бавча околу куќата.
Еве афтер ефект споредено со запалка, откако ќе заборавиш 2 стебленца пашканат цела зима во земја Инаку се снабдив со се за оваа година дури и домати во разни бои ќе имаме Докупив уште 100 корења јагоди, 50 малини, викам на мојов да засадиме уште неколку видови крушки.. Спремна сум и со 3 видови моркови.. Кад је бал нек је маскенбал
Пробав една година, не ми беа многу благодарни. Ама беа на јако сонце, може на мешана сенка подобро ќе успеат. Иако, во принцип сакаат повеќе земја.
Си засадив босилек и магдонос во саксиички, и ги ставив во кујна. Имаат сонце попладне, па се надевам ќе ги биде. Си ги планирам за во салатичка, да ми бидат при рака и во свежа состојба. Декоративно, зелено и практично решение. Кој има дневна светлина во кујна вреди да се испроба.
Имам засадено рузмарин,босилек и нане во саксии. Арно ама нането има фатено лисни вошки ( барем јас мислам дека се тоа). Ако знае некој што можам да ставам нешто природно да ги исчистам. А баш му се радував на нането дека ново ми е.
Здраво Јас многу имам мерак да си насадам било што но ништо не ми успева. Па доколку можете да ми помогнете. Имам засадено јагоди во саксија од расад пред 2 недели мислам, но почнаа да ми се сушат, листовите им пожолтеа, тие што беа како цверови се исушија испопаѓаа. Ги наводнувам често. Е сега знам дека сакат сонце а мене ми стојат на прозор од надвор бидејќи сум во стан и само наутро ги фаќа сонце а деновиве некако не се баш сончеви утрата. Совет како да ги спасам? Исто засадив и шери домати но ми овена стебленцето, дали има начин да го вратам во живот? Друго што сакав да прашам, авокадо од семка ртев 6 месеци конечно да порасне поголемо стебленцето и го засасив. Откако го засадив ми паднаа ливчињата и стеблото се исуши а ете го уште ми стои во саксија од жал да го фрлам бидејќи го чекав премнгу време да порасне. Како ги засадувате, на колку време ги наводнувате и каде ви стојат. Имам уште 2 семки сега ставено во вода па да не ги зафркнам и нив понатаму.
Да се пофалам - годинава засадив домати за првпат, од проверени сорти, има јабучари неколку вида, воловско срце, долгнавести домати. Околу 20 и кусур садници имам. Со помош на искусна помошничка ги околчив, направивме бразда, редовно ги подврзувам, навадувам и арни се засега, си цветаат и имаат плодови. Дегустација во август, со ладна ракија Имам и една краставица, колку за приказ: Органско, природно, нетретирано. Едвај чекам да узреат, па да здробам една домаќинска салата.
Како се одгледуваат? Дали треба да се пресадат, колку се наводенуваат? @orevokrsacka гледам и ти имаш босилек и магдонос..ако имаш некој совет..во кујна планирам да ги чувам