1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одгледување зеленчук и овошје

Дискусија во 'Дом' започната од Theodora, 27 февруари 2011.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Имав, веќе не. :)
    Не ми успеаја во саксија, некој поуспешен нека каже како треба.
     
    На Caramell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Зачував од лани семе од розев домат, бидејќи ни беше највкусен. Изникна и засадив 12-13 коренчиња, еве ги сега со плод: IMG_20230709_193255.jpg IMG_20230709_193242.jpg
    Купив и неколку коренчиња пипер - каварџик, благ и лут:
    IMG_20230709_193225.jpg
    А од краставиците ми преживеа само една садница, сите други кои неуморно ги садев, насабајле секако ги наоѓав ничкосани од голите полжави:
    IMG_20230709_194550.jpg
    Од зачински билки посеав магдонос, ми изникна марула :^)
    Ќе повторам со друго семе.
    Колку за салата ќе има што да наберам следниот месец. Најважно ми е што не се третирани со хемија (y)
     
    На daylight, marchi-cool, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Време е за берба
    IMG_20230812_182331.jpg IMG_20230812_182341.jpg IMG_20230814_184801.jpg
    Доматите ми се за маааашала :D
    Крупни и превкусни
    IMG_20230815_191033.jpg
     
    На sparklie, firequeenn, MissChievous и 6 други им се допаѓа ова.
  4. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    247
    Со здравје да си ги јадете, нема ништо повкусно од домашен зеленчук.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Многу сакам во двор да имам простор за домашен зеленчук, овошје. Инспирација добив од една девојка на инста што следам, која во дворот има буквално се, со полно цвеќиња, зеленчук, овошје, дрвца.
    За ова секако треба многу труд и секако финансии. И гооолем двор.
     
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.931
    За голите полжави закопај во земјата еден сад, може некоја тегла, пластична чаша, што било. Отворот да е на рамниште со земјата да можат да влезат внатре, и тури пиво. Пивото читав ги привлекува многу. Нареден ден ќе видиш полно удавени. Така ги спасив јагодите, инаку сите ги јадеа, не стигнувавме ние на ред да каснеме.
    [​IMG]
     
    На manako1, eliesaab и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Фала ти, догодина ќе го применам советот.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.