Одгледување на бебето и околината

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 19 октомври 2014.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    10.992
    Пол:
    Женски
    Инспирација за темава ми се свекорот и свекрвата! :D
    Живееме во заедница, па секој ден се среќавам со најразлични паметувања околу одгледувањето и грижата на син ми.
    Еден мал дел од нив се добронамерни и конструктивни совети, но оној поголемиот дел од советите кои секојдневно ги добивам се нелогични, застарени, бесмислени и крајно глупави совети..

    Темава ја отварам со цел да ги споделиме сите бисери на околината која знае се, а ние како родители не знаеме ништо! :)

    Еве дел од добронамерните совети кои ми беа мене кажани!

    - Млекото не ми е квалитетно и детето плаче бидејќи е гладно, морам да му давам адаптирано! - Совет кој го добивав по 100 пати на ден во првите месеци!
    - Никако не смеам да го гледам додека спие, бидејќи од родителите најмногу одело на очи! Одело на очи? Што ли значи тоа? |(
    - Секогаш кога го облекувам да почнам прво со десната страна, па потоа левата. :tmi:
    - За непцата било најдобро да му дадам да гризе кора од лимон.
    - Да воведам трет оброк (на бебе од 6 месеци) бидејќи навечер не спие затоа што е гладен (а ние минуваме уште еден скок во развој, но тоа за нив е нешто сосема непознато)
    - Цуцлата лажливка треба да ја брцнам во мед за бебето да ја прифати, докторите ништо не знаеле, медот воопшто не бил страшен!
    - Секој ден добивам совети како треба да биде син ми облечен, да не му е ладно!
    - Закаснив со воведување на цврста храна, требаше да почнам уште на 3 месеци!

    Уф.. Има уште.. но како за прв пост доволно е! :)
    Ако има ваква тема, се извинувам, модераторите нека ја избришат!
     
    На CurlyBlossomGirl, Troi, gjoker4e и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.619
    :)))))))))))))))))) Уште колку вакви бисери ќе слушаш, само со тек на време ќе научиш да не те тангираат.
    Иначе кажи Фала Боже што само зборуваат, немој да дојди момент сами да си прават што мислат дека е правилно...и тоа без да те консултираат :D
    Јас лично вакви конкретно моменти сум немала, зошто не живееме заедно, ама затоа пак откако почна да преспива кај нив - контролата ни е на многу ниско ниво :D
     
    На iloveyou29 и Smiley11 им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.460
    Пол:
    Женски
    Истите совети и јас ги добивав :)
    Прво проблем беше сум немала млеко.Откако педијатарот кажа дека за 4 недели ставила 1100 г се смирија.После бидејки имаше грчеви мислеа дека вришти пошто била шината.
    Па не требало да ја бакнувам во врат-ке била луто бебе.
    Не требало до годината нокти да и сечам,стапалца да и гушкам ниту пред огледало да ја ставам.
    За икање лимон да се даде ,после шетање од град градите да се измијат пошто млекото на очи ми било фатено :)
    И секако нонстоп му е ладно на бебето колку по натрунтано толку подобро.
    Се трудам да не обраќам пажња.
    П.с ја заборавив светената вода и остали ствари од овој тип како сретства за смирување на бебето.
     
    На gjoker4e, Mama Maja, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    10.992
    Пол:
    Женски
    Тоа со огледалото и бакнувањето на врат и мене ми го кажа свекрва ми! :rofl:

    Исто и да не му ги бакнувам стапалцата бидејќи ќе бил лопов :lol:

    А најнов муабет е дека ако сум доела и ако сум останела бремена морам под итно да престанам да дојам зошто млекото станувало кисело.. |(
     
    На gjoker4e, Kaetana, heppymom и 2 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.460
    Пол:
    Женски
    До генерацијата е :D штом истите совети сите ги добиваме..
    А да ги прашаш зошто е тоа и тоа така велат ,ете останало од старите' :)
     
    На iloveyou29 и Eli23 им се допаѓа ова.
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.972
    Пол:
    Женски
    Значи стварно е до генерација.

    Плус: ако го бацам додека спие ќе сум му го земела сонот, па никако не се вика на бебе жаба или сл.називи по гадни животни, стави му црна точка на челото да не го урочат итн.
    Инаку јас ја бацувам од пети до глава, ја ставам пред огледало и се смее, не се замарам со бабини деветини.
     
    На gjoker4e, Kaetana и Ekstaza им се допаѓа ова.
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    И ЈАС ДА ВИ СЕ ПРИКЛУЧАМ НЕМАМ СВЕКРВА ПОЧИНАТА Е,АМА ИМАМ НЕЈЗИНА РОДНИНА ТЕТКА НА ММ КОЈА РЕДОВНО МЕ БАРА ДА МЕ СОВЕТУВА ДА СУМ СТАВЕЛА НА ПРАГ ПОД ЧЕРГИЧЕТО ЦРВЕН КОНЕЦ ДА НЕ ГО УРОЧУВАЛЕ КОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕЛ ДОМА,ДА СУМ МУ СТАВЕЛА КАЈ ШТО СПИЕ ВО КРЕВЕТЧЕ ПОД ГЛАВА ВО КРПА КРОМИД ЛУК СОЛ И ЛЕБЧЕ,И ОВА Е СМЕШНО АМА МОРАМ ДА ВИ ГО КАЖАМ ДА СУМ МУ ВИКАЛА НА СИН МИ, 3 ПАТИ НА ДЕН ТОЈ ШТО ЌЕ МИ ЈА ВИДИ .......ТОЈ ДА ТЕ УРОЧИ АХАХХАХАХА ЗАБЕГАНИ РАБОТИ МАМИ ГЛЕЈТЕ СИ ДЕЧИЊАТА И УЖИВКАЈТЕ :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    669
    Што не се изнаслушав :D
    но врвот беше кога дојдовме од болница и јас имам се темни чаши и зимам да пијам јогурт и ми вика свеки немој да пиеш од црна чаша и јас ваква :o зашто и викам ми вика така не чинело и и се згазив од смеење со маж ми заедно :D
    но имаше уште еден куп глупи ама ова беше врв
     
    На gjoker4e, Dzevelekova, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    25.039
    Лелеее темата :o !!!
    Вака кога ве читам се подутешив дена не го имам само јас истиот притисок од околината, не сум била сама...
    Свекрва ми навалува за некои работи,се мршти кога не правам по нејзино ама колку мајка ми знае да биде досадна и нападна мислам никој не може до толку.
    Од старт ме ,,советуваа,, дека:
    -Немаш млеко и го чуваш гладно бебето затоа плаче ( според мислењето на бабите НЕ ПОСТОЈАТ грчеви, бебето плаче само кога е гладно или урочено :^) )
    -После гостите не мора да се раскрене масата, поважно е да се измие бебто со светена вода (не дека не сум верник, ама ова со светената вода и нејзината примена често ме остава без текст :o )
    -Бебето е доволно големо за да јаде од нашиот ручек (има само 6 месеци), што има врска што манџата е со зачини и масло,бебето треба да се учи од мало (ова е од мајка ми и 100 пати се расправаме за тоа, некогаш и велам ,,ако сакаш и буковец да и попрскам на кашичката,, :lol: )
    -Во кашите на бебето е попаметно да ставам кравјо млеко отколку измолзено од мене (онака да не губам време со молзење)
    -Не е страшно ако на бебето му пропушти памперсот преку вечерта и не мора да се смени оти ќе го расонам бебето ако го расоблечам затоа нека си спие утоп мокричко цела ноќ, што има врска дека ќе настине :fubar: (ова од свекрва ми)
    -На бебињата не им е ништо ако пијат ВИВА сокови 100% портокал (бисер од јатарва ми) :x
    -Медот треба да го користам секојдневно (во каша, во чај, во сЕ)
    -Што се замарам со глутен и безглутен, важно е бебето да јаде па макар тоа да биде и штетна храна (тогаш да воведам и хамбургер??? 8) )
    -Во раката бебето од 5 ипол месеци наместо глодалка за заби треба да држе корка леб и 100% нема да се задави :fubar:
    -Уште од самото вовдување на цврста храна не треба да ја блендирам храната, подобро е да ја пасирам за да се научи да џвака (а ние немаме ни З од заб и уште се учиме да голтаме погуста храна а не пак да џвакаме) |(
    -Кашлицата на бебето не се смирува со сируп туку со домаше лек кој во себе содржи десетина непроверени билки (ако исфрли алергија чукај си главата од што е)
    -Бебето треба да се поплунува (пу пу пу да не те урочам) минимум 100 пати дневно (не дека не сум рекла ,,пу пу убаво на мама ,, ама нејќам опседнатост со тоа и секое плачење на бебето да се смета дека е последица од урок )
    И така... се надмудруваме по цели денови! ]:)
     
    На gjoker4e, Dzevelekova, iloveyou29 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.460
    Пол:
    Женски
    Ние имаме 10 недели и вчера свекор ми мртов ладен ми вели:Зар уште не почнуваш со манџи? :^)
    Не реков ке почекам уште малце ццц
    Демек редно било да почнам со цврста храна.
     
    На Dzevelekova, heppymom и Eli23 им се допаѓа ова.
  11. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    162
    Да се приклучам и јас на смешкиве :)
    Да не му ги виткате алиштата при перење(нели за да се исцедат од водата) ќе го болело стомачето,
    Да се соберат алиштата пред зајдисонце - ќе заоѓало детето од плачење,
    Да не се прави ЅЕ со дете до година не добив одговор на ова зошто така, Кога ќе си отидат гостите да го вртите детето кај што седел секој посебно, замисли слава да ви е :D
    и уште мн од погоре наведените и што не ми текнуваат ;) Свекрва е опасна работа со искуство:) ако бидам и јас ваква нека ме бркаат со време хахааха ;) :*
     
    На gjoker4e, heppymom, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    162



    Да да да да дефинитивно касниш со манџите требало од месец хахаххаха смешки се значи
     
    На Dzevelekova, iloveyou29 и Eli23 им се допаѓа ова.
  13. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    309
    Ве читам и не можам да се изначудам, ви завидувам на сите за трпението!!!!

    Јас сум општо не баш толерантна личност, не сакам да ми се мешаат во мои работи, особено со такви глупости, и ако почнат да ми зборат вакви работи мислам дека ќе има долго карање, преку мм нормално, ништо не им велам јас в лице :) Тој нека си се разбере со неговите...
    А за моите знам дека мајка ми ќе ми се меша ама моја си е знам да излезам на крај со неа :)
     
    На heppymom и Ekstaza им се допаѓа ова.
  14. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Па убаво ти вели човекот, манџата не е цврста храна, течна е :!:
    хахахах ама ме изнасмеавте со темава. Јас овој проблем го немам делумно затоа што живееме сами, а делумно затоа што уште додека бев трудна им ставив до знаење на свекрва ми и на золва ми (мајка ми ме знае каква сум и за тоа не се ни труди да ми каже нешто) дека тие работи не поминуваат кај мене и дека ако недај Боже имам проблем со детето јас верувам во медицина и верувам дека така повеќе ќе му помогнам отколку да ги носам гаќите наопаку :D
    Секогаш кога ќе ми речеа дека нешто треба да правам, прашував зошто и добивав одговор дека така останало од старите, ниту еднаш не ми одговорија затоа што..... И така кренаа раце од мене 8)
    Ајде да не бидам ептен офф
    - Не се перат алиштата на бебето во машина за да не му се врти во стомачето :o (е тука маж ми праша од каде тоа, и се изнасмеавме на одговорот дека останало од старите - кога тие стари не ни знаеле дека постојат машини за перење алишта.
    - Кога се роди малиот му се јавил зетот на мм (маж на сестра му) и почнал да му објаснува како не треба тој (мм) да дојде по мене и бебето, туку некој кој има жив мајка и татко (а и свекор ми и свекрва ми се фала Богу живи) и дека треба да дава вечера на незнам колку луѓе (тука маж ми го прекинал и му рекол да не се меша каде што не му е место и да си гледа за дома, а да го остави него да си прави како што сака)
    - Последно од викендов кога бевме на гости кај свекрва ми, дојде золва ми со мажот и со детето. Малиот ја отвори чоколадата што му ја однесовме и золва ми сакаше да му даде на син ми (кој има 2 месеци) да лизне од чоколадото, машко бил да не гледал :x они на нивното му давале да лизнува од кога имал 40 дена :o . Кога изреагирав и им реков дека немам намера да му давам да лизнува ништо уште сега, а уште помалку чоколадо и кога почнав да им ја кажувам важноста на правилната и здрава исхрана за бебињата добив коментар од мажот и дека џабе мислам дека ако го хранам правилно нема да се разболува, пак ќе бил болен :^)
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    и кај мене имаше такви точки, ама јас воопшто не им обрнував внимание, тие си зборуваа, јас ништо, на ум не ги ставав...
    кога бев бремена да не сум прерипнувала кабел, бебето ќе се замотело околу папочната врвца
    кога се роди, му ставија на прагот од вратата црвен конец, да не го урочиле ( инаку за урок, имаме ние дома минокери, незнам колку се имате запознаено со тоа, но функционира и тоа како )
    исто ставија и метла, другарче да имало, да не било само во собата
    да не се излегува до 40-тиот ден
    и мене ми рече мама за бакнувањето нозе дека немало да прооди
    и многу други кои што веќе ги кажавте, јас не применував никое од наведените, па ни 40-тите дена, со оглед на тоа дека е роден во мај месец, и времето беше прекрасно
    абе сва и свашта може да чуеш од старите, а за кои ни самите немаат објаснување...
    инаку за огледалото да не се гледа бебето до годинака, е тоа што демек се гледало со гаволот и можело да почине...
     
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Јас Јоу ти се чудам зошто не му даваш манџи почни со гρав да се учи од мала hahaha стаρиве се бог да чува, многу се пρават паметни да попуваат,κога ќе се ρазболи детето ρодителите се сеκогаш κρиви што не слушале постаρи
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.460
    Пол:
    Женски
    Fifi што се тоа минокери?
     
  18. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    тоа е оставено од татко ми прадедо му, значи е каменче со крст ( дрвен ), од некоја црква во грција се зимени, и се пуштаат во вода, ако те има фатено око, се појавуваат меури, а ако не си, нема никакви меури
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.972
    Пол:
    Женски
    Мајки а вие ги покажувате бебињата во огледало? Јас да. Ама кога прочитав зошто да не се покажуваат се исплашив, ееее многу лошо звучи :?:
     
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    и јас го огледувам син ми ама богами сега што го прочитав ова шубе ми дојде. А за другите работи не се само вашите свекрви такви, и мојата не е поарна. Кога и да заплачеше син ми она се гладен бил не сум му давала за јадење ама кога видов на месец дена дека супер напредува и следно нејзино дофрлување дека е гладен јас и враќав ако е гладен нема по 1кг да напредува и таа си преќутуваше. кога си дојдовме о болница ми носи метла, кибрит, нож да стави под душекот на син ми, ама одма си ги врати од каде што ги земала. Алиштата обавезно на рака да ги перам и да не ги стискам ќе го болело меше. Обавезно на лице да ги постилам и како што се носат исправено, никако наопаку немало да расте, и обавезно пред зајдисонце да ги соберам. Кога ќе зајде сонцето никако надвор до 40дена а кога прашав како порано иделе по вц кога имало само полски вц и она ми вели па во кофи ццц боже мој. Во бавча да не го носам, на заоѓање на сонце да не јадам ќе заоѓал од плачење. До 6м штом сум сакала да го дојам и после да го одбијам да не му давам да цица туку само јадење оти ако цицал немало да сака да јаде. На 2м сакаше да му даде банана оти машко бил ќе се издрчел а кога ја прашав што значи ќе се издрчи она незнаеше да ми одговори. И никако пред него да не јадам, а кога да јадам јас кога по цел ден сум сама со него, да не случајно се качила да го почува за да јадам. На 4м му носеа чоколади и уште ми се чудеа зошто не му давам чоколади и друго да јаде туку само цицал. Да не се смеел на глас ќе се подмочувал и да не сум му викала та бидејќи навечер ќе се плашел во сон и ќе плаче. Да не сум му се смеела ќе сум го урочувала бидејќи мајката највеќе урочувала. Наместо со шампон да го бањам со јајце боже мој. Да испреплетам бел и црвен конец и да го ставам на праг за кога ќе влезе нечист човек дА не се исфрлал со бубулици. За да не ми го урочуваат, сабајле кога ќе станам од спиење да се почешам доле и да го помилувам за лице. И погодете што? Ништо ама баш ништо од ова не послушав само господ нека му дава здравје и нека го чува. И има уште многу бисери само не ми текнуваат во моментов
     
    На Kaetana, Dzevelekova и Ekstaza им се допаѓа ова.