Neznam dali sum pisala za toa no imam bratucetka koja mu dade sladoled od cokolado na 5m bebe... i toa fino lepo se pofali i na facebook so slika detevo lom napraveno... nisto ne sum i kazala.. nejzino dete sto saka neka pravi, jas za moeto isto kje teram kako sto mislam deka e pravilno.. isto pred nekoj den stavi slika bebevo zastanato na noze, potpreno na krevet samo... :/
@mariz следно е цигара да му запали Додека син ми не побара сам, јас такви работи не му давам. Има време, ќе делка чоколади сладоледи, сендвичи од 7ца... се во свое време, сега за сега се држиме строго до бебешка храна.
Па да ви кажам и тоа го прават. Мене сега скоро ми замерија затоа што сум се тргала со детето кога некој пуши. Демек требало од мало да се учи. Што да го учам, да пуши? А и секако велат пасивното пушење било поштетно. Жално колку деца се изложени на цигари поради нивните родители.
Kaj nas doma koga ni doaga nekoj im velam nadvor da pisat i toa važi i za nasite doma pred malata nikogas ne pusat.Na mene mi preći pušenjeto a kamoli na bebe.
Имавме гости вчера, повозрасна жена од 45години. И одоколу муабет ми врти и ми вели го доиш ли уште, и велам да. Епа како сега кога ќе појде во градинка како ќе го доиш зарем тоа одстоено млеко ќе му го даваш? Јас само ја погледнав и незнаев што да и одговорам, божем ова тетрапак млеко е и од топлото ќе се расипе, не сум знаела дека и во града се расипува млекото. Исто добив совети да го одбијам од доење и да му полнам шишиња со млеко, и кажувам дека син ми шише и цуцла никако несака, па мажот и се вмеша и ми вика насила ќе го научиш, зарем уште сега ќе земаш од него тој ли ќе те учи, ти треба да го учиш, насила бутај му. Јас само си преќутев и немав коментар, дојдовте нагости поседете и фала на посетата ама да ми солите памет насила да го учам син ми со нешто, не благодарам такви совети не ми требаат.
Друг пат кога ќе ти дојдат на гости ако не сакаат кафе, сок...што и да ги понудиш, да им го бутнеш сосила. Они во твоја куќа ќе ти кажуваат што сакаат, а што не Има да се научат на ред како и што се пие на гости.
Страшно се нервирам кога некој ќе ме праша “ја доиш“? Која е потребата од тоа прашање? Што ако е ДА и што ако е НЕ?? Што ти е гајле!!! Извинете нервозно делувам но стварно ми е преку глава од тоа прашање. Мене лично ме вади од такт. Може затоа што премногу сакав да ја дојам а немав млеко, не можам да се помирам со тоа, па уште ми фали да ме потсеќаат секој ден со тоа прашање...
А ако речеш-НЕ, одма наредно е ,,е оти??,,...и следи нели образложение, за на крај да те потапкаат ,,епа ако де,ееее денес има се готово,, Овој дијалог ми е чуен преку 100 пати.
Ако речеш не, солат памет колку било здраво доењето, као божем јас не знам и од кејф не ја дојам. А потоа следи е ако де, голема е може да јаде се(манџи и се остало што јадеме ние).
Nemam zasega prasanje sto me nervira Duri I za jadenjeto, na site im vika ok, I si prodolzuvam. Doduse moram da kazam deka mnogu me iritira obrakjanjeto so "majka", a se koristi cesto...
кога лежи бебе не е лошо ако е покриено со тетра пеленка. Мене мајками ми даде ист совет коа беа бебиња. Колку и да е топло кога спијат да се малце покриенки . Со тенка тетра пеленка . Па и ние се покриваме кога лежиме нели Инаку најубава комуникација ќе си имаат мајкати и свекрвати , ќе си се смешкаат само . Инаку само бабами може да се разбере со бабата на мм иако не зборат на ист јазик. Само старите го можат тоа
Те разбирам , најпрво треба да се помириш самата дека не доиш. Па не е крај на светот. И така и така ќе порасне . Ова ти е лекција за второ (ако имаш здравје) ќе ти биде полесно доењето нема да се замараш имаш или немаш млеко . И јас со првото се одбив брзо од што не бев доволно упатена . Инаку мене не ме прашуваат веќе дали дојам , пошо овде ретко кој дои бебе поголемо од 6 месеци . Кога ќе спомнам дека уште дојам сите се во неверување . ама не ми пречи ни тоа .
Знам дека треба сама со себе да си се помирам, но не знам како. Иако ја доев до 7 месеци плус АД од прв ден. Пак ми е тешко. Посебно сега кога е поголема и кога не можам да го доживеам тоа, да е свесна дека се храни од мене, па да се вратам од работа, да ме чека, да ми скокне, да ми ја крене маичката и да бара да цица... (извинете за сликовитото објаснување). Се надевам со второто(ако родам) дека ке го доживема сето тоа што многу мајки го доживуваат. Блазеси им... А ти дои си додека бебе сака, колку обратна ситуација во твојот случај
Хаха луѓето во принцип си имаат умислено кога и колку треба да доиш. Ако е помало а не доиш, епа зошто, здраво било. Ако е поголемо (поголемо = 6, 7, 8 месеци), и го доиш, епа зошто доиш може се да јаде, па стоено било млекото, па требало детето независно да биде... па да се учело од мало да јаде, се некои бабски причини, никој научно и медицински не ми објаснува зошто да не цица "стоено" млеко. Кажете само: нема гајле, под сиса имам одштампано рок на траење, пишува до 2 години, тенкјуверимач!
и јас пред некој ден добив коментар за моето доење. Син ми е скоро 8 месеци и цица каконовороденче и во врска со тоа разговарав со една братучедка на маж ми и од свекрва добив коментар : Име вели дека млекото после 8 ми месец е како вода, воопшто не било здраво треба да го одбиеш. незнаев што да коментирам, дотичната која солела памет на свекрвами воопшто не го доела детето и од четврти почнала да му дава кравјо млеко, многу и било скапо АД. Секој си дава за право да коментира и да дава совети.
Мене ретко ми делат совети, зошто доста строго делувам и ретко сум во контакт со свекрвица, па нема кој Мајка ми не ми се меша, што е право право си е. Е единствено ми " солат памет" околу пиењето од шише, да сум ја научела, што е тоа само од цице, сум требала да се измолзувам и така да ја учам, зошто нема да можело никој да ја причува. И доста коментари добивам во врска со " дебелината" на мојата буцка. Тешка била не се држела, па кој ве тера да ја држите бре луѓе? Или да ја ставам на диета
ах леле ќе речеш стариве повеќе се разбираат дојде бабата да си го води, го земала во раце и ми вика. види види ме кубе.тоа кутрото стиснало тупанчиња во нејзината коса, а рацете пуни влакна, одвратно. па јас од како е роден сум со врзана коса дури и ноќе да не лапне некое влако, оваа се смее ко недорасната.
Mojava pa go nosi kaj svekor mi u kosa da videl dedovo kolku mu bil silen vnukot I mozebi ke mozev da sprecam vakvi ispadi da imav poddrska od mm