Вчера бевме на гости и возејќи по пат маж ми обично не вози бргу и плус населено место возеше споро и туку наеднаш на сред асфалт истрча детенце не повеќе од 1година и 6-7м. Баш пред нашата кола истрча и застана, мм наеднаш закочи и ете после некое време трча жена по него, можеби му е баба со оглед дека беше жена околу 50години и го фати детето за рака и погледна накај нас и си се изнасмеа. Јас и мм гледаме со чудење и мм ми вика неможам ни да замислам што ќе беше ако возев бргу, па уште и женава се смее не е ни малку вознемирена. И си велам после сама на себе, таа мајка го оставила детето си мисли на сигурно а недај боже можеше многу лоши работи да се случат.
Оф среќааа сте имале човече... Кај мене на улица кога бев помала (мала уличка), човек ненормален со голем тркачки мотор возеше ко луд и удри девојче од 5 годинки, среќа не заврши трагично ама клучната коска и ја скрши и во најголемите горештини, дека лето беше она беше цела во гипс... Мора да се пазат децата, а и да пазат и возачите, па среќаааа совесен маж што имаш
Ајде да ви ја кажам мојата вчерашна ситуација. Го шетам синко и ме среќава една женичка онака го задева... И одеднаш ме прашува зошто на син ми не сум му ги облекувала патиките наопаку. :О Ортопедите советувале да се носат наопаку чевлите за да им се оформела ногата. Не знаев дали се зафркава или не, ама ѝ се заблагодарив на советот со одговор дека обавезно ќе пробам
Отκаκо наполнивме годинκа,сеκој втоρ што ќе дојде ме пρашува:"почна ли да јаде се што јадете вие?" Не знам што подρазбиρаат под тоа нивно 'се',сρеќа детево не зема се и сешто од ниκој,освен од мене и татκо му па немам пρоблем аκо неκој саκа да му стави нешто во уста Аκо вечеρва вечеρам буρеκ,значи деκа и синκо тρеба да јаде тоа? Божеее,не можам навистина да сфатам поедини однесувања.
^ И штo е тoлку чуднo или некултурнo прaшaњетo не ми е јaснo. Пoсле oдреден периoд престaнувaме дa гoтвиме специјaлнo сaмo зa мaлите и јaдaт oтприликa тoa штo и ние. Сигурнo не мислaт нa лути пиперчињa или пaчa.
Бога ми има и такви. Баба ми на брат ми кога имал 8 месеци му дала да лиже луто пиперча за да не го остави млекото. Демек од пиперката ке побара млеко, а цревата и желудникот не се битни.
да и јас мислам така, ама за ручек ако правам некоја манџичка или ориз или компири треба да му се даде, после една годинка на првото му давав за ручек тоа што јадевме ние со одредени исклучоци, како на пример ако пржам праз, нормално ке му направам друго јадење, па така планирам и сега за ова бебе, туку да ве прашам дали ви се мешаат родителите за облекувањето, еве ние седеме кај моите горе, и мајка ми само вели дека не сум го доволно облекувала, исто и татко ми, се му е ладно нма бебе, а има 3 месеца, а како да го облечам кога е сеуште жешко
Се мешаат и за јадење,пиење,спиење ама искрено на ум не ги ставам.Малце други грижи имам па ке трошам време и на нив паметњаковци.
Мене до ден денес уште ми кажува мама јас да се приоблечам за да не настинам, а не па за бебуш. Ама ако тоа, така и јас израснав, навикната сум . Не ми пречи мене.
Mrazam luge sto she mesaat vo se. Edna komsika bukvalno mi se razvika zosto maloto mi spie po tri pati na den, trebalo Ednas, inaku Malata togas imase 4 ipol meseci. Sekako odgovoriv analogno na nejziniot "sovet"I kraj name diskusijata. No,da bideme iskreni ima majki sto navistina preteruvaat. Smesno I nelogicno mi e koga ke recat: bebeto mi ima 32 meseci.... Bebe? Na Edna od grupine za zdrava hrana za deca Edna majka vika deka na bebeto od dve ipol godini mu pasirala polneti piperki. Ne se sekiraj majka, moze ke nauci da dzvaka do prvo oddelenie! Koga ke spomnes deka so dala kupecka kasa, kako da si rekla otrov si dala. Ako deteto probalo smoki , gotovo, te proglasuvaat za losa majka, go hranis deteto so gricki,te mrzi da gotvis! Nedaj boze da pocne so cvrsta hrana pred 6 meseci, pa toa e tragedija.... Pa ako dades vodicka koga e Samoa na cicanje gotovo se upropasti deteto od vodickata. I jas se trudam da ja hranam zdravo kerka mi, no nekogas I gotova kasicka I davam, se sto e preterano necini. Pa I burek da kasne dete od 3 godini golemo cudo......
Pa ti super si pominala, na godinka dali jade se... Jas pred nekolku dena na rodenden vo igroteka go dobiv ova prasanje za moeto bebe so nepolni 5 meseci. Pa edno cudenje kako ne go hranam seuste bebeto, kako samo mleko, se znas od 3 mes sokcinja, od 4 kasicki, od 5 veke po malku da probuva se sto jademe, kakvi se tie gluposti so ekskluzivno doenje... Pa zgora na se daj mu na bebeto da lizne od pivoto sto vo piese mm zasto greota bilo gledalo celo vreme vo pivoto. Pa doagaat do bebeto buci cuci i toa normalno se voznemiri od guzvata i pocna da place i dobiv komentar: tebe bebeto ne ti e sviknato na guzva i galama, ke imas problemi so spienje, ke ti bara samo tisina, vie izgleda ne ste go vodele do sega po rodendeni (ups, izvini ne uspeavme za nepolni 5 mes da go iznasetame po igroteki) itn itn. Vo medjuvreme dr majka stigna so bebe 2 nedeli pomalo od moeto i ne znam dali ke mi veruvate ama koga dobivme torta pocna so prst od slagot i filot da mu pika na bebe vo usta. Dr majka komentira taka taka bravo od malo treba se da se nauci da jade da ne prebira posle... I sto poveke da kazam... Ako sum raspolozena moze i da se zaslusam na muabetite, ako ne glaedam od edno vo dr uvo....
Хахаха леле за тоа јадење значи аман. Ние сме 4 ипол месеци и роднина од страната на маж ми само ми вика "еее јас на моете леб му давав уште на 5 месеци, и почнав после се да му давам, се си јадеше". Други па едни познаници имаат 1 год дете и истава роднина само ми вика "една година има а се си јаде уште од мало,му даваат и чипс од оцет, и луто, абе се си јаде, браво така треба,се да проба. Во ред значи не мислам јас детето да го чувам во стаклено ѕвоно ама луто да му дадам пред 1 година? Нема шанси! Да има мајки што претеруваат ама па на некои работи треба да има граница.
Ne znam zosto se nervirate... sekogas se naogja po nekoj sto deli takvi soveti, ne mora da postapite po niv. Fakt e deka preporakite za ishrana mnogu cesto se menuvaat (obidete se da najdete nekoja kniga za pravilno odgleduvanje od pred 10-15 godini, da ne zboram za postara) I nekoi od sovetite se dobronamerni. Sekako ne mora ili treba da gi poslusame, no zameranje ne mi e jasno. Mene bas mi se zabavni najcesto I se smeskam, a bebus jade po preporaka na pedijatarot sto mi e pokonzervativen (pocnavme so voda na 5 I pol, so kasicki na 6, meso planiram na 7, mlecni na 8 ). Duri I maticnata rece na 4 I pol meseci da probam so kasi, a sega na 6 I pol da dadam meso, za dve nedeli zolcka I tret obrok mlecen navecer so gotova kasa. I nejze I rekov vo red, pa nema da ja poslusam, iako I taa e so iskustvo I renomiran pedijatar, a ne nekoj drug. A se soglasuvam so @ilyan pogore, I drugata strana sto odi vo krajnost so ogranicuvanjata uste postrasna mi lici.
Знам и јас се сложувам со тоа,некогаш се интересни ама па некогаш и досадни. Мене ми викаа да сум станувала во 6 ипол сабајле,пред да стане бебето,да сум,исчистела,исперела,да направам ручек... Они така правеле,морало се да биде средено и чисто пред да стане бебето Сите сакаме чисто и средено ама со бебе дома не секогаш може да ти е под конец дома. Далеку од тоа дека се замерувам, од едното уво влегло од другото излегло. А иначе убаво е да се има и совет плус, не сите знаеме се
Moeto bebe stanuva vo 6 pa I da sakam ne mozam da sreduvam I da, dosadni se ponekogas (svekrva mi dva meseca sekoj den prasuvase dali sum dala cajce, od dever mi decata gi obozavale), ama pa I sto drug muabet bi imalo okolu bebeto. Sekoj ke si kaze po nesto, I ke se povtoruva, fakt e deka celiot svet na nekolkumesecno bebe se sveduva na toa sto I kolku jadelo, cicalo, kakalo, spielo, setalo nadvor, kolku e ili ne e obleceno. Vrti suci toa e. Pa I tuka sto gi pravime muabetite se edno isto se
женски колку и да се тешиме да не се замараме кога пак се замараме кога ќе ни преречат нешто во тој момент некако глупаво ти паѓа и некогаш незнам како да изреагирам. Последен совет добив сношти од една пријателка која е помлада од мене, која никогаш децата не ги пратила во градинка, која никогаш децата не ги доела, фактички неискусна во тој поглед. Ме советуваше да го одбијам малиот од цицање за овие 3дена, бидејќи во градинка ќе плачел и ќе тагувал и ќе кревал температура. Ептен нелогично и секако нема да и го послушам советот, ми вика да сум му давала тетрапак млеко и тетрапак сок, нејзиното дете постарото израснало со сок. Срамота било што на 15м син ми не пиел сок а требало по 1шише на ден да пие. Епа син и пиел ама затоа на 4години нема заби сите му се црни и расипани од тетрапак соковите, многу асални се. Некогаш мислат дека се попаметни а уствари ептен глупости трескаат, барем многу луѓе во мојата околина ме напнаа дека срамота било што цицал син ми. Ако вас ви е срам не ги дојте децата, или не ме гледајте мене што правам. Уживајте мајки и терајте како што мислите дека е најдобро за вашите деца, следете го мајчинскиот инстинкт тој никогаш не греши
За совети и критики сите се спремни да дадат.Како да заборавиле тие како било кога ги растеле своите деца(за свекрвите)Толку тоа не ме иритира бидејќи не се замарам воопшто кој рекол што рекол.Повеќе ме нервира што кога ќе го искараш детето ете ги тие добрите одма да го смират(значи лоша услуга му прават)И на крај мајката е секогаш "лошата вештица" во случајот во очите на детето.Па после коментарите од тип на:не ти е воспитано,многу ти е збеснато... е како да го воспитам кога сите се правите соодветни воспитачи. Исто така доста ме нервира речникот кој го употребуваат.Селско-уличарски.И нормално детето како што слуша така и ќе зборува.Незнам од каде ги вадат зборовите,јас лично до сега не сум знаела дека и постојат.
Арно шо забите му биле само црни ќе му пораснат нови,ама ако фати шеќер дете од 4години со пиење литро сок е тогаш богами страшно.ќе се кае што му давала да пиее сок ама ќе биде касно.
Имам многу помала сестра од мене, додека не почна во школо да оди посебно за неа готвевме, ни чоколади, ни смоки, ни зачини. Што е за право, никој со потпршки дома не јаде, ама сепак на неа пржено ништо не и дававме. Сега е веќе поголема, знае и сама да си направи некои јадење, и мислам дека тој труд се исплатеше - до ден денес само здраво се исхранува, нема мераци на чоколади и хамбургери Иначе да не делува муабетов нечовечно, пред неа ни ние не јадевме нездрава храна, а кога ручавме сите мислам дека не ни приметуваше дека различно јадеме Газирани сокови и чуда исто до ден денес не пие, не ни сака, мерак само на кафе има А знам за комшиски деца што на 5 месеци им даваа да ,,лизнат,, ракија, ги ранења со грав и ребра, чоколадо од 3 месеци, па кравјо млеко..... секој си знае за себе ама храната е многу важна за здравјето, ако кока кола на мене ми смета, сигурно не му одговара на 2 годишно дете (имам другар што на ќерка му и става кока кола во шише, од нејзина 14-15 месеци ) Извини, ама не можам да се согласам со тебе. Брзата храна е секако повкусна и попримамлива, ама далеку е од пожелна за кого било, а не па за дете од 1-5 години. Секако нема потреба од пасирање чим има заби, ама не ни сфаќам која е логиката да му даваш бурек (со непознато потекло на месо, зејтин и остало) на дете од 3 години? Или зошто би му давала смоки? Детето нема да ти побара нешто што не знае дека постои. Сестра ми почна да јаде смоки во школо, зошто тогаш прв пат ги виде До 5 одд. одеше во целодневна, па имаа ручек и не купуваа глупости (буреци, баници, тостови). Искрено, ете, не те сфаќам. Зошто побогу би дала било каков чипс, смоки? Каков ќар има детето од тоа? И мораш пред негови очи да јадеш бурек, хамбургер? Навистина не знам зошто бебе би јадело цврста храна ако можеш да го доиш, и ако си цица како што треба. А во однос на готови кашички, тие поминале многу филтри пред да стигнат до детето, и не е воопшто трагично ако му дадеш кашичка смислена и наменета за бебе. Дарси, едно е на бебе да му дадеш јунешко месо варено со вода без зачини, или варена жолчка, сосема друго е ребра, грав, мелено месо, паштета, виршла, кајгана, вегети, потпршки. Секако дека треба да се привикнува на храна, ама не ти треба прирачник што е здраво, што не е Ние сме возрасни и нас е потешко да не одучиш од некои лоши навики во врска со исхраната, претежно зошто нашите мајки/баби со свашта не хранеле, а сосема друго е дете од мало да го научиш како треба да се храни. Со тоа што сега внимаваш, долгорочно му правиш услуга Е убаво, тетрапак сок Шеќер колку сакаш. Ич не се замарај и бегај од тетрапаци дур можеш. Детето во градинка нормално дека ќе плаче, му менуваш навика, станува анксиозно, ама секое дете тоа брзо го преболува. Еве и јас да ти попувам малце, ако имаш можност не го пуштај одма, почекај една недела, сега сите деца ќе плачат па и тој, за една недела ќе се привикнат другите па кога ќе ги види помирни, и тој побрзо ќе се смири
Да се учело да јаде се... а зошто бе, баш па сакам детето мое да пребира и еден ден да рече "оу бљак, не ти го сакам тоа прженото, дај ќе си земам од свареново...". Ако не ај, да ги научиме да јадат, со извињење и го*на, за ако е некој ужасен готвач, да не пребира дете, нека бутне секакво ла*но во уста. Извинете за речников, ама се реметам, и мене ме исмеваат зошто уште чоколадо не сум дала (синко е 6 месеца) и како сум му давала глупости да јаде, храна за папагали нели