hahaha ova za urocite i majka mi mi go kaza,bidejki jas patuvav i go ostaviv sin mi doma.. i majka mi mi vika i znaci go odbi nema da cica veke,vikam oti epa vika vaka i vaka i jas se zasmeav i i vikam zarem uste veruvas vo takvi gluposti i ona uporno me ubeduva i i rekov mene ne mi kazuvaj takvi raboti oti za mene se citi gluposti i sekako deka ke si cica pak deteto ako seuste bara a ti veruvaj si ako sakas sekoj si ima svoe pravo. sreka sto ne sum vo mk pa nemora da slusam vakvi biseri od nasite bliski ili prijateli
Не можам да се изначудам. Кај нас дома се пушеше се додека не се роди ќерка ми. Сега на кој му е ќеиф да пуши, фино лепо ќе си искочи надвор. Не сакам детето уште сега да ми вдишува дим од цигари и да мириса на пикавец. Ама затоа имам золва која не мари многу околу тоа. Има три, нека и се живи, ама како ги чува, пу пу.. На неполни 2 и 4 год. на двете им даваше чоколадо, газиран сок. Најмалото (тогаш немаше ни година) го земала, во едната рака него го држи, во другата цигарата. (нема врска што детето беше затнато, дури хрчеше кога дише, а во собата имаше магла од дим од цигари). Уште се фали, како другиве две јаделе паштети, затоа што и децата на јатрва и јаделе (па греота било да гледаат) и еден куп глупости. А свеки знае само да искоментира како детето било гладно кога плаче (иако јадело пред еден саат, инаку е на Ад), ладно и било да сум и облекла уште нешто врз шпилхозната, да сум и ставела ќебе под неа кога спие, да не спие само на чаршавче, моите и нејзите алишта да ги соберам пред да зајде сонцето (ова пред да напраи 40дена) и ред ред глупости.
Инаку почнува да ме иритира сталното обраќањето со 'мајка ' и исто и она кога ќе пишат дека бебето има пр. 28 месеци. Се што е над 12месеци (т.е 1 година) се рачуна како 1год. и 4 мес, 2год. и 2мес. Аман, нека се научат веќе!!
Сосема се согласувам со тебе. Ако се обидам да им објаснам што не е во ред со мојот организам, ме гледаат со неверување. Се јас болна се праам. Се јас нешто си измислувам. Комшиките така не правеле со децата итн.
E taka de, od malo da se navikne na cigari, ne ke go cuvas pod stakleno zvono. A pasteta sekoe dete jade, kakvi se tie glzposti so ovosje i zelencuk. I alistata da si gi soberes, i cao na gosti da ne vikas, i da go izbricis bebeto.i se po red
Да бе, глупави сме ние, ништо не знаеме (нели млади мајки). Ќерка ми на почетокот сакаше цуцла лажливка, сега ќе и ја ставам во уста и за брзо ќе ја плукне. Ми доаѓа свеки и и збори на ќерка ми 'баба ќе и ја брцне во медче или во шеќерче, во што сакаш?' (ми се преврти желудникот). И викам во ништо нема да ја брцнеш, не распознава она вкусови, и уште алергија да ми добие е тогаш ќе се сликам.
Зајадливи коментари слушам од кога се роди синко...и гледам превртување очи... Ајде за околината баш ми е гајле...ама стариве требаше да им нацрташ што се вика за да сфатат дека бебето НЕ СМЕЕ одредени работи да ги прави и да јаде одредена храна. Постојано слушам она - па ние како сме ве ранеле па ништо не ви е?? Морам на секое да повторувам дека детето има проблем но ајде небитно уште не сме почнале со храна...ама кога ќе почнеме е тогаш треба војни да водам... Ајде стариве ќе прифатат некако, и така нема да им го оставам детето никогаш да го чуваат сами па да не гледам што се случува...туку ме плаши периодот понатака кога ќе направи 3,4,5 годинки и некоја мајка ќе му тупне во уста скришно од мене нешто што не треба бидејќи нели ја не знам како да си го чувам детето тоа глупости биле нејзиното дете јадело се уште од 4 месеци. Не сфаќаат некои луѓе дека одредени продукти може да бидат смртоносни за некого...и кога ќе ти превртат очи ти иде да им лупнеш една да се свестат малку. Не дај боже некој да му пикне во уста нешто скришно од мене...зошто нели машко е ќе му паднело курето ...треба да го утепам... Ете тоа ме плаши... :/ Другото мешање на околината не го ни приметувам може само да им се изнасмеам последно што ми кажаа било уште сега да сум го спремала за во школо да сум му стварала навики...на 3 ипол месеци бебе хахах...морало вака морало така ама затоа си свиркам и си терам по мое а другите ги потсеќам дека нивното време поминало да ме остават да си го гледам детето како знам и умеам.
ИСто и кај мене со цуцлата. Здивев мислам. Друга идеја беше дека цуцлата и била многу сува и затоа не ја сакала па си прибрала свеки филџанче со вода од чешма и ја гледам ја мрцка цуцлата и туп во уста. Збеснав еј. Треба да нацрташ како што вика Плеза4е. Не разбираат или намерно се праат дека не разбираат. Тоа многу ме нервира. Ако јас сум забранила нешто нема потреба да одиш скришно зад мој грб и да му го даваш тоа на бебето, било да е храна, било да е вода.
На 3,4,5 години секако ќе јаде работи што ти не би ги одбрала, било во градинка, било по игротеки или гости. Гледај сега во првата година да имаш појака контрола, и да го слушаат твојот збор, посебно кога сеуште не се вовеведни сите продукти.
Очигледно не го разбра зборот НЕ СМЕЕ...во целиот текст...мислиш дека јас сакам детето да ми има цела листа на забранета храна и лекови ?? Какви луѓе сте значи ццц...ти збориш несмее таа вика ке јаде по родендени...е со ваквите како тебе неможам да се разберам камо среќа грицките и смоките да ми беа најголемиот проблем што ќе го јаде на родендени...ццц бог да чува
Од тоа што ес плашиш кај мене се случува веќе. Иако очи не тргам од нејзе кога сме со луѓе сепак успеваат да и бутнат во уста чоколадо, смока итн.. Се карам, и упорно им кажувам да не и даваат но џабе. Како да зборан ма ѕид. Вчера сестра ми додека варев кафе ја нахранила со чоколадо и кога видов ми се стемни. Она се смее многу не знам што е толку интересно да се адва чоколадо на дете. Устата пена ми фати за да не и дава. После тоа следеа коментари од повозрасните како нас од 4 месеци ни давале се бла бла бла.. Веќе не се ни замарам, кој што сака нека дава, секоја мајка знае што е најдобро за своето дете. Но тоа бутање во уста ме вади од такт....
А имате некаков здравствен проблем со бебчето? Извини што сум индискретна ама ме интересира како уште од толку мало е можно да знаеш дека нема да смее одредена храна. Ух, се надевам дека грешам, а ти биди упорна и строга кон другите кога ќе почнеш со дохрана, ако треба нема да го оставаш никаде кај бабите на чување за да им ставиш до знаење дека си сериозна и дека нема да си го гледаат внучето ако не те слушаат за исхраната. Мене тоа ми го прави татко ми...Јас ќе му кажам НЕ, тој како за инает ќе и даде нешто. Последно што се скарав со него е за давањето алва скришно во кујна без мое знаење.
Керка ми има 7 години.И она знае дека не смее да јаде паштети и било каква конзервирана храна(поради здравствен проблем) и она тоа не го јаде.Не градинка не роденден не постои жива сила што ке ја натера тоа да го јаде.Свесна е и од мала учена за последиците. Така да не се помирувајте лесно со фактот дека првата год ке е на здрава храна а потоа се пагја во вода поради влијание на околината.
Да, здравствен проблем...знаеме затоа што завршивме во болница одма после раѓањето. Несмее ни преку мене да ја прима таа храна преку млекото а никако понатака да ја јаде.
Не ни мислев дека се паѓа во вода, таман работа, но тогаш повеќе треба да се влијае на детето да знае што треба/што не треба јаде, бидејќи факт е дека често ќе доаѓа во допир со храна која не е баш толку здрава. Освен кога се работи за здравствен проблем, мислам дека строго ригиден однос ќе предизвика само контра ефект. Еве до 11 месеци и натаму син ми не јаде ни шеќер ни сол, ама дека (освен во не дај Боже случај да е алергичен) на 2 или 3 години ќе го спречам да стави во уста чоколадо, или роденденска торта на другарче, или не знам што друго, не можам да кажам. А виршли, паштети и слично, апсолутно нема потреба дома да му давам и да јаде (за жал гледам дека тоа е во менито на некои градинки).
Градинките несмеат да дадат храна на дете што не смее да ја конзумира од здравствени причини. Затоа постојат лекари и лекарски потврди.
^ Зборуваме за намирници кои стварно може да го загрозат здравјето на детето,а при тоа на околината не и гајле и те сваќа ко на шега.
Според мене градинките не смеат да дадат храна на дете која и родителите не сакаат да ја конзумира истата. Ама тоа кај нас, не функционира така, на жалост.
Добро овде жената коментираше за грицки, чоколади сол и шеќер... Јас коментирав за храна која се води како здрава, ама поради Х причини син ми несмее да ја конзумира бидејки може да го доведе до дијализа, трансплатација на крв и недај боже смрт... Кога имаш поткрепа лекарска за таа храна тие не смеат да ја даваат. Познаваме такви дечиња на кои стандардното мени во градинка не се дава. Доколку го дадат свесно знаејќи за последиците ќе одговараат кривично и негувателките а и градинката.
Да бидеме реални,ниедна градинка(или не познавам јас таква) кај нас,нема која дава чисто здрава храна,или она што сака родителот да го даде на своето дете. И нормално,по самата месечна сума што се плаќа во градинките,нормално е дека нема да му дадат на децата да јадат пр. житарици со неколку видови семиња(она што јас го давам за доручек),паковање кое чини 80ден.за еве еден доручек и тоа не за сите деца,нема да им стигне,туку има мачкаат маргаринче,мармалатче,макарончиња,нешто кое чини дупло поевтино и кое ќе стаса за сите деца.Знам кои се моите месечни трошоци за храна за син ми,и кои се трошоците за во градинка на пријателката,која воедно плаќа 1500ден месечно. Мене неделно не ми стигаат тие пари за синко само за овошје,зеленчук,месо...(грубо кажано) Децата со здравствени проблеми се друга категорија,они мислам дека си имаат документација,потврди од лекари за што се известени негователките и градинките. Ако сакаме здраво да се хранети нашите деца-тоа само дома. И се согласувам,нека го одберат помалото зло,наместо да им даваат смоки,соленки,тортици исл,можат секој ден да им цедат свеж сок на пр.од сезонско овошје како ужина,или да им дадат мандарина,банана отоклу да им ја залажуваат ситоста со глупости.