Можеби сум малку оф топик но да си кажам и јас... И ние во моментов заради здравствени причини не смееме да консумираме одреден вид на храна, но наоѓам разбирање од блиските. Неможам да разберам какви луѓе се тие кои би му наштетиле на нивното внуче или слично со 'бутање' на на храна која му е забранета, односно не смее. Нели им е страв? Јас во градинката најдов на разбирање и прифатија јас да го носам од дома доручекот, а понатаму и ужинката, ама ручекот Имав можност да го видам ручекот во тањирот... Леб, вода, зејтин, сол, црвен пипер и некое зрно грашок Искрено бев на мисла да им кажам да не и го даваат, ама немам аргументи зошто...
Плезаче душо комплет те разбирам. Муабетот ми беше дека моето мислење е дека градинките би требало да ги почитуваат и одлуките на родителите за исхраната на детето, а да не правиме муабет пак доколку се и од здравствени причини! Тогаш обавезно мора! Туку што правиме ако сакаме детето да ни е вегетаријанец? Ако не сакаме да дадеме млеко кравјо и по една година? Не е ни оправдување колку се плаќа градинка. Државна установа е. Ако може за пензионерите да има сѐ и сешто, субвенции за ова - она, труење мозок за наталитетот и многудетни семејства, тогаш може да се посвети малку (многу) повеќе внимание на градинките и условите во кои растат најмладите.
Почнав да ја читам темава и одма коса ми се крева...буквално црева ми се превртуваат од нервоза.Со истото и јас се соочувам...само некои "совети" де ладно му било,де гладно,де за спиење вака онака...абе ало како може некој да знае за детето што му е и што сака од мајката?!? Да не зборам па за тоа да се седне во дубак уште на 3 месеци а детево не ни седи,или уште полошо кога да му се даде јадење... Често се соочувам со тоа а верувам и повеќето...детето гледало јадење и оп ќе го залажуваат или тргнале да му дадат,или уште ти вика аа ќе му дадам јас ќе видиш... А ако има алергија на мед,на банана кој ќе се нервира?Не,факт е,кај што се живее во заедница многу потешко иде воспитувањето,од тоа мешање,едноставно не ти дозволуваат ти да си мајката,ти да одлучуваш,ти го нарушуваат правото како мајка!Незнам јас само кој ден ќе пукнам,ама веќе се плашам што ли ќе се случува кога јас не сум присутна,недај Боже да ми го скратат правото како мајка да го видам изразот на деетето за првото јадење во животот (пример) ќе биде војна мислам тек тогаш... Ај оваа тема ми е најдискутабилна и најмногу ме разбеснува,поубаво да закочам тука...
Мила знаеш работев во игротека и многу пати имало деца со дијабет или алергични на глутен...мајката ми каже за да не го нудам да јаде ми остсви посебни чоколада да му дадеме...исто и се случувало 2 торти да носат едната специјална за детето што не конзумира јајца и млеко...да не се почуствува лошо детето дека не јаде торта...имало и деца вегетаријанци...посебни пици порачам...исто имаше роденден со семејство кои се вегани...специјална торта пици и колачи си донесоа...но на роденденот некои кои незнаеа деца и носеа чоколади...девојчето 4 год им вика благодарам но јас тоа не го јадам така да има решение за се
Не знам дали е баш за во оваа тема но морав да искоментирам. Зошто многу мајки за своите бебиња кога кажуваат зборуваат во множина? Не во ситуации кога заедно шетаат или играат туку, пр. Не сме какани, си растеме, си цицаме. Мене многу глупаво ми звучи, бебето колку и да е мало е индивидуа за себе откако ќе се роди тоа е своја личност, пресечете ја имагинарната папочна врвца и овозможеле му самосталност. Втората работ во овие неколку месеци ново искуство како мајка ми е обраќањето на познајници или најчесто мед. лица кон мене со терминот мајка. Да не ме сфатите погрешно мајка е најубавиот збор после љубов, но кажано во дадените ситуации ми звучи безлично, не знам зошто е пракса да се користи?!
@MissDior и јас би да речам син ми шеташе, ама додека не излезе сам да шета, тешко Секоја можна негова активност ме вклучува и мене, и затоа е множината. На пример ако јаде ај што он јаде и се прави лом, ама и мене ме мачка со храна, ми бутка во уста и нормално што ќе остане јас дојадувам И така со се друго, ама еден ден кога ќе ви пишам дека детето мое, станало, јадело, излегло да шета....е тогаш веќе пораснало. Мислам дека додека се мали вака се "лигавиме" во зборувањето, не верувам дека некоја мајка така зборува за тинејџер Чудно е за околината, знам.
Јас не зборувам множина ако ја нема. Не ми смета кога е употребувана од други, освен во перверзии како на пример: седиме кај свекрва ми, и ја дојам во друга соба, се враќам во дневна и и вика „цицавме?“. Jesus. Се изразувам нормално: ја доев беба, ја хранев беба, ја пресоблеков... е сега, активности што ме вклучуваат мене, нормално е множина - шетавме... уживавме во сонцето... некогаш и јадевме... Ама не велам - ни излегоја заби, прднавме... Мене па ме нервира - цицана ти е? Спиена ти е? Оти бе луѓе мене ми е? Не ми е мене. Ок, дете ми е... ама толку. Не мора да се потенцира присвојност во целокупното нејзино постоење.
Кога веќе сте кај ова со бебињава, јас може малку офф топик е ама освен ова со бебињава што кажа членката погоре, исто така многу ме нервира на Тв кога се јавуваат гледачи и водителот прашува: Добар ден, од каде се јавувате? А овој одговара: Се јавуваме од.... или За кого ќе гласате? И одговара гледачот: Гласаме за.... Е мене тоа ми е многу селски, навистина, нормално ќе те персира човек штом не те познава ама одговорот е во множина??
И мене ми беше чудно ама се фаќам самата дека во множина зборувам и никогаш не сум користела зборови како бебуш ама па не ми иди никако да напишам или речам бебето. Исто и не знаев со бебиња да се однесувам, да им зборувам, а сега ехаа се на бебешки.
Јас се уште не знам да зборувам бебешки. На мојава и се обраќав како на возрасен уште откога се роди... Ај за по дома, ок... ама за пред други луѓе со моето а и со нивните деца ептен ко да не ме бива ...
Леле колку ме неривра зборов.... одвратен ми е... исто, не дека зборот е лош, најубав е (ама во нормална смисла)... ама во тој контекст е ужасен. 'Мајка, никако немој да му даваш тоа и тоа', 'Мајка, ќе си го преслекуваш на 2 саати' итн итн. И најчесто е користено кога се некој дели совет (медицинско лице или некоја друга мајка), и како да сакаат да те потсетат дека си мајка, ама појма немаш од животот. Е така ми звучи, многу иронично. Кога ќе видам или слушнам некој да и се обрати на некоја со МАЈКА, ми се превртуваат цревата.
За ова потпис. Мене ме нервира што првото нешто што го кажуваат е немој да ја учиш во раце, а немој да ја учиш во раце. Ауууу се во раце ти е? Е готово, сега ќе видиш мака. Јас им викам, ако сакам ќе си ја зашијам на раце и нема да ја пуштам, ич да не ви е гајле. Бебе е, има потреба забога, нема да ја оставам да рика само за мене да не ми биде мачно и да не ми биде во раце. Немаше човек кој ова не го кажа. Може виделе мака луѓето, ама заборавиле како е со бебе што плаче и си бара топлина. И само ладно да не и, аууу ладно и е, нема капа, шал, ракавици, чорапи, па и една монтка ако не да и облечам. Ова постариве па еден асален совет немаат дадено. Ама ајде, јас си враќам ако сум во такво расположение, ако не си кимкам само со глава и си терам како ми одговара.
@RainBow , тој пост пред да се породам го пишав, и не знаев што глупости ќе ме чекаат допрва. Со тоа не го учете в раце бебето... ај што рекле - рекле, ама сега и при најмало расплакување бебчево, одма муабетот - ах, ете, го научивте во раце, затоа плаче, кога ви велев јас не учете го.... Ајде бе!!! Затоа плаче, инаку песни ќе пееше, а? Дома кога ќе дојде некој, одма ми ја туткаат во ќебиња, божем ќе замрзне детево. Викам, ќебе само кога спие, инаку не сакам да ја виткате кога ја држите во раце. Ауууу, вие младите, мислите се знаете, па што има зијан ако му е топло, од ладно има зијан - од топло нема. Епа има зијан, не сакам да се поти и да настинува. Ниту пак сакам да се учи на претопло... ОК??? Ваљда и јас знам нешто. А да не правиме муабет за бабините деветини што ме вадат од такт. Не ме оставаа да испраќам никого на врата до 40 дена, ме тераа метли да ставам во колевката, да го мачкале бебево со млеко и да го бричеле, некои си внатрешни влакна да му ваделе. Кога плаче, зошто плаче на бајач носете ја, кога не плаче, ама ова не е нормално, бебе треба да плаче - носете ја на бајач. Кога спие повеќе, како спиело толку, нешто не е во ред - на бајач, кога не спие- аууу, бебе мора да спие, оти ова вакво, да не е урочено - на бајач. Лелее, ко во средновековие да живеам. Јас викам - такви работи мене спомнување НЕ, прајте си што сакате со вашите деца, внуци, мене тие муабети никако. Ау па јас што сум знаела, не биле будали старите, знаеле повеќе, ние сме мислеле паметни сме. И муабетот на секое.... Спие на вечер??? -Па станува неколку пати бара за цицање. -Ееееее, мајка не е лесно, што мислеше ти, сакате деца и да сте наспани... Па кој побогу се пожали, ти ме праша!!!
Прашањето спие навечер? И дали го храниш? Многу ми беа чудни. Нормално дека спие и се буди и пак спие, и нормално дека го хранам, не го изгладнувам (ама божем прашувале дали го дојам или е на ад). Затоа кога го доев се заклучував во спална сама со бебето, навечер обавезно под клуч, неколкупати доаѓаа тропаа на врата да ми кажат дека бебето ми плаче (јас и мм ко да не го слушаме до нас, ама они на долниот спрат слушаат). Видоа дека немаат пристап и се откажаа, малце. Е после како растеше уште од 3 месеци, ееее сега дубак да му купите, манџичка малце давајте му со лепче и разни глупости. Ама јас не дозволив никој да ми се меша, никој освен мм и мене му нема сменето пелена, го нема избањато, му нема дадено да јаде, го нема заспано и сега што и да ме "советуваат" им одговарам дека до сега сама сум го изгледала детето без ничија помош, не ми требаат ни сега.
И јас си ја дојам сама во соба, ќе ме прашаат само јаде? Јаде. И толку, нема ама немаш млеко, слабо ти е млекото, гладно е детето, си знам јас колку и како е, за тоа не дозволувам апсолутно никакви коментари, инаку право низ врата. За суеверија престанаа да зборат, знаат колку се лутам и воопшто не ни спомнуваат. Ги прашувам е зошто е тоа така? Епа така останало од времето. Ама зошто де? Што ќе се случи ако не се направи тоа? И на тоа нема одговор. Епа штом не знаете нешто издржано да кажете нема да се прави и да не се спомнува. И откако расчистивме што и како раат сум сега.
Денес дискутиравме на тема вакцини со свекрва ми. Споделував што се имам прочитано во врска со состав, компликации...жената реално се загрижи. Прво што рече беше дека не може ни да замисли нешто да и се случи на малата... Потоа праша што ќе правиме, што сме решиле, ако е опасно да не вакцинираме. Не го сфатив тоа како мешање, како обична загриженост и коментари кои би ги дала и мајка ми. Кога ќе дојде има слобода да одлучи дали да и подаде вода, кекс, смока на малата, да ја извади или легне во креветче, седне во џампер...не и висам над глава. Гледам да си завршам некоја работа низ куќа. Ја гушка, бакнува, си играе со неа, ја има и успивано. Ако, мило ми е. Си ги знае границите и ме почитува мене и мојата улога на мајка. Ме потпрашувала за доењето, посебно во фазата на грчеви кај малата да не е од мојата храна, знаела да ми рече да приоблечам нешто, посебно капче да не и студи ....ама немам сфатено како нешто злонамерно. Слично било и со мајка ми. Проблеми со околината немам за сега.
Јас во мојот "стаж" како мајка не сум имала проблем од најблиските да ме оптеретуваат со непотребни совети и коментари. Меѓутоа од познаници и непознати и тоа како, до тој степен отрпнав на глупостите што ги "советуваат" што почнав и да ги зафркавам. На пр. една напорна пријателка на мајка ми која ме испраша се од а до ш и ми кажа мама ти незнаеш..., не и текна дека е доволно кога почнав да и одговарам на прашањето- и сега што јаде? Па со гравче, леќа, зелка... (Станува збор за 7 месечно бебе) или е сега до кога ќе ја одиш? Па викам до кај 3-4 години, ќе видиме ако неа не и е срам мене па ич
Ќерка ми не е веќе бебе, ама во склад со темата денес имав многу интересен коментар-прашање од дедо и'. Имено, има коњуктивит веќе 3-4 дена, и он онака загрижен не' праша да не ја фатило промаја Ми идеше да кажам- да, нас во Македонија обавезно не фаќа промаја...Посебно во мозоците!
Of i mene kolku me nervira toa dofrlanje i mesanje. Doma kako sto kaza ti i ne tolku doduse sme sami, svekrva mi e vo drug grad pa koga e tuka ima nekoj raboti sto mw nerviraat ama ne se mesa do tolku da i dava nesto da jade bez moe znaenje ili prasanje dali sum pocnala ova ona. Ama luge od strana prijayeli ili dr rodnini da. I toa bliski luge, a i ne samo postari. Imam komsika i pomlada od mene koja si ima obicaj da soli pamet i si mii deka toa ona sto pravela i primenuvala kaj svoite deca e najpametno i kako da "moras" i ti toa da go pravis. Na pr: "ja dois koga saka a ne ne nikako nauci si ja na 3 saati taka ti poraat ke bides, ili zosto ne i dades biskvita, na 7m, pa jas na.moite eee od 4 i lebce sum im davala i sl... a da ne praam muabet za komentari na ulica od nepoznati, sin mi go setam na nekoi negovi 2nedeli vozrast, nadvor vremeto preubavo i pominuva edna baba samo sto ne me istepa, lele kolku e malo zosto ai go izvadila... ne.mi dozvoluva kulturata inace kako ke i se iznavikav. Sum imala mn takvi situacii. A isto bev i svedok na dr situavija, patuvame so avion uste ne bev ni mazena, i uste na aerodrom ja primetiv edna devojka so detence mislam pomalo od 2g bese. Deteto uste pr3d kacuvanje vo avion bese placlivo ama.koga se kacivme do kraj na letot urlase. I tuka imas komentari od pola avion, da ne ti e gladno, daj.mu ova daj mu ona. Devojkata sirota.mislam deka na rab na nerven slom bese ama ne iskomentira na nikogo nisto. Mene mi idese da stanam da im se razvikam na site pa ostavetw ja na raat, nea i bese najteako od site, ofigledno bese deka detwto bese voznemireno od samoot avion i nisto nemozese da go smiri. I mene.mi bese macno da slusam ama pobogu si vikam luge izdrzetw 30min trae letot nikoj nemoze da i pomogne samo i pravite uste poloso. Znaci stvarno nemozam da svatam.posebno takvo prigovaranje od strana na luge sto voopsto ne te ni poznavaat.