Во креветчето наредила огледало, метла, тетратка и уште триста глупости.Што е и викам ова?- Да не било само да било учено да било лично. Адет е јас имам слушано од стари. До 6 недели да не сум излегувала надвор ко ќе се стемни, арно ама на спратот немаше wc кај свекрва ми и требаше по скалички да слезам(кои беа од надвор) за да појдам до wc, така се стемни нема ни во wc. Аха да . Зошто сте го наоблекле олку не паѓаат камења? - Студи надвор. Да бе студело било, вие не бевте деца на ладното од градинка до дома пешки по едно вентијаже облечени па шо ви фали. Леб да не се давало до толку месеци- Море давај таму се нека јади детето нека се учи, гледаш од комшине и грав јади.
Кај мене не се кажувале којзнае што али за тоа дека треба да го облекувам повеќе го слушам 100 пати на ден. Па добро бе иако е бебе и тоа е душичка неможе да се вари кога е топло. А и она не поднесува топло ич како татко и. И за капа да сум и ставала и не се разбираат како да им докажеш дека детево од раѓање не поднесува капа пишти вришти кога му ставам. И по бајарици да сум го носела да му се бае на детето од клинови иако до сега никој незнаеше да ми објасни што е тоа. Друго не ми текнува сега во моментот.
Значи среќа што живеам со моите родители!! Читајќи ве, ме фати глава да ме боли. Кај мене обратна ситуација, барем што се однесува на облекување топло, макја ми нон- стоп ми преговара да не го тунтам со ќебе дека му е топло. И за 40 дена, јас бев таа што инсистираше да не ми доаѓаат гости ( причината е што несакам да ми се маткаат луѓе по дома а јас уште не средена со царски, и ради бактерии и вируси ), а она е таа што ме преубедува дека тоа се глупости. И за целокупен однос моите не ме оптоваруваат со такви бабски работи. Среќа !!
Еј, муабетиве им се врв на ''стариве“. Еден куп внучиња имам (бебиња се сите), и старциве тотално полудеа. Само нешто објаснуваат на мајкиве - како да ги облекуваат, како да ги успиваат, не во раце, не на спална, пелена на толку саати ќе мењаш... Не знам мајкиве какви живци имаат. Кабли. Па секоја мајка породена во 2015 мислам дека може научен труд да спреми што НАВИСТИНА треба, а што не треба, со оглед што се е на располагање по нетов. Иначе имав ситуации со тоа “мајка“. Кога беше сестра ми малечка, каде и да ја шетав, некој обавезно ми се обраќаше со “мајка“. И кога ќе кажев - сестра ми е, некако глупо им паѓаше. И треба да им паѓа. Тоа мене ми е немање на култура. Жената е госпоѓа и така треба да и се обраќаат сите: доктори, сестри, административни работници итн. Мајка има кој да ја вика А најтапа ми се жениве меѓусебно така што си се обраќаат
Оф!! Да си ја пишам маката тука од старине што ја имам, бебево не смее да заплаче одма гладно било, ладно му било, па топло му било, па урочено било за ова свекор ми ме напна трепките му биле слепени тоа значело урочен бил па на бајачка да го носиме јас во такви работи не верувам и само се расправам за тоа. Свекрва ми па напна со јадењето манџи да му давала на 6 месеци морал се да јаде во состојба е подварок да може да му бутне да јаде . Како помал кога плачеше се ушинат беше сите дијагнози му ги извадија. Како што расте се помалце спие е зашто така има мака некоја нешто му е... Најмногу се нервирам и ми смета тоа што кој како дојде го фаќа за раце, а он е во тој период кога рацете му се во уста цело време му ги буткаат рачињата во уста кај нив осет да се немало за ништо се они знаеле докторите ништо не знаат коса ми се крева од такви бабини деветини и луѓе без осет .
Џабе посебно свекорот е инат човек кога ќе запне запнато е он си верува во такви работи затоа што мајка му била бајачка па демек многу доктори си ги носеле децата кај неа на баење. Исто како да збориш на ѕид тој повеќе ќе разбере оклолку тие.
Твое е детето не заборавај. Никој нема право ни а да ти зуцне и да се меша. Најмалку па да прифаќаш се што ќе кажат. Ти ќе си го храниш по препораките на педијатар. Нема што она да се меша и кажува што да јаде. И не е џабе , маж ти нека си каже таму. Ако треба сто пати. Инат бил? Нека тера на друг. Не на мое дете. Стварно ми паѓа жал некогаш кога читам вака. Се губат нерви сакал нејќел . Се губи енергија докажувајќи им дека не е така. Па караници со маж итн... Ама став мора да се има. И од едно уво влегло од друго излегло Златно правило. Со среќа.
Јас немам мака околу тие бабини, кажав кој верува во урочување тоа ќе го снајде, јас не верувам. И ај за тоа толку. Но, ако тебе бабо ти е ладно нензначи неа дека и е. Дај баба да те завитка, нешто како ладно си ми, детево црвенее. Бебе станато од спиење идеме у дневна, сега бабичка ќе ја успие ајде бааб да спиеме. Па сега цицаше бе бабичка пак ли ќе цицаш. Кога се успива бебе строго се прави монолог. Ајде бе баба сакаш да спиеш. Ајде ајде спиј. Нани баба. И тоа трае и трае. Ти до утре труби дека детето не се успива така. Муабет освен што цело време ја вика по име 100_пати шо ред и кај си ти. Ќе се убијам колку си убава, друг не сум чула. Мајка ми па друга приказна. Она да е најадено измиено наспано. Со глупости не се замара. И што значи зборот аризај ми го.? Разбирам љубов, ама некако многу нападно околу детево. Или е у раце или над глава му висат.
Си терам јас по свое ама пак нервозата е секој ден ти зборат на глава што се вика. Знам дека кога не сум дома некогаш сигурно си тера по нејзино ги слушам и другите жени кога ќе почнат да зборат " Снаа ми многу по книги го чува детето де она не требало да јаде де тоа не требало да прави ама јас кога не е тука му давам да прави што сака" Тогаш од кожа се вадам.
За успиваењво како свекрва ми и она така да спиело мора тој станат пред 1 саат ококорил очи гуга му се игра она го нишка упорно да спие .
Јас стално викам ние ги раѓаме друг да ги гледа или??? Абе у друга држава да отидам ќе дојдат по мене.
Нешто во слична ситуација сме, свекрвче многу ме замара бебево 6+ сеа почна со кашички она дај му жолчка, дај да лижне мандарина демек она јадела и детево ја гледал демек и тој сакал мандарина, или муабетон дај му малце чоколатце, дај му бисквита и ред други глупости она битно да си каже да си пополни репертоар па за последиците не е битно убаво и вика маж ми ти жено ако вака си не исчувала ко што збориш глупости можам да кажам дека сум среќен што сум жив море среќна сум што не живееме под ист кров инаку главата до сега тапан ќе ми ја напраеше, за џабе не рекле место свекрва да биде све-крива
Збориме дека дете само што станато сака да го успие. А нема потреба. Зошто да спие?? нормално мајка би го успала самата ако му е време.
Он на почетокот си заспива сам не го нишкам ептен ако некогаш е многу кенкав. Она мисли дека треба да спие како што спиеше на почетокот, а нели како што растат повеќе саати се будни не може да спие исто како кога бил новороденче. Ама таа зошто не спие сега треба да спие да расте па ќе земе со сила што се вика го нишка да спие и викам не му се спие пак си тера по свое на некој луѓе џабе да им збориш.
Ееее тоа заборавив да го пишам најглавното а и она демек коа се смее во сон девојки го лажеле абе глупост до глупост
Leleee prv pat ja gledam temava I mnogu e jaka I jas da si kazam sto imam Svekrva mi ne se mesa vo jadenje I zaspivanje ama ja brani koga nie ja karame dojdi kaj baba umna si ti I deteto pocna koga I da go iskaram odi kaj NEA.Arno ama Sega pocna da ne ja slusa ovaa I zboruva kerka mi ne ja slusa I pravi belja me vika mene za da sum ja iskarala ama jas se pravam nabudala deka ne ja slusam I taka neka se nervira I taa zosto samo jas.Jas da sum losata a taa dobrata kako pa da ne. Svekorce drug a prica Toj znae se od jadenje do spienje Koga da izlezi nadvor sto kako zosto na se IMA odgovor Toj e tip na coven sto si go pravi kejfot ke dojdi ke the izvadi od takt,ke ti GI kreni nervite I ke zamini Na pocetokot mi bese tesko Sega poleka poleka pocnav budala da se pravam za poveke raboti ne deka ne se nerviram ama so tek na vreme I to a ke bide Najmnogu mi smeta sto decata go prifakaat nivniot nacin na komunikacija I imaat nauceno mnogu glupi zborovi Pozdrav I srekni praznici
Кај нас кога бебааа се смее во сон замислете татко му го колеле а кога плаче в сон мама ја беселее.. Поголема глупост од овааа немам слушнато се надевам и нема