Mene pa najveke me nervira svekrvami koga mi go sporeduva deteto so drugi deca..lele toa bilo 8kila na 3 meseci nasevo slabo davajmu biskviti mora da se popravi , a nie so se vika nekna pocnavme so dohrana ona mi viika vecera da mu davam..isto i so golemoto dete trebalo da mu davam vestacki vitamini za imunitet za se ona znae sovet da dade,a koga treba da se pocuvaat nigde ja nema...
Е не знам до толку, баба ми на прво видување тоа ме праша па од таму знам, а како се изведува не сум упатена
Ве читам и ме вративте седум години наназад.Млада мајка со прво дете кое воедно беше и прво внуче.Кога ќе се сетам малку ми е смешно за што сум губела нерви,но нервира да.Живеев во заедница,од прво ок беше но кога поминаа 40 дена ај требало сокче,ај требало млеко со бисквити манџи со запршка.Кога давав готово зошто му купувам ,кога варев телешко два сата е требало да се исклучи само што ќе зоврие.ПА зошто сум го капела секој ден,итн. Верувам ни едни стари не велат со лоша намера, само што мислат дека тие таака правеле така треба. Се нервирав и јас,но секогаш им велев докторката така ми рече така ќе правам. Па,после,почнав со други финти со нив заедно им пуштав емисии кај што гостуваат доктори,нутриционисти и слично и гледавме/Малку по малку се повлекоа видоа дека детето си го гледам по мое.И да и мајками знаела да искоментира но,не толку. Најдобро уште пред да се роди бебето,да се соберат заеднички родителите на младиот брачен пар да им се укаже што како. И не се нервирајте,такви си се старите,не дека мислат лошо.
Некои клинови , а некои боцки ги викаат за бричење не знам и немам чуено / сретнато ,а оваа бабичка со јајце му баеше(цело не скршено) и му пројде вриштењето за чудо исто , докторката ме прати тогаш затоа што го примети дека редовно си кака , а сепак ги грчеше ноџињата и наназад се тегнеше вриштејќи.
Не и се налутив дека му пројде на детето , а од што и како точно не знам ама ако не пројдеше сигорно немаше матична веќе да му биде
Баш пред некој ден ја имав ситуацијата, дека на детето, девојче инаку, му баела некоја баба од клинови. И прашав, па нели тоа е само кај машки, мислејќи на спуштени мадиња или незнам што. Е @stevemila клинови биле грчевите. Е така ми рекоа, колку е точно, незнам.
Јас немам мака со баби, ни едната ни другата немаат спомнато ништо ама затоа мм само оди по мене и збори, зошто плаче, гладно е, жедно е, да не ја боли нешто. Па како не можеш да ја смириш. Ми иде да го задавам. Детево умира од грчеви, се црвенее, ги витка ноџињата, ржи како куче, како да и помогнам. Мора да се издржи, да помине.
Топла облога на меше и масажа помага многу за грчевите кај бебуш или бањкање на рака свртено со ликот да гледа накај водата и со ноџињата и мешето во водата да биде да претка , така се ослободувале полесно гасовите од цревцата.
Мене ме знаат што карактер сум и вакви се за тие работи. Може до утре да зборат ќе се изнасмеам и толку, си гледаам мојот правец, нит замеравам , нит се нервирам.
Случајно налетав на темава и тоа баш кога бев изнервирана од свекрва ми мислам темава би требала да се вика Свекрвите и бебињата. Значи уште од прв ден ми ги поду со тоа а заплаче гладен е.Јас три дена во депресија дека ми е слабо млекото, на прва контрола бебе супер напреднува. Сеа почна на саат време да бара цицка, па тоа ''гладно е'' малку го пролонгиравме.А трагично е што живееме заедно.Прееска бебе не заспа у 10 како обично туку во 11 и за тој саат време јатрва ми (на гости ни е од хрватска да го види внучево) размислуваше како да му купела сино око против уроци а свекрва ми не искара со мм дека навечер не сме требале гости да викаме пошо бебе има 10 дена сме требале до 40 да чекаме да не го урочеле. Среќа мм не верува у такви работи па и списка па си преќуте. Мака ми е од глупоштии, бебево а заплаче или е гладно или одма цуцлата да се смири да не му отекло курето од што ја слушам по цел ден паника ме фаќа кога ќе заплаче бебево више ми е страв и нервозна сум а гарант и тоа поред мене. Женишта
За гостите се слагам. Бебе 10 дена и вие со гости ? Тоа е уште малечко, нема имунитет , најмалкуншто му требаат се луѓе околу него. За шетање на воздух да ама за народ не. Јас одложував и повојници колку можев и после 40 дена не па на недела и пол старо бебе
Хаха ели вие сте добри. Јас за повојница викав кога ке порасне после 6ти месец ќе се договориме. Првата недела после порогај дома никој немаше на сите им кажав отворено кога ќе ве викнам ќе дојдете. Дојдоа после месец ипол. После 3 месец тогаш прв пат дадов друг освен татко и да ја земе во раце. За овие работи како си сака мајка така. Уште па кога ќе ми текне и во болница ми дојдоа сите чопор насмеани да ме гушкаат леле здравје за второ никој ни во болница сакам ни дома
Изгледа и јас сум овде една од ретките случаеви што ќе има обратен проблем со старите од вас. Јас уште немам бебче, здравје Боже го очекуваме оваа есен. И јас сакам откако ќе се породам 6 недели да не ми идат на повојница освен најблиските мои и на мм од кои секако очекувам и да остануваат кај мене за некаква евентуална помош околу бебче. Не дека ми е старв од уроци, но баш е период на грипови и настинки, а беба ќе нема никаков имунитет. Сите бебиња во фамилија поради тоа ни фатија бактерии, па после со месеци не смеаа од дома да ги вадат и гости да имаат. Поучена од нив и кажав за мојата желба и женава ме направи суеверна и закоравена, како таа и мајстори дома имала кога се породила. Па и баба му на мм со истиот став. Дури и приказна за снаа вешетерка во комшии нејзини слушнав што седела во соба заклучена и не давала ни баба да и види бебе. Значи јас им објаснав дека не планирам да скривам бебе од нив, нормално ако се здрави прави( гриписан никој не примам кој сака нека е) и дека очекувам и нивна помош (за жал немам мајка). Ама кога спомнав помош и двете смислија 300 изговори како нема да можат. Бабата била стара и нр фајќала мали бебиња ако е посилна на раце од мене 100 пати, свеки ќе била зафатена на работа и сл изговори. Па здравје татко ми само не ме одбива од сите. Само Господ да е со нас и да е се во ред, па ќе се издржи некако. И јас и сестра ми сме така гледани без баби, па и мое бебе. Можеби и поарно. Да беше барем мм ми дома не барав никој, ама и тој оди на работа во 3 смени и искрено страв уште од сега ме фаќа што ќе правам сама дома ао бебе од неколку дена.
Кај нас почнаа да идат после 3 месеци, претходно само неколку луѓе идеа Роден баш кога имаше најмногу вируси и искрено ми беше страв А среќа па и тие што сакаа да доаѓаат си кажаа дека ќе дојдат покасно зошто имаат деца што одат во градинка. Може претерував не знам ама прво, чекано бебе ми беше страв.
Ич никој нема ни да ти треба. Само ќе те живцираат и ќе ти се мотаат. Нели татко ти се нафаќа, супер. Верувај полесно ќе излезеш на крај со него. Како сакаш, така прави. Ич да не се замараш за муабетите од страна. Незадоволни секад ќе има.