Кога се вратив од болница одам во продавница и мајка ми ми става лук во џебот. Викам зошто? Да не ме урочеле да не ми секне млекото, бог да чува. Сега една смешка ќе ви кажам. Доаѓам еден ден од работа и ја гледам малата во едни чудни волнени панталони ама некако тоа материјалот познат, иииииииииииииии дамла ме мавна. Викам мамо од каде овие панталони на детево? Е шо им фали, од ракавите на еден твој џемпер што не го носиш му ги сошив за да не му студи.
Да не сум ја бакнувала на устето не ке зборела ем ја бакмувам ем гуга де гуга малава и зборови кажува да да, ба ба, та та, ајт ајт ....... Не ја гледај додека спие оти не знам не чинело нешто- абер си немам што не чини да ја гледам и галам додека спие За ноџињата не да ја бакнувам не ке одела како рипка е со ноџињата а за одење па мала е нормално не ке заоди од 5месеци...ццц чуда Има уште ама не ми текнува
Уф, одамна беше да се присетам. -Постарите жени кои доаѓаа да ги видат ми носеа покрај подарокот и кромид.Да сум имала млеко.Кромид имав за цела година. -Да не сум ги фотографирала кога спиеле апаратот им го крадел сонот. -Алиштата до 40 дена да не се вријат ,ќе ги болеле коските. -После доаѓање на гости да се измиле рачките на вратите и со таа вода да се замивале по очињата бебињата .Против уроци де. -Јас да не сум излегувала до 40 дена надвор.Ама никако. -Син ми не сакаше да се бања,(кога беше многу мал)сигурно и јас не сум сакала -Чај да се дава секогаш кога ќе заплаче. -Нема потреба да им ги пеглам алиштата ќе се навикнеле на пеглано и ќе биле многу нежни. -Бајачка пред лекар спрема некои. ...
јас си го огледував во огледалото пред годинката, син ми многу сакаше огледала, им се смееше, си зборуваше сам со себе, па фала богу ништо не се случи, како што и реков не верувам во тие работи, и не применував ништо од тоа
Леле мајки ме изнасмеавте со некои работи Значи какви све верувања постојат, неможам да им се изначудам! Добро, некои од нив ги имам слушнато и тоа од снаа за братучед, млада жена, растена во голема скопска населба, па ќе си речеш како е можно да верува во бабини деветини. А вистина, за секое мое прашање "зошто?" следуваше одговор "така, не чини". Освен од неа, на моја среќа, немам слушнато од други луѓе, поготово не од мајка ми или свекрва ми зашто има да ги изрендам Јас сметам дека не е баш до генерациите, туку до околината и воспитувањето, а улога има и образованието за да се верува во вакви глупости. Но суеверие на страна, мене ми смета кога бабиве се мешаат сами да поставуваат дијагнози што му е на детето, а нели јас сум таа што е 24/7 со него. Посебно мајка ми! Знаеше да ми дојде над глава додека дојам и да ми рече "бебето не ти цица"....абе од кожа ме вадеше! Или еднаш се убедувавме 10 минути дека бебето е покакано, и мирисало, а не беше. Уште од почеток и кажувам дека поврзаноста на опаѓање на косата е само со хормоните, а таа упорна дека е затоа што дојам И сто пати имам објаснувано за важноста на столчето во кола, а сега откако го купивме пак нејзе и излетува коментар: "џабе столчето и така сега зима доаѓа, кај ќе шетате а и да шетате ќе си го гушнеш инаку во столчето ќе му биде ладно" Сега последно што се убедувавме е околу дохраната, да сум почнела со давање сокчиња, а свекрва ми ми даде некое книгиче од '84 за исхрана во кое што пишува за давање цитрусни сокови од втор месец, ставање лажица шеќер во вода и давање уште од прв месец и тн и тн...можете да замислите што понатаму. И фино лепо ги седнав двете, им објаснив дека јас тоа не планирам да го правам бидејќи времињата се сменети, медицината понапредна, така што и ја вратив книгата. Пак ќе речам, имам среќа што се само старомодни но не и суеверни
Ох, јака ви душа на сите со такви коментари, јас ретко добивам лекции од други, сами живееме. Пред некој ден братучедка на мм (која што има дете од 1.5г) ми рече да сум ја доела малата до 6м и после да сум гледала да ја одбијам, доста и било. Исто така блиска пријателка (докторка) која има две мали деца 3г и 1,5г ме убедуваше уште од почетокот да сум ја одбиела малата и да сум и дала вештачко, на што личело тоа вадење на градата на сите места само за да се надои малата. Бебушка имала грчеви затоа што сме ја оставале гладна.
Лелеелел арно ме потсети абе бајчки што ждригаат, икаат, прдат, мумлаат пред се, ако зборува во сон, ако се плаши кога нема светло, ако се сопка, ако кркорат црева лелелелел хахахаха се изнасмеав ама пусто сум заборавила и вика донеси ја за 3 дена пак ццццццц.Ах мори баби ни ги расипавте децата.
Хахахаха и јас сум за гравот...ќе се испрди и ќе му олесни на мешето...најнов лек против грчеви -да не се подава бебе преку маса (едноставно-не чинело) -да не се изнесува ни секунда на сонце (на моја комшика внук и работи во Систина-најверојатно водоинсталатер-поштетно од сонцето нема за новороденче-до 1 година ) Д-витамин преку инекции се примал -цитрусни овошја уште од три месеци... ова се некои што забележав не се кажани погоре, ако ми текне нешто плус ќе ве известам, чисто да си знаете, да не направите некој пропуст во воспитувањето случајно
Како заладува секој ден добивам совети како треба да го облекувам, зошто јас сум мајка со блага ретардација па не знам како треба. Обавезно капче на глава да му ставам кога ќе излеземе надвор, а вчера добив совет со капче и да го легнувам да спие. Требаше да прашам дали да му ставам и шалче покрај капчето, за да му биде потопло.
Jagoda123 - страшна ти е темава!!! Се изнасмеав читајки што се сте напишаме мили Феминки!!! Јас бев млада мајка за прв пат пред скоро 25 години, а втор пат пред 17 години... Истиве “совети“ ги добивав и јас - некогаш постапував по нив, а на некои ќе се изнасмеев и иако ми се лутеа не ги применував!!! Само најмногу ми е криво што не бев во црква на крштевките на двете мои синчиња - така бил обичајот - мајката неодела во црква!!! ФЕМИНКИ - Одгледувајте ги своите бебиња како што Вие мислите дека е најисправно - околината нека си кажува што има да каже...
Мене ми рекоа да не влегувам во црква за крштевка на мојот син, јас им реков како да не вие ќе ми кажете што јас да правам и да не влегувам и тоа сите 4 мајками и свекрва ми со тато и свекор ми. им се изнасмеав.
Бисер до бисер. Дали да плачеш или да се смееш работава. И моиве домашни не се нешто поарни. Најглуп совет што го добив од свекрвица е кога ќе сум ја видела да моча, да сум и дала од мочката да пивне И еднаш ја одмивам јас и она почнува да моча и оп свеки да го сспроведе на дело советот И ја фатив одма раката и не и дозволив. Среќа бев тука инаку детево ќе ми се напиеше мочка. Свашта. Инаку пред некој ден добив коментар дека многу од интернет сум читала и сум се придржувала строго до некои работи во врска со исхраната. Не треббало да се замарам до толку. Па да поарно времето да го минам играјќи игрици. Едит Пред два месеци бев на доктор и требаше да пијам антибиотик. Му кажав дека дојам име праша колку месеци е бебето. Тогаш беше 8. И пази коментаров: Леле па ти до 16 години планираш да доиш????
Ја имам таа сρеќа да сами со мм го одгледуваме детето,немам ама баш ниκаκво влијание од стρана,освен κога сме отидени на гости. Зашто не сум му облеκувала хулахопκи,моρало да носи плетен џемпеρ(читај волнен) па за (не)давањето цвρста хρана овие муабети го слушам: Ех златно дете,оваа мајκа ти ништо не ти дава дапρобаш. Се сρетнуваме и ќе се сρеќаваме со безбρој ваκви κоментаρи,и не велам не,има неκогаш нешто и κоρисно,но мое дете мои пρавила,од стρана може само да ми κажат нешто,доκолκу пρашам.
Темата е за споделување бисери но би било корисно и да се сподели како се справувате со сите тие попувања. Се ближи време да одиме кај свекрва ми(во странство) па од сега ме фаќа нервоза затоа што знам што ме чека. По природа не сум многу стрплива личност и многу ми смета кога некој ми се меша посебно сега за бебето. Мислам дека секоја мајка знае што е најдобро за своето дете..не сакам да си расипам однос со свекрва ми во тие 10 дена што ќе бидеме заедно но стврно не знам како да и дадам до знаење дека не сакам да ми се меша?? Пред да се породам самата ми рече нема за ништо да ти се мешам затоа што во наше време беше друго а сега е друго..но штом се породив се се смени. Уште кога искочив од болница почна да ја бакнува по цело лица да ја шлапка поточно. Кога и реков да не го прави тоа се налути и следеше едно големо ЗОШТО???? За после 3 дена да ми префрла дека не сум и дозволувла да ја бакнува. А сега на полни 3 месеци преку камера ми вика почна да ја бакнуваш??? Золва ми ми солеше памет како сум требала да ја виткам цела во пелена за да не мрда затоа што немла да биде мирна???? И уште многу има ама доволно е долг постот. Се извинувам зради тоа морам негде да се издувам...
На шала , на смеа ке си го браниш детето.Не се замерувај, стрпи се. Барем јас така би сторила.. Знам дека те врие од внатре да им плеснеш по една, ама мора да најдеш модус, оти ем гостин ке бидеш ем дрска, небиваТ... Иначе и мене ме нервира таквото попување
Колку и да удрам на шала од лицето ми се познава дека вријам, не можам да сокријам. Заборавив да спомнам дека кога беше тука почна да плаче зароа што и викав да не ја зима нон стоп во раце, дека нема да имам кој да ми ја држи одкако ќе си замине