1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одгледување на бебето и околината

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 19 октомври 2014.

  1. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.534
    Леле ќе видиш дека никој ниту ќе ти треба ниту ќе сакаш посебно да видиш. Мене прво дете со царски само што дојдов дома се сама правев. Ми тече млеко од гради менувам маици, се туширам бебе го фатија грчеви цело време беше на града закачено и уште некој да ми се моташе. Сите сме различни ама еве јас неќев луге. И мене ми е ново бебето и јас не сум го видела не се замарај со лесно и ќе видиш ќе си уживаш тој период. Бебе цица спие и нема баш потреба тогаш од помош.
     
    На Momichka, Milobebence, Dalia93 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Сега откако почна со јадење ме полудуваат. Па кога ќе ја префрлам на кравјо млеко (facepalm), викам на 3 години како сестра и што ја префрлив. Требала секој ден месо да јаде, не доаѓа во обзир. И најстрашно од се е зошто уште нема коса ;( свекица ќе свисне, само за тоа зборува, како ќе било женско ќелаво. Она, душа мајкина има косиче, ама бело бело прозирно па не се приметува.
     
    На orhideea, stevemila, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Mila tvoe bebce tvoi pravila i mora da se pocituvaat. A so se odnesuva so tvojot strav na pocetok ne e osnovan samo opusti se ke vidid deka ke uspees da gi sovladas site obvrski okolu bebus. I veruvaj deka nema da imas tolku mnogu potreba okolu pomos zatoa i ne se moli da ti pomagaat oti od toa moze samo muabeti da slusas posle. Od iskustvo ti kazuvam da ke bide malku problem posle poragjaj ke bides iscrpena i se ama za bebco ke imas postojano energija da si go sredis. Samo bez panika i mn bitno na pocetok sinhronizirajte se so ova mislam bebce nana i mama isto. Ke letne vremeto pa ke se mislis koga mi porasna :) ti posakuvam so lesno da si pomines i da si uzivas vo tie momenti.
     
    На Milobebence, Milaаа991 и *Лорена* им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Јас не гледам ништо проблематично ако бебето е меѓу луѓе, или надвор пред тие фамозни 40 дена.
    Искрено, само кај нас сум видела такви придржувања, пропратени со суеверија.

    Пријателките што ми се подалеку од нашиве граници, како да ви кажам, ама или не се мајки, или се натчовечки способни :)

    Последната што се породи, бебето ѝ нема уште месец, дома живее со мачка и две кучиња (и сите спијат заедно), бебево едвај неколку дена имаше кога го однесе на ранч со еден куп животни и луѓе, и да не зборам дека генерално постојано е некаде на шетање бебето. А зошто да не биде? Таа се чувствува добро, бебето си е арно, зошто би седеле дома?

    Ако некоја мајка не се чувствува добро, не 40 дена, 4 месеци може човек да не види, ама дека на бебето нешто посебно ќе му стане... не, нема. Освен ако е затворено во соба постојано во која доаѓаат и болни луѓе... може да се разболи, ама не само тоа, и мајка му и сите околу него.

    Ама на отворено надвор... нема зошто да не се носи, ако на мајката ѝ се шета :)
     
    На Emy867, Mr. Right, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    И јас сум за ова. Ние го шетавме само дома луѓе не прибиравме. И да, расте со куче 8)
    Мене ете ми досаѓаат чоколадо да му дадам аха мало сутра. Не дека нема, ама засега мал е.
     
    На Abc07 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Нема ни да ти треба помош од никој верувај. Тие моменти со бебето првите денови се најубави. Нема зошто страв да ти биде
     
    На Sandrin4 и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    Помош уште од никого не ми треба, чим кога ми било најкриза никој не се нашол, сега кога бебе пркна па ич не ми треба!


    Ве читам за ,,околината,, и сваќам дека јас сум многу среќна што не доживувам ништо слично, ниту мешање имам, ниту совети како треба и што треба. Е добро од време на време ќе спомне некој нешто, ќе сугерираат нешто, мајка ќе ископа некој адет ама како се кажува, така заборава. Додуше јас не ни трпам многу, многу мешкарења, ме знаат и тоа е тоа :emo:

    За искачање и влегување во 40те дена имам пишано, ама скоро ми текна дека уствари сум го шетала бебе кога бил 10тина дена и тоа го седнав во кафич, оној во Систина, музика ечеше, а он се изнаспа, не ни сети каде е и што е :lol:
     
    На mal.ecka, CurlyBlossomGirl и stevemila им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Јас имам помош. Ете ми треба-ја имам- ја користам.
    И фала им.
    Мешање нема. Се е во консултација со нас двајцата.

    Свекрва ми ме прашува дали и на балкон да го извади.
    Од кога почна да јаде што ќе кажам тоа му спремаат или му пуштам готова кашичка.

    Мајка ми и свекрва ми го бањаа до скоро и ич не ми сметаше. За тоа време јас си терав нешто мое или одмарав.
    И сега ако се погодат кај нас ги оставам, нека е, оти да не.

    Имам поверение во нив, го оставам малиот со нив.
     
    На fana, Mr. Right, VedaG10 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    На почеток никој немаше, а кога пркна се "понудија" да помагаат.
    Мајка ми ја викав неколку пати за да пофатам низ дома и низ нос ми излезе викањето. На крај ја откачив. Средување ќе чека подобри денови, сам најарно.

    И јас никого не слушам за ништо, па многу, многу не ни ми мудрувале. На живци ми идеа со тоа држење во раце. Грабни детето и дрнкај го. Никој кандидат да го заигра. Па и ако кажеш за држење во раце одма лутење. И сега свеки знае да префрли индиректно дур седи во количка, сакаш да те земам (демек дунде бара), јас сакам, ама мајка ти не дава. Па што фајде од носење во раце?! Па и ко ќе ја земе, а бе 10 мин да ја држи, 10 ќе и зборува без престан. Ама буквално! Тапан главата.
    Уште војна водам со сликање. А бе не сакам дете да ми сликаат везден. Па и по вибер порака, пушти некое сличе. Да сакам, ќе пратам. Кај сакам, праќам.
    И ова ќе го решам. Чим нема милом, онда силом ќе биде :)
     
    На Среќичка, mal.ecka, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam no sekoja ima pravo da si tera kako namislila , nie na primer od prva den bevme so luge imavme poseti i slicno. Se pribravme od doma bolnica, bebco dve nedeli mi bese site ne pomina eden vid nastinka vklucuvajki me i mene so sum 24/7 so bebco nego nisto ne go prefati.
     
  11. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Имам помош која ми е потребна многу,искрено! И благодарна сум до небо што ја имам.
    Можеби ќе ви изгледам ко ептен слаба особа, ама свекрва ми да не е јас стварно мислам не би се справила сама посебно сега во почеток.
    Наутро обавезно по 3часа е со бебе, и дава ад млекце ја пресоблака и или ја успива или ја занимава за да поспијам јас малку. Преку ден ако сакам да одморам еден час, ја зема и ја игра, ако треба да излезам некаде а очајно ми треба излегување оти анксиозноста ме напаѓа дома, и ја оставам на еден саат пак,додека испијам едно кафе кај мајка ми набрзина.
    Имам поверение во неа, се труди жената максимално.
    Помага за бањање, за смирување, за се. И неа и е можеби напорно оти и домашните обврски се сега на неа, барем повеќето, ама не ми префрлила ништо.
    Можеби е грешка наместо јас да сум само со бебе повеќе што ја оставам така.. можеби и не е, мм и онака е повеќе време од денот на работа јас сама не би можела.
    И некогаш се депремирам ептен што ако бебето мисли дека бабата и е мајка :D ама среќа брзо ми поминуваат тие мисли, не сакам себично само со мене да ја држам.
     
    На CurlyBlossomGirl, stevemila, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Нека помага и мајка и свекрва, но не сакам да ми наметнуваат мислења, адети вака требало или онака... Јас среќна ќе бидам ручек да има од свекрва само, да не мислам на готвење барем почетокот додека се прилагодам со бебињата.
     
    На CurlyBlossomGirl, Girly90, lavica82 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    И јас сум за помош, ама со свекрва ми не може човек да се разбере и затоа за чување многу многу ретко скоро па ич, ама и ние детето скоро секаде си го носиме, така што не треба да ми го чува. Да тргнам поглед, абе одма ќе и бутне нешто во уста. Значи, стопати и имам кажано дека не сакам сва и свашта да и дава да јаде, ама ко на дрво да збориш бе. Пред некој ден се запнала сладолед да и дала, јас и реков нема шанси и одма она као многу пазиме. Па она ли ќе ми кажува за мое дете. И реков што кажам јас, тоа ќе биде.
     
    На bertold, CurlyBlossomGirl, iloveyou29 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Кај мене не смеат, одма реагирам дека не смеат да зборат вака треба онака треба-јас слушам само педијатар! И ми се смеат и двете ама ми почитуваат мислење. Уште пред пораѓај знаеа дека ќе им зборам така, па фала богу не наметнуваат мислења ни двете.
    Лукови,конци под перница, не излегување до 40дена по зајдисонце.. се само некои работи што сакаше свеки да ги прави, ама ср’жав :D јас ќе излегувам, бебе не, малечко е и нема зошто да го гњавам уште сега во гужви. Мед да сум мачкала на брадавицата за да фатела,лимон за да не штуца.. Ма какви :) за мое бебе јас кажувам, еднаш кажав само.
     
    На CurlyBlossomGirl, Sexybaby86, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас нема да имам помош ни од мајка ни од свекрва,сама на себе и кај мене татко ми рече дека ќе ми помага со се што ми треба.
    Мајка ми нее способна нит да фати бебе нит па да бања недај боже да и падне од раце,свекрва ми уште од сега не го сака па камоли кога ќе се роди:shake:
    Моето дете ќе биде дете само со едни баба и дедо другите не го сакаат.
    Сестра ми нее мажена па може да ја викам да ми прави некогаш друштво.
    Мм е запнат царски да се пораѓам и ќе земе одмор одкако ќе се породам има и нешто од летово па околу 20 дена ќе биде со нас дома.
    Значи освем татко ми и мм помош никаква нема да имам.
    Да сме живи и здрави ќе се снаоѓаме некако.
     
    На bertold, CurlyBlossomGirl, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И јас ќе бидам сама со бебка. Мм се надева да земи некои неискористени денови, но и тоа е под знак прашалник. Свеки не може да остани со мене, мајка немам. Сестра ми е мажена, има дете. Па и таа може на некој ден само да дојде. Татко ми секако нема да ме остави на цедило, ама нема да ми е од голема корист околу бебе. Може ручек да ми спрема. Се на се сама на себе сум и на Господ. Само се да е во ред, па ќе се изгледаме некако.
     
    На bertold, CurlyBlossomGirl, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Татко ти доволен ти е. Знаеш кое олеснување ќе е ручек да имаш. Па и бебе да подумка. Не си ја стегај душата
     
    На bertold, CurlyBlossomGirl, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Јака си, и во право :) Баш сакам да ја видам дунде твоја. :D8)
     
    На mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    Ручек некој да ти направи не е ич мала помош, камо мене некој барем така да ми помогне, па и ако посака да подраскрене :smirk:

    @monik55 ај не се коси па ти со свекрвчето, не го сакала |( кога ќе се роди бебе ќе кажеш :nod:
    ^^мојава ич не знае да покаже љубов, грижа, она само за пред народ, да се излигави, ама таква е жената, не можам да речам дека не го сака :)
     
    На CurlyBlossomGirl, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Еј ова индиректно обраќање и зборење цело време живци ми вади. Што ми беше убав и мирен периодов свекрва и свекор на село, ние сами..мераци..а пред да одат и се развикав преку глава ми дојде со мешање и одење комтра наши правила (основни измиј раце пред да фаќаш бебе, не се качувај на спрат кога ќе ти прдне и сл.), ќе видиме како ќе биде кога ќе се вратат..ако продолжи исто да тера..уше од сега нервоза ме фаќа.
     
    На Coco31, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.