Не сеработи за суеверија(иако се слагам дека некаде се почитува) ... туку за мешање со народ на недела старо бебче ,во смисла на разболување, а ова па гости навечер искрено страшно звучи. Јас внимавам , откако завршивме во болница и те како. Не се тресам до толку, ама мала пажња не е на одмет.
Се согласувам. И јас не сакав збирање дома. Некако не ми беше по кејф и кога ќе ми се најавеа гости, а бебе мало. Посебно па со мали деца ако требаше да ми дојдат. И докторите истите препораки ги даваат. На отворено може, ама гости да се одложат за кога ќе пркне, посебно на гости со мали деца.
Да, се сеќавам во ремедика изричито нагласуваа одложувај повојници, со деца мешање не. Јас додуша и си се повлекував со него во соба. Треба да цица, па ќе си заседнеме во спална Еднаш една другарка ми искоментира- зар саат време цицаше
Сестра ми денес се поканети на повојница е бебчето две недели старо,како не им е жал толку народ да собираат а тоа што се вика незадоено уште. Друго е да го шетаат надвор друго е дома 10 души на толку мало бебе.
Јас може претерувам ама уште не ми е по кејф кога го фаќаат дечиња(посебно непознати кога сме излезени) , ама и тој им се радува па почнав малку да попуштам.
А тоа "љуљање" што го има кај @Bubce38 Само што вратени од болница исти ден куп деца и жени го "заљуљуваат" оди детето кутро од едно на друго
Греота е стварно,мајката била млада и неверувала во 40 дена,едно е да не веруваш друго е да си го заштитиш детето.
На југот Гевгелија , сестра ми се најде во небрано од нејзината свеки, си доаѓаш дома и гледаш тенџериња тави се пржи се вари се спрема , деца баби тетки комшивка ќе го лулале бебето . Никој ниту ја прашал нит и кажал. Коса и се крена . Ама затоа за другово бебе знаеше што ја чека и си покажа заби унапред за таквите адети и бабини деветини .
Јас имам помош ама околу домашни работи, како сервис се бабиве. Чистат, перат, пеглаат, ручек прават и ми носат смудиња и супи у кревет. Премногу благодарна сум, но бебе само јас пресоблекувам и бањам им давам да ја подржат 10 минути колку да се порадуваат. Сама не сум ја оставила уште и на контрола кога бев маж ми надвор ја шеташе. А тој адет 40 дена алал да му е кој го измислил, да не мора да се објаснувам зошто не е убаво луѓе да се мотаат со новороденче. Нормално дојдоа најблиските, ние си шетаме ама избегавам собиранки, 6 недели сме само другарка од америка има дојдено и толку.
Уште не ми се верува каков прост народ сме. Па и горе долу сите скоро по некоја мака од свекрва си имаме. Ниедна од мајка не се пожали. Ние со мм кажавме дека не сакаме повојници, роднини да идат освен најблиските мајка, татко, брат, сестра и ко се возбуди женава. Јас во една прилика изјавив пред нејзе дека МОЖЕБИ ќе шетам и пред тие 40 дена со бебиња АКО се чувствувам добро и она му рекла на мм жена ти не сака гости, а надвор сака со деца да шета. А гостите се нејзини браќа и сестри што кога тие имале деца, свекрва прва се нацртала таму, но не е исто деца од брат и деца од внуци. Инаку немам замерки од свекрва ама на моменти се прави мн кул и модерна, а на моменти со заостанати сфаќања. Да се породам ќе пишам уште еднаш како сум поминала, дај боже да се фалам.
Јас со мајка немам проблем што и да и речам веднаш прифаќа, не сака ич да ме нервира. А во врска со исхрана кај децава сакав да пишам, еднаш една баба дојде на гости со внучето кое не знам имаше 7 8 месеци и на маса грицки што имаше почна да му дава, а дома сигурно под режим на исхрана беше што е најнормално и најтрагично е бабава на внучево му вика: јади ми мило, баба тебе се ќе ти дава. Во смисла дома мајкава не дава. Ова пред некоја година беше не ни размислував за деца тогаш, но таков силен впечаток ми остави што не можам случкава да ја заборавам. Доверба во никој.
И јас @Feodora од мајка Последно. Си идеме дома од крштевката, помина малку време и на бебе му се приспа, појдов да го носам да спие, иде мајка и ми шепка ,,книга ставиму под перница,, Утре дента ме прашува стави ли, секако дека не и враќам и се врти на бебе и му вика, утре ден кога не ќе можеш да ја научиш песничката баба ќе те брани демек со книга да преноќел и учен ќе бил, ќе памтел што ти ја знам
Najlosiot moment e sto osven epten bliski majka tatko brat sestra site drugi doagjaat radi reda ... ne od merak ili nesto ( barem jas taka mislam ) i sedat bez oset jadat pijat ... nie sme 6 meseci uste ne mi dosol doma nikoj na povojnica i nema ni da dojde, koga ke spomnat im vikam nadcor ke se vidime... neka se lutat mi e gajle Sama sum doma pred sekoj da dojde da spremam posle toa da raskrevam mora da izbrises iscistis, ne fala vo kafic ke gi pocastam ako tolku sakaat .... i poveketo se otkazaa znaci poveke gi interesira doma da ti dojdat pa da te zborat ogovaraat otposle kako ti e doma sto ti e otkolku bebe da vidat
Некои обврска чувствуваат. Мене први братучетки не ми биле. Мене ич не ми "тежи" што не ми дошле. Дури и поарно. Они на секое "ми се правдаат". Мајка ми пак ми вика што сум им одела на роденден на нивните деца кога они не дошле. Се замараат со глупости стариве. И они на роденден нек ми дојдат и таман.
Моите баба и дедо никогаш не ми дошле на гости, не ни знаат кај живеам, а не па на повојница да дојдат. Кога ја однесовме малата кај моите и дадеа пари за повојница и скоро секогаш и даваат кога одеме, мислам дека е повеќе ради реда. Зато и на роденден нема да ги поканам
Ајде сега, колку суеверија постојат? Инаку, секако дека е пожелно во затворена просторија да се внимава повеќе и да се избегнува, не само кога е толку мало, и поголемко да е. За надвор нема проблем