Тие повојници колку ме нервираат. Тетки, стрини влечење, абе бог да чува. И плус арно рече @didisi, приметив дека доаѓаа да видат колку ми е средено дома и каква мајка сум отпочеток, а не за да го видат бебето. Една па стрина на мм уште ми рече дали средувам по дома секој ден Као сакаше да каже несредено. Сељанка. За второ здравје нема да примам толку луѓе, па нека се лутат колку што сакаат.
Помош имав точно 30 дена после пораѓај. 15 мајка ми, 15 свекрва ми. Помагаа со готвење, перење и чистење. Јас бев со бебе 24/7 на града и плус правев ад зашто цицањето ни беше катастрофа, а и не можев да седнам на газ околу 2 недели. На 30ти ден, кога свеки си замина, млеково ми надојде бебе цица, јас пресреќна. Дали беше од напнувањето тоа што слабо имав млеко или случајност, не знам. Од тогаш само на гости доаѓаат да го видат и толку. Сама готвам, перам, чистам, пружам, пеглам, занимавам дете, правам каши, све. Маж не се прибрал пред 7 вечер од работа. Само јас си знам како ми е. И кога ќе ми речат од страна многу сум го оставала во релаксатор и гледал тв, сум требала да го шеткам повеќе и со тропалца да го играм ми иде коси да им корнам на сите. Да им кажам ела ти справи се со цел дом плус бебе, па да те видам дали цел ден ќе тропкаш со тропалца. Далеку од тоа дека не го играм ама морам и на пола саат да го оставам пред тв да измијам садови на пример. Ама нее, ич не требало тв да гледа. А истите тие делат контрадикторни совети да не сум го учела во раце и да сум го учела да спие во галама Ела они нека се научат да спијат во галама...За храна да не правам муабет. Кога ќе им кажам дека го хранам според табела, а не му давам да лижнува од све на маса, нема еден да не ме погледнал со подбивање. Демек уште една од модерниве мајки што им бранат на децава да јадат. Не сум требала така, требало да лизнува. Да, тоа што нас не оштетија и не направија дебели и хормонални, дај сеа и ние нашава генерација да ја оштетиме исто така. Што ни фалело на нас, супер они не изгледале со паштетите, бомбони со хемии, виршли, сендвичи и мајонези. Даа, затоа пола од нас со стерилитет се бориме и страдаме од вишок килограми. Ке ми препукне филм еден ден све ќе испи*карам и мајка и свекрва и рода и комшилук. Они ли ќе си чукаат глава ако дете извади алергија? Они ли ќе трчаат по педијатри со болно дете, затоа што некој се трупнал кај мало бебе настинат или со друго мало дете? Дошле цела тајфа на гости, ми разбудија бебе, го реметат го дрнкаат од раце во раце. Па што ако се разбудило. Па што ако плачело. Бебе било, морало да плаче! Синки они ќе го заспиваат после тоа. Не сум некоја престегнага во секој поглед. Му давам да пика ствари во уста, не премивам, не бришам по него, не купувам секогаш 100% органско, не би му бранела и да јаде џанк фуд повремено. Ама нивниве стандарди никако човек да ги постигне. Дете на преживување треба да оставиш само на себе според нив. Не сакам ни бебе да ми реметат нит редот да му го реметат. Сама сум со него 80% од времето, ако немам каков таков ред кај ќе ми е крајот. До сите оние кои се плашат како сами, да знаете поубаво е. Од аспект мирна глава. Само што е напорно. Си треба помош на почетокот да. Ама само ручек, подзачистување и по некоја машина. Кога ќе можете сами да одите да седите, а бебе фати со цицање слободно сите нека си одат. И така мало бебе спие по 3 саати, што сакаш можеш да си завршиш работа. Особено ако е на ад, 5 пати полесно. Правиш шише, пие за 5 мин и кома е новороденчето. Со цицањето е малку позафркнато ама и тоа се подобрува со време.
Конкретно немав никаква помош од сам почеток со бебуш. Пораѓај беше хорор незнам ни сама колку бев шиена и крв ослабната едвај имав. Ни таква беше ситуацијата неможеше никој да дојде да помогне можеби и подобро. И баш сами со бебчо мм од јутра до сутра на работа. Било напорно не дека не било но преживеавме си се прилагодивме еден на друг и си фативме некој ред. Бебчо сега нема мака од галама по цел ден ни галамело радио, знае да си леже во креветче и да си ужива додека припремам за бањање, млекце,кашички и сл. Останати обврски се завршуваат на првото негово дремнување. И се разбира мора да се одвое време барем двапати за утринска и вечерна прошетка. Е сега за готвење кога како има време . И многу битен момент нема кој што да кажува како и што треба со него прво фатен ни е редот второ знаат дрка не регистрираме ништо.
Ние од како си дојдовме од болница шетавме секој ден. И во природа и во трговски центри. Во странство сме па немаме баш многу познаници овде ама тие што ги познававме дојдоја по 2 дена дома од како си дојдов од болница а другиот ден другите. Не го пазев од луѓе. Не се разболи. Кога беше еден месец со кола си заминавме и таму го видоја повеќе луѓе и клима сменивме. Бев многу опуштена и не пазев многу. И друго дете да имам исто ќе постапам.
Дали пред 40дена сте го однеле бебето во друг дом, на пр кај вашите родители? јас живеам со свекрва и золва ми ни е нА гости и ај шо се нервирам што веќе два месеци нема абер да си иде, па и,бебе кога ќе заплаче одма она рипа да го смирела,влага у соба ако таму плаче па дури нејќе ни да си иде незнаела бебето како ќе го остави драма квин. небитно имам огромнА желба да идам на целодневна кај мајка ми. има врска ова со деновите со оглед на тоа дека бебе има 20дена и веќе го шетаме надвор
Спреми торбицата и пут под ноги кај мајка ти, не мораш ни на целодневна, една недела остани си 40те дена се вие да фатите ред, да закрепнеш, ако ти се чувствуваш спремно слободно шетај кај сакаш, не само кај мајка
Го однесов пред 40 дена кај моите за викенд. Инаку во друг град се. Ако ти се чуствуваш добро, слободно. А на свекрва ти јасно и гласно кажи и дека мајката најдобро умее да си го смири бебето. Сечи од старт, да си немаш мака после.
Дава Господ сила...јас само шо дојдов дома со епизотомија и исцрпена кога влегов низ врата ке се шлогирав кога видов хаос, сце нопачки тоа сопругов си славел со друштво...одма фатив смукалка, џогери миење...свекрва ми само гледаше бебе да не се разбуди..еве 3 месеци све сама прам...од никој помош не барам...пошо сите се за сеир глеање...едино со татко ми можам да ја оставам бидејќи знае како со дете...неам мајка..а свекрва ми абер нема со бебе, а и бебево осеќа и кемка кога е со него
И јас се надевам дека Господ ќе ми даде сила. Уште сега ме фаќа страв, ама си велам како сите така и јас ќе се снајдам. Мм ептен го бива со деца, па се надевам ќе ми биде колку толку од помош.
Ич да не се плашиш...мозокот во лер...самиот мајчински инстикт ќе те водит...шо појке се плашиш то полошо...јас абер немав ни да држам бебе не па да менам пелени или нешо друго...само си е природно лека полека влегвиш во шема...умој од никој да не слушаш...секакви будалаштини ќе се изнаслушаш
Многу се плашите идни мајки дека сами ќе гледате бебе Не е толку страшно. Бебево мое годинка има и се сама правам ама апсолутно се. Скрос сами сме во странство, маж на работа од 6 сабајле до вечер пред 19 часот не си иди слободен е само недела а ретко и сабота. Јас гледам сама бебе, готвам, чистам, перам, пазарам сама за дома се... па имам време да седнам и да одморам и кафе на рајат да испијам. Ќе видите дека од сами подобро нема. Со лесно
Се тешам кога читам вака и се надевам дека добро ќе се снајдам во улогата на новопечена мајка и дека инстиктите ќе си го направат своето оти мене ич не ме бива со деца. Едвај и да имам држено мало дете во раце. Секогаш кога одам на повојница избегавам да гњавам бебина, па ако не инсистираат да го земам не посегам по мало дете.
Верувај дека ќе успејш...не се предавај на стравот...јас дур научив памперс како се клава, пошо кај нас во болница не ти се замарет...еднаш двапати ќе згрешиш..и ќе се навикниш...