Тој филм гледан ми е.Ама нели грижлива баба не го испушта од раце... мене ми е јасно дека им е мерак, еве и ние некогаш ке бидеме баби..ама брате, остај мајката нека си тера тертип бабата е спореден лик во таа драма. Најмногу ме нервираше кога ке се истури на гости за време на капење на детето...леееее....да ти пукне пич.. жила..
Јас мислам дека 10 дена не се многу. Нешто ти попушти, нешто подречи... Ако можеш низ муабет онака да им најавиш како ти си го гледаш детето, како тоа има веќе свој ритам, свои навики... Не се остри уште од сега, туку остави некако спонтано да дојде. И не се нервирај пред време за ништо. Сепак таа му е баба на детето и се радува многу, па не верувам дека ќе сака само да се кара во тие 10 дена. Убаво да си поминете
Секако дека ќе се обидам да бидам смирена. Но знам дека ќе инсистира да и давам да јаде манџи и се што ќе јадеме ние, затоа што тогаш ќе има 6-7 месеци. Како и да е броени денови брзо поминуваат.. Се надевам.
@chocolade иста сум и јас. Колку и да се обидувам да бидам трпелива, од лицето ми се чита дека чадам од сите страни. Не можам да го сокријам тоа. Ич не се замарај, ти веќе и онака си почнала да и' кажуваш што ти смета, е сега плачела, зборела, ти е гајле, твое дете, твои правила. Ако нешто сметаш дека не треба да се прави, на културен начин кажи си. Јас би идела на оваа финта, кога ќе ти рече нешто, вака треба, така треба, ти цела потресена, речи и': "Абе и јас си помислив да ти кажам за тоа, ама докторот ми рече никако таа работа, во никој случај, можело не дај Боже да се случи некоја компликација и да ти кажам ме фати страв". Измислувај нешто, драматизирај, демек и ти си сакала ама ете докторот ти забранил. После тоа одма промени тема или стани си со детето демек да ја прошеташ и крај. Вади се на такви работи. Ќе види, ќе не види ќе престане, а и да не престане, ти терај си упорно со ова и волкот сит и овците на број. Не се многу дена, ќе поминат.
Незнам зошто уште сега се нервираш . Не знаеш како што ќе биде . Плус и таа е баба , се радува на внучето. Пошто е во странство не го гледа често и радоста уште толку е поголема . Зошто си ствараш одбивност ? Па некои работи ќе можеш и да ги подголтнеш , сепак не е секој ден со вас па да се меша во одгледувањето.. Може ќе ти дава совети ама не верувам дека би биле злонамерни Таа нелагодност од твоја страна верувај ќе се осеќа. Сепак таа е мајка на тм. Како би се осеќал он кога ти си такаа наелектризирана спрема мајкаму ? Ова се најдобрнонамерни совети
Се сложувам со маченце не се нервирајте пред време.Што да кажеме ние што ги трпиме по 10-12 часа дневно.
@MacenceEna наелектризирана сум зароа што уште кога дојдов од болница почна да ми збори дека немам млеко и само и буташе АД. Одкако си отиде(после 3 недели) бев упорна и малата почна да дои. Предтоа се молзев... Знам дека сте во право, но она е многу доминантна жена и воопшто не ме рецка кога и зборам. Си тера по свое. Секако дека ја почитувам и никогаш не сум била груба спрема нејзе, но и јас имам граница до кај можам да издржам. Ќе морам да стегнам заби, да бидам итра, и како нејзе да не ја регистрирам кога ќе збори. А верувајте тоа ќе биде мнооооогу зборење.
Ти малку и критизирај денешни деца, денешнина општо...во смисол ,,ееее порано вака мајка ми да не ме гледала како сега јас ова дете...(па сврти) -и ова докториве ова треба, ова несмее...(па окрени) и јас мислам како тебе, ама шубе ми е да и дадам (нешто)... Знаеш не за џабе рекле - зборот е еден, зависи како ке го кажеш со кој тон и на кој начин. Вака она нека си збори, ама ти делувај си...10 дена на клепки, ама издржи. Ова од искуства од блиски и лични свои. Овде погоре форумџиките алал да им е, убави работи кажаа.
Двете деца ги изгледав сама. Не знам како звучи тоа, можеби сум себична ама совет не прифаќам ни од мм. Разни карактери. Си му давам за јадење како што јас сметам. Го покривам и облекувам колку што сметам јас дека е потребно. Ги воспитувам по мој метод. За првото дете мрчеа сите ама после одреден период отрпнаа бидејќи сфатија дека детето е сосема во ред. За второто не ме ни чепкаат. Најмногу сум се нервирала кога, син ми, имал температура. На Т 38.5 јас давам аналгетик. И крај на муабетот. Тие ми трчале со рендани компири во чорапчињата за да не давам Парацетамол. Ми се случувало да му стават скришно од мене свинска маст на градите. Јас едноставно не верувам во таа алтернативна медицина. А бакнување не доаѓа во обзир. Никој освен јас! Кажувам дирекно во лице. Не чекам да ми се смени изразот на лицето. Немој да го бануваш, немој да го креваш, немој да му даваш смоки, немој да даваш сок за расварање.....
Добро, да имаш свекрва или било кој друг е меч со две острици. Од една страна ти се меша, ама од друга страна ти е од помош (и за дај Боже и за не дај Боже). Сигурно сите тоа имаме предвид, иако секогаш ни фали тоа што немаме. Тие што сами ги гледаат децата им фали некој да им ги причува барем на кратко, а тие што имаат сакаат сами да си ги гледаат. Ама реално мислам дека кога (пример) бабите не живеат со децата се потолерантни отколку оние кои се секојдневно со нив. @chocolade претпоставувам и ти сама си го гледаш детето. Оди со таа мисла дека барем малку ќе одмориш и ќе ти го позанимава некој друг. Нека ти биде пред очи цело време, (јас сама го гледам и ми е шубе кога било кој ќе го земе) ама не се стегај до толку уште отсега.
И јас сум мајка на мало дете, знам дека секој сака да си го чува детето како што замислил и кај нас има судир на мислења но толкава нервоза заради совет од страна не треба да има, секако тие бабите му мислат добро на бебето само еве сега ние сме поупатени со интернет телевизија имаме повеќе информации кои тие не ги знаат и може стрпливо да им се објасни, па на нешто и да се попушти посебно за 10 дена да се прават кавги и уште сега да се нервози и правење филмови нема потреба. Љубовта што ја добиваат децата од бабите и дедовците е многу важна за нив не им ја кратете таа среќа на дечињата а во исте време и на бабите, оставете ги малку да уживаат заедно, и нека ги држат и тие, држете ги и вие колку можете повеќе, не е тоа ништо страшно тоа е нешто многу убаво, тоа е дел од мајчинството треба да уживате кога ги имате во раце, брзо растат и тие денови бргу минуваат, не трошете го тоа време во карање, зошто го земала во раце, бидете благодарни затоа што има некој плус кој му нуди љубов на Вашето дете!
Па нормално е да имаш граници , што е нормално . Ни јас не дозволувам да ми се коментира за исхраната на детето , тоес дали или не му е доволно моето млеко . Чим спие мирно после цицање , задоволен е ...ми е доволен доказ дека детето не ми е гладно. Јас мали го дојам и баш коментирав со свеки дека доењето е многу битно за бебето и дека педијатрите советуваат доење до 2 години . Свеки ми одговори дека тоа е така само во сиромашните земји Со тек на годините свати дека за децата сме ние со мм одговорни , јас си имам мои мислења за исхрана , чување на децата и знае дека е тешко да ми го смени мислењето . Гледај позитиивно , дека ќе имаш шанса да прошеташ, па и да и го оставиш да го чува бебето не е страшно нели излезете некаде со сопругот . Одмарај ... Моево сама си бара кога е викенд да оди кај баба и дедо. Која радост е за нив . Сега викенд знае и да преспие кај нив . Ми пречеше што свеки со малата се туширале заедно на мм му реков да и спомне да не се тушираат заедно и така .
чоколаде те сваќам на што мислиш и јас а и повеќето мајки сме исти како тебе несакаме да ни се мешаат во одгледувањето на децата. Јас моето сама го гледам, свекрва ми му нема сменето ни пелена на син ми а не па нешто повеќе. На 2м му даде банана и јас тогаш и реков во очи дека е мал и не треба да јаде има време кога да јаде и жената се налути па од тогаш ретко и пререкувам, поарно му кажувам на мм и тој и пренесува. Некна золва ми беше на гости и го зема доле син ми и му дале смоки, кога го качив горе несакаше да јаде и од тогаш ми одбива јадење само овошје друго ништо. Утре дента иста приказна само што овој пат наместо смоки му дале сарма, да да сарма со триста зачини во неа на бебе од 8м. Ајде свекрва ми да речеме дека незнае ама золва ми која има мало дете како може да го дозволи тоа. Јас не и го реков тоа на свекрва ми туку на мм а тој и пренесол и од тогаш не се меша со јадење ама затоа пак уште сега почна да му кажува на мм роденден на син ми да правиме дома сами да не викаме никој. Верувај кога го слушнав тоа сакав да влетам во соба и се да и кажам ама стиснав заби и си останав во спална. Она е баба и може да присуствува на роденденот како гостинка а кого ќе повикаме и каков роденден ќе правиме тоа е наша одлука. Потоа кога си се симна доле му кажав на мм дека ги слушнав и да и пренесе да не се меша во никакви планови околу детето и уште пред 4м да не му го организира роденденот туку како баба нека се покаже и нека го почува син ми на 5мин барем да се избањам ако ништо повеќе. Веруваш ли дека 3дена не бев бањата, син ми кенка несака да спие мм на терен, јас сама неможам ни до вц да одам, а она доле си седи и кога и се јавив ако сака да се качи да одам до вц она ме отшиша ќе одела кај пријателката и ми спушти и од тогаш ниту помош сум и побарала ниту ќе и побарам. А и она не се замара многу да се качи да го види само кога е золвата туку иначе не. Затоа игнорирај ја најарно е, ете ќе имаш прилика и да одмориш малку. Се би дала да има некој околу мене да ми го чува барем на 5мин ништо повеќе. Затоа секоја прилика ја користам да одам кај моите за да одморам. Извинете на долг пост
Се согласувам со вас дека не е лесно некој постојано да се меша во одгледувањето на детето,може да им ставите до знаење дека вие така го одгледувате и дека сега не се тие времиња нивните,секако ако е добронамерен совет ќе го прифатите,ама сепак бидете реални тие им се баби и дедовци ги сакаат искрено и не им мислат ништо лошо, самото тоа што сме различни генерации доаѓа до судир пример ќе ви кажам ние живееме,со Свекор ми,свекрва ми е почината син ми има 4м,пред некој ден го земал кај него да го види и јас се симнав да видам што праат,гледам му вика дедо ајде смоки да јадеме и отвара смоки,влегувам јас и викам нее за смоки сме мали дедо здравје после 1г.ниту се скарав ниту ништо со оглед на тоа дека он ја гледал свекрва ми како, се им давала на нивните деца,викам се сменија времињата сега дедо тој вика ти си знаеш најдобро не се мешам ...незнаете колку ми фали свекрва мајка барем на 1 саат некој да го почува немора повеќе, да завршам некоја обврска на рает вака сама едвај до вц.успевам да одам такво е детето не сака ни 5 мин.да е сам чекам да заспие за да средам по дома ручек,алишта да пружам пеглам во тие 2 саати се да направам, бидете благодарни што во секое време имате некој постар за совет,чување за било што некогаш фали многу бидејќи да ние мајките најдобро знаеме за децата,ама не сме секогаш сезнајки особено ако ни е прво дете...
Да и свекор ми вчера праша дали смее мандарина да и даде да шмука.Реков не и завршивме со муабетот. Мислам нормално е да прашуваат,стварно мн раб се имаат сменето од нивно до наше време
Мене ми е страв само да не и се случи нешто од секакво јадења во друга држава( ако ја оставам сама знам дека ќе и збута се). А на мм кога му кажувам вика она израснала 2 деца знае како треба. Мајки фала ви на разбирањето и на преубавите совети кои што ми ги дадовте. Се надевам дека ќе можам да ја убедам барем за јадење, па да прошетам малку до мм. Кој не би сакал нели
Пробај да и кажеш исто и дека не ти е проблем секој оброк посебно да го приготвуваш за бебето, напротив, дека ти претставува задоволство. И речи и дека ако нејзе и е мака дека нема потреба да се ангажира околу ручекот на детето дека тоа сама ќе го правиш. Сигурна сум дека ќе и биде задоволство и дека ќе сака таа да го припреми оброкот и да посвети како и ти. Пробај...не губиш ништо.
Со што ке патувате?Јас повеке би се плашела од долгиот пат до странство отколку од свеки Без лутење мила мала шала
Таман работа какво лутење со авијон ќе летаме и тоа со 2 во еден правец кои што ќе траат по 1 час и мене ми е страв ама мора да се оди..