Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly..2

    butterfly..2 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
  2. grizelka

    grizelka Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Gi najdovte li?
    I mene mi trebaat pomagajteee dobri lugeeee
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Има ли некој одговорено Македонски јазик за 8\8,го замолувам да ми ги прати.
    Фала однапред.
     
  4. TWEET.13-SWEET

    TWEET.13-SWEET Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Англиски за 7/9 ?!
     
  5. wowowo

    wowowo Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    има ли ги некој одговорено прашаната по природни науки и техника за 6\9

    фала однапред :D
     
  6. dance.dani

    dance.dani Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ве молам одговори на прашањата по англиски јазик за 4 одд , итно ми треба
     
  7. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    По Биологија за 7\9?
     
  8. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Прашање 85
    1. Колку хибридни орбитали се добиваат при sp2
    -хибридизација кај
    атомот на јаглерод?
    Одговор: 3
    2.Кој од следните искази што се во врска со хибридизација и врски кај
    атомот на јаглерод е точен?
    Одговор: sp3 – единечни врски, sp2 – двојна врскаsp – тројна врска

    3. Во кој од понудените одговори се наведени само нуклеофилни
    честички?
    Одговор: Само таму кај што се сите негативни честички
    4. Колку изнесува аголот меѓу sp-хибридните орбитали?
    Одговор: 180 степени
    5. Кога јаглеродниот атом е sp2
    -хибридизиран, тој образува:
    Одговор: Двојна врска
    6. Пропанал и пропанон се:
    Одговор: Карбонилни соединенија (алдехид и кетон)
    7. Што се добива при хомолитичко кинење на ковалентна врска помеѓу
    два јаглеродни атоми во молекула на алкан?
    Одговор: Слободни радикали
    8. 2,3-диметилпентан и 2-метилхексан се:
    Одговор: Изомери во низа
    9. Колку секундарни јаглеродни атоми се содржат во една молекула од
    соединението со формула CH3CH(CH3)C(CH3)2CH2CH2CH2CH3?
    Одговор: 3
    10. Која е молекулската формула на соединението 2,4-диметилпент-2-
    ен?
    Одговор: С7Н14
    11. Колку терцијарни јаглеродни атоми се содржат во една молекула од
    соединението 2,3-диметилхексан?
    Одговор: 2
    12. CnH2n е општа формула за:
    Одговор: Алкени и циклоалакани
    13. Соединенијата со формули C8H18 и C9H20 се:
    Одговор: Алкани
    14. Кој од наведените јаглеводороди е алкин?
    Одговор: Треба да има двојна врска или формула СnH2n-2
    15. Со равенката: nCH2=CH2 -> (–CH2–CH2–)n е претставена реакција на:
    Одговор: Polimerizacija
    16. Диенот со формула CH2=CH–CH=CH–CH3е:
    Одговор: Конјугиран и се вила Пентан 1,3 -диен
    17. Кој од наведените алкани има најниска температура на вриење?
    Одговор: барај го тој со најмалку С –атоми
    18. При горење на метан се добива:
    Одговор: СО2 и Н2О
    19. Молекулската формула на хептен е:
    Одговор: С7Н14
    20. Кај кој од наведените циклоалкани се јавува најголем агловен напон,

    т.е Баеров напон?
    Одговор: Циклопропан или со формула (С3Н6) или вака ќе биде дадено∆

    21. Формулата на ксилен е:
    Одговор: Диметилбензен треба да напишеш

    22. Кое од следните соединенија е хетероциклично ароматично
    соединение?
    Одговор: Треба да има ароматичен прстен и N,O,S во прстенот
    23. CnH2n-2 е општа формула за:
    Одговор: Алкани
    24. Изопренот е:
    Одговор: Полимер на 2- метил бута 1,3- диен
    25. Кај циклоалканите јаглеродните атоми од затворената низа се:
    Одговор: sp3 хибридизирани
    26. C6H6 е формула на:
    Одговор: Бензен
    27. Колку вкупно сигма врски има во молекулата на бензен?
    Одговор: 12
    28. Јаглеводородот со назив 2,3-диметилхептан е изомер на:
    Одговор: Барај алкан со 9С атоми и 20 Н атоми
    29. Добивање на алкан од Грињаров реагенс е претставено со равенката:
    Одговор: Baraj ja tаа кај што има R – Mg –Cl + H2O
    30. Со која хемиска равенка е претставена реакција на адиција?
    Одговор: Барај ја таа кај што има раскинување на двојна или тројна врска


    31. Со која хемиска равенка е претставена реакција на супституција?
    Одговор: Барај ја таа кај што има заменување на водороден атом
    32. Кај кој од наведените циклоалкани е можна геометриска изомерија?
    Одговор: Барај го тој кај што има ист прстен и два исти супституенти на пр.

    33. Кој од наведените алкини е изомер со 3-метилпент-1-ин?
    Одговор: Изброј ги атомите треба да има формула С6H10

    34. Колку сигма врски има во молекулата на пропин?
    Одговор: 6
    35. Колку изомери се можни кај дисупституираните бензенски деривати
    доколку сите супституенти се исти?
    Одговор: 3 (орто, мета и пара)
    36. Добивање на алкан со хидрогенација е претставено со равенката:
    Одговор: Барај адиција на водород кај алкен или алкин
    37. Со која хемиска равенка е претставена реакција на образување на
    ацетилид?
    Одговор: Барај С атоми поврзани со тројна врска а, еден или два Н –атоми поврзани со метал На пр.

    38. Кој од наведените алкени е изомер со 3-метилбут-1-ен?
    Одговор: Изброј ги атомите треба да биде со формула С5H10

    39. Колку пи врски има во молекулата на бута-1,3-диен?
    Одговор: 2
    40. Како се именува соединението чија рационална структурна формула
    Е CH3–CH2–CH2–CH(CH3)–CH2–C(CH3)2–CH3?
    Одговор: 2,2, 4, - триметил хептан

    41. Како се именува соединението чија рационална структурна формула
    е CH3–CH(CH3)–CH=CH–CH3?
    Одговор: 4-метил пент-2ен

    42. Рационалната структурна формула на 4-етил-5-метилхепт-1-ин е:
    Одговор: CH ≡CCH2CH(C2H5)CH(CH3)CH2CH3
    43. Пропен може да се добие со:
    Одговор: Reakcii na eliminacija (Барај реакција во која од заситено се добива незаситено соед)
    44. Што се добива со реакција меѓу пент-1-ен и бромоводород?
    Одговор: 2- бромопентан (или со формула CH3CHBrCH2CH2CH3)
    45. Кое соединение ќе се добие со реакција на бут-1-ин и вода?
    Одговор:Бутан 2-он (или со формула CH3CОCH2CH3)
    46. Со реакција на циклопропан и бромоводород се добива:
    Одговор: Пропил бромид (или со формула CH3CH2CH2Br)
    47. Што се добива со реакција меѓу бензен и концентрирана азотна
    киселина во присуство на концентрирана сулфурна киселина?
    Одговор: Нитро бензен
    48. Рационалната структурна формула на 2,2-диметилхекс-3-ен е:
    Одговор:CH3C(CH3)2CH=CHCH2CH3
    49. Што се добива со реакција меѓу бут-1-ен и вода?
    Одговор:Бутан 2-ол или алкохол или CH3CHОНCH2CH3
    50. Што се добива со нитрирање на толуен во присуство на
    концентрирана сулфурна киселина?
    Одговор: 2,4,6-тринитротолуен
    51. Кое од наведените соединенија е ароматичен алкохол, т.е. содржи
    бензенско јадро во својот состав?
    Одговор: Внимавај! Не само ароматичен прстен, за да биде алкохол,а не фенол мора ОН – групата да биде поврзана преку алифатичен радикал со бензенскиот прстен.
    52. Кое од наведените соединенија спаѓа во групата на феноли?
    Одговор: Она кај кое ОН – групата е директно поврзана со прстенот, без разлика дали има или нема други радикали во бензенскиот прстен.
    53. Функционална група на алкохолите е:
    Одговор: ОН ( хидроксилна, хидроксидна)
    54. Ацеталдехид е тривијално име за:
    Одговор: етанал
    55. Кое од наведените соединенија може да се докаже со јодоформна
    реакција?
    Одговор: Барај кетон (реакцијата е за докажување на кето група)
    56. Кој од наведените алкохоли има највисока температура на вриење?
    Одговор: Изброј ги C – атомите, оној што има највеќе С – атоми.

    57. Која од следните карбоксилни киселини е најсилна?
    Одговор: Онаа што има највеќе заменети Н – атоми со Халоген елемент (CCl 3COOH е најсилна од CНCl 2COOH, а таа од CН2 ClCOOH)или ако не е супституирана онаа што има најмалку С – атоми.
    58. Која од следните карбоксилни киселини е најслаба?
    Одговор: Обратно од претходното прашање.
    Како се викаат солите на етанската киселина?
    Одговор: Етанати или ацетати (тривијално)
    59. Водородни врски не се образуваат меѓу молекулите на:
    Одговор: Барај соединение каде Н не е поврзано со О, N ili S.
    60. Кој од наведените амини има најизразени базни својства?
    Одговор: Колку повеќе Н атоми се заменети со радикали во амонијакот, толку е базноста поголема R3N >R2NH >RNH2>NH3(Ако има и ароматичен радикал, внимавај!!! Памти дека ароматичните се послаби од алифатичните амини)
    61. Кој од следните алкохоли е многу силен отров?
    Одговор: Метанол
    62. Етан-1,2-диол е познат уште и под називот:
    Одговор: гликол (неговиот раствор е антифриз)
    63. –COOH е функционална група на:
    Одговор: Карбоксилните (органските) киселини
    64.2,4,6-тринитрофенол е познат уште и под името:
    Одговор: Пикринска киселина
    65. Формалин се добива со растворање на:
    Одговор: Формалдехид (метанал) во вода
    66. Анилин се добива со редукција на:
    Одговор: Нитробензен
    67. Кој од следните алкохоли е примарен алкохол?
    Одговор: Барај го оној што има –CH2OH на крај или на поцеток на низата
    68. Натриум метанолат се добива со реакција меѓу:
    Одговор: Метонал и натриум
    68. Метил хлорид може да се добие со реакција меѓу метанол и:
    Одговор:Хлороводород HCl
    69. Со оксидација на пропанал се добива:
    Одговор: Propanska kiselina so formula CH3CH2COOH
    70. Со редукција на бутанон се добива:
    Одговор: Butan 2-ol so formula CH3CH(OH)CH2CH3
    71. Формулата на бутанската киселина е:
    Одговор: CH3CH2CH2COOH
    72. Името на аминот со формула (CH3)2NH е:
    Одговор: Dimetil amin
    73. Со формулата CH3CH2NH2
    е претставен:
    Одговор: Etilamin
    74. Кој од следните алкохоли е терцијарен алкохол?
    Одговор:Барај го тој кај што С – атомот на кој е поврзана ОН – групата е поврзан со два други.
    75. Кое од следните органски соединенија може да реагира со натриум
    хидроксид?
    Одговор:Барај фенол,или карбоксилна киселина

    76. Со редукција на пентанал се добива:
    Одговор:Пентанска киселинасо формула CH3CH2CH2CH2COOH

    77. Со оксидација на пропанон се добива:
    Одговор: метанска (мравска)и етанска (оцетна) киселина
    78. Формулата на 2-метилпентан-1-ол е:
    Одговор: CH3CН(CН3)CH2CH2CHO
    79. Името на соединението со формула CH3CH(CH3)CH2CH(OH)CH3 е:
    Одговор:4- метил пентан 2-ол
    80. Што се добива со оксидација на CH3CH(OH)CH2CH2CH2CH3?
    Одговор: Хексан 2-он со формула CH3CОCН2CH2CH2CН3
    81. Со реакција меѓу етанска киселина и етанол се добива:
    Одговор: Етил етанат (етил ацетат) со формула CH3СООCH2CН3
    82. Со целосно нитрирање на фенол се добива:
    Одговор: 2,4,6,-тринитро фенол (пикринска киселина)
    83. Со која формула е претставен 2-метилхептанал?
    Одговор: CH3CН(CН3)CH2CH2CH2CHO
    84. Името на соединението со формула CH3C(CH3)2CH2CH2COCH3 е:
    Одговор: 4 – метил хексан 2- он
    85. Што се добива со реакција меѓу етанал и цијановодород?
    Одговор: цијанхидрин
    86. При реакција на натриум и мравска киселина се добива:
    Одговор: Натриум формијат (натриум метанат)
    87. Со формулата (CH3CO)2O е претставен:
    Одговор: Анхидрид на етанска (оцетна )киселина
    88. Етаноил хлорид може да се добие доколку со PCl5 се дејствува на:
    Одговор: Етанска (оцетна киселина) киселина
    89. Името на соединението со формула CH3CH(CH3)CH(CH3)CH2CHOе:
    Одговор: 3,4- диметилпентанал
    90. Со реакција меѓу триметиламин и хлороводородна киселина се
    добива:
    Одговор:Триметиламониум хлорид (CH3)3NH+Cl
    91.Електрофилна супституција е реакција на супституција којашто се
    одвива со напад на електрофилна честичка на:
    Одговор: Супституција којашто се одвива со напад на електрофилна частичка на реакциони центри богати со електрони.
    92. Дезактивирачки супституент кај електрофилна ароматична
    супституција може да биде:
    Одговор:Барај некој од овие: -N(CH3)3,+-NO2, -CN, -COOH, -CHO
    93. Нуклеофилна адиција е реакција на адиција на нуклеофилна
    честичка на:
    Одговор: На парцијално позитивен центар на поларна врска во молекулата
    94. За која од наведените класи органски соединенија е карактеристична
    реакција на електрофилна адиција?
    Одговор: Алкани, алкини (-С=С- или -С≡С-)
    95. За кое од наведените органски соединенија е карактеристична
    реакција на електрофилна супституција?
    Одговор: Барај бензен или друго ароматично соединение
    96. Кое од наведените соединенија е пореактивно во споредба со
    бензенот?
    Одговор: Барај супституиран дериват, кој доколку содржи ваква група (ОН, -NH2,-NНR-NR2, -OCH3) е најреактивен.


    97. Реакцијата претставена со равенката CH4 + Cl2 -> CH3Cl + HCl е
    пример за:
    Одговор: Супституција (радикалска супституција)
    98. Реакцијата меѓу метил хлорид и натриум хидроксид е пример за:
    Одговор: Нуклеофилна супституција
    99. Етил метаноат се добива со реакција меѓу:
    Одговор:Метанска киселина + етанол (или етил алкохол) HCOOH + C2H5OH
    100. Со редукција на бутан-2-он се добива:
    Одговор:Бутан 2-ол (CH3CH2CHOHCH3)
    101. Со оксидација на пентанал се добива
    Одговор:Пентанска киселина (CH3CH2CH2CH2CООH)
    102.:Добивањето на алкан според Вурцовата синтеза е претставено со равенката:
    2R-Cl + 2Na ͢ R-R +2NaCl 2CH3Cl +2Na ͢ CH3-CH3 +2NaCl
    103. C6H5CH3 е формула на:
    Одговор:Толуен (метил бензен)
    104. C6H5NH2 е хемиска формула на:
    Одговор: Анилин (амино бензен)
    105. Кој од наведените алкени е изомер со 4-метилхекс-1-ен?
    Одговор: Изброј ги атомите, молекулската формула треба да е С7Н14 или внимавај да не е положбен изомер па да е 4-метил хекс 2-ен.
    106. Со која хемиска равенка е претставена реакција на супституција?
    Одговор: Барај реакција на замена во која еден Н атом се заменува со друг атом или атомска група.
    107. Што се добива со реакција меѓу бут-1-ен и бромоводород?
    Одговор: 2 – бромо бутан
    108. Која од следните карбоксилни киселини е најсилна?
    Одговор: Онаа што има највеќе заменети Н – атоми со Халоген елемент (CCl 3COOH е најсилна од CНCl 2COOH, а таа од CН2 ClCOOH)или ако не е супституирана онаа што има најмалку С – атоми.

    109. Кој од наведените алкохоли е дихидроксилен алкохол?
    Одговор:Барај во формулите оној што има две ОН – групи или ако е дадено име мора да има наставка диол или ако е дадено тривијално веројатно ќе биде даден гликол.
    110. Што се добива со реакција меѓу бензен и етаноил хлорид во присуство на
    алуминиум хлорид како катализатор?
    Одговор: Етил бензен + НCl
    111. Како се именува соединението чија рационална структурна формула е CH3
    –CH2–CH(CH3)–CH=CH2?
    Одговор: 3-метил пент -1-ен
    112. Кога јаглеродниот атом е sp3-хибридизиран, тој образува:
    Одговор: Единечни врски
    113. Индуктивен ефект е:
    Одговор:Поместување на електроните од Ϭ (сигма) врската долж јаглеродната низа.
    114. При реакција на фенол и натриум хидроксид се образува:
    Одговор: Натриум фенолат C6H5ONa
    115. Натриум етанолат се добива со реакција меѓу:
    Одговор:Етанол + натриум (C2H5OH + Na )
    116. Колку хибридни орбитали се добиваат при sp3-хибридизација кај јаглероден
    атом?
    Одговор: Четири
    117. Формулата на толуен е:Одговор:(C6H5СH3)
    118. Кој од наведените циклоалкани е најреактивен?
    Одговор: Оној со најмалку С –атоми (циклопропан, па циклобутан, па циклопентан, па циклохексан итд-
    119. Молекулската формула на хексин е:
    Одговор: С6Н10
    120. При горење на јаглеводород се добива:
    Одговор: Јаглерод дионсид + вода (СО2 + Н2О)
    121. Со која хемиска равенка е претставена реакција на адиција?
    Одговор: Барај равенка во која од незаситено се добива заситено соединение, односно се губи двојна или тројна врска.
    122. Добивање на алкан со хидрогенизација на алкен е претставено со равенката:
    Одговор: R-CH=CH2 + H2 ͢ R – CH2 - CH3
    123. CnH2n+2 е општа формула за:
    Одговор: Алкан
    124. Кој од наведените јаглеводороди е алкен?
    Одговор: Изброј ги С и Н атомите, бројот на Н атомите треба да е за двапати +2 поголем од бројот на С атомите(на пр. С4Н10)
    125. Соединенијата со формули C4H10 и C6H14 се:
    Одговор: Алкани
    126. Која е молекулската формула на соединението чија рационална структурна
    формула е CH3–C(CH3)2–CH=CH–CH=CH–CH3?
    Одговор: С9Н16 (диените се изомери на алкини)
    127. Колку примарни, секундарни и терцијарни јаглеродни атоми се содржат во
    една молекула од соединението со формула CH3CH(CH3)C(CH3)2CH2CH3?
    Одговор: примарни 5, секундарни 1 ,терциерни 1 и кватерен 1
    128. Што се добива при хетеролитичко кинење на ковалентна врска помеѓу два
    јаглеродни атоми во молекула на алкан?
    Одговор:карбокатјон и карбоанјон


    Пропан-1-ол и пропан-2-ол се:Одговор: алкохоли (положбени изомери)
    129. Кога јаглеродниот атом е sp-хибридизиран, тој образува:
    Одговор: Тројна врска
    130. Кој од наведените алкани има највисока температура на вриење?
    Одговор: Изброј си С – атомите, тој што има највеќе
    131. Во кој од понудените одговори се наведени само електрофилни честички?
    Одговор: Електрофилни честички се : Карбокатјоните, Н+, AlCl3, BF3, AlF3,Fel3
    132. Поместувањето на електроните од сигма-врските долж јаглеродната низа се
    вика:
    Одговор:Индуктивен ефект
    133. Кој од дадените диени е кумулиран диен?
    Одговор: Оној кај кој двете двојни врски се на ист С атом,треба да има вакви двојни врски во формулата -С=С=С-
    134. Со равенката: nCF2=CF2 -> (–CF2–CF2–)n е претставена реакција на:
    Одговор: Добивање на тефлон, полимеризација 1,1,2,2 – тетра флуро етен
    135. Функционална група на алдехидите е:Одговор: Алдехидна -СНО група
    136. Кое од наведените соединенија е фенол?Одговор: С6Н5ОН има Хидрокси бензен е!
    137. Кој од следните алкохоли е секундарен алкохол?
    Одговор: Оној кај кој С-атомот на кој е ОН групата е поврзан со два дриги С атоми!
    138. Кое од следните соединенија е амин?Одговор: R - NH2 ili Ar-NH2
    139. Со која формула е претставен анилин?
    Одговор: C6H5 - NH2
    140. Како се викаат солите на етандиската киселина?
    Одговор: Оксалати
    141. Кој од наведените алкохоли е трихидроксилен алкохол?
    Одговор: Оној што има три –ОН групи на пример глицерол СН2ОНСНОНСН2ОН (ако се дадени имиња тогаш барајте името да завршува на триол)
    142. Кое соединение ќе се добие со реакција на пропин и вода?
    Одговор: СН≡СН + Н2О ͢ СН2=СНОН ͢ СН3СНО ако е дадено име, тогаш барај етанал (ацеталдехид – тривијално име за истото соединение)
    143. Етен се добива со:
    Одговор: Барај реакција на елиминација во која од заситено соединенисе добива незаситено соединение со со два С-атоми и двојна врска СН2=СН2
    143. Со која хемиска равенка е претставена реакција на елиминација?
    Одговор:Барај реакција во која се добива од заситено соединение, незаситено соединение на пр. CH2ClCH2Cl ͢Z͢n СН2=СН2 + ZnCl2или CH3CH2Cl ͢KOH СН2=СН2 + KCl + Н2О итн
    143. Јаглеводородот со назив 2,2-диметилхексан е изомер на:
    Одговор:Изброј ги С и Н атомите, треба молекулската формула на соединението да биде С8Н18
    144. Која од следните карбоксилни киселини е најсилна?
    Одговор: Онаа што има највеќе заменети Н – атоми со Халоген елемент (CCl 3COOH е најсилна од CНCl 2COOH, а таа од CН2 ClCOOH)или ако не е супституирана онаа што има најмалку С – атоми.
    145. Која од следните карбоксилни киселини е најслаба?
    Одговор: Онаа што има најмалку заменети Н – атоми со Халоген елемент (CCl 3COOH е најсилна од CНCl 2COOH, а таа од CН2 ClCOOH)или ако не е супституирана онаа што има најмногу С – атоми.
    146. Карактеристична реакција за алдехидите и кетоните е:
    Одговор: Нуклеофилна адиција
    147. Пропанонот е познат под тривијалното име:
    Одговор: Ацетон
    148. Формалдехид е тривијално име за:
    Одговор: Метанал
    149. Со реакција на циклопропан и бром се добива:
    Одговор: 1,3- дибромо пропан CH2Br-CH2 ¬- CH2Br
    150. Кое од следните соединенија е хетероциклично ароматично соединение?
    Одговор: Барај петочлен или шесточлен ароматичен или споени два ароматични прстени (со кругче или три двојни врски внатре) и во едното теме мора да има S, N или O
    151. Реакција на естерификација е реакција меѓу:
    Одговор: Алкохол и киселина
    153. Што се добива со реакција меѓу бензен и монохлороетан во присуство на
    алуминиум хлорид како катализатор?
    Одговор: етил бензен ( C6 H5- C2H5) иHCl
    154. Што се добива со реакција меѓу пент-1-ен и хлор?
    Одговор: CH2Cl CHClCH2CH2CH3
    155. Рационалната структурна формула на 4-етил-5-метилхепт-2-ин е:
    Одговор: CH3CH2CH(CH3)CH(CH2CH3)C≡C CH3
    156. Како се именува соединението чија рационална структурна формула е
    CH3–C(CH3)2–CH=CH–CH3?
    Одговор: 4,4- диметил пент -2-ен
    157. Како се вика фазата со која завршува реакцијата на хлорирање на метан?
    Одговор: ТЕРМИНАЦИЈА
    158. Реакцијата меѓу етен и бромоводород е пример за:
    Одговор: Електрофилна адиција (адиција)
    159. Реакцијата претставена со равенката C6H6 + Cl2 -> C6H5Cl + HCl е пример за:
    Одговор: Електрофилна (ароматична) супституција
    160. Кое од наведените соединенија е помалку реактивно во споредба со
    бензенот?
    Одговор: Соединение што има ароматичен прстен и некоја од овие групи во прстенот
    -N(CH3)3,+-NO2, -CN, -COOH, -CHO
    161. Нуклеофилна супституција е реакција на супституција која се одвива со
    напад на нуклеофилна честичка на:
    Одговор: Нуклеофилна честичка на парцијално позитивен атом во органска молекула
    162. Со реакција меѓу метиламин и хлороводородна киселина се добива:
    Одговор: Метиламониум хлорид (CH3NH3+Cl-)
    163. При реакција на натриум и оцетна киселина се добива:
    Одговор:Натриум ацетат ( натриум етанат) CH3COONa
    164. Ацетал се добива со реакција меѓу:
    Одговор:Соединение кое се добива при реакција на алдехид со алкохол и има формула

    165. Името на соединението со формула CH3CH(CH3)CH(CH3)CH2COCH3 е:
    Одговор: 4,5-диметил хексан-2-он

    166.Со која формула е претставен 5-метилхексанал?
    Одговор: СН3СН(СН3)СН2СН2СН2СНО
    167. Со реакција меѓу фенол и бром се добива смеса од:
    Одговор: Орто и пара бромофенол (1- бромофенол и 4- бромофенол )
    168. Метил етаноат се добива со реакција меѓу:
    Одговор: Оцетна киселина (етанска) + метил алкохол СН3СООН + СН3ОН ͢ СН3СООСН3 + Н2О
    169. Што се добива со оксидација на CH3CH(OH)CH2CH2CH3?
    Одговор: Се добива кетон (зашто се оксидира секундарен алкохол) со формула: СН3СОСН2СН2СН3 кој се именува како: пентан-2-он
    170. Името на соединението со формула CH3C(CH3)2CH2CH2CH(OH)CH3 е:
    Одговор: 5,5-диметил хексан2-ол
    171. Со формулата (CH3)2NH е претставен:
    Одговор: ДИМЕТИЛАМИН
    172. Името на аминот со формула CH3CH2NH2 е:
    Одговор: ЕТИЛАМИН
    173. Формулата на мравската киселина е:
    Одговор: НСООН
    174. Со редукција на алдехид се добива:
    Одговор: ПРИМАРЕН АЛКОХОЛ
    175. Со оксидација на кетон се добива:
    Одговор: КАРБОКСИЛНИ КИСЕЛИНИ (множина зашто се добиваат најмалку две молекули со кинење на С-С врската пред и после кето групата.
    176. За која од наведените класи органски соединенија е карактеристична
    реакција на нуклеофилна адиција?
    Одговор: Алдехиди, кетони (карбонилните соединенија што содржат - С=О група)
    177. Како се именува соединението чија рационална структурна формула е
    CH3–CH2–CH2–CH(CH3)–CH2–C(CH3)2–CH2–CH3?
    Одговор: 3,3,5-триметил октан
    178. Колку изомери се можни кај трисупституираните бензенски деривати доколку
    сите супституенти се исти?
    Одговор: Три (симетричен 1,3,5 положба, Асиметричен 1,2,4 – положба и ВИЦИНАЛЕН 1,2,3- положба).
    179. Колку сигма врски и колку пи врски има во молекулата на етин?
    Одговор: Три сигма и две пи Н ͢Ϭ С ≡ С͢Ϭ и во тројната врска едана е Ϭ, а двете се π
    180. Кој од наведените алкини е изомер со 3-метилбут-1-ин?
    Одговор:Изброј С – атоми, треба да биде молекулската формула С5Н8
    181. Кај кој од наведените алкени е можна цис-транс изомерија?
    Одговор: Барај на С-атомите од двојната врска да има по еден ист радикал и еден Н- атом, на пр.

    182. Како се вика фазата со која започнува реакцијата на хлорирање на метан?
    Одговор:ИНИЦИЈАЦИЈА
    183. Реакцијата претставена со равенката CH3CHO + HCN ->CH3CH(OH)CN е
    пример за:
    Одговор: АДИЦИЈА (Нуклеофилна адиција)
    184. Со која формула е претставен 4-метилпентан-2-он?
    Одговор: СН3СН(СН3)СН2СОСН3
    185. Кое од следните соединенија покажува кисели својства?
    Одговор: Можат да бидат многу, но првично барај соединение со –СООН група, па фенол
    186. Кое од следните соединенија е ароматичен јаглеводород со фузирани
    (кондензирани) бензенови прстени?
    Одговор: нафтален или антрацен или фенантрен. Ако се дадени формули еве што да бараш

    187. Кој од дадените диени е изолиран диен?
    Одговор: Оној кај кој има две или повеќе единечни врски помеѓу двете двојни, на пр.
    -С=С-С-С=С- или -С=С-С-С-С-С-С=С-
    188. Кој од наведените циклоалкани е најмалку реактивен?
    Одговор: Барај го тој со највеќе С-атоми
    189. CnH2n-2 е општа формула за:
    Одговор: АЛКИНИ (може и ДИЕНИ, зашто тие се изомерни соединенија на алкините)
    190. Колку кватернерни јаглеродни атоми се содржат во една молекула од
    соединението 2,2,4-триметилоктан?
    Одговор:Само еден (вториот С-атом, тој на кој се двата метил радикали).
    191. Колку сигма врски и колку пи врски има во молекулата на етен?
    Одговор: ПЕТ СИГМА врски и ЕДНА ПИ врска
    192. Со реакција меѓу диметиламин и хлороводородна киселина се добива:
    Одговор: Диметиламониумхлорид (CH3)2NH2+Cl-
    193. Формулата на пентанската киселина е:
    Одговор:СН3СН2СН2СН2СOОH (C4H9COOH)
    194. Кој од следните алкохоли е терцијарен алкохол?
    Одговор:Барај го оној кај којшто С атомот на кој е поврзана ОН – групата е поврзан со три други С – атоми, односно на него нема ниедно Н СН2 -C(CH3)2 (OH)
    195. Ацетонот е:
    Одговор: Кетон (ПРОПАНОН)
    196. –CHO е функционална група на
    Одговор: АЛДЕХИДИТЕ
     
  9. Nerd-girl

    Nerd-girl Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ima nekoj odgovori za istorija za 6/9 plsss mi trebat za utre :worried: :( ;( :sweat:
     
  10. Otoringo

    Otoringo Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ako gi imas do sega najdeno za Makedonski 5 odd ke te molam da mi gi pratis. :|
     
  11. Marija-122

    Marija-122 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Ќе може ли некој да ми ги прати одговорите по Историја за 6 одделение (за утре ми се)
     
    На Sara.Be му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cvetulle

    Cvetulle Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ve molam odgovor za francuski eksterno za 6 devetoletka kade da najdam?
     
  13. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    http://andrej.ivanoski.mk/ek/osmo.html Еве ви ги одговорите од неколку предмети 8/9 и 8/8 : :) 8) и навистина напорна стана темава :fubar: :lol:
     
  14. androvski27

    androvski27 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Дали некој ги има одговорите од Хемија за 8 одделение ? Ви благодарам однапред !
     
  15. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    http://andrej.ivanoski.mk/ek/osmo.html :)
     
  16. Catovka

    Catovka Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    francuski (prv stranski jazik) za 2 god ako gi imate odgovoreno pratete pls za utre mi se :| :(
     
  17. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    За која година ти треба?
     
  18. spasovskam

    spasovskam Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    758

    Прашања за екстерно тестирање по ИСТОРИЈА
    за VI одд 2014 год
    1. Луѓето кои го проучуваат минатото се нарекуваат:Историчари
    2. Во пишани извори спаѓаат:извештаи, патописи, записи, весници
    3. Колку траела праисторијата?повеке милиони години од појавата на човекот до појавата на првото писмо
    4. Најважниот пронајдок за праисторискиот човек бил:огнот
    5. Палеолит се нарекува:старото камено време
    6. Праисториските луѓе верувале во:добри и лоши духови
    7. Кога била населена територијата на Македонија?уште од најстаро време од периодот на старото камено време
    8. На чело на родовската заедница стоел:старешината
    9. Кога се појавиле најстарите држави и првите цивилизации
    познати како речни цивилизации?во 4 милениум пред.н.е.
    10. Која држава настанала на реката Еуфрат?Месопотамија
    11. Фараон се нарекувал владетелот во:Египет
    12. Каде бил напишан „Епот за Гилгамеш“?Месопотамија
    13. Кога се појавила старата египетска држава?3200 год.пр.н.е.
    14. Каде се употребувало клинестото писмо?Месопотамија
    15. Во која од наведените држави биле градени пирамиди?Египет
    16. Кога започнува стариот век, а кога завршува?од пронаоѓањето на првото писмо до пропаѓањето на Западното Римско Царство 476 год
    17. Вавилон бил град во:Месопотамија
    18. Кога била основана старата кинеска држава?2300год.пр.н.е
    19. Во кој еп се раскажува за Тројанската војна?Илијада
    20. Кој го сочинувал народното собрание на Спарта?сите Спартанци над 30 год.
    21. Кој народ се смета за основач на Спарта?Дорци
    22. Во времето на кој владетел Атина го постигнала својот
    најголем напредок?Перикле
    23. Кога се водела Пелопонеската војна?II пол. На V век пр.н.е.
    24. Kој бил на чело на Кралството на Таулантите? Главкија
    25. Кој бил врховен бог на Илирите?Силван
    26. Најголем дел од Илирите биле население во:селата
    27. Градовите Драч и Аполонија претставуваат центри на
    културниот развиток на:Илирија
    28. Во кој регион живееле Дасаретите?во областа Лихнидос денешен Охрид
    29. Кога започнало обединувањето на македонските племиња
    во една држава?VIII век пр. н.е.
    30. Која била првата престолнина на Античка Македонија?Ајга
    31. Во кој век владеел кралот Александар I?Vвек пр.н.е
    32. Кој ја пренел престолнината од Ајга во Пела?Архелај I
    33. Какви монети ковал Филип II Македонски?златни
    34. Од колку редови се состоела македонската фаланга?16
    35. Кој му бил учител на Александар III Македонски?Аристотел
    36. Кога владеел Александар III Македонски?336-323 пр.н.е.
    37. Од јазикот на античките Македонци денес се познати:само 150 зборови: имиња на луѓе, места
    38. Каде била одржана масовната свечена свадба кога десет
    илјади Македонци се ожениле со Персијки?Суза
    39. Колку години владеел Александар III Македонски?13
    40. Врховен бог на античките Македонци бил:Диос
    41. Која година бил основан градот Рим?753 пр.н.е.
    42. Кога Римјаните завладеале со целиот Апенински
    Полуостров?кон средината на III век пр.н.е.
    43. Како се нарекувале териториите и земјите што ги владееле
    Римјаните?Римски провинции
    44. Која година римскиот цар Константин I го признал христијанството?313 год.
    45. Кој бил врховен бог на Римјаните?Јупитер
    46. Од каде бил по потекло Спартак водачот на најпознатото
    робовско востание?Тракија
    47. Кој бил прв проповедник и основач на христијанството?Исус Христос
    48. Ханибал бил водач на:Картагина
    49. Гај Јулије Цезар бил голем римски:војсководач
    50. Која година била Третата римско-илирска војна?168 год.пр.н.е.
    51. Која година Македонија станала римска провинција?148 год пр.н.е.
    52. Кој македонски крал склучил сојуз со илирскиот крал
    Гентиј за заедничка борба против Римјаните? Персеј
    53. Како година во која се случил крајот на Западното Римско
    Царство се смета: 476 год
    54. Која година била поделена римската држава?395год
    55. Кој бил на чело на големото илирско востание против
    Рим? Батон
    56. Од металите праисторискиот човек изработувале: рало, плуг, разни алати
    57. Наколните живеалишта за праисториските луѓе
    претставувале:постојани живеалишта и засолниште од дивите животни
    58. По откривањето на првите писма во стариот век:се започнало со пишување на првите песни, митови, легенди=се појавила книжевноста
    59. Како старите народи го објаснувале создавањето на
    светот?според религијата, секој народ различно го објаснува создавањето
    60. Владетелот во старите држави на Истокот бил: врховен војсководец и судија, а бил почитуван и како бог
    61. Од кого имал најголема поддршка фараонот во
    египетската држава?свештениците и војската
    62. Занаетчиите и трговците кај старите народи биле:слободни луѓе
    63. На што ги учеле Спартанците своите машки деца?на боречки вештини, да ги мразат хејлотите
    64. За што се грижеле членовите на Советот на старците во
    Спарта? за склучување мир, објавување војна, тие биле врховен суд во државата
    65. По што се разликувало населението во Атина од другите
    држави во стариот век? Сите слободни луѓе имале право да учествуваат во државните работи, имало демократија
    66. Културата на Илирите била под влијание на:соседните култури: хеленската и римската
    67. Што се случило со Ардиејското кралство во времето на
    кралицата Теута?на почетокот успеала да ја прошири и зајакне, но подоцна ја признала римската власт и и плакала даноци
    68. Што се случило со Хелените по битката кај Хајронеја?Хелените биле поразени и ја признале македонската влас
    69. Александар III во битките: војувал напред со своите војници, никогаш не изгубил
    70. Како се однесувал Александар III кон потчинетите народи?ги почитувал нивните обичаи
    71. Војниците на Александар кон заробеното семејство на
    Дариј III се однесувале:како кон кралско семејство
    72. Кои биле причините за враќањето на војските на
    Александар од Индија?војниците биле уморени, долго време биле разделени од нивните семејства
    73. Како се однесувал Александар со своите најблиски
    соработници?бил строг, ги судел, казнувал
    74. . Каде се наоѓала најголемата библиотека во стариот век?Александрија
    75. Што претставува конзулот во римската република?Наместо крал имало 2 конзули кои управувале со државата 1 година
    76. Со што се занимавале Римјаните освен со војување?биле познати како одлични градителии, а се занимавале и со земјоделство, занаетчиство и трговија
    77. Што претставуваат колони? Човек што земал земја под наем
    78. Која општествена област во Римската држава особено се
    развила и извршила влијание на другите земји на Европа?книжевноста, римско право и законодавство
    79. Колосеумот бил најголем римски амфитеатар и можел да
    прими околу: 50.000 луѓе
    80. Кога биле освоени териториите на Илирите од страна на
    Рим? 168год.пр.н.е.
    81. Во стариот век во илирските градови Билис, Саранда,
    Аполонија и Дирахион биле изградени: дебели бедеми, сите биле добро утврдени, тие биле главни центри на културата
    82. Патот Виа Егнатиа Римјаните го изградиле на Балканот и во Македонија во правец запад-исток, тој бил најкуса врска на балканските земји со Италија
    83. Апостол Павле ги основал првите христијански општини во
    Европа во: Филипи, Солун, Коринт
    84. Зошто Египќаните ги балсамирале телата на фараоните и
    членовите на нивните семејства?верувале дека човекот живее и по смртта се додека има остатоци од телото
    85. По што е познат владетелот Хамураби?ги создал првите закони
    86. Што е заедничко во митологиите на повеќето стари народи?секој народ имал мит и свој јунак
    87. Кое од наведените илирски племиња најпрво успеало да
    создаде свое кралство?кон крајот на 5 век пр.н.е. на чело со крал Грабос
    88. Кое од илирските кралства најпрво се соочило со
    навлегувањето на римската војска?Кралството на Ардиеите на чело со Агрон
    89. Како кралот Филип II ја зајакнал античка Македонија?со реформите, војните со соседите
    90. Зошто Александар се смета за најголем освојувач во
    историјата?Создал огромна држава која се протегала на 3 континенти
    91. Кои биле причините што се распаднала државата на
    Александар III Македонски по неговата смрт?борбите за неговото наследство и за македонскиот престол
    92. Во што биле слични илирско-римските војни и македонско-
    римските војни? И двете држави ја изгубиле својата независност во 168 год.пр.н.е и станале римски провинции
    93. Што е милениум?временски период од 1000 години
    94. Првите луѓе живееле и се движеле во:орди
    95. Врховен бог во Египет бил:Амон Ра
    96. Градовите-држави најпрво се појавиле во:Месопотамија по долината на реките Тигар и Еуфрат
    97. Кога се доселиле во Хелада Дорците, Јонците и Ајолците?во 1200 год.пр.н.е.
    98. Кносос градот каде што имало голема палата се наоѓал на:островот Крит
    99. Хејлотите биле робови во Спарта
    100. Партенон се наоѓа во:Атина
    101. Кралот Грабос бил крал на:најстарото кралство во Илирија
    102. Илирската кралица Теута владеела во:кралството на Ардиеите
    103. Градот Аргос од каде што потекнувало македонското кралско
    семејство се наоѓал во областа:Орестида
    104. Кога владеел Филип II Mакедонски?359-336 пр.н.е
    105. Најпознатиот Атински говорник против Филип и Александар
    Македонски бил:Демостен
    106. Како се викала мајката на Александар III Македонски?Олимпијада
    107. Митски предок на Античките Македонци бил:Македон
    108. Кои биле најстарите жители на Апенинскиот Полуостров?Етрурците
    109. Најпознат римски говорник бил:Кикерон
    110. Во близина на Неготино се наоѓаат остатоци од градот: археолошки локалитет Градиште
    111. Како ги броеле годините Египјаните?според владеењето на фараоните
    112. Кога започнале луѓето да градат примитивни куќи?во младото камено време
    113. Во која од старите држави жената можела да стане и
    владетелка?_________________________
    114. Дали успеале да се обединат хеленските градови-држави?не
    115. Илирите што живееле на приморјето во V и IV век пр.н.е.
    биле изложени на силно влијание на:____________________
    116. На реката Хидасп во Индија Александар Македонски
    подигнал столб на кој пишувало:Овде запрел Александар
    117. Кој Александров војсководец бил наречен „стратег на
    Европа“?Антипатар
    118. Европското право и законодавство својата основа ја земаат
    од: Римјаните
    119. Која поговорка го отсликува начинот на кој полесно владееле
    Римјаните со покорените народи?Раздели па владеј
    120. Какви биле последиците од Пелопонеските војни во Хелада?несреки, разурнати градови
    121. Зошто Римјаните воделе војни со Картагинците?им пречеле во трговијата
    122. Како се викал владетелот на старата египетска држава?фараон
    123. Најпознатото племе кое живеело во околината на Охридското
    езеро биле:Дасаретите
    124. Кои градови претставувале центри на културниот развиток на
    Илирите?Дирахион, Аполонија
    125. Бог на војната кај Илирите бил:Медаур
    126. Во кое од наведените илирски кралства на чело на државата
    била кралицата Теута?Ардиеите
    127. Кое од наведените илирски кралства располагало со силна
    флота и пешадија?Ардиеите
    128. Илирите војувале против Римјаните:Римјаните војувале против Илирите
    129. Илирите верувале во култот кон:сонцето и змијата
    130. Театарските претстави во Хелада настанале:од свеченостите во чес на Дионис
    131. Каде се одиграла решавачка битка помеѓу Александар III и
    Дариј III?Гавгамела
    132. Во 334 год п.н.е. Александар III започнал војна со:Персија
    133. Со кого војувале Македонците во битката кај Херонеја?со Хелените
    134. Најстарите цивилизации се појавиле по долините на големите
    реки во:Месопотамија, Индија и во Кина
    135. Што се случило по реформите на Клистен во Атина?демосот добил поголеми права, демократско уредување
    136. Кои извори претставуваат усни кажувања?леѓенди, митови и песни
    137. Кој е првиот крал во античка Македонија кој ковал свои
    монети?Александар I
    138. Каков бил односот на хеленските племиња кон Ахајците?новите племиња се измешале со претходното население, ги покориле па ја прифатиле нивната култура
    139. Олимписката дисциплина маратон името го добила според
    местото на битката од каде што војникот по долго трчање во
    Атина ја соопштил веста за:од Маратон до Атина војникот трчал за да каже на другите дека победиле во битката против Персија
    140. По кого се именувале старите египќани?___________________________
    141. Како се нарекува временскиот период од 100 години?век
    142. Како се нарекува старото камено време?палеолит
    143. Кој е авторот на научната теорија според која човекот
    потекнува од човеколикиот мајмун?Чарлс Дарвин
    144. Кој е прв крал на античката Македонската држава?Пердика I
    145. Како се вика науката која се занимава со ископување и
    проучување на материјални остатоци од минатото?археологија
    146. Какви видови историски извори разликуваме?материјални, пишани и усни
    147. Во која од наведените држави населението имало политички
    права?Атина
    148. По римското освојување Македонија била поделена на:провинции
    149. Што проучува историјата како наука?минатото на човечкото општество
    150. Помеѓу кого се водела Пелопонеската војна?Спарта и Атина
    151. Кој временски период го опфаќа праисторијата?од појавата на човекот до појавата на првото писмо
    152. Кој од наведените археолошки локалитети НЕ се наоѓа во
    Македонија?Лепенски Вир, Крапина, Пела, Вергина
    153. Старата египетска држава настанала по должината на реката:Нил
    154. Што претставувале Дијадосите во македонската држава? најблиски соработници на Александар III
    155. Како македонските војници ги прифаќале долгите војувања и
    отсутва од дома?тешко ја поднесувале неповолната клима и често се бунтувале
    156. Каков бил односот на Филип II со градот-држава Атина?Филип вешто ја користел неслогата на граѓаните, некои од нив го подржувале и го сметале за спасител
    157. Кој бил „таткото на историјата“?Херодот
    158. Кога биле одржани првите олимписки игри кај Хелените?776 пр.н.е
    159. Во времето на Филип II биле направени: повеке реформи во државата
    160. Основна карактеристика на политичкото живеење на Илирите
    е дека:биле разделени и често војувале мегу себе
    161. Кога пропаднало Западното Римско Царство?476 год
    162. Кој бил на чело на илирското кралство за време на третата
    илирско-римска војна во 168 година пр.н.е.?Гентиј
    163. Според легендата кој го основал градот Рим?близнаците Ромул И Рем
    164. Која династија владеела во Македонија по смртта на
    Александар III?Антигонидите
    165. Кој бил врховен бог кај Македонците?Диос
    166. Во колку групи се поделила македонската војска при
    враќањето од Индија?враќањето се довивало по копно и море
    167. Кој римски цар во 313 год. од нашата ера го признал
    христијанството?Константин
    168. Колку Пунските војни се воделе?3
    169. Кој е највисок орган во Римската држава?Сенатот
    170. Од кои причини Египќаните граделе пирамиди?средство за испраќање на душата на фараонот кон боговите
    171. Што ги поврзува „Илијада“ и „Одисеја“?Тројанската војна и двата епа се напишани од Хомер
    172. Што е заедничко за Спарта и Атина?и во двете држави имало поделба на луѓето, Народно собрание
    173. Што е заедничко за државите на стариот Исток?настанале покрај големите реки, верувале во добри и лоши духови
    174. Кој римски поет го напишал епот „Енеида” по примерот на
    „Илијада“?Вергилија
    175. Која била целта на спартанското воспитание?да се создадат здрави и добри војници кои верно ке и служат на државата
    176. Каков бил односот на Александар III кон народите кои ќе ги
    освоел?тој спроведувал политика на толеранција на различните народи и култури
    177. Што е основата на христијанското учење?учење дека постои само еден бог о дека сите луѓе се еднакви пред Бога
    178. Зошто Римјаните посветувале големо внимание на
    говорништвото (ораторството)?таа вештина им била потребна при расправиите во Сенатот, Народното собрание и во судовите
    179. Зошто не успеало Спартаковото востание?востаниците не биле сложни и единствени
    180. Поговорката „Ханибал пред вратите на Рим“ (Hanibal ante
    portas) се појавила за време на:Пунските војни
    181. Откако Римјаните се ослободиле од власта на Етрурците со
    државата владееле двајца конзули
    182. Слободното население во Рим се делело на:патрици и плебејци
    183. Што е заедничко за сите битки кои Александар ги биел
    против Персија? Дареј постојано бегал, а Александар војувал напред со своите војници-не изгубил во ниту една битка
    184. Што е заедничко за грчките градови држави и Римската
    држава?Луѓето биле поделени на слободни луѓе и робови, кралот бил врховен војсководач и судија, верувале во повеке богови
    185. Македонскот крал Персеј и илирскиот крал Гентиј стапиле во:сојуз против Римјаните
    186. Познатата реченица “Коцката е фрлена” ја изговорил? Гај Јулиј Цезар
    187. Религијата на Римјаните била слична со ?Хеленската и етрурската
    188. Хиероглифи се?египетско писмо
    189. Хелада била поделена на повеке мали градови-држави кои се
    нарекувале?полиси
    190. Кој период се нарекува Хомерово време?XII-VIII пред н.е.
    191. Кон крајот на V век п.н.е. било создадено Илирското кралство
    на чело со кралот?Грабос
    192. Центар на верскиот и културниот живот на античките
    Македонци бил градот? Дион
    193. Кралските гробници на античките македонци се наоѓаат во?Вергина
    194. Хејлотите биле робови во Спарта
    195. По која битка Александар Македонски се прогласил за крал
    на Азија? Гавгамела
    196. Кога Римјаните ја освоиле Галија?средината на I век пред н.е.
    197. Како се нарекува културата којашто ја создале Ахајците?Микенска
    198. Населението во Спарта се делело на:спартијати, периојки и хејлоти
    199. Занаетчиите и трговците во државите на Стариот Исток
    биле:Египјаните или слободни луѓе
    200. Во текот на IV и III век пр.н.е. Илирите успеале да создадат:кралства
    201. Перикле во V век пр.н.е. бил на чело на градот-државатаАтина
     
  19. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Навистина е глупо да барате прашања некој да ви ги одговори СИТЕ или пак да барате замена :tmi:
    Имате учебник отворете го и одговорете ги, ако ептен нешто не ви е јасно прашајте тогаш . и Ако не знаете ништо, вие за цела година не сте научиле, па сега за 3 дена. И кога кје ви ги дадат одговорите барем фала речете... И ... :!: :!: :lol: од мене толку од гспод поќе :D Сепак ви посакувам успехххх и сите 5 да добиете :* :*
     
    На Gragjansko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alek123

    Alek123 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Не е спорно да се најдат/ научат одговорите, за мене лично голем проблем е она што најмалку 70 прашања од 300 се во основа „точно е:, равенството е:, Точен е изразот:“ и сл.
    Ги барам одговорите чисто да добијам некаква идеја за овие прашања.

    Ако веќе зборуваме за тоа, ми се потребни одговорите по предмет математика за прва година за стручно образование. Не сум сигурен дали смеровите прават некаква разлика, меѓутоа мојот смер е Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

    Ако некој ги има одговорите го замолувам да ми ги прати во inbox. Благодарам однапред.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.