Одговори на прашањата од екстерно

Discussion in 'Канта' started by smiley16, Dec 26, 2013.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    117
    Likes Received:
    105
    Gender:
    Female
    45. Танчерите на едно скопско студио се примерни ученици на возраст до 18 години, кои сакаат хип-хоп музика и танц. Се облекуваат во хип-хоп стилот поради што често пати се етикетирани од средината во која живеат. Каков вид на култура е хипхоперската култура?

    - Поткултура (субкултура)

    46. Поимот со кој се објаснуваат односите помеѓу поединците и групите во општеството се нарекува:

    - Општествена интеракција

    47. Очекувањата на другите (општеството) дека поединецот треба правилно да ја извршува улогата којашто ја има, припаѓаат на групата:

    - норминативни

    48. Улогите кои што ги добиваме врз основа на нашите демонстрирани (покажани) способности се нарекуваат:

    - Постигнати улоги

    49. Според тоа дали во групите се извршуваат сите општествени процеси и дејности или само некои од нив, општествените групи може да ги поделиме на:

    - Глобални и парцијални

    50. Цврстите и регулираните односи помеѓу членовите во една група се карактеристични за:

    - Формалните групи

    51. Заедницата (бракот) помеѓу еден маж и една жена се нарекува:

    - Моногамен брак

    52. Формата на заедничко живеење помеѓу двајца партнери која не е правно регулирана се нарекува:

    - Кохабитација

    53. Биосоцијалната врска помеѓу членовите на семејството која е резултат на брачниот (половиот) однос се нарекува:

    - Биопсихолошка

    54. Формата на брак во која еден маж живее со повеќе жени е позната како

    - Полигинија

    55. Кој од наведените системи на стратификација е карактеристичен за современите општества:

    - ???

    56. Промената на местото и положбата на поединците и општествените групи во општеството се нарекува:

    - Општествена подвижност (мобилност)

    57. Според степенот на регулираноста на односите помеѓу членовите во групата, општествените групи ги делиме на:

    - Формални и неформално

    58. Семејството има свој историски развој. Во денешните современи општества преовладува:

    -Мало семејство – НУКЛЕАРНО

    59. Интеракцијата во која еден поединец или група настојува да постигне една иста цел подобро и повеќе од друг поединец или група се нарекува:

    - Натпревар

    60. Според класификацијата на општествените групи ордата, родот, племето, народот и нацијата припаѓаат на групата:

    - Глобалната група

    61. Кoј од наведените типови интеракција претставува важен предуслов за успешност на поединците на личен и професионален план во современото граѓанско општество?

    - Кооперацијата (соработката)

    62. Формата на интеракција во која што спротивставените страни настојуваат да ја ослабат или уништат спротивната страна се нарекува:

    - Конфликт

    63. За да може во целост да се оствари процесот на интеракција потребно е да постојат следниве елементи:

    - Актери, акција, однос.

    64. Процесот преку кој актерите кои се во интеракција меѓусебно ги откриваат намерите, мотивите, целите при што доаѓа до меѓусебно приспособување на однесувањето се нарекува:

    -

    65. Општествената група во која членовите се целосно посветени на групата со својата волја, емоции и разум е определена како:

    - Примарни групи

    66. Кога семејството се грижи да обезбеди средства за егзистенција, но истовремено и ги троши за потребите на своите членови, тогаш велиме дека семејството:

    - Семејството ја извршува својата економска функција

    67. Која функција се смета за најстара функција на семејството?

    - Социјализаторската.

    68. Во кој тип на семејство мажот и жената се рамноправни, ги споделуваат обврските во домаќинството, авторитетот им е рамноправно поделен, заеднички ги одгледуваат децата и подеднакво се грижат за нивна социјализација?

    - Нуклеарното

    69. Како се нарекува процесот преку кој индивидуите ги учат улогите во текот на својот живот?

    - Социјализација на личноста

    70. Која група е парцијална општествена група?

    - Онаа во која се одвиваат само некои видови општествени дејности, процеси и односи.Тие се создаваат во рамките на глобалните општествени групи како нивни составни делови. Пример: пазните професии, класи, слоеви и сл.

    71. Какви општествени групи се трговските здруженија, политичките партии и производствените организации?

    - Секундарни групи

    72. Кој од наведените системи на стратификација претставува екстремна форма на нееднаквост?

    - Ропството

    73. Кој систем на слоевитост е карактеристичен за европските општества од средниот век?

    - Сталежите

    74. Што е забрането во биосоцијална врска помеѓу членовите на семејството?

    - Родосквернавење (инцест)

    75. Како се нарекува функцијата на семејството преку која родителите ги воспитуваат своите деца и ги подготвуваат за заедничкиот живот во општеството?

    - Социјализаторска функција

    76. Која од наведените форми на интеракција лесно може се претвори во процес на соработка (кооперација)?

    - Натпреварот

    77. Заедничкото живеење на поголем број различни култури едни покрај други во рамките на едно општество во кое секоја група ги негува своите културни карактеристики, но ја почитува и културата на другите, е пример за:

    - Мултикултура

    78. Во современите општества особено големо значење за постигнување на повисока општествена положба има

    - Образованието

    79. Кој од наведените процеси претставува процес на етничко оддалечување?

    - Односи на меѓусебно спротиставување, нетрпеливост, непочитување на меѓусебните разлики и отворени конфликти.

    80. Неточните и искривените слики за припадниците на другите етнички групи се именуваат како:

    - Етнички предрасуди

    81. Каков вид општествена подвижност остварил еден поединец кој од шалтерски работник во општината преминал на работно место - архивар во општинскиот суд, а притоа приходите, моќта и престижот му останале исти?

    - Хоризонтална

    82. Две политички партии кои имаат различни определби, интереси и ставови и кои меѓусебно се спротивставени се доведени во ситуација да заземат заеднички став за одредено прашање кое е од интерес на целата држава при што почнуваат меѓусебно да даваат предлози и да ги надминуваат разликите кои постоеле помеѓу нив. Во овој случај станува збор за:

    - кооперација (соработка)

    83. Еден ученик кој во исто време сака да постигне одлични резултати во училиштето, но и да биде и врвен спортист и интензивно да се дружи со своите пријатели е доведен во состојба во која обврските кои треба да ги извршува за сите три улоги се наоѓаат во меѓусебен судир. Во овој случај станува збор за:

    - Конфликт на улогите

    84. На еден конкурс за вработување комисијата која ги разгледува документите на кандидатите направила селекција врз основа на нивната етничка припадност. Во овој случај станува збор за:

    - Етничка дискриминација

    85. Доколку помеѓу една група мажи и една група жени направиме разлика само според нивните биолошки и анатомски разлики тогаш сме ја утврдиле:

    - Полови разлики

    86. Поединец кој сака да стане доктор го завршува Медицинскиот факултет при што покажал способности дека може да ја извршува оваа улога и се вработува во една здравствена институција во градот во кој живее. Оваа улога на поединецот е:

    - Постигната улога

    87. Еден маж и една жена континуирано во секојдневниот живот искажуваат ставови, идеи, љубов, погледи за одредени прашања од заедничкото живеење. Кој вид на интеракција е опишана во овој случај?

    - Интеракција која ги зближува луѓето (соработка и размена)

    88. Која функција на семејството е нарушена доколку родителите од одредени причини не се вклучени во воспитувањето на нивното дете и неговата подготовка за живот во општеството во согласност со нормите и вредностите кои постојат во тоа општество?

    - Социјализаторската функција на семејството
     
  2. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Joined:
    Jul 25, 2010
    Messages:
    655
    Likes Received:
    381
    Со формулата sinα /sinγ = c1/c2 = n2,1 се изразува:
    мислам дека е тотална рефлексија, ама не сум сигурна

    .Колку степени на слобода има зглобот на лактот на раката од човекот?
    еден степен на слобода, т.е имаш едноосен зглоб и главата што е во чашката ротира околу една оска
     
  3. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    117
    Likes Received:
    105
    Gender:
    Female
    89. Поместувањата во општествената положба на поединецот во текот на неговиот живот и неговата кариера, богатството, моќта и угледот се означени како:

    - Општествена подвижност

    90. Двајца поединци припадници на различни етнички групи меѓусебно разговараат. Едниот од нив формира слика дека припадникот на другата етничка заедница е нечесен и некултурен, при што формира слика дека сите припадници на таа етничка група ги имаат истите особини. Во овој случај е претставен пример за:

    - Етнички предрасуди

    91. Таорите повеќе ги ценат парите, на Аорите најважен им е успехот во професијата, за Маорите најголем идеал е слободата, а Рутерите настојуваат да ја зачуваат традицијата. Ова е доказ дека:

    - Има појава на етнички предрасуди

    92. Кој од долунаведените фактори е причина за деликвентно однесување на поединците во современото општество?

    - Семејство, психолошкото здравје на поединецот, преминот од еден општествен систем во друг, судир помеѓу старите и нови вредности кои се случуваат и сл.

    93. За Американците најважно е материјалното богатство, за Ајвахо Индијанците- гостопримството и храброста, а Кинезите се убедени дека науката и техниката се основа за подобра иднина. Како се нарекуваат идеите кон кои се стремат Американците, Индијанците и Кинезите?

    - Етнички предрасуди

    94. Павел и Тула се преселија во нов стан и не живеат повеќе во заедница со родителите на Павел. Но, тие и понатака живеат во кохабитација.Со кој од долунаведените искази се дефинира кохабитацијата?

    - Заедница на двајца кој НЕ е правно регулирана

    95. Универзитетот Оксфорд е третиот по ред најстар универзитет во светот. Настава се одвивала уште во 11 век. На прво место е во светот за политички, физиолошки науки, англиски, ликовна уметност, студии по бизнис, музика, филозофија, бидејќи кандидатите кои се запишуваат учеле во елитни средни училишта. На овој универзитет дипломирале повеќе од 40 поети-добитници на Нобелова награда и повеќе од 50 претседатели на држави. За прв пат оваа

    година, 60 студенти се фатени како препишуваат на испит. Управата на универзитетот им забрани на „препишувачите” да го продолжат образованието. Зошто?

    - Заради девијантно однесување од типот: Девијација на нарушен морал, вредност, стандард.

    96. Елена својата кариера ја започнала како млада омажена жена. На 25 години станала менаџер на фирма, а подоцна станала и сопственик на фабрика. Но, низ својот кариерен пат имала безброј непријатни доживувања и фрустрации. „Никогаш не ме сфаќаа сериозно моите соработници и бизнис партнери” - нерадо сеќава Елена. „На деловните состаноци ме гледаа и ми се потсмеваа, бидејќи изгледав помлада од своите години. Често знаеа да кажат: што ли ќе ни кажува сега ова детиште? Многу често се случуваше на деловните ручеци или службените патувања некој од бизнис партнерите да ми се додворува. Доживуваа вистински шок кога ќе го видеа венчалниот прстен на мојата десна рака”.Со кој од долунаведените поими најдобро се дефинира состојбата во која се наоѓала Елена?

    - Дискриминација

    97. Поради пораз на фудбалскиот клуб „Вардар“, поголема група незадоволни навивачи започнале тепачка со навивачите на победничкиот клуб „Беласица“. Ги каменувале противничките играчи и судиите, ги кршеле излозите на околните продавниции и паркираните возила. Полицијата била принудена да интервенира. Каква општествена улога има полицијата?

    - Пропишана

    98. Бојана оди во градинката „Весели цветови“ во група во која децата се на возраст од 3 до 5 години. На која група припаѓа Бојана?

    - Воспитно- Постојат повеќе дефиниции за поимот општествена група, но од социолошки аспект: општествена група може да се нарече само онаа група во која членовите често меѓусебно контактираат, имаат заеднички интереси и начин на организација, воспоставуваат основни правила на однесување и:

    - образовна (ФОРМАЛНА ГРУПА)

    99 . Постојат повеќе дефиниции за поимот општествена група, но од социолошки аспект: општествена група може да се нарече само онаа група во која членовите често меѓусебно контактираат, имаат заеднички интереси и начин на организација, воспоставуваат основни правила на однесување и:

    Се меѓусебно поврзани заради извршување на некоја општествена дејност



    100. Зоран како советник во својата општина не бил задоволен од урбанистичкиот план на градот кој го предложил советот на градот. Затоа тој организирал средби со граѓаните со цел да побара од нив поддршка за промена на планот предложен од советот. И покрај долгите расправии во советот, Зоран успеал во своите намери-ги убедил советниците урбанистичкиот план да се подобри. Какво однесување манифестира Зоран?

    - Размена
     
  4. Pupalevski

    Pupalevski Активен член

    Joined:
    Jan 24, 2015
    Messages:
    7
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Male
    Biologijaaa nekojj ??? (waiting)
     
  5. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    117
    Likes Received:
    105
    Gender:
    Female
  6. Lutka20

    Lutka20 Нов член

    Joined:
    Jan 11, 2015
    Messages:
    8
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
  7. Pupalevski

    Pupalevski Активен член

    Joined:
    Jan 24, 2015
    Messages:
    7
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Male
  8. Lutka20

    Lutka20 Нов член

    Joined:
    Jan 11, 2015
    Messages:
    8
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
  9. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    117
    Likes Received:
    105
    Gender:
    Female
    matematika za ekonomistiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii
     
  10. Lutka20

    Lutka20 Нов член

    Joined:
    Jan 11, 2015
    Messages:
    8
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    a nekoj slucajno da ne ima matematika izboren za strucno
     
  11. La Gatita :)

    La Gatita :) Истакнат член

    Joined:
    Jan 16, 2015
    Messages:
    179
    Likes Received:
    27
    Ништо со срќа на екстерно :)
     
  12. Lutka20

    Lutka20 Нов член

    Joined:
    Jan 11, 2015
    Messages:
    8
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    Edna drugarka polaga programiranje izboren za strucno nekoj da ne ima odgovori ve molam :/
     
  13. CrnoMece

    CrnoMece Нов член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
  14. woman1601

    woman1601 Нов член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Ve molam odgovorite od spedicija izborna nastava, mi trebaat itno, fala odnapred
     
  15. simonasimona5

    simonasimona5 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    математика за економисти?
     
  16. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,267
    Likes Received:
    50,863
    Gender:
    Female
    Може ли одговори по (хемија изборен стручно)?
     
  17. malechka_18

    malechka_18 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    5
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    дали некој има решенија на задачите за економска математика?
     
  18. Pariz Nina

    Pariz Nina Нов член

    Joined:
    Jan 24, 2015
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Можеш да ми ги пратиш Хемија ?
     
  19. malechka_18

    malechka_18 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    5
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    ekonomija-ekonomski tehnicar
    1.Што е економска политика?

    Економијата е фундаментална наука која ги проучува ретките и ограничени ресурси и точката на нивно најефикасно алоцирање.

    2.Макроекономската политика се однесува на:

    Вкупната економија во целина во една земја т.е функционирањето на вкупното стопанство.

    3.Во економијата ги разликуваме следниве видови GDP:

    Реален, номинален , потенцијален и фактички

    4.Потенцијалниот GDP покажува:

    Долгорочниот тренд на движење на вкупниот аутпут.

    5.Во услови на инфлација цените:

    Растат

    6.Што е буџет?

    Буџетот e основен инструмент преку кој се остварува фискалната политика и го сочинуваат јавните приходи и јавните расходи.

    7.Јавниите приходи во буџетот се собираат преку:

    Одданочување

    8.Кои се секторите на економијата кои купуваат и трошат финални добра и услуги?

    Сектор на домаќинства, на претпријатија, државен сектор, надворешно трговски сектор.

    9.Каков наклон има кривата на AD (агрегатната побарувачка) во економијата?

    негативен ( со порастот на општото ниво на цени опаѓаат бараните количини на финални добра и услуги )

    10.Кривата на AS (агрегатната понуда) на кус рок има:

    Растечки тренд (го покажува порастот на општото ниво на цени кое доведува до зголемување на реалниот обем на вкупната понуда)

    11.Стопанскиот систем се дефинира како:

    Стопанскиот систем е севкупност на условите за стопанисување и тоа оние услови кои ги утврдува државата со законски прописи и обичајни норми.

    12.Основни макроекономски цели се:

    -Поголем обем на економска активност ( зголемено производство)
    -Висока стапка на вработеност или одржување ниска стапка на невработеност
    -Ценовна стабилност
    -Богата и урамнотежена размена на земјата со странство

    13.Што претставува GDP?

    GDP ја мери вредноста на финалните добра и услуги во една земја во текот на 1 година, кој што исклучиво се создадени со користење на домашни инпути односно фактори на производство со потекло во домашната економија.

    14.Објасни зошто GDP реален во пресметката користи постојани, базични цени?

    Затоа што номиналниот GDP се става во сооднос со индексот на постојани цени (GDP дефлатор) кој ги покажува цените во тековната година во однос на претходната, и тој е поверодостоен показател за вкупната економска активностна една земја.

    15.Индексот на потрошувачки цени се објаснува како:

    Индекс за трошоците за живот кој го покажува нивото на цените на добрата и услугите кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка на едно четворочлено урбано домаќинство.

    16.Дефиницијата за AD (агрегатната побарувачка) гласи:

    го покажува вкупното количество на финални добра и услуги кое што различните сектори на потрошувачка во економијата се доготвени да го купат и потрошат при различни општи нивоа на цени.

    17.Државата во својата економска политика, нуди мерки за развој на претпријатијата и меѓу другото, постои пораст на општото ниво на цените. Меѓутоа деловниот сектор покажува дека претпријатијата на долг рок не ја зголемуваат понудата, бидејќи нивните трошоци:

    ќе се зголемат

    18.Бруто домашниот производ, како најсинтетички показател на економската активност на земјата, треба да ја покаже реално, вредноста на вкупно произведените финални добра и услуги. Кога тој треба да го прикаже и влијанието на инфлацијата во него, се пресметува номинален GDP со:

    помножување на произведените финални добра и услуги во тековната година со пазарните цени во истата година ( тековни цени)

    19.Во целите на својата макроекономска политика, Владата превзема систем на мерки за намалување на невработеноста, а за тоа да се реализира, треба да се пресмета стапката на невработеност во услови на вкупна работна сила од 1 000 000 работници, и вкупен број на невработени од 300 000 работници. Пресметаната стапка на невработеност е:


    (1.000.000:300.000)*100=333,33


    20.Во економијата постои висока стапка на инфлација, поради што ЦБ ја зголемува дисконтната стапка. Ова е инструмент на:

    Регулирање на парите во оптег

    21.Во економијата постојат сектори кои побаруваат, купуваат определена количина на добра и услуги за задоволување на своите потреби, при секое ниво на цени. Според тоа, агрегатната побарувачка AD ја изразуваме преку следната равенка:

    AD=C+I+G+(X-M)
    C сектор за домакинства
    I сектор на претпријатија
    G државен сектор
    (X-M) надворешно трговски

    22.Избери на кој од графиконите е прикажана кривата на AD (агрегатна побарувачка):










    23.Движењето на агрегатната понуда - AS економистите го разгледуваат на кус и на долг рок, сакајќи со тоа да ги насочат претпријатијата на активности со кои ќе остварат профит, но и ќе се забрза економскиот развој. Знаејќи како ќе реагираат претпријатијата, прикажи ја агрегатната понуда на кус рок на графикон:








    24.GDP во себе ги опфаќа само:

    Добрата и услугите произведени со домашни ресурси

    25.Што се интермедијари?

    интермедијарите се добра кои посредуваат во производството на еден производ


    26.Реалниот GDP како вредност на вкупно произведени финални добра и услуги во

    економијата, се добива преку:

    плати+камати+рента

    27.Девизниот курс значи:

    вредноста на домашната валута изразена во странска валута

    28.Кога во економијата ќе настане опаѓање на општото ниво на цените, потрошувачите ќе ја зголемат потрошувачката, т.е. ќе им биде потребно помало количество пари за купување на истото количество финални добра и услуги.

    Покажи кaко изгледа кривата на AD (агрегатна побарувачка) на графикон:





    29.Движењето на агрегатната понуда-AS економистите го разгледуваат на кус и на долг рок, сакајќи со тоа да ги насочат претпријатијата на активности со кои ќе остварат профит, но и ќе се забрза економскиот развој. Знаејќи како ќе реагираат претпријатијата, прикажи ја агрегатната понуда на кус рок на графикон:











    30.Кои видови распределба на GDP ги среќаваме во економијата?

    Буџетот на државата, функционална распределба, наменска распределба.

    31.Наменска распределба е:

    Тука спаѓаат: надоместок на трошоци за суровини и материјали, амортизација, платите за работиниците, лична и јавна потрошувачка, инвестиции, државни резерви, увозот и извозот и сл. Всушност за ова распределба се тргнува од 4 економски сектори, домаќинствата, трговскиот сектор, државната потрошувачка, и нето извозот. Кога ке се соберат сите се дава GDP.

    32.Правилото 70 го дава:

    Ако бројот 70 се подели со просечната годишна стапка на порастот на реален GDP ке се добие временскиот период т.е бројот на годините односно бројот на годините неопходни за удвојување на GDP.

    33.Како се следи и анализира економскиот раст?


    34.Најзначајна детерминанта на инвестициите во физички капитал е:

    -маргиналната ефикасност(профитот)
    -Трошоците на инвестирање
    -Очекувањата во иднина во економијата

    35.Инвенции се:

    пронајдок,откритие

    36.Иновации се:

    Воведување на нешто ново

    37.Што е економски циклус?


    38.Кои фази ги содржи секој економски циклус?


    39.GDP претставува:

    GDP ја мери вредноста на финалните добра и услуги во една земја во текот на 1 година, кој што исклучиво се создадени со користење на домашни инпути односно фактори на производство со потекло во домашната економија.


    40.Што претставува номинален GDP?

    тековните цени во кои е бклучен порастот на цени
    41.Што ни покажува GDP дефлаторот?

    Нивото на цените во тековната година во однос на нивото на цените од претходната година.


    42.Што содржи номиналниот GDP во пресметката за разлика од реалниот GDP?


    43.Како се толкува економскиот раст?


    44.Што значи реален GDP per capita?


    45.Најзначајни фактори кои ја детерминираат продуктивноста на трудот и влијаат на економскиот развој се:

     
  20. malechka_18

    malechka_18 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2015
    Messages:
    5
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    46.Фазата на експанзија во економскиот циклус се карактеризира со:

    многу инвестиции, голема вработеност, големо производство.

    47.Фазата на рецесија во економскиот циклус се карактеризира со:

    Ниска продуктивност, мала вработеност, мали инвестиции

    48.Секоја држава нивото на економскиот развој го искажува преку порастот на GDP. Преку него се споредуваат земјите и затоа мора да ги користат истите методи за пресметка на GDP, а тие се:

    - збир или сума на вредноста на произведените финални добра и услуги
    -збир или сума на трошоците за ангажирање на фактрите на призводство

    49.Државниот завод за статистика врши пресметка на GDP користејќи го методот за пресметка на GDP како збир на трошоците за ангажираните инпути на производството. Притоа ги собира следниве елементи:

    плати+камати+ренти+профит+даноци+амортизација

    50.Покажувајќи го односот на цените во тековната и претходната година, GDP дефлаторот ни помага во пресметката на реалниот GDP. Пресметај го GDP дефлаторот за тековната година, ако порастот на цени во однос на претходната изнесува 15%:

    51. Во пресметката на реалниот бруто домашен производ, Министерството за економија го користи номиналниот GDP и GDP дефлаторот. При тоа се применува следната равенка:

    номинален : Индекс на цени (дефлатор)

    52. Пресметката на реалниот GDP преку GDP дефлаторот овозможува на полесен начин Министерството за економија да го добие овој показател за остварените едногодишни резултати во економијата. Користејќи ја равенката, пресметај го ралниот GDP, ако номиналниот изнесува 400 милијарди $, а GDP дефлаторот 1,2 :

    333 333 333

    53. Едно од основните прашања во секоја економија е за кого да се произведува. Наменската распределба дава одговор на тоа прашање, а се изразува преку следнава формула:

    CDP = C + I + G + ( X-M)

    C- домаќинства (лична потрошувачка) , I- Сектор трговски друштва (инвестиционен сектор), G државна потрошувачка, X нето извозот.

    54. Покачувањето на нивото на економската развиеност е цел што си ја поставуваат владите во секоја земја. При тоа економскиот раст го мерат преку стапката на пораст на реалниот GDP, а таа гласи:

    55. Економските активности се одвиваат во две фази на економскиот циклус: во фаза на експанзија и фаза на рецесија. Прикажи го на графикон цикличното движење на економијата:

    УЧЕБНИК ИЗБОРЕН 4.

    56. Ги разликуваме следните видови штедење:

    Штедење во рамки на финансиски текови (Текови, Жиро сметки, Денарски и девизни депозити)

    Штедење надвор од финансиски текови (чување пари во домашни услови)

    57. Какви видови капитални фондови постојат?

    Градежни објекти (фабрички хали, административни згради)

    Опрема (машини, транспортни сретства, инсталирани технички линии)

    Залиха ( на суровини, полу производи, готови производи)

    58. Како се нарекува трошењето на капиталните фондови?

    Амортизација

    59. Основната поделба на инвестиции е позната како:

    Реални

    Финансиски, парични или т.н. портфолио инвестиции

    60. Бруто инвестициите ги опфаќаат:

    Вкупните вложувања, вкупната маса на инвестиции во економија било да е неменета за истрошени капитални фондови ( амортизација) или пак за купување на нови реални добра.

    61. Нето инвестиции се средства со кои се:

    Од бруто инвестициите ќе се одземи истрошениот дел од капиталните фондови. И тие најреално ја прикажуваат вредноста на зголемените капитални фондови т.е. го прикажуваат нето прирастот т.е. додатокот на капиталот.

    62. Кои фактори ја детерминираат инвестиционата побарувачка?

    Маргиналната ефикасност односно приходот кој реално се очекува да се оствари

    Каматната стапка

    Очекувањата во иднина на економијата
    63. За кои две намени го употребуваат својот доход домаќинствата?

    64. Какво штедење е карактеристично за сиромашните домаќинства?

    Минимално или воопшто не штедат.

    65. Основна детерминанта на потрошувачката и штедењето е:

    Доходот
     
Thread Status:
Not open for further replies.