Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adri97

    Adri97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали ги има некој одговорите за историја од 3та гимназиско? :Ѕ
     
  2. Adri97

    Adri97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    http://andrej.ivanoski.mk/ek/wpimages/wp3e981110_06.png оваа е најверојатно
     
    На Belle.. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gumicka

    gumicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    дечки ќе може физика за трета година одговори екстерно ...пробав да го отворам документот на стр каде што се одговорени но немам некој додаток во компјутерот затоа што ми беше на поправка до денес ако може некој само да направе копи пасте на одговорите и нека ми ги прати во инбокс
    http://andrej.ivanoski.mk/ek/15treta.html
    од странава 2та документа физика :?:
     
  4. VampireLover

    VampireLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Има некој одговори за 2ра година гимназија? Нека ми пише кој има
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    9.377
    Пол:
    Женски
    od 23- 30 =5
    od 22-18=4
    od 17-12=3
    od 11-6=2
    od 5-0=1
    ovaa e :)
     
    На tina dizzie и Belle.. им се допаѓа ова.
  6. girl1111

    girl1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Етика за трета гимназија?
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweetlittlegirl.987

    sweetlittlegirl.987 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    А се нафатил ли некој да ги одговара прашањата поставени оваа година? Бидејќи не се целосно истите од лани. Инаку, ми требаат одговори за 2ра година гимназија, па ако има таков, нека ми прати. :);)
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    ги има некој одговорите од биологија за 9то?
     
  9. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    ги има ли некој одговорите физика за 9то?
    благодарим однапред :)
     
  10. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    А наместо да седите на форум и да чекате друг да ви ги одговори, што не се помачите малку сами да си ги одговорите? Ај две, тре, па и пет нејасни прашања да имате, ама се да чекате на готово?
     
  11. Lola525

    Lola525 Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги има прашањата по музичка уметност за Iва година гимназиско ви благодарам однапред:):l:
     
  12. Cherry12

    Cherry12 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Ako gi ima nekoj odgovorite po likovno za prva god sredno strucno obrazovanie ako moze da mi gi prati
     
    На Deni_deni му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ribarot

    Ribarot Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дечки ако ги има некој одговорите историја за 3-та година гимназија нека прати. Марзам да учам историја и:doh: :worried:затоа тешко ми оди со одговорите. Ве молам помигнете!
     
  14. Good.Girl.

    Good.Girl. Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Акo ги имa некoј oдгoвoрите зa 9-тo истoријa ве мoлaм кaжетемиги немoрa дa се сите :worried::) блaгoдaрaм oднaпред
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И јас трагам по нив. :D
     
    На Good.Girl. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    NaSO4 и KI2
     
  17. Јулија

    Јулија Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Повели Папи, а и сите на кои им требаат одговорите: :)
    Историја -9- Задолжителен предмет

    1.Кој бил поводот за Првата светска војна? Атентатот на Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип

    2.Која од наведените балкански земји НЕ била сојузник на Антантата? Бугарија

    3.Кој македонски револуционер бил убиен во 1915 година ? Јане Сандански

    4.За ,,татко” на модерна Турција се смета: Кемал Ататурк

    5.Колкав број Македонци од егејскиот дел на Македонија по балканските и по Првата светска војна биле расселени во Бугарија? Околу 80 илјади/86.000

    6. Стихозбирката ,,Бели мугри” на Коста Солев Рацин била отпечатена во Самобор во: 1939

    7. Кој бил непосредниот повод за вклучување на САД во Втората светска војна? Нападот на американската подморница во Перл Харбур од страна на Јапонија

    8. По јунската револуција во 1924 година Албанија била прогласена за: република

    9. Кои од наведените држави ја сочинувале Тројната оска? Германија, Италија, Јапонија

    10. Меѓу кои сили се одвивале воените дејства на Африканскиот фронт? Англо-американските и итало-германските

    11. Што е империјализам? Стремеж за господарење над други народи и освојување на други земји или највисок стадиум од развојот на капитализмот

    12. Што било Кралството на Србите, Хрватите и Словенците по своето уредување? Парламентарна монархија

    13. Кои биле причините за појава на нацизмот во Германија? Големото национално незадоволство и економската криза, кои ги искористил Хитлер

    14. По Првата светска војна, со одредбите на Нејскиот и Севрскиот мировен договор, Грција територијално се проширала за сметка на: Бугарија и Турција

    15. Каква надворешна политика водела Бугарија меѓу двете светски војни? Се залагала за ревизионистичка политика кон соседите

    16. Културно- просветното друштво „Вардар“ било формирано на иницијатива на: на македонските студенти од Загреб, Белград и Скопје

    17. Кој станал член и еден од главните активисти на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година: Никола Јонков Вапцаров, Венко Марковски

    18. Во кој европски град југословенската влада на чело со Цветковиќ и Мачек го потпишале договорот за пристапување на Југославија кон Тројниот пакт во март 1941 година?
    Виена
    19. Каква промена настанала во Турција по доаѓањето на власт на Мустафа Кемал Ататурк?
    Турција прераснала во модерна држава, станала република, поголем еконоски и стопански развиок, забранет бракот со повеќе жени..., реформиран правниот систем, европски календар, арабицата е заменета со латиница
    20. Која била основната цел на македонските студенти во Загреб, Белград и Скопје кои во 1935 година ги формирале културно- просветните друштва ,,Вардар“?Разбудување на националната свест кај македонскиот народ, -Афирмација на јазикот и ликвидирање на монархо-фашистичката диктатура
    21. Што претставува Атланската повелба? Декларација за политички цели на 2ра Светска Војна, основа за создавање на антифашистичката коалиција, договор Черчил - Рузвелт

    22. Втората светска војна започнала на: 01.09.1939

    23. Како се наречени демонстрациите што избиле во Југославија попристапувањето кон Тројниот пакт? Мартовски демонстрации

    24. За прв претседател на Владата на Демократска Федеративна Југославија бил избран: Јосип Броз Тито
    25. Кога Бугарија пристапила кон Тројниот сојуз? 01.03.1941

    26. Кога Бугарија во Втората светска војна се приклучува на Антифашистичката коалиција?
    09.09.1944
    27. Кога започнало вооруженото востание во Македонија? 11.10.1941
    28. Во кој град била формирана Комунистичката партија на Македонија? Тетово

    29. Како била наречена акцијата која почнала на 31 јануари 1944 година во Македонија? Февруарски поход
    30. Каков карактер имал режимот на Метаксас за Македонците во Егејска Македонија? Фашистички (асимилаторски, фашистички, денационалистички)
    31. Кој бил прв претседател на Народна Република Кина? Мао Це Тунг
    32. Во социјалистичките земји бил воведен: еднопартиски систем /марксизам /општествена сопственост/ диктатура на пролетеријат
    33. Во кој период траела Граѓанската војна во Грција? 1946-1949

    34. По завршувањето на Втората светска војна во Албанија бил воведен тоталитарен режим на чело со: Енвер Хоџа
    35. Кога започнал процесот на распаѓање на СФРЈ? По смртта на Јосип Броз Тито (1980) или во деведесетите години од 20 век
    36. Кога биле организирани првите повеќепартиски избори во Македонија?
    Есента (ноември)1990 година
    37. Кога била донесена Декларацијата за сувереност и независност на Република
    Македонија во Собранието на Република Македонија? 15.01.1991

    38. Кога била основана Македонската академија на науките и уметностите? 23.02.1967

    39. Кога македонскиот јазик станал официјален јазик на македонската држава? 02.08.1944, на Првото заседание на АСНОМ

    40. Бугарската држава по 1958 година во Пиринска Македонија ги забранила: македонското име и македонскиот јазик
    41. Каде била донесена одлука за обновување на Охридската архиепископија? во 1958 Охрид на Вториот црковно народен собор

    42. На првите повеќепартиски избори во Македонија најмногу гласови добила партијата:
    ВМРО ДПМНЕ
    43. Каков карактер имала Втората светска војна на почетокот, а каков на крајот?
    Почеток освојувачки,империјалистички-крај ослободителен антифашистички.
    44. Што преставува Студената војна? Тоа не било војна со оружје, туку со закани и притисоци меѓу Америка и Русија (капитализам наспроти социјализам)
    45. Каква била положбата на Македонците во Егејска Македонија по поразот на ДАГ во Граѓанската војна во Грција? Голем бр. на села и области биле запалени, тероризирани, мак. јазик и име биле забранети, присуство на асимилација и денационализација
    46. Каква идеја имале македонските борци од Пиринскиот дел на Македонија во текот на 1944 година? Обединување на Македонија во нејзините природни и етнички граници
    47. Зошто денес 18- ти август го славиме како ден на Армијата на Република Македонија?
    Била формирана првата поголема единица на НОВ на МК, Баталјонот Мирче Ацев на Славеј Планина
    48. Какви промени настанале за Македонија ако ги споредиме периодите пред Втората светска војна и по 1945 година? Општествени, економски, политички, културни, демографски промени, територијални
    49. Во почетокот на Првата светска војна во 1914 година делови од Албанија биле окупирани од: Италија и Грција

    50. За што се изјасниле делегатите избрани на Драчкиот конгрес (1918) во однос на статусот на Албанија? За зачувување на независноста на Албанија и за повторна ревизија на границите од 1913 год.
    51. Режимот на СХС во албанските области имал за цел: да ја смени етничката структура

    52. На почетокот на Втората светска војна Албанија била нападната од: Италија
    53. Какви одлуки содржела резолуцијата на Бујанската конференција (31.12.1943-02.01.1944) Приклучување на Косово кон Албанија 1944...

    54. Првата Бригада во Македонија во рамките на НОБ која е формирана на 11 ноевмри 1943 год. била позната под името: Првата македонско-косовска бригада

    55. Во првото Собрание на независна Република Македонија албанското население било застапено преку политичките партии: ПДП И НДП

    56. Првиот универзитет со настава на албански јазик во Македонија беше основан во: Мала Речица, Тетово
    57. Капитулацијата на Германија на 11 ноември 1918 година го означи: крајот на Првата светска војна
    58. Првата светска војна траела: 4 години

    59. Кој ги предводел болшевиците во Октомвриската револуција во Русија? Владимир Илич Ленин
    60. Во Кралството СХС биле гарантирани само националните права на: Србите, Хрватите и Словенците
    61. Која од помладите капиталистички држави била најзаинтересирана за предизвикување на Првата светска војна и нова поделба на светот? Германија

    62. Каква била положбата на Македонците и Албанците во Кралството на Србите,
    Хрватите и Словенците (СХС)? Тоа претставувало само нова окупација за нив
    63. По чија иницијатива било формирано Друштвото на народите по Првата светска војна? На претседателот на САД Томас Вудроу Вилсон
    64. Што го поттикнало појавувањето на фашизмот во Европа меѓу двете светски војни?
    Големата економска и политичка криза
    65. Кои биле главните карактеристики на фашистичката идеологија?
    Антисемитизам, антикомунизам и експанзионизам
    66. По прогласувањето на Република Турција во турскиот јазик била воведена:
    латинска азбука
    67. Кој претседател на една од земјите на Големите сили најмногу придонел за
    зачувувањето на независноста на Албанија по Првата светска војна? Томас Вудро Вилсон
    68. Која година Албанија била примена во светската организација Друштво на народите?
    1920 год.
    69. Со кој чин Албанија стана парламентарна република? Со донесувањето на оснивачкиот статут на Р. Албанија /Со јунската револуција 1924

    70. На Драчкиот конгрес 1918 год. за претседател на привремената влада на Албанија бил избран: Турхан Паша
     
    На Good.Girl. и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  19. MsLastovica

    MsLastovica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно :)
    Натриумот е двовалентен, а калиумот е едновалентен, формулите се
    Na2SO4 и KI
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    2ор дел:
    71. По зацврстувањето на државата во 1928 г. Ахмет Зогу го променил државното уредување при што Албанија била прогласена за: монархија (кралство)
    72. Кој настан се смета за крај на Втората светска војна во Европа? Капитулацијата на Германија (9.05.1945)

    73. Според кој мировен договор биле создадени новите држави Полска, Австрија
    Чехословачка и Унгарија? Версајскиот мировен договор
    74. Која од наведените одлуки била донесена во Лушњанскиот конрес? Одлука за целосна независност, била соборена Драчката влада, избрана е нова влада на чело со Сулејман Делвина, се избрал висок совет од 4 члена и народен совет по 37 члена
    75. Седиштето на Друштвото на народите создадено во периодот меѓу двeте светски војни било во: Женева

    76. Версајскиот договор склучен во 1919 година се смета за: Една од основните причини за Втора светска војна
    77. Каде започнал да ја пишува Адолф Хитлер книгата „Мојата борба“? Во затвор
    78. Како била наречена територијата на Македонија која била офатена во Кралството СХС? Јужна Србија (Вардарска бановина)
    79. Весниците „Македонско дело“ и „Балканска федерација“ биле органи на организацијата: ВМРО(об)
    80. Кој од наведените личности бил претставник на македонските студенти во
    Швајцарија и автор на петицијата која била испратена до Друштвото на
    народите за македонското национално прашање? Трифун Грековски
    81. Што било заедничко за здруженијата на македонските студенти кои биле
    формирани во Загреб, Скопје и Белград? МАНАПО или будење на националната свест...
    82. Која била главната цел на колонизацијата која се спроведувала во Вардарска
    Македонија од страна на СХС? Денационализација и асимилација на македонскиот народ
    83. Со која држава Германија во 1939 год. склучила договор за ненапаѓање? СССР

    84. Втората светска војна започнала со нападот на Германија врз: Полска

    85. Кога Југославија била нападната од фашистичките сили? 06.04.1941
    86. Во Втората светска војна Бугарија била на страната на: фашистите до 1944, а потоа антифашистичка

    87. Кој настан конечно го означил крајот на Втората светска војна во светот? Капитулација на Јапонија/атомските бомби
    88. Која држава од членките на Оската капитулирала прва во Втората светска војна?
    Италија
    89. Која држава од Големите сили активно учествувала во борбата за ослободување на Грција од фашистичката окупација? Велика Британија
    90. Што е заедничко за Првата и Втората светска војна? Империјалистички карактер
    91. Каде избувнале првите демострациите против фашистичката окупација на Македонија? Битола/Прилеп
    92. Во кој македонски град во февруари 1940 година се одржало советување на
    ПК на КПЈ за Македонија? Скопје
    93. Секретар на Комунистичката партија на Македонија бил: Лазар Колишевски
    94. На кое министерство бил министер Неџат Аголи во првата влада на Народна
    Република Македонија? Министер за социјална политика
    95. Со каков акт биле признати сите права на граѓаните во Македонија во
    рамките на Првото заседание на АСНОМ? Декларација за права на граѓаните
    96. Колку делегати биле избрани за учество на Првото заседание на АСНОМ? 116
    97. МАНАПО е македонска организација која се ангажирала за: будење на националната свест кај народот афирмација на македонскиот јазик...
    98. Колку траела Кинеската револуција која избувнала по Втората светска војна?
    3 години 1946 - 1949
    99. Кога била создаден НАТО пактот? Април 1949
    100. Како се нарекува периодот на закани и притисоци помеѓу социјалистичките и
    капиталистичките држави? Студена војна
    101. Во кој град се состанал Покраинскиот народноослободителен одбор во јуни
    1945 година кога било одлучено Косово и Метохија да стане покраина? Ѓаковица/Призрен
    102. Што се случило со републиките по распаѓањето на СФРЈ? Се осамостоиле
    103. Кој бил првиот весник на албански јазик во Југославија? Рилиндија“
    104. Кој бил повод за војната и распаѓањето на југословенската федерација? Судир меѓу српскиот хегемонизам и тенденциите на национално-политичка еманципација на несрпските народи

    105. Кога и каде бил основан Првиот универзитет на албански јазик во Југославија? 1970, Приштина
    106. Што било заедничко за Југославија, Албанија и Бугарија во периодот 1945 -1990година? еднопартискиот систем-диктатура на пролетеријатот-социјалистичкото уредување, Постепена демократизација
    107. Кога е одржан референдумот за прогласување на независноста на Македонија? 08.09.1991
    108. Кој бил избран за прв претседател на владата на Р. Македонија по повеќепартиските избори? Никола Кљусев
    109. За кои цели било отворено училиштето „Зеф Љуш Марку“?За едукација на учители на албански јазик
    110. Колку пратеници беа избрани на првите парламентарни избори во независна
    Република Македонија? 120
    111. Која беше најзначајната промена во економскиот систем предвидена со
    Уставот на Република Македонија донесен во 1991 година? Приватна сопственост, пазарна економија
    112. Каков став имале комунистичките партии на Балканот по 1935 година во
    однос на македонското прашање? ? Признавање на македонската нација, но не и право на обединување на мак. народ

    113. Што е заедничко за Македонците и Албанците во текот на Првата светска војна: двојна окупација, поделба на териториите од страна на Антантата

    114. Со прогласувањето на таканаречената Обзнана (Наредба) во Кралството СХС
    се забранувало дејствувањето на: КПЈ
    115. За спроведување на аграрно- колонизаторската политика кон албанските
    области, Кралството СХС организирало четнички банди на чело со: Василије Трбиќ, Јован Бабунски...
    116. До 1940 година во Вардарска Македонија биле доведени околу 4200
    фамилии, колонисти од: Србија

    117. Од наведените европски земји Германија во текот на Втората светска војна
    не успеала да ја заземе: Велика Британија

    118. На кој начин Јапонската држава била принудена да ја потпише
    капитулацијата во Втората светска војна? Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки

    119. За време на Втората светска војна територијата на Македонија била окупирана од: Германија, Бугарија, Италија/Албанија
    120. Какво било државното уредување воведено во Албанија по Втората светска војна? Социјализам/комунизам
    121. Која била највисока образовна установа на албански јазик во Македонија до 1991 година? Виша педагошка школа или Педагошка Академија во Скопје

    122. За прв претседател на Собранието на независна и самостојна Република
    Македонија бил избран: Стојан Андов
    123. На кој грчки остров се повлекла српската војска за време на Првата светска војна?
    Крф
    124. Од колку членови бил составен Президиумот на Првото заседание на АСНОМ? седум
    125. Бојните отрови како оружје за масовно уништување за прв пат се употребени
    во времето на : Првата светска војна
    126. Кои градови ги добила Италија по потпишувањето на Лондонскиот таен договор?
    127. Новите држави: Полска, Австрија, Чехословачка и Унгарија настанале како
    резултата на преговорите кои се воделе по завршување на Првата светска
    војна на Мировната конференција во? Версај

    128. Поради кои причини дошло до воен судир, познат како Првата светска војна?
    Спротивностите помеѓу постарите и помладите капиталистички држави
    129. Зошто Русија излегла од Првата светска војна? Во Русија се појавило големо народно незадоволство од последиците од војната кое прераснало во револуција
    130. Зошто Бугарија се определила за влегување во Првата светска војна
    на страната на Централните сили? На Бугарија и било ветено дека ќе ја добие цела Македонија и источна Србија
     
    На Good.Girl., weqweq и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.