Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    131. Со какви последици се соочил македонскиот народ по завршувањето
    на Првата светска војна? Македонија и Македонците повторно биле поделени и изложени на асимилација денационализација и др
    132. На чело на која партија во Германија застанал Адолф Хитлер? Национал-социјалистичката партија
    133. На која балканска земја си жител ако е познато дека државната политика меѓу двете светски војни била ревизионистичка? Бугарија
    134. Со каква цел Југославија и Романија меѓу двете светски војни станале членки на Малата и Балканската Антанта? За одбрана од ревизионистичката политика на Бугарија и др
    135. Државниот терор на Српската буржоазија спроведуван од кралот Александар Караѓорѓевиќ, ке биде причина незадоволството на поробените народи да кулминира во 1934 г. со организирање на? најверојатно атентат врз кралот
    136. Останувајки без надворешна и финансиска подршка, во 1935 г. Албанската влада ги подобрува односите со ? Италија
    137. Доколку си живеел во Бугарија по завршувањето на Првата светска војна, тогаш си бил современик на прокламаторот на идејата Бугарија да биде Република? Александар Стамболиски
    138. Македонскиот литературен кружок од 1938 година го организирале поетите во:
    Софија – Никола Јонков Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев
    139. Со населување на српски семејства на најубавата и најплодна земја
    во Македонија се вршела: колонизација
    140. Граѓани од втор ред без никакви национални права во кралството СХС биле ? македонците, албанците, црногорците и др

    141. Кој јазик бил воден во администрацијата во Македонија во времето
    Кралството на Србите, Хрватите и Словенците? српскиот
    142. По што била слична положбата на Македонците во Кралството СХС,
    Грција и Бугарија меѓу двете светски војни? По политиката која се водела врз нив асимилација и денационализација
    143. Кој застанал на чело на Комунистичката партија на Албанија во 1941 година?
    Енвер Хоџа
    144. Што се случило по битката кај Ел Аламејн во Северна Африка за време на
    Втората светска војна? Англиската војска преминала во противофанзива
    145. Името Квислинг кое започнало да се употребува во Втората светска војна значи? Предавник на татковината
    146. Доколку како заповедници на војските се:Фридрих Фон Паулсен и маршал
    Жуков, тогаш тие ја водат битката кај? Сталинград
    147. За време на Втората светска војна нацистите и нивните соработници
    определени градски квартови ги претвориле во транзитни кампови за
    принудна работа на одредено население, а тие биле наречени? гета
    148. Со формирањето на привремената влада од 7 март 1945 година, Нова
    Југославија била организирана ? Федеративна држава - Демократска федеративна Југославија
    149. Доколку ти е познат текот на Народноослободителната војна во Југославија
    тогаш ти е познато дека после ,,Десантот на Дрвар” седиштето на
    раководството на НОВЈ со Руски авион е префрлено? На островот Вис
    150. Како цел на Антифашистичката борба на Македонците во Егејскиот дел на
    Македонија се развива Македонска национална максимална програма, која
    всушност значи? Обединување на сите три дела во една национална држава
    151. Во Албанија по капитулацијата на фашистичка Италија, од страна на Реџеп
    Митровица се формира? Квислиншка влада
    152. Лазар Колишевски за прв претседател на првата влада на Македонија е избран на: на третото зседание на АСНОМ 16 април 1945
    153. Депортацијата од Скопје до логорот Треблинка на 11 март 1943 година била
    организирана за? Евреите од Македонија
    154. Одлуката со која македонскиот јазик се прогласува за службен јазик
    во Македонија е донесена на одржаната седница на: Првото заседание на АСНОМ
    155. Во текот на Втората светска војна, Народноослободителниот младински
    сојуз на Македонија го издавал весникот? Веројатно „Млад борец“

    156. Кога бил формиран Главниот штаб на НОПОМ? Јуни 1942
    157. Македонските фашизирани емигранти во 1941 година започнале да го
    издаваат весникот: Македонија
    158. Каква политика била спроведувана врз македонците од страна на грчките
    власти по 1945 година? Политика на бел терор
    159. Како секретар на ПК на КПЈ за Македонија,бил сменет од страна на
    раководството на КПЈ во септември 1941 година, затоа што ги следел
    насоките добиени од коминтерната? Методија Шаторов- Шарло (да ја припои комунистичката организација кон бугарија)
    160. Од огромно Историско значење за македонскиот народ е организирањето на
    првата вооружена акција против фашистите на Балканот која е изведена на: 27јуни1941 во разловскиот крај
    161. Формирањето на баталјонот Мирче Ацев има огромно значење за
    Народноослободителната борба бидејки со тоа се означува: Ден на армијата на Република Македонија

    162. Првите органи на народната власт кои имале задача за прибирање на храна,
    облека, оружје и други средства, а се нарекувале? Народноослободителни одбори (Месни комитети и воени штабови)

    163. Еден од највидните дејци на „промакедонската струја“ по Првото заседание
    на АСНОМ бил: Методија Андонов- Ченто
    164. Од повекето одлуки донесени на Преспанското советување, одржано на 2
    август 1943 година една била со најголемо значење а тоа било? Започнување подготовки за АСНОМ

    165. Доколку сте припаѓале на првата антифашистичка, воено- политичка
    организација на Македонците во Егејскиот дела на Македонија тогаш вие сте
    биле член на? МАО
    166. Индија била најголемата британска колонија, нејзината борба за независност
    има долга историја, но победоносниот крај го доживеала преку движењето
    што го предводел: Махатма Ганди
    167. Во 1969 година американскиот вселенски брод „Аполо“ со космонаутите, Нил
    Армстронг и Едвин Олдрин слетал на: Месечината
    168. Организацијата на обединатите нации била формирана на: 24 октомври 1945
    169. Највисок орган на ООН е: Генералното собрание
    170. На 10 февруари 1947 година бил потпишан конечниот текст на договоротпознат како: Париски мировен договор
    171. Во кој регион на светот нерешеното Палестинско прашање претставува извор
    на судири? Блискиот исток/ Израел
    172. Заради надминување на блоковската поделеност и унапредување на
    безбедноста во Европа е формирана организацијата: ООН
    173. По сите ужасни работи кои му се случија на Еврејскиот народ во текот на
    Втората светска војна, Соединетите Американски држави им помогнаа да ја
    формираат: Израелската држава
    174. Познатиот Ернесто Че Гевара имал забележителна улога и значење како
    револуционер во револуцијата на: Куба
    175. Особен придонес за развојот на науката и новите технологии по Втората
    светска војна даде пронајдувањето и употребата на: компјутерите/ Атомска енергија
    176. Која повелба донесена во време на Втората светска војна, им даде поттик на
    Колонијалните земји да отпочнат борба за ослободување: Атланската повелба или Повелбата на обединетите нации (Универзалната декларација)
    177. Кој орган на ЕУ ја дава препораката за отпочнување на преговори на државите аспиранти за членство во ЕУ: Европска комисија
    178. Што се подразбира под терминот „Студена војна“?Војна на притисоци и закани по Втората светска војна меѓу капиталистичките и комунистичките држави (САД и СССР)
    179. Доколку си живеел во Бугарија, Полска, Албанија или Југославија во периодот од 1989 до 1991 година, тогаш си бил сведок на формирање на повеќе политички партии, со што во државите настанале: Повеќепартиски систем, политички плурализам, демократизација
     
    На Heloise и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Останатите:
    180. Ако си бил жител на Велика Британија или на Франција, што загубила твојата држава со процесот на деколонијализацијата на Азија и Африка? колонии
    181. Доколку си живеел во држава со еднопартиски систем и после 1990 година,
    си бил сведок на демократизација, тој премин од еден општествено-политички систем во друг е познат како? транзиција
    182. Во која држава си живеел на Балканот по Втората светска војна доколку си бил сведок на затварање на сите џамии и цркви и нивно претворање во домови на културата или магацини: Албанија
    183. Како жител на Охрид добро си запознен дека твојот град е влезен во светскиот регистар на културно- историски добра, за кого особена грижа води: УНЕСКО
    184. Доколку како припадник на Албанската нација живееш во областа Чемерија во Грција и во XX век, се уште не ти се признати: основните национални права
    185. Првиот роман на македонски јазик ,,Село зад седум јасени‘‘ го напишал писателот: Славко Јаневски

    186. Во романот „Црно семе” од македонскиот писател Ташко Георгиевски, се
    опишува страдањето на Македонците во времето на: Граѓанската војна во Грција
    187. Каква е положбата на Македонците во Грција и Бугарија од 1960 до денес? Не им се признаети националните права (асимилација и денационализација)
    188. Под поимот национализација се подразбира: одземање имот од страна на власта за потребите на државата (конфискација)

    189. Доколку разговараш со својот дедо кој живеел во периодот на
    колективизацијата од 1949 година во Македонија, ке ти објасни дека
    всушност биле создадени: селски работни задруги, колективи

    190. По завршувањето на Народноослободителната војна се извршило
    одземањето на имотот од богатите сопственици во интерес на народот и тоа
    се нарекува: експропријација
    191. Доколку си припадник на Исламската верска заедница во Македонија тогаш
    познато ти е дека на нејзино чело стои: поглавар или реис, и муфтиите

    192. Во 1953 година биле донесени прописи за предавање на фабриките на
    работниците, а тоа се нарекува: 1953/ експропријација, национализација, 1963/ самоуправување

    193. ,,Децата бегалци“ се Македонците кои во голем број во 1948 година биле
    принудени да ги напуштат своите домови од територијата на Македонија што
    била под власта на: Грција

    194. Слободното политичко организирање и дејствување во почетокот на
    1990 година се нарекува: плурализам/ демократија
    195. За време на одржувањето на Вториот македонски црковен народен собор била донесена одлука за: за обнова на Охридската архиепископија
    196. Во 1999 година дел од оштетените граѓани си ја повратиле одземената сопственост со донесување на законот за: денационализација

    197. Во Македонија 1949 година се основа универзитетот: Кирил и Методиј
    198. Економскиот развиток на Македонија по Втората светска војна како што било
    предвидено со програмата на Социјалистичкото уредување се базирало на: Петгодишни економски планови/ државната сопственост
    199. На 28 ноември 1943 г. во Техеран се одржала конференција на антифашистичката коалиција, на која било договорено да се отвори нов фронт во: Западна Европа
    200. Која организација е формирана во Виена 1925 година? ВМРО Обединета
     
    На Heloise и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Па баш поради тоа што натриумот е двовалентен и киселинскиот остаток од главната сулфурна формула(SO4) бидејќи е поврзан со два водородни атоми, итој е двовалентен. Па нема потреба од 2. Јас мислам дека е NaSO4.
    Додека за второво не сум сигурна, но мислам дека е така како што го пишав. А не е можна да биде KI поради тоа што јодот е гас и се пишува I2 како што се пишува O2 , N2 ... во молекулска форма. :)
     
  4. GDFR

    GDFR Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво!
    Ги има ли некој одговорено прашањата од Екстерно по Македонси? (I-Година стручно)
    Ако ги има некој би го замолил да ги постави
     
  5. MsLastovica

    MsLastovica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Моја грешка Натриумот е исто така едновалентен :) затоа е Na2SO4, а јодот е исто едновалентен, затоа се пишува I, нема врска дали е гас или не, во валентноста се гледа,
     
  6. БИвановска

    БИвановска Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  7. Derby

    Derby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Ги имa некoј гермaнски? :|
     
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Да, и јас сега видов дека натриумот е во прва А група, а не во втора А како што јас мислев. Па затоа ќе биде Na2SO4. :)
    За второто, реков дека не сум баш сигурна, но ќе си се држам до моето. :wasntme:
     
  9. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Веее моламмм ако ги има некој француски (втор странски јазик) за девето одделение..ИТНО!:worried::worried::(:(
     
  10. Annucka2

    Annucka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Програмски јазици трета година?
     
  11. Dragana16

    Dragana16 Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Некој да не има основи на правото за прва година стручно?
     
  12. tina dizzie

    tina dizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    ги има некој одговорите по македонски за 9/9?
     
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Ги има некој одговорено прашањата хемија за трета година стручно?
     
  14. Xmen

    Xmen Нов член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Ги има некој одговорите Социологија за прва година економски-техничар,ако ги има некој нека ги прати може и замена ако сакате за 1година гимназиско прашањата...
     
  15. boshe

    boshe Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ги има некој прашањата по биологија за девето ?
     
  16. Deni_deni

    Deni_deni Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ako gi ima nekoj odgovorite po likovno za prva god sredno strucno obrazovanie ako moze da mi gi prati
     
  17. laraaa

    laraaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Да не ги има некој хемија за прва година гимназиско итно ми требаат..и дали има такви што сами си ги одговориле не од андреј
     
  18. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Жити бога ве молам кој ги има француски (втор странски јазик) за девето одделение...едно не знам
     
  19. AnA909

    AnA909 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Математика за 3 година, стручно медицинко да не има некој
     
  20. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    400 прашања се сите, по сите предмети, така? ако имате линк од сите одговори, вкупно 400. Фала.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.