Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    ангиски како прв странски јазик
    има ли ги некој ве молам ми требаат итно ништо не ми иде :(
     
  2. xnatalia

    xnatalia Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    linkot ne se otvora ke moze da dadete nov link, ve moooooolaaaaaaam :(
    :$
     
  3. parfemlilav

    parfemlilav Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    gi imam postaveno pobaraj a prethodnite stranici na ovaa tema :))
     
  4. minniemaus

    minniemaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    те молам ако ѓи има англиски за прв стави ги :doh:
     
    На Ruzica2309 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jokki

    jokki Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    nekoj da ne ima odgovori za biznis i pretpriemnishtvo zadolzhitelen predmet.. barav od preeska sluchajno da ne ste stavile ali nemozham da najdam :/ :?: :sweat:
     
  6. marija1019

    marija1019 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ima li nekoj odgovori po ORGANIZACIJA I GRAGANSKO (ekonomski tehnicar)
     
  7. blanka2210

    blanka2210 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    дечки англиски одговорите (прв странски јазик ) ако ги има некој нека ги стави благодарам :D
     
  8. Zoella

    Zoella Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Дечки ќе може некој во инбокс да ми ги прати прашањата за англиски (ПРВ странски)?
    јас имам бизнис, логика (по нов распоред) и филозофија.
     
  9. jazicno

    jazicno Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Eve gi odgovorite biznis

    1. Што од наведеното не спаѓа во организација и менаџмент од бизнис планот?
     Во организација и менаџмент од бизнис планот СПАЃА:
    • Правна форма
    • Организациона шема- органограм
    • Квалификации на претприемачот
    • Број на вработени и квалификации
    • Канцелариска опрема
    • Административни трошоци
    2. Пионерска иновација претставува:
     Доколку со ист процес на производство ( иста технологија) се произведе нов производ, иновацијата се смета за пионерска.
    3. Адаптација претставува:
     Доколку се направени мали промени во производствениот процес и производот, тогаш станува збор за адаптација
    4. Претприемништвото во малите и средните претпријатија е познато како:
     Индивидуално претприемништво ( entrepreneurship)
    5. Средно претпријатие е до:
     250 вработени
    6. Годишниот приход во малите претпријатијата е до:
     2 милиони евра
    7. Годишниот приход во средните претпријатијата е до:
     10 милиони евра
    8. Микро претпријатие е до:
     10 вработени
    9. Радикална иновација претставува:
     Нов производ кој се произведува со нов процес на производство
    10. Која од наведените стратегии не припаѓа во претприемнички стратегии?
     Претприемачки стратегии СЕ:
    • Стратегија на целосно планирање
    • Стратегија на критична точка
    • Опортунистичка стратегија
    • Реактивистичка стратегија
    • Рутинска стратегија
    11. Која од следниве карактеристики го опишува претприемачот?
     Тоа може да биде некоја од следниве:
    • Посветеноста и одлучноста
    • Лидерство
    • Ориентираноста кон можностите
    • Прифаќањето ризик и неизвесност
    • Креативноста
    • Самоувереноста и способноста за приспособување
    • Мотивација за истакнување
    12. Технолошко приспособување претставува:
     Произведување на нов ист производ, но со нов процес на производство ( нова технологија)
    13. Претприемнички карактеристики се:
     Тоа се:
    • Посветеноста и одлучноста
    • Лидерство
    • Ориентираноста кон можностите
    • Прифаќањето ризик и неизвесност
    • Креативноста
    • Самоувереноста и способноста за приспособување
    • Мотивација за истакнување
    14. Претприемништво претставува:
     Процес на откривање на можности и преземање активности ( ризик) за реализација на тие можности со рационална употреба на ресурсите
    15. На кој начин едно големо претпријатие може да создаде поволна клима за внатрешно претприемништво?
     Користење на технологија која е најсовремена во секторот во кој работи претпријатието
     Стимулирање на одделите на претпријатието одговорни за истражување и развој на нови производи, како и поттикнување и охрабрување на новите идеи
     Охрабрување на експериментирањето во претпријатието преку т.н. систем на обиди и грешки. Овде треба да се има предвид дека успешните добра или услуги на пазарот обично не се појавуваат веднаш комплетно развиени, туку се предмет на постојано подобрување низ т.н. систем на обиди и грешки
     Толерирање на грешките и неуспесите поврзани со развојот на новите производи
     Отстранување на пречките кои и стојат на патот на креативноста
     Расположливост и достапност на ресурсите на претпријатието во секое време
     Охрабрување на мултидисциплинарниот и тимскиот приод во развојот на новите производи и идеи
     Воспоставување на долг временски хоризонт за оценка на успхот на идејата. Тука се мисли на тоа дека претпријатието треба да бидеподготвено да вложи пари во развојот на нов производ, без гаранција за поврат на тие пари во период најмалку од 5 до 10 години
     Практикување на принципот на доброволност кога е во прашање внатрешното претприемништво, наспроти принципот на принуда. Со други зборови поединците треба да се остават сами да ги искажат своите претприемачки способности, без какви било форми на принуда од страна на менаџментот
     Адекватно наградување на внатрешните претприемачи за енергија, напорот и ризикот што ги вложуваат за време на креирањето нови производи
     Постоење на спонзори кои не само што ги поддржуваат креативните активности, како и евентуалните неуспеси во креирањето на новите производи, туку овозможуваат и флексибилност во менувањето на плановите и во поставувањето на новите цели и правци за развој на претпријатието
     Постоење на целосна поддршка за внатрешните претприемачи од страна на врвниот менаџмент на претпријатието, како со нивното физичко присуство, така и со уверување дека на внатрешните претприемачи навремено ќе им бидат обезбедени сите потребни ресурси, неопходни за нивниот профит
    16. Претприемништвото во основа се базира на:
     Иновации
    17. Претприемништвото во големите претпријатија е познато како:
     Внатрешно претприемништво т.е. интрапретприемништво
    18. Мало претпријатие е до:
     50 вработени
    19. Супконтракторски претпријатија се основаат и работат за потребите на:
     Големите корпорации
    20. Дали малите претпријатија лесно доаѓаат до кредит?
     Одговорот е негативен. Во РМ, на овој план, не може да се рече дека постојат услови за развој на претприемништвото. Комерцијалните банки се уште ги сметаат малите претпријатија за ризични клиенти при одобрување кредити. Тоа е пред се поради ниската финансиска моќ на малите претпријатија, кои често се во ситуација да не можат навремено да ги вратат кредитите.
    21. Вистинските претприемачи шансите не ги бараат во промените на :
     Вистинските претприемачи шансите ГИ БАРААТ во промените на:
    • Цените
    • Протребите на потрошувачите
    • Модата
    • Сезнските промени
    • Законите и прописите
    22. Сопствениците на малите бизниси, во отсуство на претприемништво, сметаат дека успехот и профитот ќе дојде:
     Сам по себе
    23. Претприемачот најчесто идеи за нов бизнис добива преку контактите со:
    • Потрошувачите
    • Трговците
    • Претставници на други претпријатија
    • работниците
    24. Трговец според формата:
     Тоа се сите видови трговски друштва
    25. КД е:
     Командитно друштво
    26. Во Република Македонија микро, мали и средни претпријатија се застапени со над:
     95%
    27. ЈТД е здружение на :
     Две или повеќе правни или физички лица- содружници
    28. Профит е:
     Пари што остануваат по покривање на трошоците или тој претставува разликата мегу вкупниот приход од продадените добра и услуги и вкупните трошоци што се направени за нивното производство.
    29. Кои се фактори на производство?
     Земја, труд, капитал и претприемништво
    30. ЈТД е:
     Јавно трговско друштво
    31. Во суштината на претприемништвото не е содржано:
     Во суштината на претприемништвото Е СОДРЖАНО:
    • Иновација, ризик и менаџерска способност
    32. Трговец според дејноста е:
     Трговец според дејноста е секое лице кое самостојно трајно во вид на занимање врши трговска дејност заради остварување добивка ( профит) со производство, трговија и давање услуги.
    33. Под поимот бизнис се подразбира:
     Организиран напор на поединецот или група луѓе да се произведе или продаде некое добро или услуга, со што ќе се задоволи определена туѓа потреба и притоа ќе се оствари профит.
    34. ДОО е:
     Друштво со ограничена одговорност
    35. Големо претпријатие е над:
     250 вработени
    36. Годишниот приход во микро претпријатијата е:
     До 50.000 евра
    37. Објекти, машини и алати се:
     Фиксни средства
    38. Исплатените плати на ангажираните работници претставуваат:
     Трошоци на трудот
    39. Во постојани средства спаѓаат:
     Објекти, машини и алати
    40. Доколку едно физичко лице има занаетчиски вештини и сака да работи во мал обем, тогаш може да регистрира бизнис организација како:
     Занаетчија- трговец поединец
    41. Доколку две или повеќе физички или правни лица пред доверителите одговараат лично и неограничено солидарно со целиот свој имот, тогаш станува збор за:
     Јавно трговско друштво
    42. За да се има успех во малиот бизнис потребна е:
    • Квалитет на производот- услугата
    • Искуство во работата
    • Напорна работа
    • Конкурентни цени
    • Добар однос со потрошувачите
    • Почитување на роковите
    • Добра организација
    • Лични карактеристики на сопственикот
    • Погодна локација
    • Бизнис- знаења и способности: комуникација, работна дисциплина, мотивација, чесност, следење на трендови, упорност, одговорност, иновативност, планирање и контрола...
    43. Која е една од предностите на големиот бизнис?
     Остварување пониски просечни трошоци при работата
     Снабдени се со најсовремена техничка опрема
     Имаат разгранета мрежа на управување и одговорност
     Располагаат со големи парични средства
     Распространети се на пошироко пазарно подрачје
    44. Кој е еден од недостатоците на малиот бизнис?
     Се соочуваат со проблемот на обезбедување парични средства
     Не уживаат доверба кај банките како големите бизниси
     Имаат често несоодветно управување
     Тие покриваат мал и ограничен пазар
    45. Секогаш и секаде каде што луѓето вршат размена настанува:
     Пазар
    46. КДА е:
     Командитно друштво со акции
    47. Постојани средства се оние средства кои по нивното купување на бизнисот му служат подолго од:
     Една година, односно бизнисот ги употребува повеќекратно во процесот на производство
    48. Пари, суровини, матријали и готови производи се:
     Тековни односно обртни средства
    49. Патенти, лиценци, концесии се:
     Нематеријални вложувања
    50. Што од наведеното неспаѓа во план на производство од бизнис планот?
     Во план на производство од бизнис планот СПАЃА:
    • Погон, инфраструктура, градењни работи
    • Производствен процес
    • Опрема, машини, возила
    • Суровини и материјали- количина
    • Потребна работна сила
    • Планирање на реализацијата
    51. Основен економски проблем е?
     Што, како и за кого да се произведе
    52. Што од наведеното не спаѓа во капитални добра?
     ПОЈМА НЕМАМ ШО Е ОВА!
    53. Тековни (обртни) средства се оние средства кои во претпријатието се задржуваат до:
     Една година
    54. Рамнотежна цена се воспоставува кога:
     Количеството коешто се понудува од дадениот производ на пазарот е во рамнотежа со количеството коешто се побарува
    55. Која е една од предностите на малиот бизнис?
    • Приспособливост кон пазарните промени
    • Можноста лесно да се започне со работа
    • Во малиот бизнис профитот го поседуваат сопствениците
    • Процесот на донесување одлуки е брз и едноставен
    • По обем, малите бизниси имаат мали даночни оптоварувања, отколку големите бизниси
    56. Трошоци кои не се менуваат, без оглед на промената на обемот на производството се:
     Фиксни трошоци
    57. Во обртни средства спаѓаат:
     Пари, суровини, материјали, готови производи
    58. Што претставува опортунитетен трошок?
     Пропуштениот профит од алтернативното искористување на ресурсите
    59. Трошоци, за кои што при нивното настанување не се знае за кои производи се однесуваат, се:
     Индиректни трошоци
    60. Трошоците за производство на секоја дополнителна единица производ се:
     Маргинални трошоци
    61. Мерките на Владата со кои се поедноставуваат прописите и административните процедури за водење бизнис се наречени со терминот:
     Регулаторна гилотина
    62. Откако претприемачот ќе ја открие можноста за нов бизнис, тој пристапува кон:
     ?
    63. За реализација на целите и политиките за поддршка на развојот на малото стопанство и претриемништвото Република Македонија во 2003 година ја усвои:
     Европската повелба за мали претпријатија
    64. Трошоци, за кои што уште при нивното настанување се знае за кој производ се однесуваат, се нарекуваат:
     Директни трошоци
    65. Во SWOT анализа не спаѓа:
     Во SWOT анализата СПАЃААТ:
    • Јаките страни за имплементација и одржливост на проектот
    • Слаби страни на проектот
    • Можности кои нашата проектна идеја ќе ја направат потенцијално остварлива
    • Закани за реализација на проектната идеја
    66. Што од наведеното не спаѓа во воведот од бизнис планот?
     Во воведот од бизнис планот СПАЃА:
    • Полн назив на фирмата
    • Правен статус
    • Адреса
    • Вид на дејност
    • Споственици
    • Сопственичка документација
    • Година на основање
    • Број на вработени
    67. Што од наведеното не спаѓа во опис на проектот од бизнис планот?
    • Во опис на проектот од бизнис планот СПАЃА:
    • Состојби во гранката
    • Цели и очекувања
    • Опис на производството
    • Вид на инвестиција
    • Финансиска структура
    • Временски план на реализација на инвестицијата
    • Студија на профитабилноста
    68. Што од наведеното не спаѓа во маркетинг планот од бизнис планот?
    • Во маркетинг планот од бизнис планот СПАЃА:
    • Опис на производот
    • Споредување на производот со конкуренцијата
    • Локација
    • Пазарна област
    • Главни купувачи
    • Вкупна побарувачка
    • Удел во пазарот
    • Продажна цена
    • Предвидување на продажбата
    • Мерки на промоција
    • Маркетинг стратегија
    • Трошоци на маркетинг
    69. Што предизвикува конкуренцијата меѓу бизнисите ?
    • ?
    70. Трошоците кои зависат од промената на обемот на производство се нарекуваат:
    • Варијабилни
    71. Која е една од причините за неуспех на малиот бизнис?
    • Тешкотии при наплата на побарувањата
    • Недостиг на почетен капитал
    • Нелојална конкуренција
    • Лоша состојба на економијата
    • Премногу ангажиран капитал во фиксни средства
    • Неискуство во работата
    • Лоша локација
    • Несоодветни залихи
    • Неискуство во менаџментот
    • Силна конкуренција
    • Високи трошоци, варијации на побарувачката, мал пазар, непрофитабилност, слаба финансиска моќ на потрошувачите, високи даноци, измами...
    72. Кој е еден од недостатоците на големиот бизнис?
    • Организациски проблеми и тешкотии
    • Контролата над вработените е помала
    • Во големиот бизнис се губи личната иницијатива на поединецот
    • Даночните оптоварувања кои ги пропишува државата се поголеми по својот обем за големите бизниси во однос на малите бизниси
    73. Доколку друштвото има определена и на еднакви делови поделена главнина, чии што обврски се обезбедени со целиот имот на друштвото, тогаш станува збор за:
     Акционерско друштво
    74. Растот на вкупното производство води до повисоки стапки на економски раст и пораст на :
     Животниот стандард на населението
    75. АД е:
     Акционерско друштво
    76. Иновативноста која е карактеристична за претприемачите, во економијата ја поттикнува:
     Конкурентноста
    77. Втората фаза од подготовката на претприемачкиот процес не содржи:
     Подготовка на бизнис план
     Насловна страна
     Извршно резиме
    • Опис на бизнисот
    • Опис на секторот ( индустријата)
    • Маркетинг план
    • Финансиски план
    • Производствен план
    • Организационен план
    • Оперативен план
    • Заклучок
     Додатоци
    78. Во Република Македонија вкупната работна сила која е вработена во малите и средни претпријатија е околу:
     80 %
    79. Бројот на фазите од кои е составен претприемачкиот процес е:
     Четири
    80. Пренасочување на ресурсите од една кон друга употреба, во практиката значи производствена преориентација или:
     Производствена диверзификација
    81. За да се реализира се она што е испланирано со бизнис планот, претприемачот воспоставува :
     ?
    82. Двата најзначајни сектори кои се занимааат со развој на претприемништвото во Република Македонија се:
     Секторот за претприемништво и конкурентност, Агенција за поддршка на претприемништвото
    83. Амортизација е:
     Еден од начините преку кои сопственикот на претпријатието може да финансира дел од работењето
    84. Амортизацијата претставува:
     Загубената вредност на фиксните средства
    85. Истакнување на јаките и слабите страни на проектот, како и согледување на можностите и заканите за нереализација на идејата, може да се провери со помош на:
     SWOT анализа
    86. Цена е:
     ?
    87. Амортизацијата може да биде:
     Временска и функционална амортизација
    88. Утврдувањето на цената на чинење на одделните производи се врши преку групирање на трошоците на:
     Директни и индиректни трошоци
    89. Просечни трошоци се:
     Трошоци по единица производ и се добиваат кога одделни видови вкупни трошоци се делат со бројот на произведени производи
    90. Како се пресметува амортизацијата?
     А= набавна вредност/ времетраење
    91. Фиксните средства се делат на:
     Нематеријални вложувања
     Материјални вложувања
     Долгорочни финансиски вложувања
    92. Нематеријални вложувања се:
     Форма на вложување средства што се ефектуира во текот на подолг временски период. Тука спаѓаат основачките вложувања, патентите, лиценците, концесиите
    93. Краткорочни кредити се:
     Наменети за финансирање на тековни потреби на претпријатието, како што се: набавка на суровини и материјали, набавка на гориво, одржување на машини и опрема. Тие имаат цел да обезбедат континуитет во работењето на претпријатието
    94. Фиксни трошоци се:
     Оние трошоци кои не се менуваат, без оглед на промената на обемот на производство
    95. Бизнис планот овозможува да се провери остварливоста на бизнис идејата и да се согледа и намали ризикот во бизнисот, затоа е потребен на:
     Најмалите претпријатија, односно тој е потребен независно од големината на бизнисот
    96. Под чистење на пазарот, се подразбира кога:
     Точката кадешто понудата за определен производ се изедначува со неговата побарувачка на пазарот
    97. Со помош на SWOT-анализата неможе да се согледа:
     Истакнување на јаките и слабите страни на проектот, како и согледувањето на можностите и заканите за нереализација на идејата
    98. Од 70% до 90% од западнао-европскиот бизнис е во сопственост на:
     Семејствата ( семејна сопственост)
    99. Бизнисмените својот профит го заработуваат преку:
     Продавање на она што потрошувачите го бараат по цени кои се подготвени да ги платат
    100. Збир на фиксните и варијабилните трошоци се:
     Вкупните трошоци
     
    На elena.N95 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Девојки! Ве молам за одговори за Француски (прв странски јазик) посебно кај текстовите!!
     
  11. hiddenuser1

    hiddenuser1 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ги има ли некој одговорите за физика изборен за ПМБ ??????
    Ги имам биологија ако му требат на некој нека пише
     
  12. Dinsyyy

    Dinsyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    93
    Математичка анализа има некој?Ги имам програмски ,ако сака некој нека ми пише во лп.
     
    На g-maz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам ако може одговорите по математика?
    Знам ги имаше некој ставено, но неможам да ги најдам. :?:
     
    На xnatalia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    491
    кој има биологија нека пушти!!!!!!!
     
  15. parfemlilav

    parfemlilav Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    na 24, 25 i 26 strana se
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    491
    СОЦИОЛОГИЈА
    1. Изградбата на самостојна и независна Република Македонија започна во:
    - 1991г.
    2. Според Емил Диркем заедништвото во примитивните општества го одржувала религијата, додека во современите општества според него таквата улога ја има:
    - поделбата на трудот
    3. Процесот на трансформација од еден општествено – политички и економски систем кон друг, кој суштински се разликува во неколку главни компоненти како економијата, политиката, системот на вредности, во литературата е познат како:
    - Транзиција
    4. Делото „Крајот на историјата и последниот човек“ го напишал:
    - Френсис Фукујама
    5. Делото „Судир на цивилизациите и воспоставување светски поредок“ го напишал:
    - Семјуел Хантингтон
    6. Првите човекови општества, во кои луѓето со заеднички напори ги решавале проблемите на опстанок се:
    - примитивните општества
    7. Терминот постматеријализам во употреба го воведува:
    - Роналд Инглхарт

    8. Низ кои две историски фази поминал развојот на модерната нација – држава?
    - Либерална фаза и државна фаза
    9. Општествата во кои најголем дел од населението е вработено во фабриките, канцелариите или продавниците се познати како:
    - индустриски општества
    10. Некои социјални мислители сметаат дека во индустриското општество се случуваат промени кои најавуваат преминување кон нов тип на општество кое Даниел Бел и Ален Турен го нарекуваат:
    - Постиндустриско општество
    11. Однесувањето во кое кај поединецот постои јасна свест за целта според Вебер е наречено:
    - Рационално дејствување
    12. Користењето на човековите способности е предуслов за општото добро и за прогрес во:
    -
    13. Социјалната граѓанственост содржи право на:
    - Соодветен животен стандард
    14. Во 1981 година во Банџул (Гамбија) е донесена Банџулската повелба која е позната како:
    - Африканска повелба за човековите и народните права
    15. Површноста и длабинскиот недостаток на културните производи на постмодерното општество Фредерик Џејмисон ги именува со терминот:
    - Симулакрум
    16. Во својата анализа на постмодерноста Жан Бодријар е сосредоточен на културата, а постмодерниот свет го одредува како:
    - Доба на симулација
    17. Според која од наведените религии работата е сфатена како позив при што секој поединец е должен да работи да има еден позив и со него да се одликува?
    -
    18. Големата повелба или Magna Carta Libertatum е донесена во Англија во:
    - 1215 г.

    19. Народното собрание на Франција ја донело Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот на:
    - 26 август 1789
    20. Диркем верувал дека религиозното чувство за обврска во модерните општества ќе биде заменето со чувство на солидарност кое произлегува
    од:
    - Поделбата на трудот

    21. Суштествената димензија на демократијата прашува дали власта избрана од народот се грижи за:
    - Неговата волја и интереси
    22. Човековите права и ентузијазмот за нивното ширење се намалува со почетокот на Студената војна помеѓу:
    - САД и СССР
    23. Пасивната граѓанственост се потпира на права добиени од:
    - Државата
    24. Социјалните, економските и културните права и слободи се именувани и како:
    - Лични и политички права
    25. Која од наведените групи на човекови права се именувани како -негативни човекови права и слободи?
    -
    26. Самјуел Хантингтон наведува дека во периодот на 21 век основен судир ќе биде судирот меѓу културите и цивилизациите, со што навестува дека економското лидерство во светски рамки ќе го преземе:
    - Азија
    27. Доколку во едно општество најголем дел од населението е ангажирано во сферата на земјоделието, шумарството, ловот или риболовот тогаш велиме дека тоа општество е општество во кое луѓето се ангажирани во:
    - Производство на храна
    28. Индивидуите и општествените групи се интегрираат во социјалниот систем преку заедничкиот систем на вредности е став на:
    - Функционалистите
    29. Голем придонес во унапредувањето на социјалната мисла за човекот и неговите права дала стоичката филозофска школа чиј основач бил:
    - Зенон
    30. Во корпорацискиот или менаџерски капитализам со претпријатијата според Даниел Бел управуваат:
    - Менаџерите
    31. За опстојување на општеството или групата е потребна согласност од членовите. Која од наведените теоретски ориентации укажува на способноста на доминантните групи да ги наметнат своите ставови со употреба на сила или манипулирање?
    - Асимилација
    32. Целта на реформаторското движење на Мартин Лутер била да се воспостави директна врска помеѓу:
    -
    33. Дејствувањето на поединецот кое произлегува од емоционалната состојба во која што се нашол, според Макс Вебер е наречено:
    - Афективно дејствување
    34. Кој од наведените теоретичари тврди дека поимот за сопственото јас единката може да го развие ако се гледа себе си онака како што ја гледаат другите?
    - Џорџ Херберт Мид
    35. Во политичка смисла индивидуализмот претставува политичка филозофија која вообичаено се опишува како:
    - Придавање примат на индивидуата и индивидуалните интереси
    36. Нееднаквата распределба на приходите, престижот и моќта ги стимулира поединците да ги заземаат најзначајните места во општеството според:
    - Функционалистите
    37. Мултикултурното општество се карактеризира со:
    - Културен плурализам
    38. Последици од индивидуализираното општество се разликите во:
    - Можностите
    39. Според теоријата на Зигмунд Фројд личноста е составена од:
    -мид, его и супер его
    40. Која од наведените карактеристики може да се смета како еден од основните белези на постиндустриското општество?
    41. Кои од наведените видови на општества според степенот на развој настануваат паралелно со аграрните или земјоделските општества?
    -
    42. Моралната свест или совест кај една личност според теоријата на Зигмунд Фројд е изразена преку:
    - Суперегото
    43. Универзалната декларација за човекови права е усвоена од страна на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации на:
    - 10 декември 1948 г.
    44. Според идеологијата која го оправдува индивидуализираното општество, општеството се состои од поединци кои се натпреваруваат меѓу себе за да дојдат до:
    - Најдобро наградените позиции
    45. Идејата за граѓаните како лица со еднакви политички права била практикувана во градот држава Атина во:
    - 5век п.н.е.
    46. Современите теории за граѓанското содружништво наоѓале конкретно историска содржина на својата идеја во:
    - Декларацијата за човековите права
    47. Доколку една група во општеството во која поединците градат вредности и норми како и посебен стил на живот кој не е во спротивност со доминантната култура тогаш велиме дека станува збор за изградба на:
    - Супкултура
    48. Во осумдесетите години на дваесеттиот век преовладуваше мислење дека постојат:
    49. Терминот идентитет стана популарен во XX век, а потекнува од латинскиот збор idem кој значи:
    - Исто
    50. Правата на синдикално организирање ,социјално осигурување и платен годишен одмор припаѓаат на групата
    - социјални права
    51. Основните предуслови за појавување на првите нации држави подразбираат услови кои се создадени дури со:
    - Традиционалните држави
    52. Во центарот на граѓанското содружништво е ставена
    - Индивидуата
    53. Човекот е „homo duplex“ и во него постојат две битија, индивидуално и колективно битие според:
    - Емил Диркмен
    54. Европскиот суд за човекови права донесува:
    - Правно образувачки одлуки
    55. Кој од наведените социолози ја сфаќа социологијата како наука која сака да го разбере и протолкува дејствувањето на луѓето и врз основа на оваа определба зборува за три типови на социјално дејствување?
    - Макс Вебер
    56. Во градот држава Атина да се биде граѓанин значело да се учествува во:
    - Јавните работи
    57. Како дел од Организацијата на Американските Држави е основана Интерамериканска комисија за човекови права во:
    - Чиле
    58. Како пример за рационално дејствување Макс Вебер ја наведува:
    - Бирократската организација
    59. Емоционалниот тип на социјално дејствување е познат уште и како:
    - Афективно дејствување
    60. Еден од најопасните процеси кој може да доведе до замирање на граѓанското содружништво е:
    - Корпоративизацијата
    61. Канада во периодот по Втората светска војна се залага за политика на:
    - Мултикултурализам
    62. Најпознатиот концепт за граѓанственоста го изложил социологот:
    - Томас Маршал
    63. Природно право на поединецот е слободно да ги остварува сопствените цели сé додека правата на еден поединец не ги загрозуваат правата на другите според:
    - Нозик
    64. Кој концепт за човековите права го развива англискиот политички филозоф Џон Лок?
    - Либералниот Концепт
    65. Процесот во кој поединците или групите кои се во контакт разменуваат и бараат нови културни особини е познат како:
    - Акултурација
    66. Идеалот на мултикултурализмот е постоењето на:
    - Културна различност
    67. Според Џорџ Херберт Мид поимот за сопственото јас не е вроден туку тој се стекнува во периодот на:
    - социјализацијата
    68. Правото на работа му овозможува на поединецот:
    - Да учествува во економскиот живот и мѕ обезбедува економска сигурност
    69. Според Томас Маршал граѓанственоста најнапред се појавила во:
    -
    70. До средината на 20 век либералната национална држава уживаше поддршка кај населението. За да ја одржат таа поддршка државите се свртеа кон остварување на:
    -
    71. Процесот на транзиција низ кој помина и македонското општество можеме да го означиме како процес кој предизвика промени на:
    - Политиката и економијата
    72. Кој вид на човеково право го попречила државата доколку не дозволува во рамки на нејзината територија поединците самите да определат на која религија ќе припаѓаат и притоа јавно и приватно да ја манифестираат во верските објекти?
    - право на верска определба
    73. Законодавната власт е позната уште и како:
    - Легислативна власт
    74. Термините демос (народ) и кратос (владеење) го означуваат поимот:
    - демократија
    75. Според голем број на социолози како нормативна рамка за определување на граѓанското содружништво се земаат:
    - Човековите права
    76. Јавноста како активен чинител во општественото живеење е суштинска карактеристика на:
    - Демократијата
    77. Која од наведените институции ја избира Владата на Република Македонија?
    - Собранието на Република Македонија
    78. Демократијата во својата суштина меѓу другото подразбира:
    - власт на народот
    79. Како се нарекува мандатот кој го добил претставник на народот а во кој избраниот претставник има целосна слобода и можност да гласа за одлуките според сопствената совест?
    - Слободен или претставнички мандат
    80. Која карактеристика на избирачкото право е претставена доколку речеме дека гласовите на граѓаните имаат еднаква вредност без оглед на нивната материјална, социјална, полова,етничка или која било друга припадност?
    - Општо избирачко право
    81. Декларацијата за правата на припадниците на националните и етничките, верските и јазичните малцинства е донесена од страна на Организацијата на обединетите нации во
    -
    82. Во меѓународното право правата на националните малцинства или етничките малцинства се определени како:
    83. Поимот владеење на правото акцентот го става на:
    - Правната држава
    84. Кој од наведените фактори влијае врз обликувањето на јавното мислење?
    -
    85. Повеќепартискиот систем во Република Македонија е озаконет во:
    - 1991г.
    86. Доколку во една држава се попречува или забранува организирањето на работниците во свои посебни здруженија кои ќе ги штитат нивните права тогаш е прекршено
    - правото на самоорганизирање
    87. Македонскиот народ со огромно мнозинство се изјасни за независна и самостојна Република Македонија по пат на референдум кој се одржа на:
    - 8 септември 1991г.
    88. Целта на концептот за „права на човекот“ е воспоставување на заеднички стандарди во положбата на луѓето кои треба:
    -
    89. Правото на локална самоуправа припаѓа на групата:
    - Политички права
    90. Избирачкото тело во Република Македонија го сочинуваат граѓаните со наполнети:
    - 18 г.
    91. Владата на Република Македонија е носител на:
    - Извршната власт
    92. Правото на сопственост најчесто се јавува како синоним за приватна сопственост, а се вбројува во групата на:
    - лични права
    93. Можните конфликти меѓу човековите права и демократијата се разрешени во рамки на политичкиот систем кој што се нарекува:
    -
    94. Кои се двете фази според Џорџ Херберт Мид во развивањето на свеста за себе?
    - Фаза на игри и фаза на спортски игри
    95. Корпоративизмот бил особено видлив во Западна Европа и во скандинавските земји каде што здруженијата на работодавачите и синдикатите заедно со државата биле вклучени во донесувањето на:
    -
    96. Кој од наведените фактори го негира Даниел Бел како фактор кој влијае на класната поделба на општеството на две класи работничка и капиталистичка во постиндустриското општество?
    - Значењето на приватната сопственост
    97. Капитализмот не може да постои ако постојано не ги развива орудијата за производство (технологијата) е став на:
    - Карл Маркс
    98. Првото римско законодавство кое се однесувало на повторното барање на плебејците за ограничување на моќта на патрициските магистрати е познато како:
    - 12-те таблици
    99. Граѓанството во градот држава Атина го сочинувале:
    - Атинските мажи постари од 20 г.
    100. Европската комисија за човекови права е со седиште во:
    - Брисел
    101. Доколку најголем дел од луѓето во едно општество се вработени во секундарниот сектор на производство тогаш тоа општество може да го определиме како:
    -
    102. Доколку основата на организирање на едно општество претставува знаењето тогаш тоа општество можеме да го определиме според ставовите на Даниел Бел како:
    - Постиндустриско општество
    103. Кое право е прекршено доколку една власт им оневозможува на граѓаните непречено да ја изјаснат својата волја и желба за тоа кој треба да владее во општеството за определен временски период?
    - Политичко право
    104. Мандатарот за состав на Владата на Република Македонија го определува:
    - Претседателот на РM
    105. Според теоријата на Макс Вебер за социјално дејствување доколку еден поединец донел одлука врз основа на постоење на јасна свест за целта тогаш овој вид на однесување можеме да го сметаме како:
    - Рационално дејствување
    106. Првите нации држави во историјата се создаваат со појавувањето на:
    -
    107. Според претставниците на која теорија свеста за себе претставува основа за соработка во општеството?
    - Според теоријата на Зорз Херберт Мид
    108. Класичната или етаблирана социологија му посветува големо внимание на државјанството сфатено како правнорегулирана припадност или:
    -
    109. Со личните и политичките права се цивилизира:
    110. Според теоријата на Зигмунд Фројд психолошката компонента на личноста ја претставува:
    - Егото
    111. За кој тип на социјално дејствување станува збор доколку мотивот на послушност се базира на обичаите?
    - Конформизам
    112. Во кое од наведените општества доминира население кое е вработено во секторот на услугите?
    -
    113. Личните граѓански права се неопходни за остварување на:
    - Индивидуалната слобода
    114. Причината поради која во сточарските општества не постоела можност за стекнување на богатсво била во
    - честите преселби
    115. Карл Маркс тврдел дека:
    - секој општествен поредок има внатрешни спротивности.кои во одреден момент стануваат толку силни што се заменува со друг.
    116. Силата и големината на нацијата е поважна од среќата на поединците според:
    -
    117. Кој век го опфаќа либералната фаза од развојот на модерната нација – држава?
    - 20 век
    118. Идентитетот кој се формира врз основа на личните постигнувања и прифатените вредности, степенот на образование, личните особини го определуваме како:
    -
    119. Интеракционистичката социолошка ориентација при објаснувањето на социјалното дејствување поаѓа од:
    -
    120. Индивидуите ги прифаќаат вредностите на општеството во кое живеат преку процесот на социјализација според:
    -
    121. Пазарната конкуренција се цивилизира со:
    -
    122. Зголемувањето на ризиците предизвикува стеснување на светското општество во заедница на опасност според:
    -
    123. Кој век го опфаќа организираната фаза од развојот на модерната нација-држава?
    - 19 век
    124. Кое врвно меѓународно тело е воспоставено за да ги испитува повредите на човековите права насекаде во светот?
    -
    125. Првите повеќепартиски избори во Република Македонија се одржаа во:
    - 11 ноември 1990
    126. Поделбата на власта, владеењето на правото и независноста на судската власт претставуваат три историски принципи на:
    - Уставното право
    127. Владата на Република Македонија за својата работа одговара пред:
    - Собранието на РМ
    128. Кога во едно општество граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење тогаш во тоа општество постои:
    - Владеење на правото
    129. Во недемократските општества власта се труди да создаде:-
    130. Што поседува еден пратеник во Собранието на Република Македонија кој е исклучен од дејството на некои закони како на пример: не може да биде притворен или да одговара пред судот за она што ќе го изговори или гласа во Собранието, не може да биде лишен од слобода без одобрение од Собранието и слично?
    -
    131. Избирачкото право е столб на секое:
    - демократско општество
    132. Во демократските држави постои начело на:
    - Формална законитост
    133. Изборите и референдумот се облици на:
    - Непосредна демократија
    134. Преку јавноста, власта се контролира и насочува кон интересите и потребите на:
    - Граѓаните
    135. Демократијата која што се остварува по пат на избрани претставници од страна на народот е наречена:
    - посредна демократија
    136. Кога избраниот претставник од страна на народот мора да се придржува до одредени насоки од страна на избирачите, во спротивно може да биде отповикан велиме дека станува збор за претставник на народот со:
    - Императивен мандат
    137. Доколку една институција го попречува изразувањето на незадоволството на работниците кои во неа работат и имаат намера да го прекинат работниот или производствениот процес тогаш е прекршено:
    - Право на штрајк
    138. Како се нарекува избирачкото право кое на избирачкото тело му овозможува да избира народни претставници?
    - Активно избирачко право
    139. Избирачкото право припаѓа на групата:
    - Политички права
    140. Која од наведените карактеристики на избирачкото право му обезбедува анонимност на поединецот кој излегол на изборите и сака да го оствари своето избирачко право?
    -
    141. Првиот Устав на независна и самостојна Република Македонија е донесен на:
    - 17.11.1991
    142. Изборите претставуваат облик на:
    - посредна демократија
    143. За која од наведените функции граѓаните гласаат директно на избори и му даваат мандат на одредено лице да ги претставува за определен временски период?
    -
    144. Правото на автономија на универзитетот и правото на основање приватни образовни институции припаѓаат на групата:
    - Културни права
    145. Универзалната декларација за човекови права заедно со Меѓународниот договор за граѓански и политички права и Меѓународниот договор за економски, социјални и културни права се нарекуваат
    - Меѓународни акти за човекови права
    146. Кое човеково право му го прекршил работодавачот на еден поединец кој е вработен во неговото претпријатие доколку за време на годишниот одмор не му даде паричен надоместок (плата)?
    -социјално право
    147. Доколку во едно населено место се изгради фабрика која ќе работи на јаглен без филтри тогаш е прекршено човековото право на:
    - Здрава животна средина
    148. Во основата на организирање на постиндустриското општество според Даниел Бел се наоѓа:
    - Знаењето
    149. Комитетот за човекови права создаден со Меѓународниот договор за граѓански и политички права претставува група составена од:
    - 35 земји
    150. Преку кое сфаќање Карл Маркс го објаснува развојот на општеството?
    - Историски материјализаМ
    кој може нека ги дополни неодговорените/
     
  17. parfemlilav

    parfemlilav Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    jas veke gi staviv angliski.. i odgovorite se od knigata ;))
     
  18. lq1

    lq1 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    HELPPPPPP!!!Ako mozhi komparativna odgovorite ..ve molam! ;(
     
    На pavlina-pale му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Puteski

    Puteski Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    дали некој че може да ми помогне за прашањата по математика но за струка ( Електротехничар за компјутерска техника и автоматика )
     
  20. sunshinegirllll

    sunshinegirllll Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно поразлично прашање.. Видов дека за математичка анализа на пример (и кај програмски исто ) кога ке отвориш на самата страна http://prasanjaeksterno.dic.edu.mk/ и одредиш јазик,тип на образование,година и се тоа излегуваат еден вид на прашања.. а кога ќе кликнеш на PDF верзија како документ други... Два вида различни. Кои се всушност новите, односно оние што треба да ги одговараме ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.