Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. goga_traj

    goga_traj Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Одговори на прашањата по Бизнис и претприемништво 1 - 50 прашање

    1. Способноста на поединецот за претворање на идеите во дела која вклучува креативност,иновација и преземање ризици се вика:

    Претприемништво


    2. Преземањето на ризик и иновациите се основни карактеристики на:

    Претприемач

    3. Со што се прикажува претприемачкиот процес?

    Претприемнички часовник


    4. Како се викаат ресурсите со чија помош може да се создаде и испорача вредноста?

    Човечки ресурси


    5. Која е првата фаза на претприемачкиот процес, односно првиот час од претприемачкиот часовник?

    Бизнис идеја


    6. Процесот на планирање кај бизнисите е: ??

    7. Производите и услугите се испорачуваат до купувачите преку комуникациски, дистрибутивни и продажни:

    Канали


    8. Што претставува производот или услугата кој претпријатието го креира и испорачува до купувачите? Вредност


    9. Како се викаат деталните пишани инструкции за спроведување на сите производни, продажни, финансиски, маркетинг активности?

    Работна процедура


    10. Ако бизнисот го повторува успехот велиме дека е: профитабилен, успешен....


    11. Кој од наведените одговори е точен како аспект на претприемништвото? ??

    12. Кој од наведените одговори НЕ е важна претпоставка за започнување на бизнисот ??????

    13. Кој од наведените одговори спаѓа во категоријата на потребни ресурси за започнување бизнис????

    14. Бизнис идејата како прва фаза во претприемачкиот процес НЕ опфаќа: ?????

    15. Доколку Марко сака да отвори ресторан и смета дека ќе му бидат потребни шест келнери и двајца готвачи, тие за неговиот бизнис претставуваат:

    Човечки ресурси


    16. Кога Јана за отворање на нејзиниот козметички салон бара кредит од банка, овој елемент потребен за започнување на нејзиниот бизнис спаѓа во:

    Финансиски ресурси


    17. Ако една фабрика за производство на мебел остварува континуиран зголемен профит петта година по ред од нејзиното постоење, за таквиот бизнис велиме дека е:

    Профитабилен, успешен....


    18. Со која фаза во претприемачкиот процес Милан ќе ги запознае потенцијалите клиенти со фризерските услуги кои ги нуди во својот фризерски салон?

    Маркетинг


    19. Со која фаза во претприемачкиот процес сопственикот ќе го обезбеди потребниот персонал за неговиот синџир на хотели?

    Човечки ресурси


    20. Кога некој врши анализа на потенцијалните купувачи на новите видео игри кои планира да ги понуди и врши прогнози за можните проблеми, тогаш тој прави:

    Валидирање на откритијата


    21. Ако компанијата „С” дава лиценца за користење на нејзиниот оперативен систем на компанијата за производство на мобилни телефони, таа претставува нејзин:

    Партнер


    22. Што претставуваат маркетингот и развојот на софтвер во бизнис моделот на Microsoft?

    Клучни активности


    23. Што претставува кадарот, односно работната сила во бизнис моделот на компанијата„Л” која дизајнира микрочипови?

    Клучни ресурси, човечки ресурси


    24. Што определува Катерина во бизнис моделот на нејзиното студио за танцување кога решава дека курсевите ќе бидат наменети исклучиво за деца од 5 до15 години?

    Сегменти на купувачи

    25. Ако компанијата „Т” за производство на кошули, маркетингот, односно комуникацијата со своите купувачи ја реализира исклучиво преку социјалните медиуми, во рамките на бизнис моделот, тие за неа претставуваат:

    Веб/мобилен канал на дистрибуција


    26. Ако еден слаткар ги споредува карактеристиките,цените, изгледот, вкусот и големината на своите колачи и торти со оние на конкурентите и ги дефинира нивните предности, тој прави:

    Анализа на конкуренцијата во фазата валидирање на откритијата


    27. Што претставуваат масажите, третманите на лице и тело, фризерските услуги и шминката,во рамките на бизнис моделот на козметичкиот салон „Б”?

    Вредност


    28. Ако бизнисот на сопственикот на транспорт и шпедиција остварува добивка, тогаш бизнисот е:

    Успешен,профитабилен...


    29. Која по ред е фазата во претприемачкиот процес кога се врши селекција на најдобрата идеја за унапредување на квалитетот на производството на чоколадите? ????


    30. Кој ги плаќа производите или услугите кои ги продаваат претпријатијата?

    Купувачите


    31. Какви начини на анализа на реакциите на потрошувачите се блоговите, социјалните медиуми и Интернет страниците?

    Техники за истражување за проверка на постоење на проблем


    32. Како се нарекуваат оние кои ги употребуваат производите или услугите коишто претпријатијата ги продаваат?

    Крајни корисници


    33. Во која група на купувачи спаѓа купувачот кој сака прв да го има најновиот модел на мобилен телефон?

    Иноватори


    34. Како се викаат купувачите кои имаат проблем кој што производот и/или услугата го решава, сакаат да го решат проблемот и се спремни да платат за решението на тој проблем?

    Рани прифаќачи


    35. Со што се определува како производот/услугата ќе стигне до купувачите?

    Со каналите на дистрибуција


    36. Каква е поделбата на физичките канали на дистрибуција?

    Директни и индиректни


    37. Како се вика начинот на визуелизација на продажниот процес?

    Продажна инка


    38. Што претставува износот на пари кои еден просечен купувач ќе ги потроши во компанијата од почетокот до крајот?

    Животна вредност на купувачот


    39. Кој од наведените одговори НЕ спаѓа во хиерархијата на купувачи???

    40. Каков тип на купувачи има во првата фаза од животниот циклус на претпријатието, на таканаречен ран пазар???

    41. Каков тип на купувачи има во последната фаза од животниот циклус на претпријатието на таканаречен доцен пазар????

    42. Со што се обезбедува раст на купувачите????

    43. Кој од наведените одговори претставува веб/мобилен канал на дистрибуција?????

    44. Кој од наведените одговори не е фаза на продажниот процес, односно продажна инка???

    45. Во која фаза на продажната инка се наоѓа купувачот кога го внесува бројот на својата кредитна картичка на Интернет страницата на продавницата за спортска опрема?

    Стекнување на купувачи


    46. Доколку Иван чека да види како електричните автомобили се возат без никаков проблем и чека да има доволно сервиси за нив,тој спаѓа во групата на купувачи наречени:

    Рано мнозинство


    47. Доколку Ана вели дека нема да купи автомобил на електричен погон сè додека повеќето од луѓето не купат и користат таков автомобил и додека возењето на бензински автомобил стане навистина нешто веќе неисплатливо, тогаш таа спаѓа во групата на купувачи наречени:

    Доцно мнозинство


    48. Ако Иван го плаќа компјутерот од позната фирма и го користи за графички дизајн, тој е:

    Купувач


    49. Кога туристичката агенција испраќа за прв пат електронска пошта со понуди до 50 лица, тоа претставува вид на:

    Промоција – Маркетинг


    50. Кога Иван го информира својот најдобар пријател за карактеристиките, цената и функционалноста на машинката за бричење од производителот „Н” и притоа го кажува сопственото задоволство од употреба на истата,тој е:

    Препорачувач
     
  2. jtanja

    jtanja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  3. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    44
    Ве молам филозофија изборен, има ли некој?
     
  4. goga_traj

    goga_traj Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Бизнис и претприемништво (прашања од 51 - 100 прашање)
    1. Кога издавачката куќа „В” своите книги ги продава исклучиво онлајн преку веб-страницата со бесплатна достава, тоа за неа претставува:

    Канал на дистрибуција


    2. Доколку винаријата „О” своите производи ги дистрибуира во регионот преку препродавачи, тогаш нејзините канали на дистрибуција се:

    Физички – индиректен канал


    3. Ако фабриката за чевли врши директна продажба на своите производи без индиректни канали или препродавачи,тогаш профитот што го остварува е:

    На производителот (не го дели со препродавачи)


    4. Преку програмата за лојални купувачи со попусти од 5% на сите производи за купувачите со златни картички, ланецот на маркети „Д” се обидува:

    Да ги задржи купувачите


    5. Интензивните промотивни активности на компанијата за производство на кафе „E” треба да го поттикнат интересот на купувачите да ја пробаат новата линија на вкусови на нивното капучино, а со тоа компанијата сака:

    Да стекне нови купувачи


    6. Компанијата за производство на средства за лична хигиена „Р” со вкрстена продажба се обидува:

    Да обезбеди раст на купувачите


    7. Во која фаза на продажната инка се наоѓа купувачот кога регистрира сметка и ја инсталира бесплатната верзија на антивирусот на компанијата „А”?

    Стекнување на купувачи


    8. За да речеме дека е ефикасна програмата за стекнување купувачи на компанијата „К” која вклучува поставување на 2 000 летоци во згради, профитот од продажбите остварени преку програмата треба да биде:

    Зголемен




    9. Доколку компанијата за производство на бои за коса собира податоци за полот, возраста,приходите на категоријата на потенцијалните купувачи, всушност, таа ја анализира нивната:

    Демографија на потенцијалните купувачи


    10. Како се нарекуваат компаниите снабдувачи на ресурси за да функционира бизнис моделот на една компанија?

    Партнери – директни снабдувачи


    11. Какви ресурси се објектите на компанијата,канцелариите, машините, возилата, зградите и складиштата?

    Физички ресурси


    12. Во која категорија на ресурси спаѓаат кредитите, позајмиците и неповратните финансиски средства?

    Финансиски рсурси


    13. Квалификуваните вработени, инженерите и советниците во компанијата претставуваат:

    Човечки ресурси


    14. Договорот за заштита на технологија или бизнис информации е:

    Интелектуален ресурс


    15. Авторските права и патентите се:

    Интелектуални ресурси


    16. Клучните активности,ресурси и партнери претставуваат составен дел на:

    Бизнис моделот


    17. Бизнис моделот опишува како една организација креира, стекнува и испорачува:

    Вредност


    18. Во бизнис моделот се детерминираат сегментите на:

    Купувачите


    19. Што се снабдувачите и мрежата на продавачи во рамките на бизнис моделот?

    Клучни партнери


    20. На што се однесуваат директната продажба,личната продажба и телемаркетингот во бизнис моделот?

    Активности потребни за испорака на вредноста до купувачите


    21. Кој интелектуален ресурс се однесува на уметничка креација во форма на пишано, филмско или музичко дело?

    Авторско право


    22. Кој од наведените одговори НЕ се клучни активности на бизнисот????

    23. Кој од наведените одговори спаѓа во категоријата на интелектуални ресурси????

    24. Кој од наведените одговори спаѓа во категоријата на физички ресурси?????

    25. Во која категорија на клучни ресурси спаѓаат бизнис ангелите?

    Финансиски ресурси


    26. Во која категорија на клучни ресурси спаѓаат авторските права?

    Интелектуални ресурси


    27. Кој од наведените одговори е форма на партнерство?????

    28. Кој од наведените одговори НЕ спаѓа во чекорите за обезбедување на партнерство?????

    29. Кој од наведените одговори спаѓа во основните услови за проверка при валидирање на клучните партнери????

    30. Снабдувачот со јаболка на компанијата за производство на овошни сокови, претставува:

    Партнер – директен снабдувач


    31. Стилизирана фигура која се користи како лого на компанија за автомобили претставува:

    Интелектуален ресурс




    32. Ако Горан бара учество од неговиот братучед во сопственичкиот капитал за отпочнување бизнис за производство на тестенини,тој има потреба од:

    Финансиски ресурси


    33. Кога се набавува опрема и машини за фабриката за производство на шеќер, тогаш се обезбедуваат:

    Физички ресурси


    34. Во рамките на бизнис моделот на интернационално позната компанија, нејзиниот бренд,дизајн, перформансите и корисноста претставуваат ??????

    35. Кога сопственичката планира колку луѓе ќе бидат потребни да се ангажираат во секторот за маркетинг на нејзината компанија за производство на органска козметика, таа се грижи за:

    Човечките ресурси


    36. Кога некој ги пресметува издатоците за материјалите потребни за производство на столови и издатоците за транспорт на истите до рестораните, тој во бизнис моделот на својата компанија ја утврдува:

    Трошочна структура


    37. Функционирањето на одделението за пост продажба во компанијата за производство на климатизери заради одржување,гаранција и сервисирање,претставува составен дел од:

    Вредноста


    38. Компанијата за производство на чевли „Ф” своите производи ќе ги продава само на Интернет, а тоа во бизнис моделот на компанијата е претставено преку:

    Канали на дистрибуција


    39. Доколку ИТ компанијата определува дека нејзиниот софтвер за планирање ќе биде наменет исклучиво за малите бизниси, тоа значи дефинирање на:

    Сегменти на купувачи


    40. Во кој дел на бизнис моделот на компанијата „В” за производство на мобилни телефони спаѓаат платите на инженерите и дизајнерите?

    Трошочна структура


    41. Како ќе ја заштити иновацијата некој македонски иноватор?

    Со патентирање на иновацијата


    42. Кога македонските компании „А” и „Б” за производство на вино се здружуваат заради заеднички настап на германскиот пазар, тие претставуваат:

    Партнери


    43. Ако македонските компании „М” и „Н” имаат заеднички придобивки од соработка во истражување и развој на нови ИТ производи за европскиот пазар, тоа значи потврда или валидирање на:

    Партнерство


    44. Авторското право на инженерот за неговата креација на софтвер за финансии во компанијата „Л” претставува:

    Интелектуален ресурс


    45. Кога компанијата „П” како снабдувач го доставува брашното за производство на леб на компанијата „С” и на тој начин го спроведува договореното, тоа претставува чекор во обезбедувањето на:

    Физички ресурси


    46. Кога некој најмува канцелариски простор за својата консултантска куќа и набавува канцелариска опрема,тоа значи дека обезбедува:

    Физички ресурси


    47. Заштита на името „Македонска домашна лутеница”се врши со регистрирање на:

    Трговска марка



    48. Претпријатието кое обезбедува ресурси потребни за да функционира бизнисот на еден производител на флаширана вода, претставува:

    Директен снабдувач – партнер


    49. Складиштата каде што претпријатието за производство на конзервирана храна ги чува залихите на производи, претставуваат:

    Физички ресурси


    50. Која од наведените фази НЕ припаѓа на претприемачкиот процес????
     
  5. caffeine

    caffeine Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам некој што ги има одговорите по психологија да ми ги прати ^_^
     
  6. etrpenova

    etrpenova Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам доколку има некој одговори за Биологија за 4та година нека ми прати (за гимназија):(
     
  7. Dean Petrov

    Dean Petrov Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    gi najde li ako gi najde pusti mi gi mene mi trebaat
     
  8. Alexis123

    Alexis123 Нов член

    Се зачлени на:
    29 март 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    moze i biznis i hemija da mi gi ispratis vo poraka <3
     
  9. smeshhka

    smeshhka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ги има некој филозофија задолжителен? :)
     
  10. olly14

    olly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    550
    Ve Molam moze li odgovorite po filozofija izboren. Mi trebaat za brat mi. Polaga vo ponedelnik a nemaat ni kniga. Odnapred vi blagodaram
     
  11. Nane1

    Nane1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ako gi ima nekoj odgovorite ekonomija neka mi gi prati za 4 god OHA
     
  12. Diamond1

    Diamond1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    ако може и мене да ми пратите програмски :)
     
  13. Nane1

    Nane1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    mene mi trebaat prati mi gi
     
  14. zagrizena1

    zagrizena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    ke moze li odgovoreni istorija prasanjata ako gi ima nekoj?
     
  15. KetichSalvatore

    KetichSalvatore Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    1.Пациент со душевна болест наредбата на медицинската сестра да ја земе пропишаната терапија ја одбива. Кое растројство е присутно кај овој болен?
    2.Кај болните со повреда на мозокот може да се очекува:
    3.Според некои автори циркуларна психоза е:
    4.Болен кој подолго време лежи во постела, не сака да комуницира, одбива храна и лекови, одеднаш почнува гласно да зборува и да го демолира мебелот. Како се вика состојбата кај овој болен?
    5.Една жена на психијатриското одделение со тивко и споро зборување и вперен поглед во плафонот постојано се обвинува за смртта на нејзините пријатели и за финансиската криза на граѓаните. Од која болест боледува оваа жена?
    6. Едно девојче на возраст од 10 години се чувствува непријатно поради тоа што во присуство на непознати лица по неколку пати повторува одделни слогови и зборови. Како се вика болеста кај ова девојче?
    7. Пациент кој боледува од душевна болест во текот на своите разговори секогаш зборува за неважни работи, излагајќи ги премногу опширно. За кое растројство станува збор?

    да не ги имате одговорите на овие прашања? :Д
     
  16. Dean Petrov

    Dean Petrov Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    alo abe dajte odgovori po matematika strucno 4 ta godina
     
  17. st_m

    st_m Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имам одговори по Програмски jазици ПМА, пишете ми ако ви требаат.
     
  18. skopjevodno

    skopjevodno Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  19. Nina69

    Nina69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    ДЕВОЈКИ! може да ми помогнете уште овие ми останаа неодговорени(psihologija ohb)
    21.Марко не спиеше цела вечер,беше излезен на забава со другарите.Тој е ненаспан,уморен,и под дејство на алкохол.Кои фактори влијаат на перцепцијата на Марко?

    22.Надворешни фактори што влијаат врз процесот на перцепирање зависат од?

    38.Според психоаналитичката теорија,тврдењето дека ,,тоа што не го знаеме,не може да не повреди”најдобро го илустрирра еден од наведените одбрамбени механизми:

    40.Марко е под голем стрес пред престојниот тест.Што од наведеното треба да направи тој за да кажеме дека користи реалистичен пристап на реакција при стресна ситуација?

    43.Кога новото учење го оневозможува сеќавањето на порано научените информации станува збор за:

    45.Ако условната дразба се дава повеќе пати без да биде проследена со безусловна дразба,може да очекуваме дека:

    49.Наставникот толку силно се сеќавал на бишите ученици,што имал потешкотија во помнењето на имињата на новите ученици.Проблемот на наставникот најлесно може да се објасни со:

    55.Што од наведеното е пример за краткотрајна меморија.

    63.Што од наведеното ја опишива фазата на препарација при решавање на проблемот?

    66.

    70.Со еден психолошки експеримент се испитувало влијанието на позитивниот повратен одговор на наставникот врз мотивацијата на ученикот за постигнување.Што во наведениот пример е зависна варијабла?

    72.Кога имаш некој проблем поради кој се чувствуваш безнадежно и потиштено,многу ќе ти помогне доколку чувствата ги споделиш со другар или другарка.Како тоа го објаснува психологијата?

    74.Кога за некого сметаме дека има страст кон музиката,користејќи го јазикот на психологијата ќе кажеме дека:

    79.Што е независна варијабла во експерименталното истражување?

    90.Учењето по пат на обиди и грешки го испитувал:

    94.Ако сакаме експериментално да докажеме дека учениците кои учат подолго време добиваат подобри оцени,што од наведеното ќе биде фактор кој ќе го менуваме,односно независна варијабла?

    97.За каков вид на мислење станува збор кога Јове размислува за својот мотор од соништата,за дизајнот и оригиналните делови?

    100
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    види поназад во темата,јас ги ставив сите прашања ;)
     
    На zagrizena1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.