Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Од денес ќе почнам да ги одговарам прашањата по историја и психологија изборен,па на кој ќе му требаат нека пише порака.
    Ако ги има некој одговорите за социологија изборен,ако сака нека ми ги прати. :)
     
    На marijanaaaa90, Nesimoski, sofi4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Belle1995

    Belle1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    феминки ако ги имате хемија одговорите за природно-математичко подрачје-Б ве молам пратете ми ги. :)
     
  3. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    54
    АКО МОЖЕ МАЛКУ ПОМОШ ЗА ПРАШАЊАТА ОД ПРОГРАМСКИ ЈАЗИЦИ ЗА ЧЕТВРТА ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ КОМ.А .МНОГУ СЕ ТЕШКИ.БЛАГОДАРАМ МНОГУ
    И ЈАС КОГА КЕ ОДГОВОРАМ НЕШТО КЕ СТАВАМ ОВДЕ
     
    На Ana-sk и feminium им се допаѓа ова.
  4. gjingjerka

    gjingjerka Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    deckii dali nekoj gi ima odgovoreno prasanjata komparativna knievnost ii psihologija?
     
    На pavlina-pale му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happy16

    happy16 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    ЛОГИКА – екстерно тестирање
    1. Формите и законите на расудувањето кои покажуваат кои
    искази нужно следуваат од определени претпоставки се
    нарекуваат: ЛОГИЧКИ
    2. Како се делат поимите според содржината? КОНКРЕТНИ и АПСТРАКТНИ
    3. Што се категории? Категории се подвид на општите поими, тие се НАЈОПШТИ ПОИМИ, не можат да се подведат под други поопшти поими
    4. Кој од наведените поими е контрадикторен на поимот добар? НЕДОБАР
    5. Што е синтеза? Методска постапка спротивна на анализата, СОЕДИНУВАЊЕ НА НЕКОИ ДЕЛОВИ ВО ЕДНА ЦЕЛИНА
    6. Кој ги поставил основите на теоријата на дефиницијата? АРИСТОТЕЛ
    7. Кога текот на мислата оди од сложеното кон поединечното
    имаме: АНАЛИЗА
    8. Која е главната функција на знакот? СООПШТУВАЊЕ НЕШТО НЕКОМУ, ИНФОРМИАРЊЕ НЕКОГО ЗА НЕШТО
    9. Множеството од типови знаци и начините на толкување на
    тие знаци во секој природен јазик се: БЕСКОНЕЧНИ
    10. Природните јазици наспроти вештачките јазици се однесуваат
    како:
    11. Кои се вештачки јазици? ЈАЗИКОТ НА ЛОГИКАТА, МАТЕМАТИКАТА И ПРОГРАМСКИТЕ ЈАЗИЦИ
    12. Кој е првиот услов за да се оствари еден рационален
    комуникациски чин? СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ
    13. За разлика од природните јазици, вештачките јазици се
    градат врз: ИДЕОГРАФСКИ ПРИНЦИП, ЗА СЕКОЈ ПОИМ СЕ КОРИСТИ ЕДЕН СИМБОЛ
    14. На какви правила се темели логичката рационалност? НА ОПШТИ ПРАВИЛА, таа покажува кои искази нужно следуваат од определни претпоставки и кога врската меѓу нив овозможува вистинити заклучоци
    15. Инструменталната рационализација уште можеме да ја
    наречеме и: ПРАКТИЧНА РАЦИОНАЛНОСТ
    16. Кој е творец на логиката? АРИСТОТЕЛ
    17. Како се делат поимите кога со нив се изразува присутнoст
    или отсутност на некое свoјство? ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ
    18. Кој збор не е синоним на зборот трансформација? Некој збор што не асоцира на преобразба, промена
    19. Каков е односот меѓу родовиот и видовиот поим од аспект на
    нивната содржина и обем? Односот е обратнопропорционален – колку шѕо обмот е поголем, толку содржината е помала
    20. Кои од наведените класи поими се празни? Класа која не содржи елементи
    21. Кои се самопротивречни поими? Празни поими чиј обем ниту некогаш содржел, ниту ќе содржи елементи (пр. кружен квадрат)
    22. Одреди го поимот со најмал обем? Оној кој има најмалку видови поими
    23. Кои услови обично треба да се задоволат при примена на
    методот - посматрање? ПСИХОЛОШКИ И ЛОГИЧКИ
    24. Како се дели номиналната дефиниција? ЛЕКСИЧКА И СТИПУЛАТИВНА
    25. Кои видови средни вредности се користат во статистиката? АРИТМЕТИЧКА СРЕДИНА, МОДАЛНА ВРЕДНОСТ И МЕДИЈАНА
    26. Со кој симбол се изразува негацијата во логиката на
    исказите? ~ НЕ
    27. Доколку еден исказ е вистинит кога дејствува негацијата,
    сложениот исказ што се добива ќе биде: ЛАЖЕН
    28. Со која од наведените науки може да ја утврдиме вистината? ЛОГИКА
    29. Поимите: моќ, сила, љубов се: АПСТРАКТНИ
    30. Во каков однос се наоѓаат поимите математика и алгебра? СУПЕРОРДИНИРАНОСТ И СУБОРДИНИРАНОСТ
    31. Кој однос помеѓу паровите на поими изразува контрарност? ДВА КООРДИНИРАНИ ПОИМИ КОИ МЕЃУСЕБЕ НАЈМНОГУ СЕ ОДДАЛЕЧЕНИ, СПРОТИВСТАВЕНИ
    32. Конјункцијата е: СЛОЖЕН ИСКАЗ КОЈ СЕ ОБРАЗУВА ОД ЕЛЕМЕНТАРНИ ИСКАЗИ СО ПОМОШ НА СВРЗНИКОТ „И“
    33. Кој од наведените поими се во однос на суперординираност?
    Првиот поим треба да го опфаќа во својот обем вториот (пр.спорт – фудбал)
    34. Со јазикот на логиката на исказите изразете го следниов
    исказ: ,,И врне и вее”. p•q
    35. Кој од овие сложени искази е дисјункција? Треба да има сврзник „ИЛИ“ V
    36. Доколку кај конјункцијата во исказот неговите конституенти
    си ги променат местата, тогаш вредноста на сложениот исказ: нема да се смени, останува иста
    37. „Сакам да студирам математика или информатика”. Овој
    исказ е: ВКЛУЧИТЕЛНА ДИСЈУНКЦИЈА
    38. Што е логички доказ? Дедуктивно изведување на тезата од аргументите чија вистинитост е претходно утврдена
    39. Што означува зборот комуникација? ОПШТЕЊЕ, ПРОЦЕС НА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ВРСКИ И ВЛИЈАНИЕ ПОМЕЃУ КОИ И ДА БИЛО НЕШТА или ОДНОС ПОМЕЃУ ЛУЃЕТО КОЈ ПОДРАЗБИРА СВЕСНА ЧОВЕКОВА ДЕЈНОСТ
    40. Експерименталната ситуација ја сочинуваат: ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ ОБЈЕКТ И ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ ЧИНИТЕЛ
    41. Кога се трансформира логичката рационалност во практична
    или во иструментална? Кога формата на расудување ја поврзуваме со постигнување на поставени цели
    42. Кои од наведените низи припаѓаат на логички празни класи? Ниту имала, ниту било кога ќе има елементи
    43. Кои од наведените парови поими се вкрстени? пр. ученик- одбојкар (меѓу учениците има одбојкари, но не сите... меѓу одбојкарите има ученици, но не сите)
    44. Кога логичката рационалност ја применуваме во решавање на
    некој конкретен проблем велиме дека: преминала во практична (инструментална) рационалност
    45. Кое својство на исказот ја сочинува неговата логичка
    содржина? Својството да имаат вредност на вистинитост – да бидат вистинити или лажни
    46. Која логичка гранка од формалната логика се занимава со
    пресметување на искази? Логика на исказите
    47. Односот помеѓу поимите главен град на Република
    Македонија и градот под Водно е: ЕКВИПОЛЕНЦИЈА
    48. Во каква релација се поимите бел и небел и човек и нечовек? КОНТРАДИКТОРНОСТ
    49. Што е предмет на изучување на формалната логика? ОТКРИВАЊЕ НА ЛОГИЧКИТЕ ЗАКОНИ И ЛОГИЧКИТЕ СЛЕДСТВА
    50. Посматрањето и за експериментот се: ЕМПИРИСКИ МЕТОДИ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ ЕЛЕМЕНТАРНИ ИСКАЗИ
    51. Сложениот исказ конјункција се образува од: ЕЛЕМЕНТАРНИ ИСКАЗИ И СВРЗНИКОТ „И“
    52. Множеството од типови знаци и начините на толкување на
    тие знаци во секој природен јазик се: БЕСКОНЕЧНИ
    53. Какво е излагањето кое е необразложено, неповрзано и
    конфузно излагање во кое има искази кои си противречат
    едни на други? НЕЛОГИЧНО
    54. Кога комуникацијата се одвива со различни видови знаци
    кои се поврзани и систематизирани по определени принципи
    се мисли на: ЈАЗИК
    55. Што се логички закони? Искази кои се секогаш-вистинити
    56. За сликата на авторката Касиопеја Наумоска можеме да
    кажеме дека е прекрасна, со перспектива во која јасна е
    пораката, но не можеме да кажеме дека е логична, ниту
    нелогична. За неа се вели дека е: АЛОГИЧНА
    57. Кој ги поставил основите на науката за знаците? Чарлс Сандерс Пирс
    58. Дали македонскиот јазик може да се претстави како код? НЕ
    59. Која гранка на логиката ги иследува логичките закони и
    логичките следства кои се засноваат не само на поврзаноста
    на исказите туку и на нивните делови? ЛОГИКА НА ПРЕДИКАТИ
    60. Определи која реченица не е исказ. Онаа во која ниту се тврди, ниту се одрекува и која нема вистинитосна вредност
    61. Како се нарекува смисловната реченица со која нешто се
    тврди или се одрекува? ИСКАЗ
    62. Кој е првиот услов за рационалноста на еден наш
    комуникативен акт? Слобода на изразување
    63. Вредност на вистинитоста е: својство на исказите да бидат или вистинити, или лажни
    64. Кои искази ги викаме партикуларни искази? Оние искази кои се однесуваат на група објекти кои се само дел од некоја класа
    65. Која е гранката на логиката која се занимава со
    пресметување на исказите? Логика на искази
    66. Што е неопходно за одвивање на методската постапка
    посматрање? Да постои ПРЕДМЕТ и ЦЕЛ на посматрањето
    67. Експериментот може: да биде лабораториски или теренски
    (или пак, може намерно да ја предизвикува појавата за да ја проучува)
    68. Што е мерење? Методска постапка за точно одредување на квантитетот на нештата
    69. Кога велиме три јаболки, три банани, бројот три е својство
    на: КЛАСИТЕ (а не на јаболките и бананите)
    70. Какви видови мерења постојат? ДИРЕКТНИ И ИНДИРЕКТНИ
    71. Како се нарекува областа која ја истражува смислата на
    зборовите? (КОНОТАТ)
    72. Каква е класата на природни броеви? БЕСКОНЕЧНА
    73. Горан по предметот математика ја доби следната низа на
    оценки: 2,3,3,4,4,4,4,5,5. Наставничката му изведе оценка 4
    користејќи: МЕДИЈАНА (ТОЧНО НА СРЕДИНА НА НИЗАТА Е 4) И МОД (НАЈЧЕСТА ОЦЕНКА Е 4)
    74. Која од речениците не е исказ? Не тврди и не одрекува и нема вистинитосна вредност
    75. Како се вика својството на исказот кое ја сочинува неговата
    логичка содржина? Вредност на вистинитост
    76. Подредете ги поимите од низата, прв да биде тој со најголема
    содржина, а последен тој со најмала:
    77. Одреди каков е исказот: „Некои ученици се надарени за
    цртање”: партикуларно - афирмативен
    78. Старата изрека ,,Ако баба лаже тогаш трап не лаже”: е ИМПЛИКАЦИЈА
    79. Методската постапка со која го насочуваме вниманието кон
    определена појава со цел да ја познаеме онаква каква што е,
    без притоа да ја менуваме се вика: ПОСМАТРАЊЕ
    80. Како се вика експериментот кој се изведува во специјално
    создадени услови? ЛАБОРАТОРИСКИ
    81. Марко треба да ја измери густината и топлината на воздухот.
    Тие се: интензивни својства и се мерат ИНДИРЕКТНО
    82. Kога две низи истовремено растат или истовремено опаѓаат,
    велиме дека: има ПОЗИТИВНА КОРЕЛАЦИЈА
    83. Кое е другото име за методологијата? ПРИМЕНЕТА ЛОГИКА
    84. Како се нарекуваат нештата кои ја сочинуваат класата? ЕЛЕМЕНТИ НА КЛАСАТА
    85. „Сите луѓе имаат потреба од вода”. Овој исказ е: УНИВЕРЗАЛНО-АФИРМАТИВЕН
    86. За каков исказ станува збор ако тој понатаму не може да се
    подели на попрости искази? ЕЛЕМЕНТАРЕН
    87. Ако предмет ни се јатото на јагули од Охридското Езеро, што
    ќе ни биде целта ако знаеме дека треба да постои предмет и
    цел на посматрањето? НАЧИНОТ НА РАЗМНОЖУВАЊЕ
    88. Задача на современата формална логика е откривањето на: НАЧИНИТЕ НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ И ИСКАЗИТЕ КОИ ИМААТ ОПШТО ВАЖЕЊЕ, НЕЗАВИСНО ОД СОДРЖИНАТА
    89. Кој од наведениве поими е единечен? Оној кој во својот обем опфаќа само еден ентитет
    90. Обемот на поимот се одредува со делба, а неговата содржина
    со: ДЕФИНИЦИЈА
    91. Кои логички дисциплини ги опфаќа логиката во пошироко
    значење? Теорија на познание, Формална логика и Методологија
    92. Пронајди го предикатот во исказот: „Аристотел е творец на
    логиката”. Творец на логиката
    93. Според тоа, дали исказите нешто тврдат или одрекуваат,
    може да бидат: АФИРМАТИВНИ И НЕГАТИВНИ
    94. Доколку зборуваме за пресметување на обемот на варирање
    зборуваме за: одземање на вредноста на најмалиот член на низата од најголемиот член (колкав е распонот)
    95. Кој услов на посматрањето го нарекуваме логички услови? ЕГЗАКТНОСТ, ПРЕЦИЗНОСТ, МЕТОДИЧНОСТ
    96. Кои се предностите на посматрањето како методска
    постапка? СЕ ИСТРАЖУВА ВО ПРИРОДНИ УСЛОВИ (истражувачот не ја предизвикува појавата, не ја забрзува, не ја забавува)
    97. Што е класификација? СИСТЕМАТСКА ПРИМЕНА НА СУБДИВИЗИЈА И КОДИВИЗИЈА ВО НЕКОЈА ОБЛАСТ
    98. Каде се применува директното мерење? НА ЕКСТЕНЗИВНИ СВОЈСТВА (маса, должина, време)
    99. Допуштањето исказите да имаат повеќе од две вредности на
    вистината се нарекува: ПОЛИВАЛЕНТНА ЛОГИКА
    100. Како со јазикот на логиката ќе го изразиш следниов исказ:
    ,,Ако одам за Лондон, тогаш и Весна ќе дојде со мене”?
    p)q потковица
     
  6. Lady995

    Lady995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Кој има одговори на прашањата за природно-математичко подрачје Комбинација Б, нака прати. позз ^^
     
  7. Martina156

    Martina156 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Kај што се одговорите од логика 73то прашање мислам дека е Аритметичка средина?? Бидејќи истиот пример го има во учебникот
     
  8. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Одговорите пишете ги на темава а не во лп. Браво за оној кој ја креирал сметам дека многу ќе ни користи на сите.

    Не сум четврта година, но една блиска личност ми ги прати прашањата и баш проверив дел од нив ги има на интернет, најмногу текстовите по англиски.
     
  9. Nia.Kalli6

    Nia.Kalli6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Кој има одговори на прашањата за:
    Македонски јазик и литература ( Задолжителен предмет ) ?
     
    На gabidoneva и mancevg им се допаѓа ова.
  10. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    а ги има некој германски одговорите?? ;)
    јас македонски почнав, ама има многу бесмислени прашања...какви чувства буди песната --- ;) од кај јас ќе знам кое чувство го имал тој што ги правел прашањата.... |(
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    и ја ги барам германски,македонски англиски,физика за мат А...
     
    На Ana-sk и Smurfette.M им се допаѓа ова.
  12. bitola123

    bitola123 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    физика Матем.Б некој да не ги решава..??
     
  13. Sanja95

    Sanja95 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Dali ima nekoj reseno prasanja eksterno za ekonomski smerovi ?
     
  14. Belle1995

    Belle1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Овие прашања филозофија што ги имате ставено не се истите, изгледа ги имаат сменето..:@
     
  15. happy16

    happy16 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12

    ima filozofija izborna i zadolzitelna
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    абе го имат сменето редоследот ;)
    п.с.зборам за ЗАДОЛЖИТЕЛНА
     
  17. happy16

    happy16 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    btw pisi mi u inbox koi prasanja ti trebaat ke ti gi dadam gi imam i od izborna i od zadolzitelna :)
     
  18. happy16

    happy16 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12

    oo aham okej :)
     
  19. Ana-sk

    Ana-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Дали ги има некој одговорено прашањата германски или за некој предмет мат А? :(
     
  20. katy995

    katy995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ке може филозофија изборен одговорите ? :))
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.