Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angew4ence

    angew4ence Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    ги имаш на 2-ра страна од форумов
     
  2. angew4ence

    angew4ence Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Барај од 30 натака ги имаш сигурно
     
  3. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Ве моламмм ако има некој филозофија ама ИЗБОРЕН ???????????? :( :( :(
     
  4. angew4ence

    angew4ence Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    9. Кои се теоретски дисциплини на филозофијата? онтологија, гносеологија, логика, антропологија, аксиологија, етика, економика, политика, естетика, педагогика
    18. Хилозоизам е: став на Талес дека во природата сите нешта имаат душа
    27. Што е суштина на сè што постои според Питагорејците? Бројот
    30. Што е логос во учењето на Хераклит? Сеопшта космичка законитост, логос ( ум, разум,закон,дух,смисла)
    61. Која е главната идеја во мислата на Хераклит „panta rei“?Се тече, се се менува
    66. Како се нарекува божествениот глас кој го предупредувал
    Сократ да не прави лоши дела? Дејмонион
    81. Според Аристотел, овој свет е составен од единечни нешта и
    кај секое единечно нешто разликува: граѓа (материјал) и форма (облиик)
    82. Аристотеловите логички сознанија се собрани во книги со
    наслов: Органон
    93. Верувањето во повеќе богови се нарекува: политеизам
    102. Како се нарекува периодот во филозофијата од први до осми
    век, кога се гради и разработува христијанската наука? Антика
    103. Во средиштето на Августиновата филозофија Бог има
    средишно место. Ова филозофско учење е познато како: латинска патристика
    104. Кој е авторот на делото „За божјата држава“?Августин
    112. Кој исламски мислител го напишал делото „Несистематичност
    на несистематичноста“?Ибн Рушд
    113. Според Авероес (Ибн Рушд) какво е местото и улогата на
    философијата во однос на религијата? Филозофијата е близначка на религијата – тие се пријателки кои меѓусебно се сакаат
    119. Во византиската теологија и филозофија познат е
    исихастичкиот спор помеѓу: Григориј Палама (мистицизам) и Варлаам ( рационализам)
    121. Што застапува реализмот во сколастиката? Идеите вистински постојат, единечните нешта се минливи
    124. Кој е автор на првата дефиниција на словенски јазик за
    филозофијата? Св. Кирил
    134. За ренесансата е карактеристична критиката на: догматизмот
    137. Кој ренесансен филозоф е запален на Цветниот плоштад во
    Рим? Џордано Бруно
    138. „Се е поврзано со се“ - е филозофска идеја која прв
    експлицитно ја формулира кој? Џордано Бруно
    139. Кој метод го предлага Бекон во современата наука? индукција
    144. Филозофскиот правец на Беркли според кој „Постојам само
    јас“ е: солипсизам
     
  5. Amy.96

    Amy.96 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Aj ve molam nekoj ako ima barem del od novite prasanja programski jaz. (PMA) neka gi objavi
     
  6. wewwwww

    wewwwww Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ПОМОШ НЕКОЈ АКО ЗНАЕ :)
    17.Каде завршува последното патување на Ашенбах?
    19.Следнава карактерна црта е актуелна во квалификациите на сведоците кои говореле за ликот на Мерсо:
    22.Значењето на поимот „натурализам“, со кој се определува литературниот правец од крајот на XIX век, е преземено од областа на:
    37 .Модерната тенденција за возобновување на уметноста со елементи кои дотогаш имаат третман на антиуметност, својот најсилен израз го добива во рамките на:
    38 .Категоријата отуѓување е неизоставен дел од естетиката на:
    41 .Која мисла го одржува Андреј Соколов во живот во логорот?
    43 .Приказната во делото ,,Павиљон бр. 6“ го интензивира дејството врз читателите преку претставувањето на:
    44 .Реализмот на 20 век се разликува од оној во 19 век во однос на:
    56 .Техниката на разоткривање на однесувањето на карактерите во сегашноста зависно од разобличување на нивното минато применета во драмата „Куќа на куклите“(„Нора“) на Хенрик Ибзен се нарекува:
    57 .Во која драма создадена од Х. Ибзен се применуваат постапки на критика и ангажман карактеристични за епохата на развиениот реализам?
    59 .Според основните начела на пое тиката на симболизмот секогаш предност има
    66 . Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.
    ,,Малото прсте – просенце
    а до него – бобенце,
    а до него – грозјенце,
    а до него – лешниче,
    а до него – јаготче,
    врапче да го чапне,
    шатче да го лапне!“
    Користењето на деминутивот во наведениот извадок упатува на:
    68 .Прочитај го извадокот и одговори на прашањето.
    ,,...И само сè да се сврши, .., ми останува да пожелам...“
    Што посакува Мерсо, ликот од романот „Странецот“ на А.Ками?

    74 .„Островот Сахалин“ од Антон П. Чехов според жанрот е:
    88 .Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.
    ,,Јас ќе ти сторам голема чест-за тие зборови сега лично ќе те стрелам. Овде е незгодно, ајде в двор, таму ќе платиш.“ - ,,Ваша волја“ – му велам. Тој постоја, се подума, па го фрли револверот на маса и тура полна чаша шнапс, зеде резанка леб, кладе на неа парче сланина и сето тоа ми го подава мене и вели: ,,Напиј се пред смртта, Русине Иване, за победата на германското оружје.“
    Јас веќе ги бев зел од неговите раце чашата и мезето, но кога ги слушнав тие зборови – небаре оган ме опали! Си мислам со умот ,,Зарем јас, руски војник, да пијам за победата на германското оружје?! Ами, хер командант, да не би да сакаш и нешто друго? Јас сеедно ќе умрам, оди по врага ти и твојата вотка!“
    Кое својство на ликот, авторот го претставува во наведениот извадок?
    102. Прочитај ги внимателно стиховите од песната ,,Созвучја“ од Шарл Бодлер и одговори на поставеното прашање.
    „Во бесконечност растеж да имаат волен,
    Како амбра, миск, темјан, низ кои ни се знајни
    На духот и сетилата односите тајни...“

    Која идејна порака искажана посредно со овие стихови лежи во основата на поетиката на Бодлер?
    115.Во творештвото на М. Шолохов е претставена сликата на:
    116.Момчето Таѓо, за главниот лик во делото ,,Смртта во Венеција“, претставува:
    117.Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.
    „Постојат мириси свежи како детска кожа,
    Благи како обоа, зелени како поле...“

    Која стилска фигура како одлика на поетиката на Шарл Бодлер е уочлива во овие стихови?

    120.Изразот: „Тој ми се закани, но јас не се исплашив.“ е пример за користење на:
    121.Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.
    ,,Кој и го руши на крвта ѕидот,
    кој ми го краде слухот,
    кој го одзема видот,
    кој пласт врз пластје реди,
    кој тоа во мене невидлив седи?“
    За кое стилско изразно средство станува збор кога се повторуваат зборови на почетокот на секој следен стих?
    140Која е основната тематска преокупација во творештвото на авторите од модерната епоха?
    141Во која функција е деталноста на описот и на портретот во времето на реализмот-натурализмот?
    142Со кои клучни зборови се определува идејата во романот „Смрт во Венеција“ од Томас Ман?
    143Главен теоретичар на натурализмот е:
    144На колку структурни целини според текот на дејството е поделен романот ,,Странецот“?
    148Примената на детални описи во творештвото од натуралистичкиот период предизвикува:
    151Во Стара Грција беседништвото се однесува на:
    152Модерните правци во литературата имаат однос кон книжевните принципи зачнати во епохата на:
    154Во групата на сематички фигури (тропи) припаѓаат:
    159.Во поетиката на авангардната уметност е силно изразено спротивставувањето на:
    177.Преку стиховите на песната ,,Созвучја“ од Шарл Бодлер се дава слика за:
    178.,,Изгледа како сиот настан да го разгледуваат надвор од мене. Сè се одвиваше без мое учество.“ Со оваа изјава Мерсо, ликот од романот „Странецот“ на А. Ками, покажува дека е:
    184.Кои категории се централни во филозофијата на егзистенцијализмот врз чија основа се создаваат книжевните конфликти и дејства во делата?

    186. Какви спрцифични елементи се вклопуваат во творештвото на реализмот во XX век?
    187.Во кој јазичен исказ е употребена алитерација?
    194.Кој бил основниот принцип на соц-реализмот?
     
  7. coco-chanel18

    coco-chanel18 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ќе ве молам ако некој ги има одговорено прашањата по латински јазик, за јазично-уметничко подрачје А. Фала ви мнооогу однапред. ;)
     
  8. biggirl18

    biggirl18 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Одговорите за ГРАЃАНСКО И БИЗНИС стручно(физиотерапевтски техничар) ?
     
  9. biggirl18

    biggirl18 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ај ако може пратете ми ги одговорите за бизнис и граѓанско(ако ги имате бизнис) :D
     
  10. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    го има некој редоследо на старите прашања физика ПМА??
    или одговорите по новиов редослеД?
     
  11. temovasnezana

    temovasnezana Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    де некој нека ми ги испрати прашањата по граѓанско
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stefi.kostovska96

    stefi.kostovska96 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Македонски прашањата за стручно образование.
    Некој не се одговорени ако ги има некој нека ги напише :)
    1 . Каков е фразеолошкиот израз „го собра кајмакот“, според степенот на слеаноста?
    - Фразеолошко единство.
    2. Што проучува фразеологијата?
    - Фразелогијата е дел од лексикологија која ги проучува зборовните состави како јазични единици.
    3. Јазичниот израз на мал колектив луѓе кои немаат некои позабележителни јазични разлики се вика:
    - Јазичниот говор на мал колектив луѓе се вика говор.
    4. Најопштата поделба на западното македонско наречје е на:
    - Централни говори и периферни говори.
    5. Со кој настан започнува дејството во романот „Странецот“ од Албер Ками?
    - Смртта на мајката на Мерсо.
    6. Учебниците и учебничките помагала се родови на:
    - Научно-учебнички стил.
    7. Прочитај го извадокот од драмата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов и одговори на поставеното прашање.
    „ Пензиониран професор, стар скржавец, учена риба... Подагра, ревматизам, мигрена, црниот дроб отечен од љубомора и завист... Таа риба живее на имотот на својата прва жена, живее од неволја, зашто ќесето не му дозволува да живее во градот. Постојано се жали на своите несреќи, иако, всушност, е многу среќен“.
    Кој лик од драмата дава соодветен опис за професорот Серебрјаков?
    -
    8. За кој стил се карактеристични непосредноста, неподготвеноста и спонтаноста?
    - Разговорен стил.
    9. Како се чувствува Елена од драмата „Вујко Вања“ на имотот во селото?
    - Елена се чувствува задушена на новиот имот, бесцелно живеење, со многу додворувања, сожалувања и потценувања дека физичката убавина е целиот нејзин имот, а духовно е празна и безвредна.
    10. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „...Ретко кој ги прашува и ги консултира средношколците за нешто освен за екскурзија или фотографии за матура.Човекот како личност започнува да се гради уште од најрана возраст, но најголемиот дел од неговите карактерни особини, начинот на живот и навиките ги стекнува како средношколец. Годините поминати во средното училиште за секој млад човек се особено значајни. Ова е важен период од животот на секој од нас. Тогаш почнуваме да се осознаваме себе си и светот околу нас. Го напуштаме детството и зачекоруваме во светот на возрасните. Размислуваме за сопствената иднина, но и за иднината на општеството во кое живееме. Имаме свое мислење, градиме свои ставови. Но, дали некој го слуша нашиот глас, нашето мислење, нашите барања? Еден од најизразените проблеми со кој се соочуваат средношколците и кој сакаат да го надминат е нивното учество и улогата во средношколските заедници. Ретко кој од менаџерските тимови на училиштата во нашата држава ги прашува и ги консултира средношколците за определени прашања и проблеми што ги засегаат училиштата и образовниот процес во целина. Мислењето на средношколците се слуша, иако не секогаш и секаде, единствено кога треба да се реши дестинацијата за екскурзија или, пак, да се избере фотографот за матура. За сите други важни прашања (квалитетот и разбирливоста на учебниците, екстерното оценување, начинот на работата и оценување на професорите, односот на професорите кон учениците и др.) средношколците се исклучени од процесот на консултации и донесување одлуки.“
    За каков вид креативно пишување станува збор?
    -
    11. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.
    ,,Човекот се убива зашто нема смисла да живее - ете ја несомнената, но сепак, нужна вистина зошто е банална. Меѓутоа, дали нападот на животот, тоа порекнување на животот, произлегува оттаму што животот воопшто нема смисла? Бара ли неговата апсурдност од него да побегнеме со помош на надежта или самоубиството?
    . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
    Но Сизиф учи на вишата верност која ги негира боговите и подига камења. Тој исто така смета дека сè е добро. Овој свет од сега без господари не му се чини ни јалов ни ништавен.Самата борба да се стигне до врвот, доволна е да го исполни човековото срце. Сизиф треба да си го претставиме како среќен.“
    Во есејот ,, Митот за Сизиф“ Ками за животот смета дека е апсурден:
    - Баналност на секојдневниот живот, немање на желби, младешки амбиции, индиферентност кон стварноста и присуство на смртта.
    12. На кој период од развојот на светската литература му припаѓа творештвото на Михаил Шолохов?
    - Социјалистички реализам.
    13. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Странецот“ од Албер Ками и одговори на прашањето.
    „Потоа дојде ред на Ремон, кој беше последен сведок. Ремон ми даде мал знак и рече дека сум невин. Но, претседателот изјави дека не барале од него проценување, туку факт. ...Побара од него точно да ги определи своите односи кон жртвата........и го праша како дошло до тоа писмото што беше во почетокот на драмата да биде напишано од мене.“
    Која е поврзаноста на Ремон со Арапот кој е убиен од Мерсо?
    - Арапот бил брат на неговата метреса на кој тој и плаќал се.
    14. На кој период од развојот на светската литература му припаѓа творештвото на Чехов?
    - Реализам-натурализам. (XIX век).
    15. Прочитај го внимателно извадокот од делото „ Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет и одговори на прашањето.
    „ ВЛАДИМИР: Прашањето не е во тоа. Што правиме ние тука, тоа е прашањето. А нашиот благослов е во тоа што ние случајно го дознаваме одговорот. Да, во оваа огромна збрка само ова нешто е јасно. Ние го чекаме Годо. Годо да дојде.“
    Каков лик е Годо?
    - Надежта која е се што им останува на ликовите.
    16. Кој стил ја покрива областа на науката и образованието?
    - Научниот стил (научно-учебнички).
    17. Основата на македонскиот стандарден јазик ја сочинуваат говорите од:
    - Скопско-велешки, прилепско-битолски и кичевско-поречки говори.
    18. Последната фаза од развојот на реализмот се вика:
    - Натурализам.
    19. Која наука се занимава со начините на пишување или на зборување при употребата на јазикот?
    - Лингвистика.
    20. Најсложениот говорен вид во кој водителот, со мал број зборови, но авторитативно и сигурно организира разговор и го води кон замислената цел се вика:
    - Водителство или конферанса.
    21. На кое дело не е автор Семјуел Бекет? (Негови најзначајни дела се романите: „Марфи“, „Молоа“, „Малон умира“, „Неименливото“; драмите: „Чекајќи го Годо“, „Крај на игра“, „Среќни денови“, „Игра“; и апстрактни, многу кратки драмски акти: „Појди - дојди“ (со 121 збор) и „Чин без зборови“ (нема зборови))
    -
    22. Зборовите: млого, млозина, земња, ламња, пилики, прасики, староќа, самотиња, му припаѓаат на:
    - Северно македонско наречје.
    23. Што вклучува концепцијата на говорот?
    -
    24. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Возови проваѓав. Прелетујев покрај живу ограду, задишано, силно, победнички. Деца не пропуштав нијед`н од њима, а да не му дадев име. Галамив. Ако, нека галамив. На старицу не ву сметав. Ни возови, ни деца. Она ништо не слуша. Само гледа како пијана у чаршави, под багреми. Белењето ву е најсилна поезија на душу. На старицу ву са замрежисва очите. Плав конац около главу што ву ги држи научаре су ву поолабави, висна. Наочаре ву паднасва и се искршисва. Она не ги подигна. Не. Иако беше завртена накуде багреми, старица не ги гледаше више чаршави постељени под њима.“
    На кој говор е напишан текстот?
    -
    25. Кој бил основниот принцип на социјалистичкиот реализам?
    -
    26. За кој стил се карактеристични изразите „политички молк“, „предизборен митинг“ и „политички маркетинг“?
    -
    27. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Деновиве од печат излезе дебитантскиот роман „Ненасловена месечева соната“ на Давор Стојановски, објавен со поддршка на Министерството за култура. Романот го одликува специфична структура, која си поигрува со неколку постмодернистички „конвенции“. Во делото, главно, се преплетуваат и се надополнуваат две приказни од два засебни романи. Првата приказна е за несреќен брачен пар, кој по голема лична трагедија посвојува едно напуштено бебе оставено покрај депонија и го вдомува без да го пријави во надлежните институции. Втората приказна се концентрира на необичната судбина на начитаниот, талентиран и повлечен Јон, кој чува една голема тајна и кој се опседнува со девојка што го потсетува на учителката по пијано од неговото детство. Романот покажува целосно зрел и оформен автор, кој е можеби и еден од најперспективните автори на една млада генерација писатели која допрва надоаѓа како убав бран.“
    За каков вид креативно пишување станува збор?
    -
    28. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „ Македонскиот јазик е сроден со другите словенски јазици и заедно со нив спаѓа во групата на словенските јазици. Нивната сродност се должи на заедничкото потекло. Сите словенски јазици водат потекло од еден прајазик - прасловенскиот, кој води потекло од индоевропскиот прајазик.“
    Кој потстил и стил ги препознаваш во овој извадок?
    -
    29. Фразеолошките изрази се зборовни споеви кои се одликуваат со:
    -
    30. Прочитај ги внимателно текстовите и одговори на прашањето.
    „КОСТАДИН: Слушај! Постара си, а јас ум да ти давам! Збери си го умот и размисли:
    Зошто татко ми си ги остави коските на печалба? Зошто јас не сум чул ни
    еден збор од неговата уста? Зошто цел век јадеме сол и црн леб? А и ти,
    додека можеше, миеше, пред празник туѓи куќи! Имаше маж само три
    месеци! А јас татко ни еден ден... Дење-вечер правеше метании за
    здравје на домаќинот, а куќата ти остана без домаќин...
    БОЖАНА: Што сум јас крива, та така ми зборуваш?... Јас и денес му палам кандило... Дваесет години тој ми е на ум... А сега, за тебе метании правам,
    Костадине, за да ти даде господ во животот помин, среќа! Дење-вечер сѐ
    за тебе се молам Костадине, да те чува Господ од лошо и на мајка да ми
    останеш жив и здрав...
    КОСТАДИН: Нема ден да не ти зборувам, мајко. Уште ли мислиш по некој ден на
    печалба да тргнам! Ете пак ти кажувам: како куче ќе гладувам, за корка
    леб да сум страден, динар да немам, само за печалба не зборувај ми!“
    „Тешко е да се рече од каде Костадин класно се осознал живеејќи, практично, во една изолација, сѐ до судирот со својот тест. Но, како и да е, тој не е единствениот што знае да размислува за поделеноста на светот на социјално угнетени и угнетувачи. Меѓутоа, иако е бунтовна природа што не сака да ја трпи неправдата, Костадин нема во себе ништо револуционерно. Како експлоатиран елемент тој не сторил ништо во своја одбрана, а уште помалку во одбрана на експлоатираната класа.“
    Што претставува вториот текст во однос на првиот?
    -
    31. Есејот е составен од:
    - Воведен дел, главен дел и завршен дел.
    32. Определи го стилот што е употребен во примерот:
    Член 5
    „Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, во органите на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, се употребува и во:
    -трговските друштва, претпријатијата, установите…“
    - Административен стил.
    33. Со која соседна јазична територија се граничи северната граница на северното македонско наречје?
    - Со српската.
    34. На кој вид фразеологизми припаѓаат изразите: златна свадба и златни раце ?
    - Фразеолошки спојки.
    35. Сложен облик на новинарско известување и јавно изразено мислење за една случка или појава со содржан став, суд и оцена се вика:
    - Коментар.
    36. Колку основни функционални стилови се разликуваат?
    - 5 (научен, публициски, уметничко-литературен, разговорен, административен).
    37. Кога кулминира дејството во драмата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов?
    - Во мигот кога Серебрјков им поставува услов да се продаде имотот. (им соопштува дека решил да го продаде имотот).
    38. Во процесот на подготовка за пишување есеј, најзначајно место зазема:
    - Предметот, односно темата која треба јазички да се изрази.
    39. На кој период од историјата на литературата припаѓа новелата „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов?
    - На XX век. (социјалистички реализам).
    40. Определи го стилот што е употребен во примерот: „Да знам - не знам, ама можам да прашам“.
    - Разговорен стил.
    41. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Вујко Вања“ од А. П. Чехов и одговори на прашањето.
    „ О, колку сум излажан! Јас го обожував овој професор, овој беден болен од подагра, јас работев за него како вол! Јас и Соња ги истиснувавме од овој имот последните сокови; ние, како да сме кулаци, тргувавме со лошо масло, грашок, урда, самите не го дојадувавме своето парче леб за да собираме од грошови и копејки илјади рубли и да му праќаме нему. Јас се гордеев со него и со неговата наука, живеев, дишев за него.“
    На кој лик од драмата „Вујко Вања“ се однесуваат овие зборови?
    -
    42. Со кои одлики е окарактеризиран еден од главните ликови (Естрагон) во драмата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет?
    - Емотивност.
    43. Според карактерот на комуникација која соговорникот ја воспоставил со слушателите се разликуваат:
    -
    44. Кои од наведените дела се дела на апсурдот?
    -
    45. Определи на кои говори припаѓа текстот: „У старо време мене когај ме свршиле, нишан кога смо мениле дошле салте троица људи на свршуење. И после три недеље сам седела ја свршена“.
    - Северно македонско наречје.
    46. Од кој крај е говорот во овој текст? „Си беше шо не си беше. Си беше една баба и еден дедо. Си нашле едно чупе и му го клале името Качка. Еден ден дедото и бабата ојдоа црква и му рекле на чупето да не тарашва ф куќи.“
    - Западно македонско наречје.
    47. Кои две функции на јазикот ги среќаваме во литературниот стил?
    - Комуникативна и естетска функција.
    48. Во кој период се развива дијалектологијата како посебна лингвистичка дисциплина?
    - XIX век.
    49. Според граматичкиот состав, фразеологизмот „бере душа“ се јавува во вид на:
    - Фразеолошко срастување (идиоми).
    50. Во кој потстил на научниот стил специјалистот во одредена област им се обраќа на неспецијалисти и настојува да ги заинтересира за својата научна област?
    - Научно популарен стил.
    51. Со која доминантна одлика е окарактеризиран главниот лик (Мерсо) во романот „Странецот“ од Албер Ками?
    - Рамнодушност.
    52. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов и одговори на поставеното прашање.
    „Свести се мила моја Иринке! Кажи ми барем еден збор на разделбава. А таа и зборува, и по секој збор липа: Мили мој Андрјуша... нема веќе... да се видиме... ние со тебе... на овој – свет.
    Дури сум жив, до послесдниот час, ќе умирам, ама нема да си простам што ја поттурнав тогаш! Па и на сон, се на сон, се така ја гледам... Зошто тогаш ја поттурнав? Срцево и досега, кога ќе си спомнам, со тап нож како да ми сечат.“
    Кој важен момент од животот на Андреј Соколов е претставен преку извадокот?
    - Разделбата на Соколов од својата жена.
    53. Определи го стилот што е употребен во примерот: „Си дошол, не си дошол - исто ми се фаќа“.
    - Разговорен стил.
    54. Коментарот е текст што содржи:
    -
    55. Внимателно прочитај ги двата текста и одговори на поставеното прашање.
    „Тогаш на ум и дојде детето: заживее та и таа ќе мора зaради него, макар и без Стојмира. Какво живеење? Со лага, рече. Може ли да се издржи едно живеење со лага? Се прашаше и препрашуваше и собираше рамења зашто не знаеше, таквото живеење допрва требаше да почне, тогаш кога ќе се роди лагата нејзина убава, животодавна, рече. Се виде во дните што идеа... и цел живот на терк: да ѝ се открие тајната, да ѝ чепне некој во вистината... И ништо да не стане од сето тоа, пак детето ќе окаже: на таткото ќе извиши. Само Стојмир, Бојан и Ѓошо Рибарот беа мажишта во Струга, другите се обични, а Мане... кутриот Мане е спечок. А како можело од спечок чинар да израсте? така ќе се прашуваат луѓето и домашните ќе се прашаат и ќе чепкаат ...“
    „Своевидна животна балада Малески претставил во ликот на Калина Костојчиноска Брашнарова Дабовјанска. За неа нејзината золва Надежда вели: „Какво здравје, каква убавина, каков оган“. Како мома ја доживува својата прва, голема љубов со Стојмир. По сугестијата на сестра ѝ дека таа не е за него.Стојмир е учен и во Белград ќе си најде некоја учена. Се согласува да ја омажат за Мане Брашнаров, синот на првиот струшки богатник. Со овој чин умира Калина Костојчиноска, момата-поезија, страст, занес. Дење е Калина Брашнарова, а ноќе сака да биде Калина Дабовјаноска, постојано мисли и тагува по Стојмир, мисли дека е родена само за него.“
    Што претставува вториот текст во однос на првиот?
    -
    56. Како се образуваат фразеолошките единства?
    - Кога зборовите во еден состав своето основно значење го заменат со преносно значење.
    57. Што се подразбира под терминот дијасистем?
    - Целина од дијалекти со речиси иста структура.
    58. Со што треба да биде поткрепен ставот што го изнесуваме во есејот?
    - Факти.
    59. Со каков стил се одликуваат предавањата и рефератите со кои слушателите се информираат за постигнатите резултати во различни области?
    -
    60. Во каква мисла ги води долгото и залудно чекање Владимир и Естрагон?
    -
    61. Во кои говори не се употребува интервокално В?
    -
    62. Кои од наведените говори се периферни говори на западното македонско наречје?
    - Горнополошки, дебарски, струшки, охридски, преспански, дримколско-голобрдски, вевчанско-радошки, малорекански (галички) и рекански (жировнички) говори.
    63. Прочитај го внимателно извадокот од романот „Крпен живот“ и одговори на прашањето.
    „ Шо да права мили боже.... Да си го остава чупето слепо, ќе ми а к`ни душата додека е живо. Да го прата на даскал, ќе ми се смеат вија орјатки, селанките. Може и некој ќедер да му напраат машките тамо.
    Утрото рано, Доста слезе Долно Маало и му појде на Бина даскалот.
    -Добро утро, браче Бино!
    -Дал ти Бог добро, невесто Досто.
    -Шо прајте, шо чините?
    -Сполај Богу, арни сме. Шо се домачи, невесто, до мене? Или Неда нешчо а бараш?
    -Море, шо се домачи, браче Бино. Ете, лели су пуста мајка, мак да ме опале. Ете, дечињата ми стасаа за на чколо, па дојду да ми дадиш еден ум. Ете, Толето ми втаса, ама Нешка ми превтаса. Шо ум ќе ми дадиш ти? Јас сака и неа да ја прата кај тебе. Ќе а примиш дека е женцко и дали не ќе греша?“
    На кој говор е напишан извадокот?
    -
    64. Публицистичкиот стил има две основни функции:
    - Информирање и убедување.
    65. Што проучува дијалектологијата?
    - Проучување на дијалектите на одделени јазици.
    66. Основните македонски дијалектни групи и наречја се:
    - Западно македонското, југоисточно македонското и северно македонското наречје.
    67. Фразеологијата е дел од:
    - Лексикологија.
    68. Кои се двата решавачки фактори за разговорниот стил?
    - Општење и соопштување.
    69. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Возојте тргнаја. Голем број од патниците требаше да остана за другио ден. Го очекуваја утрото и се надеваја дека се че биди во ред. Не можев да е заборам Ленка. Мислев за љубовта, за ветувајната шо си ги дадовне. А убо е, велат, да умриш сакајчи. Беше многу уба. Постојано размислував за неја, макар да знаев дека не треба. А и се плашев да ѝ кажам дека е сакам, пошто таја му беше сестра на мојо најдобар другар. Но, шо можев ко имаше нешто посилно од мене Тоа беше љубовта.“
    На кој говор е напишан текстот?
    -
    70. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов и одговори на прашањето.
    „ Ме тепаа затоа што бев Русин, затоа што уште гледав божја виделина, зашто за нив, изродите, `ргав. Тепаа и поинаку кога ќе погледнеш, поинаку кога ќе се свртиш. ...Тепаа просто за тоа, кога - тогаш само да те претепаат, да не ти се закорави крвта од последното тепање и да пцовисаш од тепањето. “
    За што раскажува Андреј Соколов во наведениот извадок?
    -
    71. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Најавата дека филмот „Меѓу два урагана“ ќе донесе пресек на 50-годишниот јубилеј на британските рокери се покажа како некоректна и неточна. Пасионираните обожаватели сигурно ќе речат дека филмот ги опфаќа најкреативните рани фази на бендот, но...
    Можноста низ аудио-интервју со Мик, Кит, Чарли, Рон, Бил, другиот Мик, да се „залепат“ пригодни архивски снимки кои се длабоко во границата на неконтроверзата, е единственото што го нуди сценаристот и режисер Брет Морген (носител дури и на оскаровска документарна номинација). Но, неговата фасцинација од Џегер, Ричардс, Вотс, Вуд, Вајмен и Тејлор е очигледно непремостлива пречка во заживување на материјалот со посочна храброст. Напротив, монтажерите Леви и О’Нил изгледа дека завршиле поголема работа во обидот низ брзото сменување многубројни кратки кадри, снимки и фотографии барем да ја создадат илузијата дека во брзината сигурно има нешто што пропуштаме, а сме сакале да го видиме.“
    За каков вид креативно пишување станува збор?
    -
    72. Кое од наведените дела претставува антидрама?
    -
    73. Кој вид коментар, на примачот на пораката, делува со збор, глас и слика?
    -
    74. Што се препознава во ликот на отсутниот Годо од драмата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет?
    -
    75. Основни видови комуникација (разговори) се:
    - Симболичка и сигнална комуникација, Симболичка и сигнална комуникација, Гласовна и негласовна комуникација, Посредна и непосредна комуникација, Еднонасочна и заемна комуникација и Вербална и невербална комуникација.
    76. На кое наречје му припаѓаат централните македонски говори?
    - Западно македонско наречје.
    77. За кое наречје основна карактеристика е третосложниот акцентски систем ?
    - Западно македонско наречје и северното македонско наречје каде што граничи со западното.
    78. Според граматичкиот состав, фразеолошкиот израз „Крушата под круша паѓа“ е:
    - Фразеологизам кој има структура на реченица.
    79. Како се вика литературно-научниот вид во кој авторот обединува научен пристап и книжевна обработка со настојување да изрази личен став кон темата за која пишува?
    -
    80. Реализмот на 20 век се разликува од оној во 19 век во однос на:
    -
    81. Каков е фразеолошкиот израз „Си ја има мувата на капата“, според степенот на слеаноста?
    - Фразеолошки единства.
    82. Со дефинициите: „тип на исказот“, „вид јазичен израз“, „начин на изразување“ го дефинираме терминот:
    -
    83. Што претставува детето–сираче во новелата ,,Судбината на човекот“?
    - Надеж.
    84. Во говори со висок стил на изразување спаѓаат:
    - Политички говори, здравици, поздравни говори, некролози.
    85. Централната група говори ја сочинуваат:
    - Скопско-велешки, прилепско-битолски и кичевско-поречки говори.
    86. Кои групи говори го сочинуваат југоисточното македонско наречје?
    - Штипско-струмички, тиквешко-мариовски, малешевско-пирински, јужни, солунско-воденски (долновардарски), серско-лагадински, костурско-корчански, корчански, костурски, нестрамско-костенарски говори.
    87. Официјално-деловното општење меѓу државите го опфаќа:
    -
    88. Кои се основните карактеристики на научниот стил?
    - Претходно осмислен исказ, монолочки карактер, строг избор на јазични средства и тежнеење кон употреба на нормиран јазик.
    89. На кое струење на модернизмот припаѓа романот „Странецот“ од Албер Ками?
    - Егзистенцијализам.
    90. Кој стил го препознаваш во наведениот извадок?
    „Во богати кочии се возат
    барони, крадци, банкари,
    крај младите костење, во јасната вечер
    меѓу редиците од нас, сиромасите.“
    -
    91. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Странецот“ од Албер Ками и одговори на поставеното прашање.
    „Вечерта Марија дојде да ме бара и ме праша дали би сакал да се
    оженам со неа. Реков дека ми е тоа сеедно и дека би можеле тоа да го сториме ако го сака таа. Потоа сакаше да знае дали ја сакам. И одговорив, како што тоа веќе еднаш го сторив, дека тоа не значи ништо, но дека несомнено не ја љубам. „Зошто тогаш да се ожениш со мене? “, рече таа. И објаснив дека тоа воопшто не е важно и дека ако таа сака, би можеле да се венчаме. Впрочем, таа го бараше тоа и јас се задоволив со едно да. Таа забелелжа тогаш дека бракот е сериозна работа. Одговорив „Не“. Таа молкна еден момент и ме гледаше во тишина. Потоа почна да зборува. Таа сакаше едноставно да знае дали би го прифатила истиот предлог што би дошол од друга жена со која би одржувал исти врски. Реков: „Природно“.
    Потоа таа се праша самата дали ме љуби, но за тоа ништо не можев да знам. Откако пак малку помолча, промрмори дека сум чуден, дека таа бездруго ме љуби поради тоа, но дека можеби еден ден поради истите причини ќе и здодеам. Бидејќи молчев, зашто немав што да додадам, таа ме фати за рака смеејќи се и рече дека би сакала да се венча со мене. Одговорив дека тоа ќе го сториме тогаш кога таа ќе посака“.
    Според наведениот извадок, што посакува Марија?
    - Да се венча со Мерсо.
    92. Што изнесува авторот на коментарот во неговата содржина?
    -
    93. Филозофијата што ја застапува Чехов во драмата „Вујко Вања“ се темели на идејата:
    -
    94. Дипломатскиот, законодавно-правниот и деловниот потстил се потстилови на:
    - Административен стил.
    95. За кој стил е карактеристична терминилогијата од областа на правото, дипломатијата и администарцијата?
    - Административен стил.
    96. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов и одговори на поставеното прашање.
    „ Командантот на логорот, или по нивно лигерфирер, ни беше некојси Германец Милер.(...)
    Кога ќе се сетам, ќе не построи над блокот - така ја викаа бараката, - поминува пред стројот со својата глутница есесовци десната рака ја држи свиена во лакотот.Таа му е во кожена нараквица, во нараквицата - оловен куршум, да не ги повреди прстите. Оди и го удира секој втор по нос , крв му пушта. Тоа го викаше „профилактика за од грип“. И така секој ден. Четири блока имаше во логорот, и тој денес на првиот блок му дава „профилактика“, утре - на вториот и така со ред. Вреден беше гадот, и на празник работеше.“
    Што е претставено преку овој извадок?
    -
    97. Автор на расказите „Павилјон број 6“ и „Агафја“ е:
    - Антон Павлович Чехов.
    98. Прочитај го извадокот и одговори на поставеното прашање.
    „Во овој текст ќе стане збор за поезијата. Но, овој термин е само еден вид скратенка што ја употребуваме едновремено и зa пошироки поими – литратурата и уметноста. Тоа треба да се подразбира. Нашeто време се карактеризира со нарасната потреба од предвидување. Во нашето време се создава дури и посебна дисциплина - футурологија. Една таква футуролошка тема беше предмет на разгледување дури на Рациновите средби.“
    За каков вид креативно пишување станува збор?
    -
    99. Прочитај го извадокот од текстот и одговори на поставеното прашање.
    Цртање со зборови
    Ова е обид движењето да се стави на хартија.
    Во овој текст ќе се обидам да го опишам начинот на размислување содржан во самиот процес на цртање, преку разработката на еден одреден пример. Ќе се сконцентрирам на цртањето, затоа што цртањето само по себе е резултат кој се добива при употребата на линија како изразно средство, а којашто е основно орудие во оваа операција.
    (Елизабета Аврамовска, Цртање со зборови)
    За каков вид креативно пишување станува збор?
    -
    100. Прочитај го внимателно извадокот од „Одбраната пред Атинскиот суд“ и одговори на прашањето.
    „Против мене се кренаа многу тужители и ме тужат пред Вас и тоа одамна, веќе многу години, но ништо вистинито не изнесуваат. „Има некој Сократ, велат, мудар човек, кој размислува за небесните појави и испитал сѐ што е под земјата и кој умее полошата работа да ја направи подобра“. Тие луѓе, граѓани атински, кои таков глас рашириле, тоа се тие опасни тужители мои, бидејќи оние кои ги чуле нив мислат дека луѓето кои испитуваат такви работи ни во боговите не веруваат. ...А од сето тоа најчудно е тоа што ни имињата не можам да им ги знам ниту да им ги кажам, освен ако меѓу нив е некој кој е писател на комедијата, а сите оние кои од завист или од страст за клеветење Вас за себе Ве придобиле, како и оние кои сами биле уверени, а и другите ги уверувале - тие се најнепристапни“.
    Која форма на изразување ја препознаваш во текстот?
    -
    101. Каде Албер Ками го гледа излезот од бесмисленоста на животот?
    -
    102. Кој научно-литературен вид опфаќа: наслов на делото, кратка карактеристика за творештвото на авторот и критичка проценка на делото?
    -
    103. Кои фразеолошки изрази се со најголем степен на слеаност, односно се најнеслободни врски на зборовите во составот?
    - Фразеолошките срастувања (идиоми).
    104. Кај кој функционален стил препознаваме честа употреба на пасивни и безлични реченици?
    - Публициски стил во потесна смисла на зборот.
    105. На кое дело не е автор Михаил Шолохов?
    -
    106. Во кој литературно-научен вид се пишува по зададена тема и по дадени стандарди и критериуми за оценување?
    -
    107. На колку наречја е поделена македонската јазична територија?
    - На три наречја.
    108. Содржината на говорот како текст е организирана целина составена од:
    -
    109. Филозофијата што ја застапува Албер Ками во романот „Странецот“ се темели на идејата:
    - Бесмисленоста на животот, чувството, апсурдот и спас во ревотот. (Да ја пронајде смислата на животот, бидејќи секој живот има смисла).
    110. Врз основа на степенот на слеаноста, фразеологизмите се делат на:
    - Фразеолошки срастувања (идиоми), фразеолошки единства и фразеолошки спојки.
    111. Сложена пишувана форма која содржи прегледно претставување (приказ, осврт, коментар) и задолжителна оценка на определено дело се вика:
    -
    112. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Член 3
    Секој, под еднакви услови утврдени со овој Закон, има право на средно образование. Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожата, национално и социјално потекло, политичко и верско
    уверување, имотната и општествената положба.“
    Кој стил е употребен во текстот?
    - Административен стил.
    113. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Странецот“ од Албер Ками и одговори на прашањето.
    ,,Вечерта Марија дојде да ме бара и ме праша дали би сакал да се оженам со неа. Реков дека тоа ми е сеедно и дека би можеле да го сториме тоа ако сака таа. Потоа сакаше да знае дали ја сакам. И одговорив, како што тоа еднаш веќе го сторив, дека тоа не значи ништо, но дека несомнено ја сакам.“
    Како се чувствува Мерсо?
    - Индиферентно, незаинтересирано.
    114. Кои говори спаѓаат во северното македонско наречје?
    - Кумановски, кратовски, кривопаланечки, овчеполски, скопскоцрногорски, долнополошки, горански говор.
    115. Зборовите: глаа, полојна, суројца, капајца, Митрејца, Петрејца, му припаѓаат на:
    - Западното македонско наречје.
    116. Прочитај го текстот и одговори на прашањето.
    „ - Ало, Ива! Кај си ма ти?
    - Еве ме у аутобус, идам накај стара железничка.
    - Зашо те нема да се јавиш?
    - Шо ти е ма на тебе? па секој ден ли ќе збориме на телефон?“
    На кој говор е напишан текстот?
    - Северно македонско наречје.
    117. Фразеологизми се:
    - Зборовни состави кој се лексички невидливи, единствено по своето значење кои во речта се употребуваат во својство на готова зборовна единица.
    118. Според граматичкиот состав фразеолошките изрази се делат на:
    - Фразеологизми кои имаат структура на реченица и фразеологизми кои имаат структура на зборовен состав.
    119. Која форма во публицистичкиот стил одговара на прашањата: кој, каде, кога, зошто, како?
    -
    120. Кои од наведените говори не спаѓаат во западното наречје?
    -
    121. Делата „Недоразбирање“ и „Вишновата градина“ се:
    - Драми.
    122. Каков е фразеолошкиот израз „прст и плева“, според степенот на слеаноста?
    - Фразеолошки срастувања (идиоми).
    123. Целта на коментарот не е да информира и соопшти туку:
    - Да влијае на свеста и совеста на примачот на пораката.
    124. Зборовните состави „два-три збора“ и „во еден здив“ се составени од:
    -
    125. Што претставува наречјето?
    - Наречје претставува јазична територија (средина) во чии состав влегуваат повеќе дијалекти и говори.
    126. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Вујко Вања“ од А. П. Чехов и одговори на прашањето.
    „СЕРЕБРЈАКОВ: Мојот живот е веќе завршен, јас не мислам на себе, но јас имам млада жена и ќерка-девојка. За мене е невозможно и понатаму да живеам на село. .....Нашиот имот дава просечно не повеќе од два процента. Јас предлагам да го продадеме. Ако добиените пари ги претвориме во хартии од вредност, тогаш ќе можеме да добиваме од четири до пет проценти и мислам дека ќе има дури и вишок од неколку илјади што ќе ни дозволи да купиме мала вила во финска.
    ВОЈНИЦКИ: Почекај, застани малку...Ми се чини како да ме изневерил мојот слух. повтори што рече ти?
    СЕРЕБРЈАКОВ: Парите да ги претвориме во хартии од вредност кои ќе носат камата и од вишокот да купиме вила во Финска.
    ВОЈНИЦКИ: Не Финска... Ти уште нешто друго рече.
    СЕРЕБРЈАКОВ: Предлагам да се продаде имотот.
    ВОЈНИЦКИ: Ете, токму тоа. Ти ќе го продадеш имотот. Чудесно, колку богата идеја.... А каде ќе заповедаш да се повлечеме јас и мојата стара мајка и, еве, Соња?
    СЕРЕБРЈАКОВ: Тоа ние ќе го обмислиме кога ќе дојде време. Не веднаш.“
    Зошто Серебрјаков сака да го продаде имотот на село?
    -
    127. Која мисла го одржува Андреј Соколов во живот во логорот?
    -
    128. При пишувањето есеј треба да се води сметка за:
    - Ограничувањето, односно должината на есејот т.е. бројот на зборови.
    129. Какво дејство се одвива во драмата „Чекајќи го Годо“?
    -
    130. Прочитај го внимателно извадокот од текстот „Јас имам сон“ од Мартин Лутер Кинг и одговори на поставеното прашање.
    „Имам еден сон дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови заедно ќе седнат на масата на братството.
    Имам еден сон дека еден ден дури и државата Мисисипи, држава која се мачи во жештината на неправедноста и угнетувањето, ќе се измени во оаза на праведноста.
    Имам сон дека моите четири деца еден ден ќе живеат во една нација, во која се оценува не според бојата на кожата, туку според карактерот. Имам денес еден сон...
    Имам еден сон дека еден ден, во Алабама, момчиња и девојчиња-црнци ќе се ракуваат со момчиња и девојчиња-белци како браќа и сестри“.
    Која форма на изразување ја препознаваш во текстот?
    -
    131. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов и одговори на прашањето.
    ,,Јас ќе ти сторам голема чест - за тие зборови сега лично ќе те стрелам. Овде е незгодно, ајде в двор, таму ќе платиш.“ - ,, Ваша волја“ - му велам. Тој постоја, се подума, па го фрли револверот на маса и тури полна чаша шнапс, зеде резанка леб, кладе на неа парче сланина и сето тоа ми го подава мене и вели: ,,Напиј се пред смртта, Русине Иване, за победата на германското оружје.“
    Јас веќе ги бев зел од неговите раце чашата и мезето, но кога ги слушнав тие зборови – небаре оган ме опали! Си мислам со умот ,,Зарем јас, руски војник, да пијам за победата на германското оружје?! Ами, хер командант, да не би да сакаш и нешто друго? Јас сеедно ќе умрам, оди по врага ти и твојата вотка!“
    Што прикажува авторот во овој фрагмент?
    -
    132. Во кое македонско наречје спаѓаат говорите од егејскиот и од пиринскиот дел од Македонија?
    - Југоисточно македонско наречје.
    133. Која карактеристика на Мерсо ја откриваме преку неговите почетни зборови: ,,Денеска умре мама. Или можеби вчера. Не знам.“?
    - Рамнодушност.
    134. Која заедничка црта ја имаат сите ликови во драмата „Вујко Вања“?
    -
    135. Што претставува вториот дел од романот „Странецот“ од Албер Ками?
    - Рекапитулација на животот на Мерсо. (судскиот процес на Мерсо).
    136. Како се вика вештината на добро говорење?
    - Реторика.
    137. Кој говор не спаѓа во централните говори?
    -
    138. Кој од наведените изрази е составен од придавка и именка?
    -
    139. Прочитај го внимателно извадокот од делото „Странецот“ од Албер Ками и одговори на поставеното прашање.
    „Поради оваа врелина што не можев веќе да ја поднесувам, направив чекор напред. Знаев дека е глупаво, дека нема да се растоварам од сонцето преместувајќи се за еден чекор.Но направи еден чекор, само еден чекор, напред. И овој пат без да се подигне, Арапинот го извади својот нож што ми го покажа на сонцето. Светлината бликна врз челикот и тоа беше како долго светкаво острило што ме погоди во челото...
    Од морето се носеше тежок и врел здив. Ми изгледаше дека небото се отвора со сето свое пространство за да истури оган. Сето мое суштество се напрегна и ја стегна раката врз револверот.“
    Кој настан е опишан во извадокот?
    - Убиствотот на Арапинот.
    140. Што се фразеолошки срастувања?
    - Целосно неделиви групи од зборови со наполно ново значење, кое нема врска со лексичкото значење со зборовите во составот.
    141. Што се фразеолошки спојки?
    - Фразелогизми во чив состав само еден од елементите има преносно значење, а другите зборови се употребени со нивното основно значење.
    142. Кој мит му помогнал на Албер Ками како слика за сопствена морална, филозофска и психолошка проекција на животот?
    - „Митот за Сизиф“.
    143. Што е дијалект?
    - Дијалект е јазик што го говори група луѓе географски одделена од друга група луѓе.
    144. Мерсо, пред крајот на својот живот, се соочува со:
    - Со смртна казна и желба на неговото погубување да има многу луѓе за првпат во животот да не биде осамен.
    145. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер донесен пред седум години беше, пред сѐ, овозможување пристап на граѓаните и другите лица до информациите кои ги создаваат државните органи при својата работа, а кои се од јавен интерес. Но и по седумгодишната примена, некои државни институции не ја сфатија сериозно правната обврска која произлегува од овој закон, ниту пак одговорноста која би ја сносиле доколку не одговорат на поднесеното барање.Таквиот однос на дел од институциите произлегува од непостоењето на соодветен систем за санкционирање на неодговорните иматели на информации од јавен карактер. Единствен начин да се казнат имателите на информации кои одбегнуваат да дадат одговор на барањата во законски предвидениот рок е поведување прекршочна постапка пред прекршочните судови. Но, непостоење на праксата за поведување прекршочни постапки им дава сигурност и поголема удобност на имателите на информации, пред сѐ државните органи кога не одговараат на законските обврски. Истите не чувствуваат никаква опасност, односно можност да бидат казнети.“
    Каков облик на новинарско известување претставува наведениот извадок?
    -
    146. Во кое македонско наречје спаѓаат тиквешко-мариовските говори?
    - Југоисточно македонско наречје.
    147. Кој ги кодифицирал правилата на говорење?
    -
    148. Со која античка држава е повразана појавата на реториката како вештина?
    -
    149. Кој функционален стил го препознаваме во една репортажа?
    - Новинарски стил.
    150. Во кое лице раскажува нараторот во романот „Странецот“ од Албер Ками?
    - Во прво лице еднина (јас).
     
  13. ishe

    ishe Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    ќе можи да ми ги пратиш одговорите граѓанско??
     
  14. Style.only

    Style.only Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj gi ima makedonski so novite dodadeni prasanja?? bidejki sega ima 197 ;( ;( ;(
     
  15. yum07

    yum07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ќе може ли некој да ми ги прати одговорите по физика за ПМА? благодарам однапред
     
  16. intel

    intel Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Nekoj prasanja po PSIHOLOGIJA - izboren OH-B ?? Fala Odnapred :)
     
  17. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    има некоја страна на која што можеме да видиме по кој предмети полагаме, освен на училишна врата ?
     
  18. Sime007

    Sime007 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Случајно некој да не ги има одговорите од Бизнис за екстерното,стручно школо...
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    За македонски

    19. Која наука се занимава со начините на пишување или на зборување при употребата на јазикот?
    - Лингвистика.

    Ова не ви е точно... Одговорот е стилистика.
    Лингвистика е е наука која го проучува јазикот и опфаќа голем број научни дисциплини. Стилистиката е еден дел од лингвистиката.

    63. Прочитај го внимателно извадокот од романот „Крпен живот“ и одговори на прашањето.
    „ Шо да права мили боже.... Да си го остава чупето слепо, ќе ми а к`ни душата додека е живо. Да го прата на даскал, ќе ми се смеат вија орјатки, селанките. Може и некој ќедер да му напраат машките тамо.
    Утрото рано, Доста слезе Долно Маало и му појде на Бина даскалот.
    -Добро утро, браче Бино!
    -Дал ти Бог добро, невесто Досто.
    -Шо прајте, шо чините?
    -Сполај Богу, арни сме. Шо се домачи, невесто, до мене? Или Неда нешчо а бараш?
    -Море, шо се домачи, браче Бино. Ете, лели су пуста мајка, мак да ме опале. Ете, дечињата ми стасаа за на чколо, па дојду да ми дадиш еден ум. Ете, Толето ми втаса, ама Нешка ми превтаса. Шо ум ќе ми дадиш ти? Јас сака и неа да ја прата кај тебе. Ќе а примиш дека е женцко и дали не ќе греша?“
    На кој говор е напишан извадокот?

    -мариовски говор

    24. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
    „Возови проваѓав. Прелетујев покрај живу ограду, задишано, силно, победнички. Деца не пропуштав нијед`н од њима, а да не му дадев име. Галамив. Ако, нека галамив. На старицу не ву сметав. Ни возови, ни деца. Она ништо не слуша. Само гледа како пијана у чаршави, под багреми. Белењето ву е најсилна поезија на душу. На старицу ву са замрежисва очите. Плав конац около главу што ву ги држи научаре су ву поолабави, висна. Наочаре ву паднасва и се искршисва. Она не ги подигна. Не. Иако беше завртена накуде багреми, старица не ги гледаше више чаршави постељени под њима.“
    На кој говор е напишан текстот?
    - кумановски говор
     
  20. Kristina325

    Kristina325 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Бизнис (општо образование) и математика за економисти (стручно образование) дали ги има некој одговорите??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.