Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде сите што сте по математика 8-8 пишете ми заедно да ги одговараме,вака не бива бараме а не одговараме !!
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Destiel

    Destiel Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Имаш неколку одговори на претходните страници. :)
     
  3. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    За кое одделение/година е ова?
     
  4. 2203

    2203 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    gi ima li nekoj prasanjata geografija od 101-200 za osmo osmoletka ve molam pisete inbox ili stavete gi tuka
     
  5. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Тема I Светот и Европа од крајот на XVIII век до почетокот на Првата светска војна

    *Индустрискиот подем на Европа

    1. Кога започнува индустриската револуција во Англија?
    ОДГОВОР: Крајот на XVIII век (18 век)
    2. Кој ја пронашол парната машина?
    ОДГОВОР: Џејмс Ват 1769 година
    3. Кој го конструирал првиот брод на парен погон?
    ОДГОВОР: Роберт Фултон
    4. Што конструирал Роберт Фултон?
    ОДГОВОР: парабродот, брод на парен погон во 1803 година
    5. Кој прв летал со авион?
    ОДГОВОР: Браќата Рајт
    6. Кој го конструирал првиот употреблив телефон?
    ОДГОВОР: Александар Грахам Бел
    7. Со развојот на индустријата во западноевропските земји се зајакнал новиот општествен слој:
    ОДГОВОР:Граѓанството (сопственици на претпријатијата, фабриките, банкарите, трговците итн)
    8. Што означува поимот индустриска револуција?
    ОДГОВОР:преминувањето од мануфактурно производство во фабричко од рачно во машинско, економски премин од земјоделство кон индустрија

    *Француската Буржоаска револуција

    9. Какво било државното уредување во Франција во XVII и XVIII век?
    ОДГОВОР: Апсолутистичка монархија
    10. За што се залагал Жан Жак Русо?
    ОДГОВОР: За целосно уништување на монархијата
    11. Која била основната парола на Француската револуција?
    ОДГОВОР: Слобода, еднаквост и братство
    12. Меѓу истакнатите француски просветители кој се залагал за
    рушење на апсолутистичката монархија бил и:
    ОДГОВОР: Жан Жак Русо, Шарл Монтеские и Франсоа Волтер
    13. Кога започнала Француската буржоаска револуција?
    ОДГОВОР: 14 јули 1789 година
    14. Со нападот на кој објект започнала Француската буржоаска револуција?
    ОДГОВОР: затворот Бастилја
    15. Кои биле јакобинците?
    ОДГОВОР: претставници на ситното граѓанство
    16. Кои се жирондистите?
    ОДГОВОР: Претставници на богатото индустриско-трговско граѓанство (крупна буржоазија)
    17. Кој од наведените личности бил водач на јакобинците?
    ОДГОВОР: Максимилијан Робеспјер
    18. Како директна последица од Француската буржоаска револуција дошло до:
    ОДГОВОР: рушење на феудалното општествено уредување и вовед во нов период од човековата историја

    *Европа по Француската револуција

    19. Наполеон Бонапарта бил затворен на островот Елба по битката кај?
    ОДГОВОР: Лајпциг 1813 година, битката на нациите(народите)
    20. Наполеон бил прогонет на островот Света Елена по битката на:
    ОДГОВОР: Ватерло, 1815 година
    21. Во која битка Наполеон Бонапарта го претрпел својот втор
    пораз?
    ОДГОВОР: Битката кај Ватерло 1815 година (ако не се брои битката кај Трафалгар затоа што ја нема во учебникот), а ако се брои и таа битка тогаш вториот пораз би бил кај Лајпциг 1813 во битката на нациите

    *Формирање на САД и нивниот подем

    22. Кој ја составил Американската „Декларација за независност“?
    ОДГОВОР: Томас Џеферсон
    23. Која година е донесен првиот устав на САД?
    ОДГОВОР: 1781 година
    24. Каде бил потпишан мирот со кој Англија ја признава независноста на САД во 1783 година
    ОДГОВОР: Версај 1783 година
    25. Какво државно уредување било воведено во САД со Уставот од 1787 година?
    ОДГОВОР: Федеративна република со претседателски систем
    26. Кој значаен настан се случи во САД во периодот 1861- 1863?
    ОДГОВОР: Граѓанската војна меѓу северот и југот во САД
    27. Кога е укинато ропството во САД?
    ОДГОВОР: 1863 година, Абрахам Линколн
    28. Во прилог на борбата против ропството во САД било и објавувањето на романот?
    ОДГОВОР: Колибата на чичко Том

    *Русија до Првата светска војна

    29. Зошто биле значајни реформите на Петар I Велики за Русија?
    ОДГОВОР: Русија се прераснува во голема светска сила, доаѓа до развој на науката, на индустријата и трговијата, модернизација на руската азбука, ја гради руската флота итн
    30. Кој руски цар ја претвори Русија во европска сила?
    ОДГОВОР: Петар Велики
    31. Кој од наведените владатели е заслужен за прераснување на Русија во светска сила во XVIII век.
    ОДГОВОР: Катерина II (Екатерина Велика) и Петар Велики
    32. Во која година е укината кметството во Русија?
    ОДГОВОР: 1861 година Александар II
    33. Влијанието на Русија на Балканот во XIX век привремено ослабнало поради:
    ОДГОВОР: Кримската војна 1853-1856 и Парискиот мир од 1856 година
    34. Во напредувањето на Русија кон Средоземјето соперничка и била:
    ОДГОВОР: Австро-Унгарија

    *Подем на европската демократија

    35. Каква е улогата на Светата алијанса во Револуцијата од 1848 година?
    ОДГОВОР: Да се спречат демократските промени во тогашните апсолутистички држави
    36. Што е Париска комуна?
    ОДГОВОР: Првата народна влада, власт-управување од страна на работниците во Париз
    37. Кои од наведените личности се најзаслужни за ширењето на социјалистичките идеи во XIX век?
    ОДГОВОР: Карл Маркс и Фридрих Енгелс
    38. Во која држава во 1893 година им било дозволено на жените гласање на општите избори?
    ОДГОВОР: Нов Зеланд

    *Односите меѓу големите држави во 19 и почетокот на 20 век

    39. Процесот на обединувањето на Германија во текот на XIX го предводел?
    ОДГОВОР: Ото Фон Бизмарк
    40. Која од следниве држави била најголема колонијална сила во 19 век?
    ОДГОВОР: Англија
    41. Која била најбогата и најголема англиска колонија во втората половина на XIX век?
    ОДГОВОР: Индија
    42. Од кои држави бил формиран воениот блок Антанта?
    ОДГОВОР: Русија, Велика Британија и Франција
    43. Кои земји го сочинувале сојузот на Централните сили?
    ОДГОВОР: Германија, Австро-Унгарија и Италија




    *Културата и науката во Светот и Европа

    44. Кој е пронаоѓачот на вакцините против беснило и против колерата?
    ОДГОВОР: Луј Пастер
    45. Што откриле научниците Пјер Кири и Марија Склодовска- Кири?
    ОДГОВОР: радиум и плотониум (радиоактивните елементи)
    46. Зигмунд Фројд ги постави темелите на ?
    ОДГОВОР: психоанализата


    Тема II Балканот од крајот на XVIII век до почетокот на Првата светска војна

    *Османската империја во 19 век

    1. Која била главната причина за појавата на националните движења кај балканскитенароди?
    ОДГОВОР:Внатрешните услови и слабеењето на Османлиската држава
    2. Непочитувањето на султановата власт од страна на крупните феудалци е познато како:
    ОДГОВОР:Феудална анархија
    3. Која година бил укинат јаничарскиот одред во Отоманската држава?
    ОДГОВОР:1826 година
    4. Кој султан го објавил така наречениот Ѓулхански Хатишериф ?
    ОДГОВОР:Абдул Меџит
    5. Со воведување на чифлигарскиот систем во Османлиската Империја биле воведени:
    ОДГОВОР:капиталистичките односи во земјоделството
    6. Која држава станала првата православна христијанска независна држава на Балканот?
    ОДГОВОР:Грција
    7. Кој хронолошки редослед според прогласувањето на независноста на балканските држави е точен?
    ОДГОВОР:Грција 1829, Србија1878-Црна Гора1878, Бугарија1908, Албанија1913
    8. Во Кримската војна (1853- 1856) на спротивни страни биле:
    ОДГОВОР:Русија и Османлиската империја
    9. Кој султан бил наречен црвен султан?
    ОДГОВОР:Абдул Хамид II
    10. Големата Источна криза започна во:
    ОДГОВОР:1875 година
    11. Како во историјата се нарекуваат настаните и превирањата на Балканскиот полуостров кои започнале со востанието во Босна и Херцеговина (1875 г.)?
    ОДГОВОР:Голема источна криза

    12. Кои настани ја одбележале Источната криза?
    ОДГОВОР: Ослободителните борби на балканските народи, руско-османските војни и мировните договори на Големите сили (востанието во Босна и Херцеговина Априлското востание Разловечкото востание, војната на Србија црна гора и Русија со османлиската држава Сан Стефанскиот мировен договор Берлинскиот мировен договор)
    13. Зашто бил организиран Берлинскиот конгрес (13 јуни 1878 год.) ?
    ОДГОВОР:Ревизија на одлуките од Сан Стефанскиот мировен договор
    14. Кога Турција ги загубила своите владенија на Балканот?
    ОДГОВОР:После Балканските војни
    15. Што е заедничко за повеќето балкански народи во XIX век.
    ОДГОВОР: Борбата за ослободувањето од османлиското ропство и создавањето на националните држави

    *Создавање на српската држава

    16. Кој го создал Српскиот книжевен јазик?
    ОДГОВОР:Вук Караџиќ
    17. Која година започнало Првото српско востание?
    ОДГОВОР:1804 година
    18. Првото српско востание во 1804 год. била предводено од:
    ОДГОВОР:Караѓорѓе Петровиќ
    19. Во 1806 год. Србија испратила делегација во Цариград со цел склучување на мир со Турција, на чело со.
    ОДГОВОР:Петар Ичко
    20. Како е наречен мировниот договор со кој османската држава ја признала самоуправата на Србија во 1807 година?
    ОДГОВОР:Ичков мир
    21. Србија била призната за автономно кнежевство во:
    ОДГОВОР:1830 година
    22. Кога започнало востанието во Херцеговина?
    ОДГОВОР: јули 1875 година
    23. Српската држава добила независност за време на:
    ОДГОВОР:кнезот Милан Обреновиќ 1878 година
    24. Која година Србија станала кралство?
    ОДГОВОР:1882 година, крал Милан
    25. На кој начин претставникот на династијата Обреновиќ бил симнат од власт?
    ОДГОВОР:со државен удар во 1903 година




    *Создавање на бугарската држава

    26. Под кое име е познато востанието во 1876 год. со кое Бугарија се ослободила од Османлиската власт?
    ОДГОВОР:Априлско востание
    27. Априлското востание во Бугарија започнало во:
    ОДГОВОР:1876 година
    28. Со кој договор територијата на Македонија без Солун и Халкидик требало да влезе во состав на Бугарија?
    ОДГОВОР:Санстефанскиот мир 1878 година
    29. Според Сан- Стефанскиот мировен договор било предвидено
    создавање на:
    ОДГОВОР:Голема Бугарија
    30. Кој бил првиот бугарски кнез испратен од странство?
    ОДГОВОР:Александар Батенберг
    31. Која година Бугарија ја прогласила својата независност?
    ОДГОВОР:1908 година

    *Создавање на грчката држава

    32. Како се нарекувала грчката организација која се борела за создавањена независна грчка држава?
    ОДГОВОР:Филики Етерија
    33. Каде била формирана Филики етерија (друштвото на пријателите )?
    ОДГОВОР: Одеса
    34. Главната цел на здружението Филики Етерија била:
    ОДГОВОР:Борба за создавање на независна грчка држава
    35. Кога започнало грчкото востание?
    ОДГОВОР:март 1821 година
    36. Што е заедничко за политичките платформи Начертание и Голема идеа?
    ОДГОВОР:Идеја за големи држави
    37. Голема идеја (Мегали идеа) била платформа на грчката влада за:
    ОДГОВОР:Создавање на голема грчка држава, за формирање на држава на два континента(Европа и Азија) и пет мориња

    *Младотурската револуција

    38. Младотурското движење се борело :
    ОДГОВОР: Укинување на апсолутизмот и претворање на империјата во буржоаско демократска држава. Запирање на слабеењето на државата и против распаѓањето на Османлиската држава, 1908 година
    39. Кога избувна Младотурската Револуција?
    ОДГОВОР:1908 година

    *Балканските војни

    40. Во 1912 година Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора го формирале Балканскиот сојуз со цел:
    ОДГОВОР:Протерување на Османлиите и поделба на Македонија
    41. Која била главната цел на Балканскиот сојуз создаден во 1912 год.?
    ОДГОВОР:Протерување на Османлиите и поделба на територијата на Македонија
    42. Во Текот на Првата балканска војна територијата на Епир и јужна Македонија ги зазеде:
    ОДГОВОР:Грција
    43. Кога започнала Втората балканска војна?
    ОДГОВОР: 30 јуни 1913 година
    44. Букурешкиот мировен договор го потврдил?
    ОДГОВОР:Поделбата на Македонија
    45. Со Мировниот договор потпишан во Букурешт 1913 год. со најмногу територии се здобиле:
    ОДГОВОР:Грција

    *Албанија од пашалаците до независноста

    46. Кога Мехмед- паша Бушатли бил поставен за управувач на Скадарскиот санџак?
    ОДГОВОР:1757 година
    47. „Илирската Конфедерација“ била формирана на собранието одржано во Подгорица, свикано од:
    ОДГОВОР:Махмуд Паша Бушатли
    48. Основоположник на Скадарскиот пашалак бил:
    ОДГОВОР: Мехмед паша Бушатија
    49. Али паша Тепелена бил на чело на:
    ОДГОВОР:Јанинскиот пашалак
    50. Кои биле намерите на јанинскиот паша Али- паша Тепелена?
    ОДГОВОР:Да создаде автономсна држава, а потоа со помож на големите сили да се отцепи од Османлиската империја
    51. Која година се распаднал Јанинскиот пашалук?
    ОДГОВОР:1822 година со смртта на Али паша Јанински
    52. „Начертание” и „Голема Идеја” се политички платформи според кои се планирало поделбата на албанските територии помеѓу:
    ОДГОВОР:Грција и Србија
    53. Каде започнало востанието на Дервиш Цара?
    ОДГОВОР:Полог (Тетово и Гостивар)
    54.Востанието на Дервиш Цара на подрачјето на Полог во 1844 година било кренато:
    ОДГОВОР:Против Танзиматот (посебно против служењето во војска)
    55. Албанското востание против танзиматските реформи кое избувнало во Полошкиот регион во 1844 г било предводено од ?
    ОДГОВОР:Дервиш Царе
    56. Зошто Албанците не биле задоволни од Танзиматските реформи?
    ОДГОВОР:Биле против задолжителниот воен рок и даноците
    57. Кој стоел на чело на Јанинскиот таен комитет?
    ОДГОВОР:Абдул Фрашери
    58. Претседател на Централниот комитет за заштита на правата на албанскиот народ познат како Истанбулскиот комитет бил:
    ОДГОВОР:Абдул Фрашери
    59. Со цел да се спречи поделба на албанските територии била формирана:
    ОДГОВОР:Призренската лига 1878 година
    60. Кога започнало Собранието во Призрен, на кое била формирана Призренската лига?
    ОДГОВОР:10 јуни 1878 година
    61. Призренската лига имала:
    ОДГОВОР:Задача да ги одбрани земјите населени со Албанци од територијалните претензии на соседните држави
    62. Кој од наведените албански патриоти бил идеолог за создавање на Призренската Лига Формирана во 1878 год.?
    ОДГОВОР:Абдул Фрашери е идеологот, организатор на средбата е Имер Призрени, а собранието е предводено од страна на Иљаз Дибра
    63. Дејноста и борбата на Призеренската Лига до нејзино прераснување во Привремена влада траеше:
    ОДГОВОР:Три години 1878-1881 година
    64. Кој од наведените мировни договори бил најштетен за Албанците?
    ОДГОВОР:Санстефански најштетен и Берлински како ревизија на Санстефанскиот исто така штетен договор за Албанците
    65. Кога градот Улцињ им бил предаден на Црногорците?
    ОДГОВОР:26 ноември 1880 година
    66 Кој стоел на чело на Албанскиот сојуз од Пеќ?
    ОДГОВОР:Хаџи Зека
    67. Албанскиот сојуз формиран на 23 јануари 1899 год во Пеќ, бил наречен
    ОДГОВОР:Беса-Бес
    68. Каков однос имале албанските патриоти во однос на Илиндеското востание?
    ОДГОВОР:Го поддржувале и учествувале во Илинденското востание
    69. На Елбасанскиот конгрес во 1909 год. биле донесени одлуки за?
    ОДГОВОР:отварање на средно педагошко училиште кое ќе ги подготвува своите ученици за учители и отварање на централно училишно друштво Перпарими
    70. Кој од наведените личности е еден од водачите на албанското востание кое избувна во 1910 год. во Косово?
    ОДГОВОР:Идриз Сефери, Иса Болетини и Хасан Приштина
    71. Кои личности биле главните иницијатори за прогласувањето на албанската независност во Валона?
    ОДГОВОР: Исмаил Кемали Луиѓ Гуракуки
    72. Кој бил избран за претседател на Валонското собрание ?
    ОДГОВОР:Исмаил Ќемали
    73. Кога е прогласена независноста на Албанија?
    ОДГОВОР:28 ноември 1912 година во Валона, а европско признание добива на 29 јули 1913 година
    74. Валонското собрание на 28 ноември 1912 година донело одлука со која:
    ОДГОВОР:Албанија е прогласена за независна
    75. Независноста на Албанија била меѓународно призната на:
    ОДГОВОР:Лондонската мировна конференција 1913
    76. Со одлуките на Конференцијата на амбасадорите во Лондон:
    ОДГОВОР:Албанија е прогласена за независна од страна на големите сили
    77. Што е заедничко за решенијата од Лондонскиот мировен договор од 30 мај 1913 год. и решенијата од Букурешкиот Мировен договор од 10 август 1913 год.
    ОДГОВОР:Независна Албанија
    78. Кој странски принц бил поставен на кнежевскиот престол во Албанija?
    ОДГОВОР:Вилхелм Вид

    *Албанската култура

    79. Кога бил отпечатен букварот на Константин Кристофориди?
    ОДГОВОР:1867 година / 1904 година
    80. Првото училиште на албански јазик се отворило во:
    ОДГОВОР:1887 год во Корча
    81. Првото училиште на албански јазик било отворено на 7 март 1887 год. од ?
    ОДГОВОР:Пандели Сотири, а во 1891 година на чело со Ѓерѓ Кирјази и сестра му Севасти
    82. На Битолскиот конгрес 1908 година донесена е одлука за:
    ОДГОВОР:Албанската азбука
    83. Во кој македонски град била усвоена албанската азбука?
    ОДГОВОР:Битола
    84. Битолскиот конгрес на кој било донесено решение за албанската азбука се одржал во:
    ОДГОВОР:14-21 ноември 1908 година
    85. Прашањето за одредување на албанска азбука било решавано во 1908 година на ?
    ОДГОВОР:Битолскиот конгрес

    86. Востанијата на Албанците во периодот на Танзиматот, ги принудило Османлиите да прифатат?
    ОДГОВОР:
    Тема III Македонија од крајот на XVIII век до почетокот на Првата светска војна

    *Македонија во првата половина на 19 век

    1. Што претставува феудалната анархија?
    ОДГОВОР:непочитување на централната власт
    2. Носители на безредијата и насилствата во Македонија, карактеристични за феудалната анархија биле?
    ОДГОВОР:Махмуд Паша Бушатлија, Али Паша Јанински, Џеладин Бег, Абдил бег и Исмаил Бег
    3. За кое лице велиме дека е чифликсајбија?
    ОДГОВОР:сопственик на земјата (чифликот)
    4. Под влијание на Грчкото востание во март 1822 год. во Македонија било кренато?
    ОДГОВОР:Негушкото востание
    5. Негушкото востание започнува во:
    ОДГОВОР:март, 1822 година
    6. За брзото задушување на Негушкото востание најмногу придонела:
    ОДГОВОР:близината на Солун каде била концентриран голема османлиска војска која го задушила востанието

    *Преродбата и културата во Македонија

    7. Кога во Македонија започнала да се шири бугарската пропаганда?
    ОДГОВОР:По создавањето на Бугарската Егзархија 1870 година
    8. Која од балканските земји имала најстара пропаганда во Македонија?
    ОДГОВОР:Грција
    9. Од втората половина на XIX век во Македонија почнува процес на културна- еманципација наречена ?
    ОДГОВОР:Преродба
    10. Преродбата во Македонија започнува со?
    ОДГОВОР:печатењето на книги во кои доминирала црковната содржина , а имало примеси од македонскиот народен јазик
    11. Што претставувале општинските училишта?
    ОДГОВОР:места во кои наставата се изведувала на народен македонски јазик
    12. Меѓу наистакнатите учители кој вовел нови световни предмети во општинските училишта, кои почнале да се отвораат во 30- тите години на XIX век, бил:
    ОДГОВОР:Јордан Хаџи Константинов-Џинот
    13. Теодосиј Синаитски во Солун ја отворил првата македонска:
    ОДГОВОР:Печатница
    14. Кој од наведените дејци е автор на тријазичниот речник на македонски албански и турски јазик ?
    ОДГОВОР:Ѓорѓија Пулевски
    15. Зборникот на народни песни од Македонија браќата Миладинови го објавиле во?
    ОДГОВОР:Загреб

    *Разловечко и Македонско (Кресненско) востание

    16. Кога започнало Разловечкото востание?
    ОДГОВОР:7/20 мај 1876 година
    17. Во кој град е формиран таен кружок кој имал за цел да изврши успешни подготовки за Разловечкото востание?
    ОДГОВОР:Солун
    18. Организатори на Разловечкото востание биле:
    ОДГОВОР:Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски и Поп Стојан Разловски
    19. Со каква цел било кренато Македонското (Кресненското) востание?
    ОДГОВОР:Измена на Берлинскиот договор, ослободување за Македонија и создавање на македонска држава
    20. Кој од наведените личности бил избран за началник на штабот на Кресненското востание?
    ОДГОВОР:Димитар Поп Георгиев Беровски
    21. Кресненското востание започнало во:
    ОДГОВОР:5/17 октомври 1878 година
    22. Една од главните причини за неуспехот на Кресненското востание било:
    ОДГОВОР:Неповолната меѓународна ситуација, внатрешната неслога како и мешањето на Бугарија преку Комитетот Единство

    *Борба за самостојна македонска црква

    23. Зошто црковно- училишните општини во Македонија се откажувале од Цариградската патријаршија?
    ОДГОВОР:Засилената грцизација, наметнување на грчкиот јазик и култура
    24. Што побарале Охриѓани од Цариградската патријаршија во 60- тите години на 19 век?
    ОДГОВОР:Обнова на Охридската архиепископија и отстранување на дотогашниот митрополит кој бил Грк и на негово место назначување на Македонец
    25. Движењето за обнова на Охридската архиепископија кон крајот на XIX век било предводено од :
    ОДГОВОР:Скопскиот егзархиски митрополит Теодосиј Гологанов

    *Македонски организации и друштва во емиграцијата

    26. Младата македонска книжевна дружина основана во Софија во 1891 година го издавала списанието:
    ОДГОВОР:Лоза
    27. Како се нарекуваше весникот кој го издавал Македонскиот клуб формиран во Белград?
    ОДГОВОР:Балкански гласник 1902 година Стефан Јакимов Дедов

    *Формирање и дејноста на МРО

    28 Основачкиот состанок на МРО се одржал на:
    ОДГОВОР:23 Октомври/4 Ноември 1893 година
    29. За прв претседател на ЦК на МРО бил избран:
    ОДГОВОР:Христо Татарчев
    30. Највисок раководен орган на МРО бил:
    ОДГОВОР:Централен комитет
    31. Првиот устав на Македонската револуционерна организација го напишал ?
    ОДГОВОР:Петар Поп Арсов
    32. Кои двајца истакнати дејци на Македонската револуционерна организација го изработиле Уставот и Правилникот на ТМОРО?
    ОДГОВОР:Ѓорче Петров и Гоце Делчев
    33. Седиштето на задграничното претставништво на ТМОРО било во ?
    ОДГОВОР:Софија
    34. Кој ја имал главната улога при формирањето на четите на МРО?
    ОДГОВОР:Гоце Делчев
    35. Кој бил задолжен за организирање и раководење на четите во Внатрешната македонска револуционерна организација?
    ОДГОВОР:Гоце Делчев
    36. Која била главната задача на четите на МРО?
    ОДГОВОР:Ширењето на Организацијата и нејзините идеи со крајна цел подготовка на населението за востание
    37. Според зборовите на Гоце Делчев:
    ОДГОВОР: Светот го разбира како поле за културен натпревар меѓу народите
    38. Каде е роден Гоце Делчев?
    ОДГОВОР:Кукуш
    39. Во кој град заедно учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев ?
    ОДГОВОР:Штип
    40. Која година бил формиран Врховниот македонски комитет?
    ОДГОВОР:1895 година
    41. Приврзаниците на Врховниот македонски комитет се нарекувале?
    ОДГОВОР:Врховисти
    42. Какви биле ставовите на Внатрешната македонска револуционерна организација и Врховниот комитет околу ослободувањето на Македонија?
    ОДГОВОР:Првите тоа го посакувале преку внатрешно востание додека другите сметале на помош на Бугарија како соседна држава



    *Илинденско востание и Крушевската република

    43. На чија иницијатива бил свикан Солунскиот конгрес во1903 г. на кој била донесена одлука за востанието?
    ОДГОВОР:Иван Гарванов
    44. Одлуката за востание на Битолскиот револуционерен округ била донесена на?
    ОДГОВОР:Смилевскиот конгрес 2-7 мај 1903
    45. Солунските атентати биле организирани со цел:
    ОДГОВОР:Да се поттикне јавната свест кај европските големи сили
    46. Кое е најголемо народно востание на македонскиот народ против османлиската власт ?
    ОДГОВОР:Илинденското востание
    47. Крушевската Република траела:
    ОДГОВОР:десет дена
    48. Кој бил идеолог и предводник на Крушевската Република?
    ОДГОВОР:Никола Карев
    49. Кој бил највисок орган на цивилната власт на Крушевска република:
    ОДГОВОР:Советот на Републиката
    50. Симбол за одбрана на градот Крушево била изработката на:
    ОДГОВОР:Црешовото топче
    51. Војводата Питу Гули со својата дружина загинал на:
    ОДГОВОР:Мечкин Камен
    52. Во текот на Илинденското востание за придобивање првенствено на муслиманското население за борбата против Османлиите бил испратен повик- така наречен:
    ОДГОВОР:Крушевски манифест
    53. Која била разликата во изведувањето на востанието во Битолскиот револуционерен округ и во другите револуционерни окрузи?
    ОДГОВОР:најмасовно и најорганизирано

    *Положбата во Македонија по востанието

    54. Какви биле односите во Македонската револуционерна организација (МРО) по задушувањето на Илинденското востание
    ОДГОВОР:во длабока криза, поделеност меѓу група која сака централизација и група која сака демократизација и децентрализација
    55. Во октомври 1903 година биле предвидени реформи за Македонија кои се познати под името:
    ОДГОВОР:Реформите од Мирцштег
    56. Рилскиот конгрес се одржал во:
    ОДГОВОР:октомври 1905 Рилски манастир
    57. Главната полемика на Рилскиот конгрес се водела за:
    ОДГОВОР:идната поставеност на Организацијата. Централизација како дотогаш или децентрализација

    *Македонија за време на Младотурската револуција и Балканските војни

    58. Македонците активно учествувале во Младотурската револуција затоа што им биле ветени:
    ОДГОВОР:Слобода, братство и единство, ослободување на политичките затвореници. НФП се бори за аграрна реформа и бесплатно основно образование
    59. Кој документ го издал Јане Сандански во Солун за време на Младотурската револуција ?
    ОДГОВОР:Манифест до сите сонародници во Империјата
    60. По победата на Младотурската револуција, претставници од Струмичкиот, Серскиот и Солунскиот револуционерен округ ја формирале?
    ОДГОВОР:Народната Федеративна Партија
    61. За што посебно се залагала Народната федеративна партија во османлискиот парламент?
    ОДГОВОР:за аграрното прашање и бесплатно основно образование
    62. Како се одразило задушувањето на султанската контрареволуција на положбата на нетурските народи во империјата?
    ОДГОВОР:не довело до подобрување на положбата на нетурските народи
    63. Чија била иницијативата за свикување на семакедонска
    конференција?
    ОДГОВОР: Димитрија Чуповски
    64. Која била главна тема на Семакедонската конференција во Велес?
    ОДГОВОР:да се испрати Меморандум до Големите сили со барање за самостојна и независна Македонија
    65. За време на Балканските војни територијата на Македонија била:
    ОДГОВОР:поделена меѓу балканските сојузници
    66. Поделбата на Македонија по Балканските војни била потврдена со:
    ОДГОВОР:Букурешкиот мировен договор 1913

    *Афирмација на македонската мисла за создавање на македонска држава

    67. Која книга претставува највисок дострел во научната работа на Крсте Петков Мисирков?
    ОДГОВОР:За Македонцките работи
    68. Димитрија Чуповски бил претседател на:
    ОДГОВОР:Македонското научно литературно другарство
     
  6. Sweet888

    Sweet888 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ги има некој одговорено прашањата по француски за 8/9 или за 8/8?
     
  7. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    Ова сама си ги решавала прашањата или со наставничката?
     
  8. selfie

    selfie Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    n(Na)=8mol
    m(Al2O3)=5,1g
    m(Zn)=3250g
    m:o:=32g
    m(MgO)=4g
    m(CaO)=5,6g
     
  9. gikot123

    gikot123 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    дечки може ли да ми пратите македонски јазик прва година гимназија
    полагам во понеделник итно ми треба :( ве молам
     
  10. dankel

    dankel Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ќе ве молам прашањата за по биологија за 8 одд. деветолетка, понеделник полагам и ако ги има некој по информатика за 6 одд од деветолетка
     
  11. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    ^ по биологија ги имам скоро сите, ама ги немам електронски само печатени...
     
  12. dankel

    dankel Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Екстерни тестови

    Ќе ве молам прашањата за по биологија за 8 одд. деветолетка, понеделник полагам и ако ги има некој по информатика за 6 одд од деветолетка
     
  13. gikot123

    gikot123 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    македонски прва година гимназија
     
  14. tedi1

    tedi1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    decki ve molam makedonski za treta mnogu mi trebaaa fala vii odnapred :)
     
  15. Ecka12345

    Ecka12345 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Deckii gi ima nekoj odgovorite po makedonski za 8/9?
     
  16. 2203

    2203 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ve molam prasanjata geografija za 8/8 koj gi ima od 101-200 da gi stavite polagam vo ponedelnik ve molam
     
  17. justinbieberzz

    justinbieberzz Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    4
    Има некој одговори по кој било предмет за 6то одд деветтолетка? :(

    Јас ги имам одговорено само по германски сите за 6то деветтолетка,па ако му треба на некој нека ми пише:)
     
  18. beautym

    beautym Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    moze li nekoj da mi gi prati odgovorite fizika za treta gimnazija :)
    Blagodaram mnogu
     
    На MoNaA.CeCe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. happybird

    happybird Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Koj se testira programski 3 god. gimnazija neka mi pise da se dogovorime ;)
     
  20. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    одговорите се за Биологија 8/9 според PDF
    тие шо се со прашалници не сум сигурна :P

    1. Клетката
    2. Афтотрофно
    3. Органели
    4. Во јадрото
    5. Митоза
    6.
    7. Соединително
    8.
    9. Маларија
    10. Бесполово – проста делба и полово – коњугација
    11.
    12.
    13. Австралија
    14. Дизинтерија
    15. Две преткомори и една комора
    16. Инсекти?
    17. Царства
    18.
    19. Еуглената
    20. Паразити – внатрешни
    21. Цицачи
    22. Хитин – надворешен заштитен слој кај инсектите
    23.
    24. Дождовен црв, пијавица
    25. Гуштери, змии, желки, крокодили
    26. Во морињата
    27. Епидермис
    28.
    29. Жаба
    30. Ној, ему и казуар
    31. Трепки
    32. Плевматични
    33. Подвижно
    34. Амбулакрални ножиња
    35. Дигестивен систем
    36. Бапка
    37. Членконогите
    38. Минерални соли, вода, светлина, топлина
    39.
    40. Преживарите
    41. Копривкари
    42. Плнктони
    43. Две преткомори и две комори
    44.
    45. Еритроцитите
    46. Хемолимфа
    47. Едноклеточни и повеќеклеточни животни но со проста градба
    48. Да ја засируваат крвта при повреда на крвните садови
    49. Хидролимфа
    50. Болест
    51. Со алвеоли
    52. Еритроцитите
    53. Бронхии или воздушни ќесиња
    54. Во основата на нозете
    55. Хемоцијанин
    56. Жабри
    57. Инсектите
    58. Сите ‘рбетници освен рибите
    59. Контрактилна (пулсативна) вакуола
    60. Нефрони или малпигиеви терлца
    61. Бубрежно легенче, бубрежна кора, бубрежна средина
    62. Нефрони или малпигиеви телца
    63. Членконогите
    64. Голем, мал, среден, меѓумозок и продолжен мозок
    65. Средното уво
    66. Во носната празнина
    67. Црнка или зеница?
    68. Прстенести црви
    69.
    70. Инсектите
    71. На врвот на клунот
    72. Зигот
    73. Полноглавец
    74. Семеводите?
    75. Сунѓерите и мешестите животни
    76.
    77. Порите на обвивката
    78. Морско коњче
    79. Човекот
    80. Преполовен
    81. Доминантен
    82. Различен
    83. ДНК
    84.
    85.
    86. Модификација
    87. Мутациите
    88. Екологија
    89. Животните, растенијата, микроорганизмите и човекот
    90.
    91.
    92.
    93.
    94.
    95. Фамилија
    96. Клетки
    97. Спојување на машка и женска полова клетка
    98.
    99. Вид
    100.
    101. Влечуги
    102.
    103. Хитинот
    104. Хетеротрофно
    105. Клоаката
    106. Проста
    107. Артерии?
    108. Крвта
    109. Вени
    110. Кислород
    111. Дишење
    112. Кислород и јаглерод диоксид
    113. Исфрлање на штетните материи
    114. Невронот
    115. Мозочна обвивка
    116. Полови органи
    117. Јајце клетка
    118. Инсектите
    119. Јајцето
    120. Генетика
    121. Гените
    122.
    123. ‘рскавичното
    124.
    125. Жлездени
    126. Јадро, контрактилна и хранителна вакуола
    127. Коски
    128. Карл Лине
    129.
    130. Епител
    131. Хемолимфа
    132. Заштита
    133. Парамециумот и амебата?
    134.
    135. Хемиско разложување на храната
    136. Лимфата?
    137. Хемолимфата
    138. Крвни капилари
    139. Со бели дробови
    140.
    141. Мрежест
    142. Дразби
    143. Зеницата
    144. Јадро
    145. Птиците
    146. Копривкари и сунѓерите
    147. Хромозоми
    148.
    149. Растенијата/произведувачите на храна
    150.
    151. Митохондрии
    152. Морска звезда
    153. Ајкулите и ражите
    154.
    155. Дождовниот црв
    156. Копривкарите
    157. Трахеите
    158. Птиците
    159. Рибите
    160. На предните нозе
    161. Пчелите
    162. Прстенести црви и мекотели
    163. Доминантен
    164. Симбоза
    165. Јадрото
    166.
    167. Коските
    168. Митохондрии
    169. 4
    170.
    171. Калциум карбонат
    172.
    173.
    174.
    175. Хомеотермните (топлокрвните) животни
    176.
    177. Мазно
    178. Четинки
    179. Слепо црево
    180. Секачите
    181.
    182. Хранителна вакуола
    183. Шмукање
    184. Две преткомори и две комори
    185. Десната преткомора
    186.
    187. Бели дробови
    188. Прстенести црви
    189. Регистрира светлина
    190. Пупење
    191. Скакулец
    192. Мутации
    193.
    194.
    195. Митохондрии и пластиди
    196.
    197. Поикилотермни
    198. Разградувачо
    199. Шарамециум или амеба
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.