Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Девојки, која ги има одговорените прашања по Музичко за Прва година средно , ако може да ми ги прати. Ви благодарам многу :D :*
     
  2. tedi1

    tedi1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    може секој одговорите што ги има по било кој предмети да ги става за да ни биде полесно на сите , јас ги решавам македонски ама многу слабо ми иде ;(
     
  3. rolerka1

    rolerka1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Ke ve molam informatika za 3ta godina odgovoreni nikoj li nema? Neka mi prati LP ako ima nekoj ke se razmenime.
     
  4. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Ај некој ако има одговорено прашања по Информатичка технологија за 2 година Гимназиско образование ве молам итно ми е
     
  5. IvanaBerovo

    IvanaBerovo Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Ги напишав одговорите за Физика за 1ва година, а сега некој нека ми прати одговорите за музичка уметност(1ва година)
    1. Основна мерна единица во SI е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • маса :e: → килограм (kg)
    • време (t)→ секунда (s)
    • должина :l: → метар :e:
    • термодинамичка температура (Θ) → келвин (K)
    • јачина на електрична струја (I)→ ампер (A)
    • јачина на светлина (J)→ кандела (cd)
    • количество супстанца (n) → мол (mol)
    • агол во рамнина (A) → радијан (rad)
    • просторен агол (Ω) → стерадијан (sr)
    2. Основна физичка величина е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • маса :e:
    • време (t)
    • должина :l:
    • термодинамичка температура (Θ) јачина на електрична струја (I)→ ампер (A)
    • јачина на светлина (J)
    • количество супстанца (n)
    • агол во рамнина (A)
    • просторен агол (Ω)
    3. Скаларна физичка величина е: величина кој е определена со својата бројна вредност.
    Такви се сите физички величини со исклучок на брзина ( ), забрзување ( ), земјино забрзување ( ), сила ( ), тежина ( ), поместување ( )
    4. Мерната единица за должина 1nm (1 нанометар) изнесува: 10-9 m
    5. Постапката со која се утврдува колку пати во мерената величина се содржи некој број, кој е земен за единица мерка на таа величина, се вика: мерење
    6. Волуменот од 40dm3 претворен во m3 изнесува: 0.04m3
    7. Моќноста од 35 MW изразена во W(вати) изнесува: 3 500 000W
    8. Векторска величина е: онаа величина која е определена со пеавец, насока и модул (големина). Такви величини се: брзина ( ), забрзување ( ), земјино забрзување ( ), сила ( ), тежина ( ), поместување ( )
    9. Скаларна величина е величината која е одредена со: својата бројна вредност
    10. Во зависност од формата на траекторијата, движењата се делат на: праволиниски и криволиниски
    11. Кинематиката е дел од механиката што ги проучува: видовите движења
    12. Мерна единица за брзина е: m/s
    13. Забрзувањето се одредува со равенката:
    14. Векторот кој почнува во почетната, а завршува во крајната положба на материјалната точка која се движи, со насока од почетната кон крајната положба, се вика: вектор на поместување ( )
    15. Рамномерно забавено праволиниско движење е движењето наречено: рамномерното забрзано праволиниско движење при кое брзината се намалува
    16. Патот што го поминува телото е еднаков со модулот на неговото поместување, ако телото се движи: по праволиниска траекторија во една насока
    17. Кај рамномерно праволиниско движење, брзината:
    Зависи од понудениот одговор:
    • е константна т.е.
    18. Рамномерно забрзано движење е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • најпрост вид на променливо движење
    19. Забрзувањето кај рамномерно забрзано движење:
    Зависи од понудениот одговор:
    • т.е. моментното забрзување е еднакво на средното забрзување
    • т.е.забрзувањето е еднакво на односот помеѓу промената на брзината и времето за кое се случила таа промена
    20. Кај рамномерно кружно движење секогаш: има постојана по модул брзина
    21. Бројот на завртувања во единица време се вика: фрекфенција на вртење
    22. Нормално забрзување секогаш постои кај: криволиниските движења
    23. Кај криволиниските движења, тангенцијалното забрзување ја карактеризира: промената на насоката на движење на материјалната точка
    24. За телата со поголема маса е карактеристична: поголема инерција
    25. Телото ќе се движи рамномерно праволиниски, ако на него: не дејствува друго тело (друга сила)
    26. Импулсот на силата и импулсот на телото се: динамички величини
    27. Ако телото прави 7 завртувања во една секунда, неговата фреквенција е: 7s-1
    28. При рамномерно праволиниско движење, пешак за време од 20s поминува пат од 30m . Патот што ќе го помине со истата брзина за време од 2s е:
    t=20s V=s/t =1.5m/s
    s=30m s2=v*t2=3m
    t2=2s
    v=? s2=?
    29. Вториот Њутнов закон гласи: Силата со која дејствува телото е еднаква на производот од масата и забрзувањето на телото што му го соопштува силата
    30. Законот за акција и реакција е познат како: трет Њутнов закон
    31. Гравитационата сила помеѓу две тела зависи: правопропорционално од масата и обратнопропорционално од растојанието од центарот на сонцето до центарот на сонцето т.е. од радиусот на Земјата
    32. Ако телото под дејство на сила од 1 њутн, се поместува за 1 метар, тогаш извршената работа е:
    F=1N A=F∙s
    s=1m A=1J
    A=?
    33. Кога телото е во мирување неговата тежината е: еднаква на силата тежа
    34. Ако телото се движи рамномерно праволиниски со брзина од 10m/s, за 10 минути изминува пат од :
    Ѵ=10m/s s=Ѵ∙t
    t=10 min=600s s=6000m
    s=?
    35. Ако материјална точка се движи по кружница рамномерно, правејќи едно завртување за 4s, неговата аголна брзина изнесува:
    T=4s ω= 2П/T
    ω=? ω=1.57rad/s
    36. Ако за време од 1 секунда се изврши механичка работа од 1 џул, моќноста изнесува
    t=1s P= A/t
    A=1J P=1W
    37. Телата кои се движат имаат: кинетичка енергија
    38. Изразот E=mgh ja претставува: равенката за потенцијална енергија
    39. Ако масата на телото поставено на подлога е 25 kg, неговата тежина изнесува: (g≈10m/s2)
    m=25kg G=m∙g
    G=? G=250N
    40. Центрипетално и центрифугално забрзување се карактеристични за: центрипетално движење
    41. Ако тело со маса m=0,3kg паѓа слободно за време t=2s , работата што ја врши Земјината тежа е:
    m=0,3kg A=F∙s
    t=2s F=m∙g=3N
    A=? =20m
    A=60J
    42. Силата што на тело со маса од 600g му соопштува забрзување од 3m/s2, изнесува:
    m=600g=0.6kg F=m∙a
    a=3m/s2 F=1.8N
    F=?
    43. Делот од механиката, кој ги изучува причините за движењата на телата, се вика: динамика
    44. Едно тело се движи без почетна брзина и за време од 15 s добива брзина од 30 m/s. Колку е неговото забрзување?
    t=15 s
    v=30 m/s a=2m/s2
    a=?
    45. Тело се движи рамномерно забрзано со почетна брзина 3 m/s и негативно забрзување (успорување) од 2m/s2 . Зависноста на изминатиот пат од времето е дадена со равенката:
    46. Телото слободно паѓа од одредена висина и после 8 s удира на земја. Неговата брзина, при ударот изнесува: (g=10 m/s2)
    t=8s =g∙t
    =? =80m/s
    47. Ако тело со маса од 400g се движи со брзина од 5m/s по кружница со радиус од 0,4m, тогаш центрипеталната сила што дејствува на телото изнесува:
    m=400g=0.4kg
    =5m/s Fc=25N
    R =0.4m
    Fc=?
    48. Кинетичката енергија на тело со маса m=400 g што се движи со брзина од 10 m/s изнесува:
    m=400 g=0.4kg
    =10 m/s Ek=20J
    Ek=?
    49. Движењето на тело со маса m=2kg под дејство на сила F =4N во насока на брзината е:
    m=2kg
    F =4N a=2m/s2
    a=?
    50. Турист може да се искачи на Црн Врв по триразлични патеки. Работата на Земјината тежа е најголема при искачување по: онаа кај која висинската разлика од почетната и конечната положба на телото е најголема
    51. Тело со маса од 0,5kg е подигнато на висина од 2m. Неговата потенцијална енергија изнесува:
    m=0,5kg Ep=mgh
    h=2m Ep=10J
    Ep=?
    52. Тело е исфрлено од висина од 45 m во хорзонтален правец со брзина v0= 5 m/s. Неговиот хоризонтален домет изнесува:
    h=45 m D = v0∙t
    v0= 5 m/s → =9s
    D=? D = 45m
    53. Супстанциите кои можат да течат се викаат флуиди, а во нив спаѓаат: течностите и гасовите
    54. Притисокот што го создава сила од 1 N врз површина од 1 m2 изнесува:
    F=1N
    s=1m2 p=1Pa
    p=?
    55. ,,Притисокот во флуидите се пренесува подеднакво во сите правци’’ гласи: паскалов закон
    56. Силите на внатрешно триење кај флуидите кои се движат се викаат: вискозни сили
    57. Мерна единица за вискозност е: паскалсекунда (Pa∙s)
    58. Кога тело се наѓа во течност, ако силата на потисокот е поголем од тежината на телото, тогаш телото ќе: плива
    59. Ако при стационатно струење на идеален флуид во хоризонтална цевка, напречниот пресек на цевката се зголеми за два пати, хидростатскиот притисок ќе се: намали 2 пати
    60. Хидростатскиот притисок се одредува со формулата:
    61. ,,При стационарно струење на течности, збирот од статичикиот, хидростатичкиот и динамичкиот притисок во кој било пресек на цевката е константен’’ гласи: бернулиева равенка за притисок при стационарно движење на идеален флуид
    62. Движењето на флуидите може да биде: стационарно и нестационарно
    63. Карактерот на струењето на флуидот се определува со бездимензионалната величина наречена: струјна линија
    64. Врз малиот клип на хидраулична преса со плоштина од 10cm2 дејствува сила од 150N.
    Силата со која пресата делува на големиот клип со плоштина од 100cm2изнесува:
    S1 =10cm2=0.001m2
    S2=100cm2=0.01m2 F2=15N
    F1=150N
    F2=?
    65. Притисокот на 20m длабочина во водата изнесува: (ρ=1000kg/m3)
    h=20m p= ρgh
    ρ=1000kg/m3 p=200000Pa
    p=?
    66. Предмет со волумен 1 m3 е потопен во течност со густина од 1800 kg/m3. Силата на потисок со која течноста дејствува на предметот изнесува: (g=10 m/s2)
    V=1 m3 Fa= ρgV
    ρ=1800 kg/m3 FA=18000N
    g=10 m/s2
    FA=?
    67. Бројот на структурни елементи (молекули, атоми...) во 1 mol супстанција претставува: авогардов број (авогардова константа) Na=6.022∙1023mol-1
    68. Мерна единица за количество супстанција е: мол (mol)
    69. Изразот3/2 kT, каде што k– Болцманова константа,ја одредувa: средната кинетичка енергија на транслаторното движење на молекулите на гасот
    70. Меѓумолекуларните сили можат да се: привлечни и одбивни
    71. Меѓумолекуларните растојанија се многу големи кај: гасовите
    72. Температурата од 295К претворена во оС изнесува: 21,850C
    73. Врската помеѓу апсолутната температура и температурата измерена во оС е дадена со равенката:
    74. При постојан притисок и зголемување на температурата два пати, волуменот на идеалниот гас: волуменот на гасот ке се зголеми два пати
    75. Ако со текот на времето во даден гасен процес вредноста на температурата се одржува константна, велиме дека е: изотермен
    76. При зголемување на волуменот за 4 пати во даден изобарен процес, температурата на гасот: ќе се зголеми четири пати
    77. Ако со текот на времето во даден гасен процес вредноста на волуменот се одржува константна, велиме дека е: изохорен
    78. Психтометрите и хигрометрите се користат за мерење на: влажноста на воздухот
    79. Производот од масата на телото и неговата брзина се вика: импулс на телото
    80. Ако со текот на времето во даден гасен процес вредноста на притисокот се одржува константна, велиме дека е: изобарен
    81. Дополнителниот (Лапласов) притисок кој се јавува под менискусот во капиларните цевки зависи од: плоштината на граничната површина на течноста и површинскиот напон
    82. Ако капиларната цевка се потопи во поширок сад со течност која ги натопува ѕидовите на садот, тогаш: течноста се искачува во садот (елевација)
    83. Капиларна елевација и капиларна депресија се појави карактеристични за: присуство на тречност во капиларна цевка(капиларни појави )
    84. Апсолутната влажност на воздухот се одредува со густината на водената пара присутна во воздухот, дефинирана како: парцијален притисок
    85. Релативната влажност на воздухот се дефинира со: односот помеѓу апсолутната влажност на воздухот при дадена негова температура и максималната влажност при истата температура т.е. односот помеѓу густината на водената пара присутна во воздухот при дадена температура и густината на водената пара при заситување при истата температура
    86. Термодинамички процес претставува: колектив од повеќе честици кои зафаќаат определен волумен во еден затворен простор
    87. Работно тело, грејач и ладилник се составни делови на: топлинските машини
    88. Вториот принцип на термодинамиката гласи: целото количество на топлинска енергија не е моѓно да се претвори во механичка работа
    89. Ако при изохорен процес апсолутната температура на гасот се зголеми 3 пати за притисокот важи: дека и неговиот притисок ке се зголеми 3 пати
    90. Ентропијата се дефинира како:
    91. Гасот не разменува топлина со околината при адијабатски процес
    92. При адијабатска експанзија на гасот: врши позитивна работа а неговата внатрешна енергија се намалува
    93. Адијабатската константа зависи од: притисокот волуменот и температурата
    94. Првиот закон на термодинамиката гласи: количеството на топлина што е доведено на термодинамичкиот систем се троши за зголемување на внатрешната енергија на системот ∆U и за вршење на работа ∆А од системот против надворешните сили
    95. Термодинамичките процеси се: повратни и неповратни
    96. Ако топлинската машина со коефициент на полезно дејство η=0,3 (30%) прима количество топлина од грејач Q=50kJ предадената топлина на ладилникот е:
    η=0,3
    Q2=50kJ =0,014кЈ
    Q1=?
    97. Ентропијата на системот повеќе не се менува кога:
    98. Коефициентот на корисно дејство на топлинска машина е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • е помал од коефициентот на идеалната топлинска машина која работи според цикличниот процес на Карно
    • однос меѓу добиената полезна работа и топлинската енергија что работното тело ја добило од грејачот
    99. Секоја топлинска машина мора да има работно тело кое: може да биде било кој гас или пара
    100. Во SI основна мерна единица за маса е: килограм (kg)
    101. Векторската величина е определена со: правец, насока и модул (големина)
    102. Брзината е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • втора кинематичка величина
    • еднаква на односот од изминатиот пат во единица време
    103. Масата од 5 тони изразена во килограми изнесува: 5000kg
    104. Ако брзината на автобусот е 45km/h, таа изразена во основната мерна единица за брзина ќе изнесува: 12,5 m/s
    105. Основна мерна единица за температура во SI е: келвин (К)
    106. Извршената работа од 25kJ, изразена во основната мерна единица е: 25000 Ј
    107. ,,Секое тело останува во состојба на мирување или рамномерноправолиниско движење, се додека на него не дејствува надворешна сила, која ќе го принуди да си ја промени својата положба’’ претставува: прв Њутнов закон
    108. Движењето со постојана брзина по прва линија во иста насока се вика: рамномерно праволиниско движење
    109. Движењето со постојано забрзување по права линија во иста насока се вика: рамномерно забрзано праволиниско движење
    110. Телата слободно паѓаат со забрзување еднакво на: земјиното забрзување( =9,81 m/s2)
    111. Брзината кај рамномерно праволиниско движење е дадена со равенката: т.е.
    112. Брзината кај рамномерно забрзано праволиниско движење е дадена со равенката: т.е.
    113. Движењето на тело подигнато на одредена висина, по дејство на земјината тежа, се вика: слободно паѓање
    114. Вертикален истрел претставува:
    Зависи од понудениот одговор:
    • конкретен пример за рамномерно забрзано праволиниско движење
    • движење на тело фрлено вертикално нагоре со почетна брзина
    115. Движењето на тело исфрелено од некоја висина во хоризонтална насока со некоја почетна брзина, се вика: хоризонтален истрел
    116. Движењето на материјална точка по кружница со брзина постојана по големина, се вика: рамномерно движење по кружница
    117. Делот од механиката што ги проучува состојбите на движење на телата без да ги проучува причините за тие движења се вика: кинематика
    118. Забрзувањето го дефинираме како:
    Зависи од понудениот одговор:
    • односот помеѓу промената на брзината и временскиот интервал за кој настанала таа промена
    • трета кинематичка величина
    119. Кинетичка енергија имаат сите тела: кои се движат
    120. Моќност претставува: физичка величина која определува колкава работа се извршува во единица време
    121. Импулсот на телото е производ од: масата и брзината на телото
    122. Масата е мерка за: инертност на телата
    123. Забрзувањето кое кај криволиниските движења ја карактеризира промената на правецот на брзината се вика: нормално забрзување
    124. Кај криволиниските движења постои:
    Зависи од понудениот одговор:
    • нормално и тангенцијално забрзување
    • промена на брзината по модул и големина
    125. Времето за кое автомобил од стоење изминува пат од 30m со забрзување од 0,6m/s2 , е:
    v0 =0 x= x0+V0t+ a*t^2/2

    =0 x=
    x=30m
    a=0,6m/s2 t=? t=10s
    126. Материјалната точка прави 2 завртувања за 1 min. Нејзиниот период изнесува:
    T=?
    n=2min-1 T=0,5,min=30s
    127. Силата на триење помеѓу телото и подлогата е поголема кога:
    • е поголема силата на нормалниот притисок Fn меѓу површините на телата кои се допираат
    • кога е поголема брзината со која се движи телото
    • кога површината на подлогата е поголема
    128. Третиот Њутнов закон гласи: дејството е еднакво на противдејството т.е. акцијата е еднаква на реакцијата
    129. Силата на Земјината тежа дејствува секогаш: кон центарот на земјата
    130. Гравитационата сила помеѓу две тела со маси m1 и m2 поставени на меѓусебно растојание R е дадена со формулата:
    131. За даден гасен процес велиме дека е изобарен, ако со текот на времето се одржува константна вредноста на: притисокот
    132. Температурата од 50˚C изразена во Келвини изнесува: 323,15К
    133. Процесот на взаемно продирање на молекулите на две или повеќе материи во слободниот меѓумолакуларен простор, како последица на топлинското хаотично движење на молекулите, се вика: дифузија
    134. Волуменот на гасот при постојан притисок и почетна температура од 270С ќе се зголеми за два пати ако гасот се загрее до температура од: 540C
    135. Делот од физиката кој ги проучува енергетските претворања и основните процеси кај топлинските машини се вика: термодинамика
    136. Изолиран термодинамички систем е системот кој: не врши размена на топлинска енергија со околината
    137. Коефициентот на полезно дејство кај топлинската машина би се приближил кон 1, ако: Т2 е апсолутна нула
    138. Основна мерна единица во SI е:
    Зависи од понудениот одговор:
    • маса :e: → килограм (kg)
    • време (t)→ секунда (s)
    • должина :l: → метар :e:
    • термодинамичка температура (Θ) → келвин (K)
    • јачина на електрична струја (I)→ ампер (A)
    • јачина на светлина (J)→ кандела (cd)
    • количество супстанца (n) → мол (mol)
    • агол во рамнина (A) → радијан (rad)
    • просторен агол (Ω) → стерадијан (sr)
    139. Скаларна величина е: величина кој е определена со својата бројна вредност.
    Такви се сите физички величини со исклучок на брзина ( ), забрзување ( ), земјино забрзување ( ), сила ( ), тежина ( ), поместување ( )
    140. Времето потребно телото да направи едно завртување се вика: период
    141. Центрипетална сила е секоја сила под чие дејство телото добива: центрипетално забрзување
    142. Криволиниските движења:
    Зависи од понудениот одговор:
    • посложени движења од праволиниските
    • се рамномерно забрзани движења
    143. Силата со која Земјата ги привлекува телата се вика: земјина тежа
    144. Тело со маса 100g се движи со брзина 5m/s. Импулсот на телото изнесува:
    m=100g=0.1kg p=m∙v
    v=5m/s p=0.5 kg∙m/s
    p=?
    145. Две тела со маси m1 и m2 (m1=2m2) се поставени на лизгалки. Првото тело го оттурнува второто со силаF1. Согласно Третиот Њутнов закон и второто тело дејствува на првото тело со сила F2, при што е исполнет условот: F1=−2F2
    146. Кинетичката енергија на тело со маса m=200g што се движи со брзина 20m/s изнесува:
    m=200g=0.2kg
    v=20m/s Ek=40J
    Ek=?
    147. Една вреќа има маса од 100kg. Човек ја подигнал вреќата на висина 0,5m. При тоа тој извршил работа од:
    m=100kg A=F∙s
    s=0.5m A=50J
    A=?
    148. Тело со моќност 25W за 5min. извршува работа од:
    P=25W A=P∙t
    t=5min=300s A=7500J
    A=?
    149. Тело се движи по хоризонтална подлога под дејство на сила 50N, поместувајќи се 4m. Колкава работа завршува телото ако правецот на силата и правецот на поместувањето зафаќаат агол 60˚ ?
    F=50N A=F∙s∙cos
    s=4m A=100Ј
    =600
    A=?
    150. Силата што на тело со маса 300g му соопштува забрзување 3m/s2 изнесува:
    m=300g=0.3kg F=m∙a
    a=3m/s2 F=0.9N
    F=?
    151. Инструментот кој работи по принципот на Архимедовиот закон се вика: ареометар
    152. Силата на потисокот што дејствува на тело потопено во течност: се вика архимедова сила или потисок
    153. Во сите реални флуиди при нивно движење се јавуваат сили на внатрешно триење или: вискозни сили
    154. Силата на потисок што дејствува на човек со волумен 70dm3 потопен во вода со густина 1000kg/m3 изнесува: (g=10m/s2)
    FA=? FA= ρgV
    V=0.7m3 FA=7000N
    ρ=1000kg/m3
    155. На колкава висина се искачува вода во цевката една зграда, ако на приземјето притисокот изнесува 106Pa? Густината на водата изнесува 1000kg/m3
    h=?
    p=106Pa h=0.0106m
    156. Ако температурата на гасот во затворен сад се зголеми за 100K, а притисокот се зголеми два пати, почетната температура на гасот е:
    p∙T=(T+100)∙2p
    T=−200K
    157. При постојан притисок и зголемување на температурата за два пати, волуменот на идеален гас: ќе се зголеми 2 пати
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    музичко за прва ги има ли некој?
     
  7. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Физиологија за 1ва
    1.Улогата на ексреторниот систем е: Отстранување н крајни продукти на метаболизмот
    2.Првта фаза на создавање на урина се вика: Ултрафилтрација
    3.Во првите месеци, бременоста се одржува со помош на хормоните од: Со хормоните од жолтото тело
    4.Механичко контрацептивно средсто е: Кондом
    5.Развитокот на женските полови клетки се вика: Овогнеза
    6.Прскање на Графовиот фоликул и излегување на јајце-клетката, се вика: Овулација
    7.Примарната урина се добива во: Во bowman-овата капсла
    8.Присуствота на гликоза во урината се вика: Гликозурија
    9.Филтрацијата, како прва фаза на создавањето на урина се одвива во: Во bowman-овата капсла
    10.Кога доаѓа до соединување на машката и женската полова клетка, во јајцеводот настанува: Оплодување на јајце-клетката
    11.Во процесот на овогенеза се создава: Женска полова клетка/Јајце-клетка
    12.Примарната урина по состав е слична со: Крвната плазма
    13.Исхраната и дишењето на фетусот се одвива преку: Плацентата
    14.Оплодувањето на јајце-клетката кај човекот се одвива во: Почетните делови на јајцеводите
    15.Задолжителната реапсорпција на вода се врши во: Проксималното каналче
    16.Креатининот и сулфатите не се реапсопбираат поради тоа што се материи: Кои немаат вредност за прагот на реапсорпција
    17.Главен регулатор на излачување на водата преку урината е: Активно транпортираниот Натриум
    18.Една од наведените материи не влегува во состав на урината кај здрав човек:
    19.Зиготот ке биде од машки пол доколку генетската конституција му е: 44+ХY
    20.Контракциите на матката при породувањето се потпомогнати од хормонот: Окситоцин
    21.Секрецијата на млекото од млечните жлездите е резултат на активноста на: Хипофизата, која го зголемува нивото на пролактин, кој е со директно влијание врз жлездестиот паренхим. Од жлездестиот паренхим два до три дена после породувањето се лачи млекож
    22.Ектодерм, мезодерм и ендодерм се: Ембрионални обвивки кои се формираат во фазата на гаструла, подоцна од нив се создавват сите ткива и органи
    23.Зиготот ке биде од женски пол доколку се спојат гамети со следнава генетска конституција: 22+Х машка и 22+Х женска гамета
    24.Во нормални физиолошки услови, гликозата од примарната урина: Целосно се реапсорбира
    25.Создавањето на урина се одвива по следниов редослед: Улрафилтрација, Тубуларна реапсорпција и Тубуларна секреција
    26.Уринирањето претставува сложен рефлексен процес кој се остварува со истовремена: Контракција на m. detrusor vesicae urinariae и деконтракција на sphincter vesicae и sphincter urethrae
    27.Протеолитичките ензими кои му служат на сперматозоидот да ги разгради обвивките на јајце-клетката, се наоѓаат во: Акросомот
    28.Остварување заемна врска помеѓу организмот и надворешната средина е функција на: Централниот нервен систем
    29.Центрите за дефекација и микција се наоѓаат во: Во лумбалниот предел на рбетниот мозок
    30.Во малиот мозок е сместен центар за: Одржување на мускулниот тонус, одржување на рамнотежата на телото и за регулација на движењето
    31.Центрите за глад, ситост и жед се наоѓаат во:
    32.Одговор на ефекторот при дразнење на рецепторот, е дефиниција за: Рефлекс
    33.Црното јадро кое зема учество во регулацијата на мускулниот тонус и одржување поза на телото, е дел од: Средниот мозок
    34.Нервниот систем е одговорен за: Регулација на функции каде што е потребно брзо адаптирање на организмот на новонастанати услови
    35.Проводната функција на рбетниот мозок се состои од пренесување на: Информации од рецепторите за допир, болка, топло, студено и проприорецепторите во другите делови на ЦНС, главно кон малиот мозок и кората на големиот мозок
    36.Продолжениот мозок има: Рефлексна и спроводна функција
    37.Врската помеѓу соматскиот и вегетативниот нервен систем се остварува преку: Лимбичниот систем
    38.Условните рефлекси се: Индивидуални рефлекси кои се формирани вр основа на безусловни рефлекси
    39.Црвеното јадро се наоѓа: Во средниот мозок
    40.Рефлексните центри за цицање, џвакање и голтање се сместени во: Продолжениот мозок
    41.Приемници за дразби се: Рецепторите
    42.Холинергични нервни влакна на своите завршетоци лачат: Ацетилхолин
    43.Центрите за заштитните рефлекси (кивање, кашлање, повраќање итн...) се наоѓаат во: Средниот мозок
    44.Брокиниот центар е:
    45.Најрзвиен и најусовршен дел од централниот нервен систем е: Кората на големиот мозок
    46.Еден од наведените рефлексни лаци е со правилен редослед:
    47.Волевите движења се остваруваат како резултат на активноста на центрите во: Мал мозок
    48.Еден од наведените рефлекси не е заштитен рефлекс:
    49.Синаптичка пукнатина е: Простор помеѓу пресинаптичката и постсинаптичката мембрана
    50.Психичките активности (мислење, осознавање) се функции на: Кората на големиот мозок
    51.Средниот мозок со црвеното и со црното јадро се одговорни за: Регулација на отворот на зеницата, акомодација на окото, регулација на мускулниот тонус и одржување на поза во просторот
    52.Кои јадра ги нема во таламусот од меѓумозокот:
    53.Малиот мозок учествува во одржување на: Мускулниот тонус, рамнотежа на телото и регулација на движењето
    54.Хипоталамусот влијае врз ендокриниот систем преку: Симпатикусот, парасимпатикусот и хипофизата
    55.Висок субкортикален центар на бегетативниот нервен систем е: Хипоталамусот
    56.Потполно изгубена споспобност за волеви движења се вика: Парализа
    57.Афазија претставува:
    58.Базални ганглии се структури кои се наоѓаат во: Белата маса на големиот мозок
    59.Функционалната врска меѓу две надразливи клетки чии цитоплазми градат електрогени мембани се вика: Синапса
    60.Безусловните (вродените) рефлекси се: Наследни и непроменливи
    61.Во мионевралните синапси се остварува функционалната врска помеѓу: Аксонот на моторниот неврон и мускулното влакно
    62.Во една синапса, синаптичките везикули исполнети со невротрансмитер се наоѓаат во: Пресинаптичката мембрана
    63.Дразнење на симпатикусот ќе доведе до: Ширење на зеницата, тахикардија, намален тонус на мазната мускулатура, бронходилатација, вазоконстрикција, забавување на перисталтиката на желудникот и цревата, контракција на мазната мускулатура на матката итн...
    64.Рефлексните центри за џвакање, цицање, голтање и лачење на дигестивни сокови во продолжениот мозок, спаѓаат во: Рефлексите поврзани со хранењето
    65.Ценарот за слух се наоѓа: Темпоралниот лобус на кората на големиот мозок
    66.Базалните ганглии на големиот мозок служат за: Сложени моторичко-рефлекторни движења, регулација на мускулниот тонус, формирање на мимичките реакции, гестови поврзани со ракувањето, гестикулацијата, смеењето, координација на движењата поврзани со одржувањето на статиката на телото, изведување на автоматизирани мускулни движења(Одење, трчање, пливање итн...)
    67.Кората на големиот мозок нема:
    68.Најголема површина во моторна зона заземаат центри во кои се проектира: Мускулатурата на рацете и лицето
    69.Во таламусот, информациите директно од рецепторите доаѓаат во: Специфичните јадра
    70.Центрите за ерекција и ејакулација во рбетниот мозок се наоѓаат во: Сакралниот предел
    71.Дразнење на парасимпатикусот ке доведе до: Стеснување на зениците, брахикардија, вазодилатација итн...
    72.Преку невроепитеријалните синапси, се регулира работата на: Жлездестото ткиво во организмот
    73.Еден од наведените хормони се лачи во аденохипофизата:
    74.Тестостеронот се лачи во: Тестисите
    75.Недостиг на соматотропен хормон во периодот на растење на организот доведува до: Џуџест раст
    76.Продукти на лачење на ендокрините жлезди се: Хормоните
    77.Регулацијата на функциите на човечкиот организам е под контрола на нервниот и: Ендокриниот систем
    78.Хормоните од панкреасот регулираат: Количеството на гликоза во крвта
    79.Женски полов хормон е: Естрогенот и прогестеронот
    80.Тропни хормони се лачат од: Аденохипофизата
    81.Штитната жлезда не лачи:
    82.Стимулирање на секрецијата на адреналната кора е функција на: Симпатикусот
    83.Во аденохипофизата не се лачи:
    84.Во кората на надбубрежните жлезди не се лачат:
    85.Гонадотропни хормони се:
    86.Во приспособување на организмот во стресни состојби, учествува: Адреналинот
    87.По еден од наведените редоследи се регулира секрецијата на тироксинот:
    88.Антидиуретичниот хормон(ADH) дејствува на: Реапсорпцијата на водата од урината
    89.При недостиг на инсулинот во организмот, се јавува: Шеќерна болест(Diabetes mellitus)
    90.Покачувањето на концентрацијата на гликоза во крвта се јавува при: Намалено количество на инсулинот
    91.Лачење мелко од млечните жлезди е резултат на активноста на: Хормонот окситоцин
    92.Периферниот или рецепторниот дел на анализаторот за вкус е сместен во: Лигавицата на јазикот на епиглотистот и крајниот зид на голтникот
    93.При силна светлина зениците: Се затвораат
    94.Адекватната дразба на анализаторот за мирис се: Различни испарливи материи во воздухот
    95.Информации за допир, притисок, топло и студено, добиваме од: Рецепторите во кожата
    96.Рецепторите за примање на свтлосни дразби се викаат: Чунчиња и стапчиња
    97.Адекватна дразба за увото е: Звучните бранови
    98.Кокошкино слепило се јавува ако недостига: Витаминот А
    99.Кратковидноста се означува со терминот: Мипоија
    100.Густативни рецептори се рецептори за: Вкусот
    101.Отолитниот апарат влегува во состав на: Вестибуларниот анализатор
    102.Еден од наведените делови не влегува во оптичкиот дел од окото:
    103.При гледање оддалечени предмети, леќата е: Максимално сплоштена
    104.Ликот на предметот што се формира на ретината е: Свртен и намлен
    105.Приспоцобувањето на окото јасно да гледа предмети на различна оддалеченост, се вика: Акомодација
    106.Олфакторни рецепторни клетки има во: Анализаторот за мирис
    107.Предметот ќе се гледа јасно ако неговиот лик се формира во: Ретината во точката за јасно гледање
    108.Стапчиња и чунчиња се: Рецепторни клетки на анализаторот за вид
    109.При еднакво дразнење на рецепторите за црвена, зелена и за сина боја, се добива чувство за: Бела боја
    110.Адаптација на окото е: Приспособување на окото јасно да гледа некои предмети
    111.Рецепторни клетки за дневно (колорно) гледање се: Чунчињата
    112.Ако светлосните зраци после прекршувањето се сечат во фокусот пред ретината, рефракционата аномалија е: Миопија/Кратковидност
    113.Спроведување на звучните бранови до ушното (слушното) тапанче е функција на: Надвоершното уво
    114.Рецепторниот дел од анализаторот за звук (Кортиев орган), се наоѓа во: Полжавот на внатрешното уво
    115.Од вестибуларниот апарат се добива: Информации за положбата и движењето на телото
    116.Анализаторот за вкус нема сетилни клетки за:
    117.Кој од следниве искази е точен:
    118.Спроводен дел на анализаторот за гледање претставува: n. opticus Изграден е од аксоните на ганглиските клетки од ретината
    119.Намалена чуствителност за одделени видови вкус е појава наречена: Хипогеузија
    120. Во организмот, нормален број на леукоцити е: 4000-9000 mm3
     
  8. TWEET.13-SWEET

    TWEET.13-SWEET Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Англиски (прв странски јазик) за 8/8 некој барем нешто да има ?! :) Ви благодарам
     
    На prolet2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    И мене итно ми требаат ве молам за замена географија 8/8 имам. Благодарам однапред
     
  10. kosarkaaa

    kosarkaaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    ги има ли некој одговорите математика за осмо осмолетка?
     
  11. Vkc

    Vkc Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Geografija, gragansko, istorija, biologija, makedonski i hemija bilo koj od ovie ili site gi davam za fizika ili angliski (prv stranski) 8/8, pisete poraka ili ostavete gi vo temata pa ke vi gi pratam jas pozz
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Македонски јазик и литература и Математика за трета година има некој? :)
     
  13. bile29

    bile29 Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    јас ги имам ти пишав ама некако не стигаат пораките ми стојат во папката се испраќаат пиши ми ти
     
  14. gomba

    gomba Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Makedonski za prva godina da ne ima nekoj? Ako mozi neka gi objavi ili neka mi gi pusti vo LP?
     
  15. kikche1999

    kikche1999 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Nikoj li nema odgovori po likovno za prva godina gimnazija ??? :( :(
     
  16. theghost

    theghost Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ликовно за 1ва година да не има некој? Ако има и можи да ги стави нека ги стави или нека ми ги пушти во ЛП. Фала однапред :)
     
  17. krokodil333

    krokodil333 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    ајде некој македонски за 3 година гимназија ако има? имам јас физика математика социологија биологија историја.. ве молам :/
     
  18. Zlatkova

    Zlatkova Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    може ли и мене да ми ги пратиш те молам
     
  19. Bobinsk

    Bobinsk Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Дали некој ги има одговорите по Македонски јазик за шесто одделение - деветолетка ?????????? ;(
     
  20. magdalenagjorgjevska

    magdalenagjorgjevska Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ај ако сакаш прати ми ги биологија јас кје ти пратам хемија до понеделник....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.