Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговори на прашањата од екстерно

Дискусија во 'Канта' започната од smiley16, 26 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. externopomos

    externopomos Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    француски 8 (9) мнгоу ми требаат за утре ФАЛА ВИ
     
  2. asm.i

    asm.i Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ги имам музичко за 2ра,ми требаат англиски
     
  3. laughter

    laughter Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Биологија за I гимназија точни се
    1.Носителите на наследните особини кај живите организми се наоѓаат во..
    Јадро,хромозоми ,гени, ДНА
    2.Контролните механизми за управување со животните процеси во клетката се сместениво...
    Јдрото- гените
    3.Клеточната мембрана е изградена од сложени масти и..
    Сложени белковини-протеиди
    4.Дообработката на маттериите синтетизирани од ендоплазматичниот ретикулум и ивно пакување во везикули се одвива во..
    Голџиев апарат –систем
    5.Клеточната органела на чија поврпина се наоѓаат рибозомите се вика..
    Ендоплазматичен ретикулум
    6.Која органела учествува во процесот на дишење на клетката(ослободување на енергија од храна)
    Митохондрии
    7.Впивањето на хранливите материи се врши во
    Тенкото црево,во цревните ресички
    8.Хранопровод,желудник, тенко црево, црн дроб се органи на ..
    Дигетивен систем,систем за варење на храната
    9.Процесот на размена на гасови е познат како ..
    Респирација –дишење а се одвива размена на гасови меѓу крвта и надворешната средина
    10.Во процесот на дигестија на хранливите материи учествуваат голем број биолоши активни материи наречени .....
    Ензими
    11.Излачувањето кај парамециумот се врши во...
    Вакуола
    12.Лабораториската техника која се користи за разделувањеи отстранување на компонентите од една клетка во уреди за мелење се вика...
    Фракционирање
    13.Која е улогата на Александар Флеминг во микробиологијата?
    Тој го открил пеницилинот
    14.Кои од наведените елементи се застапени во најголем процент во клетката?
    Тоа се биогените елементи кои се застапени со99% и тоа кислород водород , јаглерод и азот , апомалку се застапени –сулфур, фосфор, калиум, натриум, жеезо , манган, калциум.....
    15.Основна карактеристика по која еукариотската клетка се разликува од прокариотската е ..
    Јадрото
    16.Што се добива при разградувањето на шекерите во процесот на дишење?
    Вода, топлина и енергија АТП
    17.Клеточниот зид кај растенијата во својот состав има...
    Целулоза ,пектини, хемицелулоза, која дава цврстина форма еластичност и е прозирен....
    18.За животинската клетка е карактеристично дека....
    Се исхранува хетеротрофно, нема клеточен зид и хлоропласти.
    19.Кај влечуги ни птици урината се исфрла преку .... Уретер и клоака
    20.Излачувањето на непотребните материи кај рбетниците се врши преку бубрезите и мал дел..
    Преку кожата –потни жлезди кои лачат пот која има сличен состав со урината.
    21.Половите клетка се делат.....
    Со мејоза –редукциона делба која уште се нарекува гаметогенеза(оогенеза и сперматогенеза)
    22.Кој процес е заеднички за зелениот гуштер и алгата хлорела?
    Веројатно се мисли на биолошка заедничка особина а тоа е во овој случај клеточното дишење.
    23.Под влијание на кој фактор има појава на отворање на цветовите на лалето?
    Поради сончева светлина , топлина....
    24.Кои од наведените оргнизми се автотрофни...
    Тоа се растенијата алгите и некои цијанобактериии.
    25.Кој од наведените организми има дводелно срце?
    Рибите 1 комора и 1 преткомора .
    26.Кој од наведените организми има троделно срце?
    Тоа се влекачи и водоземци.
    27.Кај кое од наведените организми се среќава четириделно срце?
    Крокодили алигатори и кајманни....
    28.Која е највисоката систематска категорија?
    Царство.
    29 . Која од наведените науки ја прочува сродноста и оддалеченоста на видовите?
    Систематика
    30.Која од наведените болести как човекот е предизвикана од вируси....
    Грип,кивавица,сипаници, сида ,менингитис,хепатитис, дијареа,....
    31.Кој орган го олеснува пливањето кај рибите?
    Тоа е хидростатскиот орган рибен меур.
    32.Зошто вирусите не ги вбројуваме во ниту едно царство на живи организми?
    Затоа што тие се на граница меѓу живи и неживи организми и немаат јадро.
    33.Модрозелените алги кои се исхрануваат автотрофно се наречени..
    Цианофита- синозелени алги.
    34.Со кој дел мововите сеприцврстуваат за подлогата?
    Со ризоидите тенки влакненца.
    35.Како се нарекуваат вирусите кои напаѓаат бактерии?
    Тоа се бактериофаги или фаги.
    36.За монокотиледоните е карактеристично дека....
    Имаат 1 котиледон,жилест корен ,Затворен тип спроводни снопчиња,паралелна нерватура на лист и тричлен цвет.
    37.Преку што дишат жабите?
    Жабри , бели дробови и кожа.
    38.Кое од наведените растенија ја прима водата преку целото тело?
    Она растение кое е целото во вода.
    39.Кој од наведените претставници припаѓа на групата Спорозоа?
    Тоа е плазмодиумот кој живее во маларичниот комарец и предизвикува болест маларија.
    40.Метаморфоза е карактеристичен процес кој се одвива кај претставници од групата на...
    Водоземци
    41.Кој од наведените организми припаѓа на прокариоти?
    Царство на монери-бактерии и синозелени-модрозелени алги..
    42.На кое царство му припаѓаат парамециум, дијатомеа и еуглена?
    Царство на протисти.
    43.Кој вид од камшикарите е предизвикувач на тешко заболување кај човекот спиечка болест?
    Тоа е трипанозомата кој ја пренесува мувата Це-це.
    44.Кои организми дишат со помош на трахеи?
    Тоа се инсектите.
    45.Кои од наведените организми припаѓа на царството на Монери/
    Бактерии и модро=синозелени алги.
    46.Кој од наведените организми припаѓа на групата протоплазматични животни?
    Амебата.
    47.Кој од наведените организми припаѓа на групата трепчести праживотни?
    Тоа е Парамециум.
    48.Вио примерок од вода од поток меѓу останатите бактерии е пронајдена Ешерихија коли .На каков вид на загадување упатува оваа бактерија?
    Се работи за загадување со фекални води кои потекнуваат од канализација.
    49.Кој од наведените делови на телото на животните содржи мазно мускулно ткиво?
    Тоа е срцето, органите на утробата и крвните садови и сите тие работаат на неволев принцип.
    50.Кој од наведените видови е класифициран во груа на рскавични риби?
    Тоа се ајкули и ражи.
    51.Одберетеги правилно поредените фази на животен циклус на пеперутка после оплодување!
    Јаце-ларва –адултна возрасна форма т.е. пеперутка.
    52.Како се нарекува вирусот кој предизвикува рак на грлото на матката?
    ХПВ –хуман папилома вирус
    53.Популација сочинуваат сите единки на
    Ист простор да живеат ,да се хранат со иста храна,да имаат слично живеалиште да се размножуваат меѓу себе и да даваат здраво потомство.
    54.Највисок степен на еколошка интеграција е...
    Биосфера
    55.Биотопот претставува..
    Животна средина –живеалиште
    56.Во групата на биотички фактори спаѓаат..
    Конкуренција, предаторство,симбиоза, паразитизам, коменсализам и мутуализам.
    57.Негативните промени во атмосферата резултираат поради влијанието на....
    Антропогениот фактор, издувни гасови од фабрики, емисија на јаглерод диоксид и јаглерод моноксид, несоодветно одлагање на радиоактивен отпад, нуклерни проби и др.
    58.Најголемиот број на бактериските видови според видот на исхраната се...
    хетеротрофни
    59.На кое ниво на еколошка интеграција се тундра, тајга и степа?
    Тие се биоми
    60.Кое од наведените заштитени подрачја е категоризирани како национален парк/
    Подрачје кое изобилува со природни реткости , ретки видови , фосилни видови, видови во исчезнување и реликти од растително и животинско потекло.
    61.На кој биом му припаѓаат тревите и слоновите?
    На биомот Савана.
    62.На кој биом му припаѓаат кактусите и камилите?
    Пустина
    63.На кој биом припаѓаат ирваси и мовови?
    Тундра
    64.Како се викаат организмите кои се еуривалентни за повекето еколошки фактори?
    Мулти или полиеуривалентни или еуривалентни за еколошкиот спектар на видот.
    65.Организмите кои поднесуваат потесно варирање на еден еколошки фактор се...
    Стеновалентни
    66.Процесот на повторна преработка на одделни делови од комуналниот отпад се нарекува...
    Рециклирање
    67.Како се вика состојбата на сосема забавени физиолошки активности во текот на зимата?
    Хибернација
    68.Подредете ги нивоата на еколошка интеграција од најниско до највисоко...
    единка,популација,биоценоза, биотоп,еколошка ниша, екосистем , биом и биосфера
    69.Со истражување е утврдено дека температурниот минимум за раст на пастрмката изнесува 4 степени Ц а максимумот 18 степени Ц а оптималните температури се од 8-12 степени.Колкава е температурната валенца на видот/
    Таа е 14 степени Ц
    70.Што значи појава на цветање на водата во езерото?
    Тоа е период на размножување на алгите и некои цијанобактерии.
    71.Пронајди ги продуцентите во екосистемот океан..
    Тоа се сите растенија, алги и крајбрежна вегетација
    72.Која алка во синџирот на исхрана во еден шумски екосистем е волкот кој се исхранува со зајак?
    Последната алка Консумент или потрошувач предатор
    73.Рускиот биохемичар Опарин ја застапувал теоријата за настанување на живиот свет позната како..
    Коацерватна теорија
    74.Кој ја поставил теоријата за еволуција на видовите?
    Чарлс Дарвин.
    75.Движењата на одделни организми надвор од популацијата се познати како ..
    Миграции
    76.Во која група докази на еволуцијата спаѓаат фосилите и отпечатоците/
    Во палеонтолошки докази
    77.Кој од наведените мајмуни припаѓа на човеколиките мајмуни?
    Гибон , орангутан горила и шимпанзо
    78.Кој фактор на еволуцијата овозможува настанок на нови биолошки видови?
    Наследност ,мутации миграции и генетичка случајност.
    79.Најприфатена е хипотеза дека земјата настанала од....
    Првобитна небула – облак
    80.На што укажуваат големите сличности меѓу човекот и човеколиките мајмуни за разлика од другите цицачи.....
    Сличностите укажуваат дека тие потекнуваат од заеднички предок но дека се развивале одделно во различни правци...
    81.Сејмурија е преодна форма помеѓу
    Влекачи и водоземци
    82.Шакоперката е преодна форма меѓу...
    Влекачи и риби
    83.Ѕверогуштери се преодна форма меѓу..
    Влекачи и цицачи
    84. Биотичкиот однос во кој еден организам се исхранува со друг е познат како..
    Предаторство
    85.Најдобар пример за апосемија се среќава кај..
    Зми и, пчели, оси, стршлени , пајаци и други организми кои имаат механизми за заштита.
    86.Преодната форма меѓу влекачи и птици е позната како..
    Археоптерикс
    87.Кој од наведените хоминиди е најстар предок на човекот?
    Аустралопитекус
    88.Мутуализам е биотички однос во кој..
    И двата организми имаат корист од заедничкото живеење.
    89.Доколку еден вид пеперутка која е адаптирана за живот во индустриска област , живее во области со помало загадување кај неа ке се ...
    Појави постепено адаптирање со осветлување на бојата на телото- индустриски меланизам
    90.Кај кои од посочените видови има појава на коеволуција..
    Грабливци и плен, лилјак и цветови и паразит и домаќин.
    91.Кој човечки предок користел камено орудие, лак и стрела,оган, бил прв уметник, и поседувал висок степен на култура?
    Кромањонец хомо сапиенс фосилис-фосилен свесен човек
    92.Продна форма меѓу исправениот човек хоммо еректус и современиот човек хоммо сапиенс е
    Неандерталец, Крапинец и Кромањонец
    93.како уште се нарекува состојбата на труење сон дроги?
    Наркоманија
    94.Која од наведените супстанции не припаѓа во група на дроги?
    95.Кои од наведените особини не го карактеризираат алкохоличарот...
    Сите особини кои се нормални за човекот
    96.Што се подразбира под делириум или тременс?
    Тоа е алкохолно лудило
    97.Состојбата на невнесување на дрога во организмот уште е позната како
    Апстиненција
    98.Доколку пациентот има тешко оштетување на интелектуалната функција поради консумирање на алкохол прин што е утврдено дека лекувањето ќе биде неуспешно за каква Дијагноза се работи....
    Тоа е деменција со трајно оштетување на нервните центри
    99.Колку различни отровни материи се ослободуваат при согорување на тутунскиот лист?
    200-300
    100.Кој од наведените искази одговара на циркулаторниот систем кај рибите?
    Затворен крвоносен систем со 2делно срце низ кое циркулира само редуцирана крв.
    кизче :) :) :)
     
    На BlackStar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IvanaOneD

    IvanaOneD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    ништо не се случува...наставничката ни го кажа ова :D
     
  5. justin4ever

    justin4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    36
    Ако некој има одговорено етика за 6/9 одд нека ги стави или нека ми ги прати :@
    Благодарам однапред :)
     
  6. BlackStar

    BlackStar Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Дали некој ги има одговорите на прашањата од конструкција по математика? Се работи за втора година гимназија :)
     
  7. Ivan333999

    Ivan333999 Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Некој да не ги има одговорите за 3 година по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК гимназиско ... :?:
     
  8. noname12345

    noname12345 Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    ова за прва година медицинско училиште? а ако да ако може да ми ги пратиш по музичко :)
     
    На stolepetrov25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ellieamor

    ellieamor Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    ПАТОПИС се и двете :) :)
     
  10. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Се намалува
     
  11. ellieamor

    ellieamor Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
     
  12. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    ве молам кој ги има одговорите по физика,и германски за 8/8 нека ги пише,хитно и требаат на братучедками :)
     
  13. ristoovv

    ristoovv Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    биологија за 8(деветгодишно ) ве мовалм некој
     
  14. anonimnaPP

    anonimnaPP Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Дали има некој прашања по електроника за 2 година електро техничарка за комп техника и автоматика..?? ми требааат брзо исто така би биле добредојдени и другите одговори за вториот ден на полагање ЛП.
     
  15. Boris-zakon

    Boris-zakon Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    1. Основна градбена единица на сите живи суштества е: КЛЕТКА
    2. Што е заедничко за сите растенија во однос на исхраната? СИТЕ СЕ АФТОТРОФНИ -СОЗДАВААТ ХРАНА
    3. Ситните специјализирани делови во цитоплазмата кои имаат одредна специфична улога во различните процеси во клетката се викаат: ОРГАНЕЛИ
    4. Во која органела се сместени гените? ЈАДРОТО
    5. Со каква делба се делат клетките од епителното ткиво на кожата? ПРОСТА ДЕЛБА-МИТОЗА
    6. Кои клетки од наведените имаат најмала големина? ЦРВЕНИ КРВНИ КЛЕТКИ - ЕРИТРОЦИТИ
    7. Коскеното ткиво спаѓа во групата на: СВРЗНО ТКИВО - СОЕДИНИТЕЛНО
    8. Во која систематска категотија Карл Лине ги групирал сличните класи? ВО ТИПОВИ/РОДОВИ
    9. Кое од наведените животни припаѓа во класата водоземци? ВОДОЗЕМЦИ СЕ: ЖАБА, САЛАМАНДЕР, ЧОВЕЧКА РИПКА
    10. Плазмодиумот е предизвикувач на заболувањето: МАЛАРИЈА
    11. Парамециумот се размножува со: ПРОСТА ДЕЛБА, БЕСПОЛОВО
    12. Кое од наведените организми има зрачна симетрија? СУНЃЕРИ, КОПРИВКАРИ
    13. Кој од наведените организми НЕ припаѓа во групата на праживотни?
    - ПРАЖИВОТНИ СЕ: ЕУГЛЕНА, АМЕБА, ПАРАМЕЦИУМ
    14. Клунари се цицачи без плацента кои живеат во: АВСТРАЛИЈА
    15. Која болест ја предизвикува паразитската амеба? ДИЗЕНТЕРИЈА
    16. Срцето кај крокодилите е изградено од: ДВЕ ПРЕТКОМОРИ И ДВЕ КОМОРИ
    17. Кој од наведени организми е преносител на трипанозомата кај луѓето?МУВА ЦЕ ЦЕ
    18. Карл Лине ги групирал типовите организми на: КЛАСИ ПОД ТИП/А ЦАРСТВО НАД ТИП
    19. Кое од наведените животни НЕ спаѓа во групата на безрбетни животни?
    -БЕЗРБЕТНИ СЕ: СУНЃЕРИ, КОПРИВКАРИ(КОРАЛИ,МЕДУЗИ,ХИДРА), ЦРВИ (ДОЖДОВЕН ЦРВ,ТЕНИЈА), МЕКОТЕЛИ(ПОЛЖАВ,ШКОЛКИ), ИГЛОКОЖИ(МОРСКИ ЕЖ)
    20. Коj од наведените организми има способност да се исхранува афтотрофно и хетеротрофно? ГАБИТЕ
    21. Тениите и метилите спаѓаат во: ПЛОЧЕСТИ ЦРВИ (ПАРАЗИТСКИ)
    22. Папци и копита се кожни творби кај: ЦИЦАЧИ - КОПИТАРИ
    23. Во која група на животни спаѓаат хитоните? МЕКОТЕЛИ
    24. Коj од наведените организми НЕ спаѓа во групата на безрбетници?
    - БЕЗРБЕТНИ СЕ: БЕЗРБЕТНИ ЧЛЕНКОНОЖНИ (РАК, ПАЈАК, ИНСЕКТИ, МНОГУНОГАЛКИ)
    25. Коj од наведените безрбетници спаѓа во групата на прстенести црви? ДОЖДОВЕН ЦРВ И ПИЈАВИЦА
    26. Кое од наведените животни спаѓа во влечуги? ЖЕЛКИ, ЗМИИ, ГУШТЕРИ, КРОКОДИЛИ
    27. Гигантските желки можат да се сретнат во: ГАЛАПАГОС, АМАЗОН, (ВЛАЖНИ ШУМИ, СУВИ ПРЕДЕЛИ)
    28. Надворешниот слој на кожата кај цицачите се вика: ЕПИДЕРМИС
    29. Кој од наведените поими не е рожна творба на кожата кај цицачите?
    - РОЖНИ ТВОРБИ КАЈ ЦИЦАЧИ: ВЛАКНА, НОКТИ, КОПИТА ПАПЦИ, РОГОВИ, КАНЏИ
    30. Кај кои од наведените `рбетници оштетувањето на кожата предизвикува сериозно пореметување на процесот на дишење, односно појава на смрт? ВОДОЗЕМЦИТЕ
    31. Птици тркачи се: НОЈ, ЕМУ, НАНДУ, КИВИ
    32. Парамециумот се движи со помош на: ТРЕПКИ
    33. За приспособување кон летањето, коските на птиците се: ПНЕВМАТИЧНИ (ШУПЛИВИ)
    34. Какво поврзување на коските претставува зглобот? ПОДВИЖНО
    35. Морскиот еж се движи со: АМБУЛАКРАЛНИ НОЖИЊА И БОЦКИ
    36. Хранопровод, желудник, црн дроб, танко црево се органи на: СИСТЕМ ЗА ВАРЕЊЕ (ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ)

    37. Како се вика мускулното проширување во пределот на хранопроводот кај птиците? БАПКА
    38. Најсложен систем за варење од безрбетниците имаат: ЧЕЛЕНКОНОГИ (ИНСЕКТИ И РАКОВИ)
    39. Кои од наведените хранливи материи се неоргански?
    - НЕОРГАНСКИ СЕ: ВОДА И МИНЕРАЛНИ СОЛИ
    - ОРГАНСКИ МАТЕРИИ СЕ: ШЕЌЕРИ, БЕЛКОВИНИ, МАСТИ, МАСЛА, ВИТАМИНИ
    40. Во кој од наведените органи нема ензими?
    - ЕНЗИМИ ИМА КАЈ ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ
    41. Бураг, капура, листенец и сириште се делови на желудникот на: ПРЕЖИВАРИ
    42. Кај кое од наведените животни има вонклеточно и клеточно варење на храната? НЕКОЕ ОД МЕШЕСТИТЕ ОРГАНИЗМИ - (КОПРИВКАРИ) - КОРАЛИ, МЕДУЗИ, ХИДРА
    43. Грбавиот кит се исхранува со: ПЛАНКТОНИ
    44. Срцето кај цицачите е изградено од: 2 ПРЕТКОМОРИ И 2 КОМОРИ
    45. Во крвни клетки НЕ спаѓаат:
    - КРВНИ КЛЕТКИ:ЦРВЕНИ-ЕРИТРОЦИТИ, БЕЛИ-ЛЕУКОЦИТИ, ПЛОЧКИ-ТРОМБОЦИТИ
    46. Од сите крвни клетки најбројни се: ЦРВЕНИТЕ (ЕРИТРОЦИТИ)
    47. Како се вика циркуларната течност која пренесува материи кај мекотелите? ХЕМОЛИМФА
    48. Хидролимфата е циркуларна течност што пренесува материи кај: ЕДНОКЛЕТОЧНИ ИЛИ ПРОСТИ ПОВЕЌЕКЛЕТОЧНИ ОРГАНИЗМИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ВОДА (сунѓерите и копривкарите)
    49. Која е улогата на тромбоцитите? ЗАСИРУВАЊЕ НА КРВТА
    50. Телесна течност кај сунѓерите и копривкарите е: ХИДРОЛИМФА
    51. Во случај на зголемен број на леукоцити кај еден организам се работи за: ЛЕУКЕМИЈА
    52. Со што завршуваат бронхиолите? АЛВЕОЛИ
    53. Во телото на цицачите пренесувањето на гасовите се врши со помош на хемоглобинот од: КРВТА-ЦРВЕНИТЕ КРВНИ КЛЕТКИ
    54. Во системот за дишење кај птиците освен белите дробови се среќаваат и: ВОЗДУШНИ КЕСИЊА
    55. Каде се сместени жабрите кај речниот рак? ВО ОСНОВА НА ЕКСТРЕМИТЕТИТЕ
    56. Хемоцијанинот е пигмент застапен во на телесната течност на: МЕКОТЕЛИТЕ, РАКОВИТЕ
    57. Ајкулата дише со: ЖАБРИ
    58. Кое од наведените животински организми дишат со цевчиња-трахеи: ЧЛЕНКОНОГИ - ИНСЕКТИ
    59. Со бели дробови дише: СИТЕ РБЕТНИЦИ ОСВЕН РИБИТЕ
    60. Органели за излачување кај парамециумот се: КОНТРАКТИЛНИ ВАКУОЛИ
    61. Како се викаат основните градбени и функционални единици на бубрегот? НЕФРОНИ
    62. Основни делови на бубрегот се: КОРА, СРЦЕВИНА (ЧАШКА, ПИРАМИДИ), ЛЕГЕНЧЕ
    63. Како се викаат ситните зрнести структури кои ја сочинуваат бубрежната кора? НЕФРОНИ И МАЛПИГИЕВИ ТЕЛЦА
    64. Малпигиевите садови се органи за лачење на: МОЧ
    65. Централниот нервен систем кај `рбетниците е составен од: ЧЕРЕПЕН МОЗОК И `РБЕТЕН МОЗОК
    66. Движењето на звукот помеѓу надворешното и внатрешното уво се пренесува преку: СРЕДНО УВО - 3 СЛУШНИ КОВЧИЊА
    67. Мирисните рецептори кај цицачите се сместени: ВО ЕПИТЕЛОТ НА ГОРНА НОСНА ПРАЗНИНА
    68. Во кој дел од окото се сместени сетилните клетки што ги примаат светлосните дразби? ВО МРЕЖНИЦАТА
    69. Ганглионарен скалест нервен систем има: МЕКОТЕЛИТЕ
    70. Кои од наведениве организми немаат нервен систем? СУНЃЕРИТЕ, ЕДНОКЛЕТОЧНИ ОРГАНИЗМИ
    71. Мозаична слика создаваат очите на: ИНСЕКТИ И РАКОВИ
    72. Сетилните клетки за допир кај гулабот најмногу се распоредени: НА КЛУНОТ
    73. Оплодената јајце клетка се вика: ЗИГОТ
    74. Ларвата на жабите е позната како: ПОЛНОГЛАВЕЦ
    75. Кај цицачите машките полови клетки се спроведуваат низ: СЕМЕВОДИ
    76. Бесполово со пупење се размножуваат: СУНЃЕРИ, ХИДРИ, КОПРИВКАРИ
    77. Кој од наведените животни се размножува полово? СИТЕ ЖИВОТНИ ОД `РБЕТНИЦИТЕ
    78. Кај птиците ембрионот додека се развива во јајцето дише преку: ЛУШПАТА
    79. Во животинското царство постојат животни каде мажјакот ги носи оплодените јајца клетки се до нивното созревање. Таков пример има кај: МОРСКОТО КОЊЧЕ
    80. Кај кокошката и петелот има изразити разлики во надворешните белези. Сличен полов диморфизам има и кај: ИНСЕКТИТЕ И `РБЕТНИЦИТЕ (нпр. ФАЗАН, ПАУН)
    81. Бројот на хромозомите во половата клетка во споредба со телесните клетки е: ПОЛОВИНА (23 ХРОМОЗОМИ ПОЛОВА /46 ХРОМОЗОМИ ВО ТЕЛЕСНА КЛЕТКА)
    82. Ако едно животно има иста особина со едниот родителот, генот одговорен за таа особина е: ДОМИНАНТЕН
    83. Бројот на хромозомите во јадрото кај различни животни е: РАЗЛИЧЕН
    84. Хромозомите се изградени од протеини и: ДЕЗОКСИРИБОНУКЛЕИНСКА КИСЕЛИНА - ДНК
    85. Кој од наведениве примери НЕ е вештачка селекција? СЕ ШТО НЕ Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЧОВЕКОВОТО ВЕШТАЧКО ОДБИРАЊЕ/ВКРСТУВАЊЕ/СЕЛЕКЦИЈА
    86. Ако од еден лист се исхрануваат 20 гасеници, тогаш велиме дека има: ......
    87. Која е причината за промена на бојата на крзното на алпскиот зајак од бела (во зима) во сива (во лето)? МОДИФИКАЦИЈА
    88. Ако се роди маче со две глави, тогаш тоа е појава на: МУТАЦИЈА
    89. Науката која што ги проучува заемните односи меѓу организмите и животната средината се вика: ЕКОЛОГИЈА
    90. Биосферата ја сочинуваат: СИТЕ ЖИВИ ОРГАНИЗМИ
    91. Рамнотежата во природата ја одржуваат: СИТЕ ЖИВИ ОРГАНИЗМИ И ЧОВЕКОТ
    92. Што од наведеното не е абиотскиот фактор?
    - АБИОТСКИ ФАКТОРИ СЕ: ВОДА, ВОЗДУХ, ПОЧВА, СВЕТЛИНА, ТОПЛИНА, РЕЉЕФ
    - БИОТСКИ ФАКТОРИ СЕ: ОДНОСИ ПОМЕЃУ РАСТЕНИЈА-ЖИВОТНИ, ЖИВОТНИ-ЖИВОТНИ
    93. Во кој ред спаѓаат зајаците во синџирот на исхрана? ПОТРОШУВАЧИ ОД ПРВ РЕД
    94. Кое од наведените животни НЕ е сештојад?
    - СЕШТОЈАДИ СЕ: ЧОВЕКОТ, МЕЧКАТА, РИБИ, РАК
    95. Кората на дрвото за некои животни претставува: БИОТОП/ЖИВЕАЛИШТЕ
    96. Група лисици кои живеат на една шума формираат: ПОПУЛАЦИЈА
    97. Живите организми се составени од: ОРГАНИ
    98. Зиготот кај животните се образува при: СПОЈУВАЊЕ НА МАШКА И ЖЕНСКА ПОЛОВА КЛЕТКА
    99. Која наука се занимава со групирање на живите организми? СИСТЕМАТИКА (ТАКСОНОМИЈА)
    100. Најмала систематска категорија на групирање на живите организми е: ВИД
    101. Најбројна група на животни на Земјата се: ЧЛЕНКОНОГИ
    102. Изумрената група на диносауруси спаѓа во класата на: ВЛЕЧУГИ
    103. Функцијата на пигментите во кожата на животното е заштитна и: ПРЕДУПРЕДУВА
    104. Потпората на телото на членконогите ја дава: ХИТИНОТ
    105. Животните се исхрануваат: ХЕТЕРОТРОФНО
    106. Исфрлањето на отпадните материи во вид на измет се врши преку: АНАЛЕН ОТВОР
    107. Телесната градба кај животните кои се исхрануваат како паразити е: СО РЕДУЦИРАНИ ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ
    108. Крвните садови кои имаат еластични ѕидови во кои нема клапи се викаат: АРТЕРИИ
    109. Црвените и белите крвни клетки се составен дел на: КРВТА
    110. Крвните садови кои имаат ѕидови со помала цврстина и еластичност се викаат: ВЕНИ
    111. За процесот дишење, од воздухот најважен е гасот: КИСЛОРОД
    112. Процесот на размена на гасови меѓу организмот и животната средина се вика: ДИШЕЊЕ
    113. При процесот на дишење, со крвта се пренесуваат: ГАСОВИ
    114. Органите за излачување кај животните се формирале поради: ИСФРЛАЊЕ НЕПОТРЕБНИ МАТЕРИИ
    115. Функционална клетка на нервниот систем е: НЕРВНА КЛЕТКА - НЕВРОН
    116. Черепниот и `рбетниот мозок сe заштитени со: МОЗОЧНА КОРА
    117. Семениците и јајчниците се: ПОЛОВИ ЖЛЕЗДИ
    118. Женската полова клетка се вика: ЈАЈЦЕ КЛЕТКА
    119. Гасеницата претставува една од фазите во развитокот кај: ПЕПЕРУТКАТА
    120. Кај птиците, ембрионот се развива во: ЈАЈЦЕ
    121. Науката за наследувањето се вика: ГЕНЕТИКА
    122. Упатствата за наследување на особините на организмот се запишани во: ГЕНИТЕ
    123. Сите неживи фактори во екосистемот се викаат: АБИОТСКИ ФАКТОРИ
    124. Кое животинско ткиво е сврзно? КОСКЕНО, `РСКАВИЧНО , ЖИЛНО, КРВНО МАСНО ТКИВО
    125. Која од наведените клетки е телесна? ОНИЕ ШТО ГИ ГРАДАТ ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ
    126. Клетки кои се видливи со голо око се: ЈАЈЦА ОД ЖАБА И ПТИЦИ
    127. Во клетката на парамециумот се присутни органелите: ЈАДРО, КОНТРАКТИЛНА ВАКУОЛА И ХРАНИТЕЛНА ВАКУОЛА
    128. Внатрешниот скелет кај `рбетниците е изграден од: РСКАВИЧНО И КОСКЕНО ТКИВО
    129. Кој научник го вовел двојното именување на организмите? КАРЛ ЛИНЕ
    130. Кои од наведените организми немаат органи? СУНЃЕРОТ
    131. Површинскиот слој на кожата кај `рбетниците го сочинува: ЕПИДЕРМИС
    132. Течноста во хидроскелетот кај дождовниот црв е: ВОДА
    133. Витамините се органски материи кои овозможуваат: НОРМАЛНИ ФИЗИОЛОШКИ ПРОЦЕСИ
    134. Хранителната и контрактилната вакуола ги има во: ПАРАМЕЦИУМОТ
    135. Во градбата на ѕидот на хранителниот канал кај животните учествуваат: МУСКУЛ СТЕГАЧ
    136. Ензимите се органски материи кои овозможуваат: ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА
    137. Кај цицачите меѓуклеточната течност од ткивата, во вените се враќа преку: ......
    138. Телесна течност кај членконогите е: ХЕМОЛИМФА
    139. Во белите дробови, алвеолите се обвиткани со мрежа од: КАПИЛАРИ
    140. Со кои органи дишат копнените животни? БЕЛИ ДРОБОВИ И ТРАХЕИ
    141. Бубрезите кај сите ’рбетници се составени од: БУБРЕЖНА КОРА (НЕФРОНИ), БУБРЕЖНА СРЕДИНА И БУБРЕЖНО ЛЕГЕНЧЕ
    142. Каков нервен систем имаат копривкарите? МРЕЖЕСТ
    143. Вкус и мирис се: СЕТИЛА
    144. Окото кај цицачите ја пропушта светлината преку: РОЖНИЦАТА
    145. Секој организам во сите телесни клетки има: ...............
    146. Еден јајчник, левиот, во системот на органите за размножување имаат: МЕТИЛИТЕ
    147. Kое животно се размножува со пупење? СУНЃЕР, ХИДРА
    148. Во јадрото на клетката, наследната материја е сместена во стапчестите телца: ХРОМОЗОМИ
    149. Односите меѓу организмите во екосистемот се викаат: БИОТСКИ ФАКТОРИ
    150. Во основата на еколошката пирамида се наоѓаат: ПРОИЗВЕДУВАЧИТЕ НА ХРАНА - РАСТЕНИЈАТА
    151. Екосистемот се состои од: БИОТОП И БИОЦЕНОЗА
    152. Во која органела се одвива клеточното дишење? МИТОХОНДРИЈА
    153. Радијална (зрачна) симетрија има телото на: СУНЃЕРИ И КОПРИВКАРИ
    154. ’Рскавичен скелет има: АЈКУЛАТА
    155. Кои од наведените организми цицаат растилтелен сок од цветовите? ......

    156. Со изгниени листови од растенија се исхранува: БАКТЕРИИТЕ, ГАБИТЕ
    157. Кој од наведените организми има отворен циркулаторен систем? МЕКОТЕЛИ, ЧЛЕНКОНОГИ
    158. Во дишењето на копнените члeнконоги, улогата на течноста – хемолимфата е многу мала, заради добро развиениот систем на: ТРАХЕЈНИ ЦЕВКИ
    159. Дополнителни органи кои го помагаат дишењето и претставуваат продолжеток на бронхиите имаат: ЦИЦАЧИТЕ
    160. Страничната линија е сетилен орган за допир кај: РИБИТЕ
    161. Органите за слух кај инсектите и раковите поставени се: НА АНТЕНИТЕ
    162. Партеногенезата во развитокот е присутна кај: ИНСЕКТИТЕ
    163. Кое од наведените животни е хермафродит? ДОЖДОВЕН ЦРВ, ПОЛЖАВ, ПАРАЗИТСКА ТЕНИЈА, ПЛОЧЕСТИ ЦРВИ
    164. Генот за темни очи е: ДОМИНАНТЕН
    165. Односот помеѓу алгата и габата во лишајот е: СИМБИОТСКИ
    166. Контролните механизми за управување со животните процеси во клетката се наоѓаат во: ЈАДРОТО
    167. Растењето, развитокот и заздравувањето на повредите и раните кај кучето се должат на: ДЕЛБА НА КЛЕТКИТЕ
    168. Ѕвездовидна форма имаат клетките на: КОСКИТЕ
    169. Кои органели служат како ,,термоцентрали“ на клетката? МИТОХОНДРИИ
    170. Колку типови на основни ткива постојат кај животните? 4
    171. Кое од наведените животни нема глава? СУНГЕРОТ
    172. Черупката кај школките е изградена од: ВАРОВНИК
    173. Некои сунѓери имаат зелена боја бидејќи: СЕ СО ПИВТИЕСТА МАСА СО ПИГМЕНТ
    174. Кои од наведените организми немаат ткива? СУНЃЕРИ
    175. Заразата од дизентеричната амеба се спречува ако: ПОДОБРА ХИГИЕНА
    176. Кои од наведените животни имаат постојана телесна температура? ЦИЦАЧИ И ПТИЦИ
    177. Како се движат трепките и камшичињата? БРАНОВИДНО
    178. Од каков вид на мускулно ткиво се изградени крвните садови кај ’рбетниците? МАЗНО
    179. Дождовниот црв се движи со помош на: МУСКУЛИ
    180. На местото каде што се спојуваат тенкото и дебелото црево се наоѓа: СЛЕПО ЦРЕВО
    181. Кои заби кај гризачите постојано се обновуваат? СЕКАЧИТЕ
    182. Кое од наведените животни нема заби? КРАСТАВА ЖАБА И ПТИЦИ
    183. Која органела кај парамециумот служи за варење на храната? ХРАНИТЕЛНА ВАКУОЛА
    184. Кај пеперутките усниот апарат е прилагоден за: ЦИЦАЊЕ
    185. Срцето кај срната е изградено од: 2 КОМОРИ И 2 ПРЕТКОМОТИ
    186. Редуцираната крв во срцето кај цицачите влегува во: ДЕСНА ПРЕТКОМОРА
    187. Која од наведените групи на животни има развиено посебни органи за дишење? ДВОЈНОДИШНИ РИБИ
    188. Ларвата на полноглавецот во текот на размножувањето живее во вода затоа што нема: БЕЛИ ДРОБОВИ И НОЗЕ
    189. Скалестиот нервен систем претставува посебен облик на ганглиски нервен систем кој се сретнува кај: ПРСТЕНЕСТИ ЦРВИ И ЧЛЕНКОНОГИ
    190. Еуглената има очно петно (окце) со кое: СЕ ДВИЖИ КОН СВЕТЛИНАТА
    191. Бесполовото размножување кај сунѓерите и хидрите се врши со: ПУПЕЊЕ
    192. Нов скакулец ќе се добие со вкрстување помеѓу скакулец и: СКАКУЛЕЦ
    193. Промени кои се наследуваат се наречени: МУТАЦИИ
    194. Кој од исказите за сунѓерите е точен? НЕМА ТКИВА И ОРГАНИ
    195. Како резултат на делбата на половите клетки се добиваат: ПОЛОВИЧЕН БРОЈ ХРОМОЗОМИ
    196. Кои клеточни органели имаат најслична градба? .............
    197. Кој од наведените поими не одговара на формата на бактериите?
    - БАКТЕРИИТЕ СЕ ТОПЧЕСТИ, СТАЧЕСТИ И СПИРАЛНИ


    198. Определи кои од наведените животни немаат постојана телесна температура? ВЛЕЧУГИ И РИБИ
    199. Најголемиот број од бактериските видови според типот на исхраната се: РАЗГРАДУВАЧИ
    200. Кое од наведените животински организми има хранителна вакуола? АМЕБА, ПАРАМЕЦИУМ
    201. Кој од наведените поими е биом? БИОМ (нпр. ТУНДРА, ДОЖДОВНА ШУМА, САВАНА, ТАЈГА, СТЕПА, ПУСТИЊА) Е ГЕОГРАФСКА И КЛИМАТСКА ТЕРИТОРИЈА ШТО ИМА СЛИЧНИ БИОЦЕНОЗИ (специфични животни заедници)
     
    На ristoovv му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinah

    tinah Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    некој ако ги има одговорите по германски за 2ра година гимназиско нека ми ги пушти или нешто ве моламмм
     
  17. fs17

    fs17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ај ако може одговори за прва година француски (втор јазик) :D
     
  18. BissDelRey

    BissDelRey Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Ве МОЛАМ ако некој ги има прашањата географија ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ ДЕВЕТОЛЕТКА нека ми ги прати во порака за возврат давам англиски дел од нив во зависност колку ќе успеам да одговорам ВЕ МОЛАМ МНОГУ МИ Е ВАЖНО, ИСТО ТАКА ДАВАМ И ДЕЛ ОД МАТЕМАТИКА САМО ЗА СЕДМО ДЕВЕТОЛЕТКА[/b]
     
  19. thexfiles123

    thexfiles123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    a nekoj da ne gi znae ovie 3 prasanja
    10. Во цртањето светло-темни односи е:
    11. На растенијата текстурата е:
    75. Интервенција во просторот е:
     
  20. FKIC

    FKIC Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    moze matematika 8/8
    posto gi nemam site :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.