1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одговорни или сепак не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од danniela5, 14 февруари 2012.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Дали сте одговорни спрема : пријателите, роднините, колегите ?
    Дали сте одговорни спрема задачите кои треба да ги завршите за одреден период?

    На пример , јас секогаш баш и не сум одговорна спрема задачите кои треба да ги завршам. На пример ако треба да научам нешто за утре го оставам за другиот час ( секако доколку не е повторување :) ) и се спремам стриктно на тестот или некое повторување каде сум сигурна дека ќе ме станат да одговарам. Нешто оставам на ризик. Не многу често , но гледам дека во последно време почнав се повеќе да го правам тоа за разлика од минатите години... Можеби е адолесценција. Но можеби се и почетни знаци на недоволна организираност...
    Што се однесува до некои задачи кои што се неодложни како на пример купување леб , секогаш наоѓам време за да ги исполнам. Или срдување на соба во недела, СЕКОГАШ.
    Одговорна сум и спрема пријателите , роднините, соучениците. Никогаш не доцнам на договорени средби. Се трудам колк што можам да им помогнам за решавање на некои наши заеднички проблеми и слично.Се на се еден вид на принципиелност и одговорност.

    Вие?
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, се сметам себеси за одговорна личност.
    Не се чувствувам убаво ако имам незавршени обврски, работи што ми висат на глава и чекаат да бидат завршени. Откако ќе остварам нешто посакувано, откако ќе исполнам некоја задача или ќе завршам некаква работа, полесно ми е.
    Едноставно од мала сум научена на тоа дека обврските треба да се извршат, и сега и да сакам неможам поинаку.
    И спрема моите блиски и пријателите сум одговорна, знам да дадам совет, да ги ислушам, да им пружам помош ако е потребна, се трудам да не доцнам итн.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Се сметам за доста одговорна личност.Во секој сегмент, дури некогаш мислам дека самата себеси си штетам, од што сакам на сите да угодам помогнам, се преоптеретувам со обврски, ... на крај успеавам да ги завршам сите тие работи но тоа на крај на најразлични начини се одразува на мене
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Јас себеси се сметам за одговорна личност и се обидувам да бидам што повеке да сум одговорна! :)
     
  5. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    не воопшто, само планови прање, рокови, распореди...нови правила, нови зарекувања...ама џабе кога не се придржувам кон нив...барем јас не сум задоволен...мислам дека би можело и повеќе дисциплина и одговорност да покажам кон себе
     
    На Thebotpet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сум одговорна но сепак некогаш знам да направам некој акцес.
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.528
    Допаѓања:
    78.614
    Пол:
    Женски
    Не се однесувам секогаш одговорно, особено кон обврските на факултет и кон она што треба да го средам и суредам дома.
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Да, одговорна сум.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.309
    Пол:
    Женски
    Одговорна сум дури и премногу, не чини ни толку.
    50 пати проверувам да не нешто фали пред некоја работа официјално да ја завршам.
    Ако на некој па нешто му ветам дур не го направам, не можам да заспијам што се вика, цело време на мисла ми е тоа.
    Секогаш си имам план и пробувам да организирам однапред се.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.812
    Допаѓања:
    35.503
    Пол:
    Женски
    Не сум секогаш одговорна. А тоа е кога треба да завршам некоја обврска по дома. На пример... Алиштата ми стојат нездиплени и по 2 дена. Или ако треба да сошијам нешто ми треба време да мрднам и да го направам тоа. Не ми доаѓа памет. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    По карактер сум одговорна, а во пракса кога ми се понудени соодветни услови. Не сакам да ги зезнувам работите и може да ми се верува, понатаму зависи од другата страна како ќе се покаже.
     
    Последна измена: 24 ноември 2023