Одењето во црква

Дискусија во 'Религија' започната од jasmin, 29 јануари 2010.

  1. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Имам забележано дека повеќето луѓе посетуваат црква само за празници. Ако нивното тврдење дека чувствуваат духовен мир при посета на црква е вистинито, тогаш зошто мораат да чекаат да дојде Велигден за да се појават во црква?

    Морам да си признаам дека горе-долу и јас спаѓам во тие луѓе. Зошто луѓето ја избегнуваат црквата и одат само „по потреба“?
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Затоа што мислам дека повеќто луѓе и не ја сфаќаат смислата на одењето в црква. Го прават тоам затоа што ОСТАНАЛ АДЕТОТ.
    Црквата е храм Божји. Место каде што треба да се исчистиме од сите црни мисли. Јас во црква одам често (барем одвојувам време да запалам свеќа), а и во градов ги има многу, па не ми е баш некој проблем. Кај и да тргнам, имам црква по пат.
     
    На jgkm, PandinusImperator и Victorya им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Затоа што забораваме на црквата,забораваме на тој духовен мир што го чуствуваме,треба често,не само за празници,работава како од Велигден на Велигден,по се изгледа празнициве постојат за да се сетиме на Бога,на себе си.Не само слава во чест на светецот,да биде причина за одењето во црква,сепак нашите дела не се гледаат само во црквата,туку и надвор од неа,со други зборови Бог не е само во црквата,туку секаде,во секој човек.Бог е љубов,а љубовта не прави добри,мили,среќни,па така да кога љубовта е дел од нас,и Бог е со нас,во нас,како сакате.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.366
    Допаѓања:
    36.988
    Јас си одам почесто во црква. И многу сум некако посмирена после и си се чувствувам многу спокојно. А поготово пред сесија обавезно палам свеќа :D Мислам дека луѓето во денешно време ја немаат баш таа почит кон црквата што е многу жалосно...
     
    На jgkm и PandinusImperator им се допаѓа ова.
  5. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Одговорот на прашањет е затоа што луѓето престануваат да веруваат во црквата како институција. Духовен храм, како да не. Кога оние што го чуваат не се достојни, а и понатаму се таму, не со години, туку со децении и милениуми, тогаш може ли да постои поголема причина за одбегнување?
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Скоро секоја недела одам в црква. Мама и јас пееме во хорот. Убаво е.
    Тие сат и пол посебно и се посветуваме на нашата душа. Нели од понеделник до петок/сабота работите, создавате, се грижите за семејството, за телото.. но душата.. ја запоставувате.
    Ми се чини многу луѓе не ни знаат како правилно треба да се крсти. Но и тоа се учи, ако се сака, ако човек се заинтересира. Црквите се отворени - народот не оди.
     
    На Page, PandinusImperator и Victorya им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.319
    Допаѓања:
    14.794
    Пол:
    Женски
    Не одам во црква.
     
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Odam vo crkva .Cesto se slucuvalo da ostavam i paricen prinos za pomos na istata no ne veruvam vo popovite.Posledniot nastan ostavi kaj mene los vpecatok od nivna strana .Prisustvuvav na pogreb kaj eden rodnina ,otkako site rodnini mu odadoa pocit se priblizi soprugata i zabelezav deka vo vnatresnosta na sakoto mu stavi odredena suma na pari i se povlece . Vo istiot toj moment site se povlekoa da izlezat od crkvata slucajno se zavrtiv i vidov kako popot gi vadi parite od mrtovecot .Koga me vide deka go vidov ,negovite zborovi me ostavija bez zdiv .KADE STO CE ODI NE MU TREBAAT PARI.Izlegov celata zbuneta bez zbor.
     
  9. kalinaka

    kalinaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Јас многу ретко одам во црква, само за празници и кога ќе почуствувам некој душевен немир, ма да во последно време имам некоја одбивност и посетата на црква повеке ме вознемирува отколку што ме смирува (ми се случија некои работи во животот, па ја изгубив вербата)...

    Но она што сакав да го потенцирам е дека црквата денеска е многу материјализирана. Само измислуваат некои адети како требало да се оставаат пари на икони, тоа ми изгледа како да го поткупуваш Бога, се носи зејтин за здравје и сл. А никаде во Библијата не пишува дека во црква треба да се оставаат пари. Сето тоа би било во ред ако тие пари се користат за помош на сиромасите, за луѓето на кои им требаат пари за операции во странство и сл. Но не тие пари одат во џебот на поповите кои возат огромни џипови и живеат во палати. Поповите треба да бидат ти што ќе ни ја прикажат религијата и црквата во права смисла, а како кога и они не ги познаваат или пак не ги почитуваат начелата на црквата. Еве еден пример пред некое време правевме крштевка на сестра ми, попот чати, пее и одеднаш на сред пеење престанува за да ја праша мајка ми дали ја платиле крштевката, па нели нетреба да има тарифа за такви работи, што ако немаш пари значи дека неможеш да бидеш верник...

    Може забегав од темата, бидејки воведот нема врска со тоа што го кажувам, ама сакав да си кажам :)
     
  10. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    Одам колку што можам почесто...
    понекогаш и постам,а досега се имам и неколкупати причестено ;)
    Црквата и вербата во Бог,ми даваат повеќе сила за да издржам во овој луд свет... :up:
     
    На jgkm и aerodrom им се допаѓа ова.
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Одам за празници, за причести, но и кога чувствувам потреба. Ако имам некои сонови со светци или кошмари - обавезно! Откако ќе отидам и ќе запалам свеќа многу помирно се чувствувам.
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Одам за празници,не секогаш,ама овие поголемите редовно.Инаку имам црква веднаш до мене,до порта ми е,штом имам потреба одам,си палам свеќи,ќе се помолам.Сепак сум верник,тоа многу ме смирува,убаво ми е коаг ќе се помолам со свеќата во рака.
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    znaci dodeka ne se zapisav na studii nekako poveke odev vo crkva :) duri i na golemiot odmor odevme vo crkva blisku ni bese i istrcuvavme da zapalime sveka. vo posledno vreme poretko odam znaci na praznici kako sto vikate i vie :) ama iskreno koga ke vlezam vo crkva mislem deka dusata ja cistam i dobivam spokojstvo i cuvstvuvam duhoven mir :)
     
  14. SteppingStone

    SteppingStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Црквата не е нешто со што може да се искаже колку веруваш....Црквата е само еден предмет кој е симбол на христијанската религија...А постењето со храна не е толку важно колку другото...Поважно е да не правиш лоши работи бидејќи што ако постиш кога правиш лошо....Не е битно ни црква ни постење или нешто слично за да веруваш....А и црквата не е она што била некогаш... :)
     
  15. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    :o :o луѓето несовесно мислат лоши работи,озборуваат,понекогаш се прават и лоши работи,но тој што прави лошо никогаш не пости,затоа немој да кажуваш дека постењето не е важно..Тие што прават лоши работи,не веруваат во постење и во Бог...
    со постењето си добиваш само душевен мир и спокој-си знам,и можам слободно да кажам..
    ако некој пости незначи дека прави лоши работи..
    и во црква се оди за да се молиш, да се *зближиш* со Бог,и сигурно не е исто дома да кажуваш молитва и во црква :?
     
    На PandinusImperator му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SteppingStone

    SteppingStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    хахаха па не е битно што јадеш , битно е што чувствуваш и како....Јас цела Библија ја имам прочитано и нигде ама баш нигде не пишува затоа дека не треба да јадеш ова или она...А во денешниве цркви (ако можат и така да се наречат) неможе да се најде мир...Можеби порано имало вистински цркви ама денес.....А одењето во црква не го зголемува верувањето...Јас ако сакам да верувам и ако сакам да се молам не ми се потребни изговори како цркви и слично ..едноставно верувам...А за џабе не пишува во Библијата дека Исус не се согласувал со тоа што го видел , и со тоа што му направиле храм на Господ (а денеска е само преименувано во црква) Затоа што црквата треба да биде место за мир , за помагање и слично а не да се занимава со пари и политика.....
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    :up:
     
  18. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    ...извини :D
    ама чичко ми е археолог и историчар,и има широки познавања и од оваа област..јас верувам во тоа што го напишав,тоа и го практикувам-а ти си имаш право да мислиш како што сакаш...
    иначе :arrow: вистина е дека денес црквите т.е. лицата што управуваат со црквите,гледаат да направат некаков профит.. и за тоа си во право :up:
    п.с. важно е да ја сватиш суштината на библијата,а не само туку така да се прочита..
    разработи ги и псалмите малку ;) :up:
    има нешто во сето ова..не е сето создадено за бадијала...:)
     
    На PandinusImperator му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    crkvata od bozji dom ja napravija razbojnicka pestera kako sto kazal i samiot isus.tamu se pravi najgolemata trgovija,se vozat najskapite dzipovi,...nema sto vsusnost da slusnes a pritoa istoto da te ispolni -duhovno da se nahranis..tamu se site slepi a zgora na toa slepi vodat taka da dodeka ima ovci ke ima i vuna.osven toa pa neli bea toa popovite sto go osudija na smrt sinot bozji-isus hristus- od strav da ne im go prezeme narodot vlasta.alcni nenasitni volci vo ovca koza,na lik pobozni a od vnatre grablivci,ja ne znam kako ne se citaat vo biblijata sto sve pisuva za niv i nivnoto vodstvo tuku koj ja otvoril da cita :) ne sekoj sto veli gospodi gospodi ke se spasi tuku onoj sto ja ispolnuva voljata bozja.kade pisuva vo biblijata da se palat sveki ,temjan ,da se bacuvat ikoni,farbat jajca.......sve e za jadenje i pienje ...vrti suci okolu stomaceto :) za zalenje se kolku tie postat a ko bikovi u vratot :) jadni ne ni znaat sto e post-da postis vo zborovi -da ne uvredis,razalostis,rasplaces.....
     
  20. SteppingStone

    SteppingStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Pa sekako deka e taka...Nigde ne pishuva za crkvi i postenje.... A shto se odnesuva do Biblijata mnoooogu dooobro ja sfakjam taka da..... :up: Mozebi treba malce da ja prolistash posho preku prikazni i komparacii mnogu ubavo e objasneto shto e vsushnost veruvanje vo Gospod .... :D