И јас имам слушнато за истово, дека и на други им се давало клучот они да отклучат. Мислам дека има верувања дека тоа на некој начин помага кај луѓето кои имаат мака. Ако имаш мака, добро си направила со посетатљ на манастир. Се надевам дека ќе ти помогне.
За некои можеби ќе биде глупаво прашањево, но не знаев каде да се обратам. До колку часот може да се оди во црква? Прашувам бидејќи сакам утре да одам, но работам до 5 часот и ми треба барем половина час за да стигнам.
Може да се оди во било кое време. Литургијата завршува до кај 9 и 30, но се служи и вечерни Богослужби кои започнуваат во 17 часот. Сепак зависи и до храмот но би требало да се отворени преку цел ден.