Одговор на твоето прашање ќе го најдеш во мојот претходен пост. Не зборам да нема возен парк, туку зборувам за скромност. Наместо џип од 55,000еур може да се купи обична кола од 20,000 а останатите да бидат за изградба на нечии дом. И со двете возила ќе стигне на потребното место. Така? Всушност што е божиј храм? Збир на верници на едно место, според стариот завет, така? Па што е проблемот тогаш. И да славиме во кафана, ако сме се собрале поради верата нема ништо лошо во тоа.
Исус Христос е главата на Црквата, а Црквата е неговото тело. Божјиот храм е свето место е наменето за литургија, нејќе е да иста споредбата за кафана и Црква. А за возниот парк да не ти ги покажаа фискалната сметка дека се од 55 000 евра а не од 5000 евра?
Јас знам фамилии на кои МПЦ им има најдено вработување, со убава плата, според образованието што го имаат. Кога финансиски им било тешко на тие фамилии
Ужас, ова е класично користење на влијание. И преку МПЦ се фаќаат врски значи. Мада не ме чуди, попови се блиски до партиски функционери, директори, секоја чест на луѓето кои се сетиле да побараат вработување преку оваа институција. У нормални држави ова е задача на Бирото за вработување.
Каде пишав дека е државно вработување? Ако помогнат, зошто помогнале (фаќале врски). Ако не помогнат, зошто не помогнале (ќе ги плукаме).
А зошто одма мешаш политика? Можеби е во некоја приватна фирма, членот не кажа дека преку партија, а свештениците можеби имаат некој рода што држи фирма па му помогнале така.
Нема врска, пак е влијание. Црковни лица интервенирале кај директори или сопственици на приватни фирми за одредени луѓе да добијат вработување. Привилегирано вработување. Место да се борат и јавно да зборат против истото.
Океј тогаш требало да ги остават, иако им било тешко. После ќе пишувате дека не им помогнале на фамилиите кога им било тешко.
Ако е стручен во таа област зошто да не? Нели треба да помагаат свештениците или пак да ги остават да гладуваат а можат да помогнат?
Ова е една од најголемите лаги која потекнува од луѓе што не сакаат да одат во црква или ги мрзи или не им се губи време за тоа, а се нарекуваат себеси верници. "Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.” Евангелие според Матеј; 18, 20 Секако дека луѓето можат да се молат било каде, но одењето во црква прави голема разлика, знам од свој личен пример. А "ценовникот" е оф топик во оваа тема.
Лице А и лице Б конкурираат у одредена фирма и имаат исти квалификации. Лице А го добива работното место пошто некој интервенирал у негова корист, у случајов МПЦ. Е сега, зошто ова треба да се нормализира кога го прават свештени лица? Ако истото го направи Ленче од човечки ресурси, сврти телефон кај директорот и побара некој да биде вработен според неговата професија, тука ќе ќењаме дека е непотизам. Влијание е влијание, без разлика кој го прави. А и не знам зошто се потенцира дали е приватна фирма, и за државно сигурно МПЦ/ИВЗ го прават истото. Не е тајна дека голем дел од свештените лица се партиски апологети.
Црквите и манастирите се изградени од луѓето за други луѓе. Знам цркви во кои домаќините им прават чај/кафе на тие што ќе дојдат. Други луѓе носат храна/колачи/кафе/чај. После таа храна се дава на тие ќе дојдат во црквата тој ден.
Според тебе само луѓето што одат во црква се верници. Сите останати само се нарекуваат верници. Интересно е кога верник осудува. Ова е според црковните догми. Штета што кога Павле проповедал не постоеле цркви па неможеме да кажеме на што точно мислел. Ама сигурно не мислел на градби и инфраструктури. Ако ми најдеш Ауди џип од 5000еур јави ми се ќе го купам.
Едно е да помогнеш со храна, да организираш хуманитарна акција, друго е да интервенираш кај директор за конкретно лице да добие работно место, можда и на сметка на друг кандидат со исти квалификации, кој е у исто срање како и тој на кој му средуваат. Непотизмот и врските се толку нормализирани што и црковното посредување се претставува како хумано дело. Замисли си завршил факултет, високо образование и квалификации, притоа си у финансиска криза, и поп да треба да врти телефони на директори за да добиеш работа пошто институциите у Фиром спијат. Ако си атеист онда ништо, не одиш црква, ќе фаќаш врски на друго место. Од МПЦ/ИВЗ ете може да излезат некад збор-два да кажат за непотизам, корупција, начинот на кој функционира системов. Уствари што да кажат, кога рамо до рамо стојат и се сликаат со креаторите на истиот.Тие даваат пари и дозволи за цркви и џамии.
Ало која ти е таа држава фиром? Кои кажа да државните институции, збореме за приватни фирми? Јас имам приватна фирма и секогаш стојам на располагање на свештените лица за било каква помош да ми побараат и ти тука ќе ми кажуваш дали јас треба да ги слушам или не свештените лица?
И на крај се јавуваат како спасители, пошто свртеле два броја и ти нашле работа, нешто што државата треба да ти го обезбеди. Ајде добра ноќ.
Па ако сакаш некому да помогнеш, вработи го според неговите квалификации и способности, а не затоа што поп или Жанче ти ургирале. Цел систем го сјебавте.