Што јас го заебав системот? Кај мене сите се вработени според квалификациите и способностите, а секогаш стоам на располагање на свештените лица за било што! Пак грешка правеш! Никогаш северна само Македонија!
Нели во другата тема пишуваа како требало познанства да се шират и така се наоѓала работа, не требало ни CV, ни ништо.
Тоа е за тебе осудување? Не, туку тие што не одат во црква се исто онолку верници како оние побожнине на Фејсбук со иконите, а во пракса имаат погани усти и мисли. Верникот треба да е блиску до Бога. Нема поголема близина од Црквата и Светата Литургија. Ако мислиш дека е исто со молитвата дома, се лажеш.
Може ли да ја спуштиме топката и да се вратиме на темата. Темата се вика одење во црква. Ако не одите во црква и сте атеисти, не е оваа тема за вас. Тоа е исто како јас да отидам во таа тема и да ги убедувам да одат во црква.
Тие што се во тешка финансиска состојба и за кои се ургира за вработување, не верувам дека се со факултет и дека ги местат на не знам какво работно место, па демек конкурс имало, па други ќе отпаднеле. Не мора да има конкурс, ако замолиш некој бизнисмен локален дека на некој сиромашен му треба работа, ќе му најдат нешто да си заработи некоја скромна плата, да не трпи за леб. За утовар истовар не ти треба факултет, вештини, не знам какво работно искуство, доволно е да си здрав и прав. Пред Нова година делат пакетчиња на сиромашните деца. Знам еднаш правеа групна венчавка за тие што немале пари да си платат или не се венчале од какви било причини. Не може ти да отидеш во црква еднаш во годината, да оставиш 50 денари и да очекуваш дека децата на попот ќе гладуваат, попот ќе проси, ќе му наредуваш на кого куќа да изгради, и во каква кола да се вози. Мојот реонски поп вози еден Матиз, ништо посебно. Познавам една што дојде како бегалка овде и тука остана да живее сосе фамилијата и се омажи тука, е сега таа е мешана од татко Србин, а мајка Хрватка од Хрватска инаку, па му рекла на нашиов поп дека е добро што овдека имало поголема слобода, ама ти помогнат нешто од цркавата не те обрзуваат со ништо, а кај католиците не било така, ако ти помогнат, морало да се оди на миса, да им бидеш достапен, ова збори за Хрватска каде порано живеела.
Добро, како се изјаснуваат луѓево дека се со напредни сфаќања, ама ко да живеат во картон со закоравени верувањето дека поповите исклучиво возат џипови, имаат по 3 станови и хациенда, ама не може да се очекува поинакво тврдење од "верници" кои верата ја засилуваат по кафани. Па ако малку повеќе се информирате ќе дознаете дека има свештеници кои возат коли од 2000 евра, живеат во еднособен стан и не одат по 15 дена во Грчка на одмор. Парите кои ги оставаме на икони не ги ставаат свештениците в џеб туку тие пари служат за одржување на храмовите, се купуваат дрва за огрев, се плаќаат сметки за струја и вода. Во црквите се вработени лица кои хранат фамилии со тие пари. Свештениците земаат примања од требите кои се извршуваат, па така ако сакате да биде бесплатна една венчавка ќе треба да не плаќаме ни заболекар на пример, ниту по 15 илјади секој месец од плата да се задржуваат за здравство кое патем треба да е нели бесплатно. Исто така, не бидете со уверување дека црквата не делува хуманитарно зошто е целосно неточно. За време на Божиќните празници се доделуваат парични купони за пазарење во маркет на најранливите. За Велигден се делат табли со фарбани јајца кои верниците ги носат во црква. Доколку има некое лице кои има потреба од хуманитарна помош за истото се собираат средства..ова се неколку примери. Никој што отишол во црква не е вратен, а да не му е понудена некаква помош ако има потреба. Државава ја испокрадоа мулиња со завршено 3то одделение ама на народ му боди очи каде одат парите за купени 5 свеќи.
@jungle Јас ги разбирам овие што слават слава или именден во кафана. Затоа што некои немаат толку голем простор да соберат толку луѓе, а некои полесно им е да платат него да чистат и да готват дома. Ама, тоа не е по верата. Слава не значи дека треба да се прави мини свадба со 100 луѓе што едвај разговарате во годината. Поентата на славата е фамилијата, заедно да одат во црква, да оддадат почит и да се молат. Доволно е една фамилија да викнете. Не може ресторанот да ви е дом.
Во фамилија имам човек кој постојано замара со муабети „седнавме во тој ресторан, толку души плативме толку...“, значи само фалење каде што се јадело и што се пиело, а истиот за таксата за осветена вода од 300 денари скапа била, требало да сме го бркале попот, па да отиде во епархија да каже, па да намалеле цена. Кога ќе чуеш муслимани да кажат „каури“, тоа го кажуваат со презир, како демек развратници, пијаници, ниедна вера, себични, и не се далеку од вистината. И тоа што некои луѓе се нафаќаат да бидат кумови на некоја слава, за здравје и бериќет, не го прават тоа од доброта, го прават кога имаат зорт. На сите селски прослави се собираат покрај крст, попот не го слушаат дури пее моливта, дури се случувало да застане и да им рече „Да продолжам или вие ќе продолжите“, а навечер се собираат да се пијанчат на музика, ќе се начукаат, ќе се истепаат и на крај ќе дојде полиција и утре ги читаш во билтен на МВР.
Да, воедно се помага ако си таму да раскренеш/измиеш садови пример. Не е тоа ништо лошо, страшно. На принцип дојди-донеси-помогни. Мене ова ми се допаѓа иако не е баш за секаде. Факт е дека грото од црквите се испозанесоа, и малку така си се селективни во однос на граѓаните (за жал пак го има тоа да делат луѓе према професија, заработка итн.).
Верувам дека има секакви луѓе. Има верници и има "верници". Има свештени лица и "свештени лица". Јас барем таму каде што одам секој помага колку што знае и како знае. Ако има мајстор да направи клупи. Некој да поправи нешто. Некој да донесе нешто. Има мажи што одат да помогнат да донесат ако има нешто тешко за носење. Ако некој купи нешто, пример садови, остануваат во црквата. Тој последен што доаѓа го брише подот со џогер (ако сака). Никој не те тера ништо. Не мора ни домаќинот да прави кафе/чај на секој што ќе дојде во црквата. Тоа го прави затоа што му е мерак. Луѓе си седат си разговараат, на воздух, во дворот. Пијат кафе/чај одмараат. Мирот си го враќаат.
Кафаната беше спомната како споредба со црква, не мора да појдеме во црква кога може во кафана пошто еве за некои тоа е едно исто. Во црква ги богатат поповите, а во кафана е бесплатно.
Всушност ти со последната реченица верата ја порамни со трговија. Да кафаната не е бесплатна, плаќаш за јадењето што го добиваш. А во црквата треба да добиеш вера и духовното водство што всушност се сметаат за дар од Бога. Како беше онаа реченица бесплатно примивте, бесплатно давајте, така? Е па кај нас ништо од тоа.
Јас го напишав тоа што ти го порамнуваш со ако дадам и да ми се даде, не ми беше во сериозна конотација реченицата затоа што тоа јас не го мислам. Ако ти не го љубиш Господ со сето свое срце и битие никоја црква ниту свештеник нема да ти помогне во духовното растење за почеток. Може само да ја избегнуваш црквата зошто во свештено лице гледаш на некој кој има материјална корист од твојата посета на црквата.