1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одењето во црква

Дискусија во 'Религија' започната од jasmin, 29 јануари 2010.

  1. PandinusImperator

    PandinusImperator Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
     
  2. papijon

    papijon Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво !
    КОја е причината за одење во црква? Дали времето во природа со семејството и пријателите е подобра молитва и душевен мир, или бакнувањето икони ке ја испразни нашата негативност.
    Што треба да се случи, за да се лишам од еден слободен ден во седмицата?
    Ако беше тоа добро искористено време и Толстој ке ја посетуваше црквата, затоа и го анатемисаа(не можеше да ги поднесе).
    Секоја душа е храм божји и сета вистина е во нас, потребно е само секој да се слушне себеси, посуптилно, а тоа нема да се случи во еден џагор во црква, така ми изгледа за велигден и други празнични денови, можност да се видиш со некој со кого подолго време не си се видел, и разноразни муабети, ДУХОВНОСТ тука нема дефинитивно.а свештениците се приказна за себе: еден пуши додека вози како кочијаш, друг е зрел за сумо-борач, трет е женкар, сами карикатури ....
    Има исклучоци?
    Црква Св. Богородица во Калишта, Струга и службата на Отец Санџаковски, единствено место каде ќе се навредат ако оставате пари на иконите, и каде се чуствува духовниот мир во просторот, овде вреди да се оди во Црква :)
     
    На PandinusImperator му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Зошто одиме во Црква?
    Прашање кое наизглед лесно се одговара, но каде е тука духовната страна на ова прашање. Кога би запрашале некој зошто оди во црква, ќе рече: кога ми е тешко, кога ми се случува некоја убава работа за да се заблагодарам, кога ќе почине некој, кога е празник.... Тука веднаш се поставува уште едно прашање, зошто некои луѓе постојано одат во Црква? Кои се нивните причини? На жалост кај нас кога некој ќе почне редовно да присуствува на Литургиите, најчесто го прават болен или „заблуден“. Тука станува збор за луѓе кои воопшто на ја познаваат Црквата, па од тука е и нивниот одговор.
    Но, да ја пронајдеме духовната страна на ова прашање. Не само кога сме болни, среќни доколку сме во правата страна христијани ние сме должни да го посетуваме Божјиот храм. Зошто, зошто секогаш? Не знам колку сте запознати со Светата Тајна Евхаристија (службата кога се осветува лебот и виното во Крв и Тело Христово), но доколку во правата смисла сме христијани, ние сме должни и да се Причестуваме. Тоа е една работа за која многумина би рекле дека нема потреба и е излишно одењето во Црква, кога Бог е во нашето срце. Па се поставува прашањето: Дали на друго место освен Црквата се дава Прчесна? Па, кај кој свештеник да одам, тој прави вака, прави многу гревови? Одговор: Кога ние сме толку чисти, безгрешни и можеме да им судиме на свештениците, зошто Господ не ни испраќа еден Ангел или самиот Тој да дојде на пример кај нас дома или на друго место и да не Причести? Зашто порано кога некој свет човек(монах или мирјанин), доколку немал можност да се причести идел Самиот Господ за тоа да го направи? И нека каже некој дали на некој од нас им се има ова случено? НЕ. А зошто? Затоа што не ги гледаме нашите гревови туку се оптоваруваме и размислуваме за гревовите на другите. Додека што се однесува, како некои што би рекле недостојно служење на свештеникот поради неговиот начин на живот,па поради тоа не одат во храмот, тука ќе ви кажам еден пример.
    Си бил еден свештеник(случка која се случила пред неколку години) кој на еден начин го изгубил Стравот Божји, направил некои гревови за кои не се покаил, па и покрај се, се одлучил да служи Литургија. Со него бил и уште еден свештеник кој добро го знаел неговиот живот, па од љубов кон него не сакал постојано да го советува да не служи за да не го навреди, па затоа молчел. И само што започнала службата, ЧУДО. Додека биле само тие двајцта во олтарот се појавил Ангел и со јаже го заврзал за еден од столбовите. Започнал да служи Литургија заедно со другиот свештеник, земајќи го на себе ликот на врзаниот свештеник. Кога завршила Литургијата, едноставно исчезнал.
    Ете што се случува во Црквата, но на жалост ние не сме достојни да го видеме тоа, а со тоа и правиме грев. Бидејќи што ако и пред нас се случува се тоа, а ние застанати на Литургија во Црквата и размислуваме за животот на свештеникот, додека пред нас стои Господ или Ангел испратен од Него да служи?
    Заклучок: Во храмот Божји се оди на молитва, бидејќи таа заедничка молитва е посилна од нашата молитва, но пред се од послушание поради Господ кој ни рекол да го правиме тоа во негов спомен.
     
    На Deemy и Victorya им се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Не сум добар христијанин, не се гордеам со тоа. Во црква идам само за празник, и онака на прсти може да се изброи. Одам кога нешто ми е тешко, му се молам на господ да ми прости и помогне, ретко одам да се помолам и кога ми е се ок. Не треба така, ама од мали така сме воспитани, тоа е :$
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    додека бев во македонија секоја недела одев одкога дојдов овде можам на прсти да избројам,незнам така ми е,кога ке влезиш сите се облечени како за свадба и те гледаат како од марс паднат,мразам такви собиранки,и поретко одим :worried:
     
  6. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Јас не одам во црква,атеист сум.Но стварно не ми е јасно какви верници сте вие?Незнам можеби ова ви звучи грубо,ама стварно не го пишувам со лоша намера,туку стварно не сфаќам.Еве и луѓето околу мене ги гледам.Од една страна господ е семоќен,тој е над нас,тој не штити,ни помага,верувам во него,како што е бог никој не е,а од друга страна одат во црква само за поголемите празници или кога нешто се во зор.И тоа за велигден кога се кружи околу црквата,ке се собере толку многу народ и таму секој со секого се види.А мене тоа ми изгледа дека всушност доаѓаат заради дружба,доаѓаат во миниќи,во штикли,со испеглани коси,полуголи во црква!И оние што постат,само чекаат да помине 12 и сендвичарите се полни,сообраќајот се кочи од толку луѓе тргнати во еден правец.Изгледаат како да биле присилени да постат,а не дека го правеле тоа поради вербата и празникот.Јас мислам дека е поголем грев лажно или присилно да постиш,отколку воопшто да не постиш.Но добро за гревовите и да не зборувам.Сите имаат гревови,некој дури и несака ни да се потруди да не ги направи. :worried: А поповите....несакам да ги коментирам :rofl:
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас одам во црква кога ќе осетам потреба. Убаво се осеќам внатре, и отткако ќе излезам осеќам таков мир во душата, некое олеснување. Се помолувам за мене и најблиските, за среќа, здравје....
     
    На wolf4e и teddybear им се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не идам во црква, не сакам поповите од моите пари и лигавење слики џипови да си купуваат.
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    немој да мислиш дека сакам да се расправам и извинете на офф топик ама морав да вратам на постов . :)

    Прво како знаеш како одат облечени на велигден во црква кога не одиш во црква и си атеист ? :tmi: друго никој ама никој не оди на велигден во минич и полугол ... дури и да сака не може ладно е тој период... а штиклите се обувки и не е забрането влегување во црква со обувки . После каква врска па има дали косата ми е пеглана или па виткана за во црква ??? :^) никој не оди во црква за да се види со некого ама сигурно дека нема ако видам некој грб да му свртам зашто претходно не сме се виделе подолго и во црква сме се сретнале ... и не пости секој ... пости тој што сака и се обидува да пости на правилен начин ... не можеш присилено да постиш ако не ти се пости ке се омрсиш и нема да се причестиш ... и да секој човек прави грев ... и тоа е нормално и да се трудам да не направам ке направам грешка па подобро е да сум свесна за тоа и да си речам прости ми боже отколку да сметам дека е правилно и да не извлечам поука за понатака во животот .. а за јадењето- ти постиш и во црква со јајце се омрсуваш и воопшто не е грев ако после тоа јадеш во сендвичара тост или слично ... а гужва има секогаш и кај 4 пет саат кога сите се враќаат од работа па никому ништо . :)

    едит заборавив ... викаш за празник или за зорт ... а каде пишува дека во црква се оди секој ден ??? се оди кога имаш потреба внатре во тебе ... кога сакаш да се помолиш и за празник ... кога имаш маки па да си олесниш малце од тешкотијата .

    а за поповите ни јас не коментирам има некои лоши но има некои навистина вредни за почит .
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    МНогу ретко одам во црква. Обично на Велигден, ама дек аима многу гужва некогаш надвор палам свеќа и не влагам внатре...кога-како... Инаку кога одам во посета на некој друг град кајшто има црквичка обично влагам да си запалам свеќи.
    Инаку незнам како ке ви звучи ова, ама секогаш пред да заспијам во себе си ја кажувам Оче наш. Незнам зошто, ама така правам!
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807

    Знам како одат затоа што после кружењето се чекаме да одиме во чаршија.Обично ги чекам пред црквата.И да,одат во миниќи и полуголи-а не е секогаш ладно,велигден го менува датумот помниш???Денот не го менува...За другде незнам,ама кај нас се кружи околу црквата а после влегуваат внатре да палат свеќа,ама до сега не ми кажале дека ги соблекувале обувките.А за гужвата извини,ама неспоредлива е со гужвите во други денови.Пак ке кажам,кај нас е така,ако во другите градови има нешто поразлично тогаш еве се извинувам :)
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    нема потреба да се извнинуваш секој има свој став :) инаку Знам дека го менува датумот ... ама сепак јас немам приметено кај нас така несоодветно облечени ... а во штикли имам приметено ама не ми е толку страшно тоа ... нема врска секој си верува на свој начин некој не верува и така ... инаку и кај нас кружат ... ама пред кружењето палат свеќи во црква ... А за гужвата сеедно навикната сум ... :) истренирани ми се нервите :D :D

    и да не сум пак офф ... јас одам во црква кога чувствувам потреба за тоа кога сакам да се олеснам и помирно се осеќам кога ке влезам и излезам од црква имам некој мир ... во соба имам неколку икони ... и одам во црква за празници .... :) Си ги сакам нашите традиции и адети :)
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ретко одам во црква :) но, сепак си верувам во господ, и мислам дека каде и да му се помoлиш, молитвите ќе ти бидат слушнати ;) ако си добар во душата, дури и да не одиш во црква, господ е тука до тебе, а додека пак злобните и грешните и по 10 пати нека одат во црква, пак се злобни и грешни :)
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас често одам во црква, не чекам само на празници. Барем еднаш во недела-две си одам на црква обавезно.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Одам во црква, не многу често, ама одам........ :) Си имам некои работи во кои верувам, некои случајности во животот ....сакам да верувам и одам во црква, се чувствувам спокојно :)
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Не велам дека поповите не треба да земаат пари, ама тие го злоупотребуваат тоа. Ако се јавите во МПЦ за секој обред си има поставено цена на која треба поповите да се придржуваат. Еве еден обичен пример за спевање лепче во Битола земаат 300ден, а во едно битолско село што се наоѓа на 10км од Битола за истото земаат 500 ден. Секој поп не треба да си става свои тарифи. Во МПЦ кажуваат дека вакви случаи треба да се пријавуваат, но никој не се осмелува да пријави поп.
    Да не сум офф топик, верник сум и одам во црква. Можеби не толку посветен верник па да ги поштовам сите пости и празници, но знам без никаква причина да влезам в црква да запалам свеќи. И морам да потенцирам дека сама сакам да одам. Некако самата црква како објект ми делува смирувачки. Не знам зошто после секое влегување се осеќам исполнето, помирно ми дава некоја сила. Често се случува кога сум на факултет да влезам во црквичката на клиники што се наоѓа онака без причина, палам свеќи за здравје и за татко ми :)
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Одењето во црква не те прајт верник :) Во општествово како шо сите идеали се искривиле,така и црквата.
    Инаку лично,за сопствен мир..палам свеќа барем еднаш во месецот.
     
  18. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    црквата е дом на ГОСПОД нормално дека треба да се има почит кон неа ама и јас не сум за фалење немам одено времиња освен на божик
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.938
    како што кашав во една тема в црква одам често , бидејќи ми е како еден вид рутина да одам да запалам свеќа секоја втора недела, па уште и кога знам дека на баба ми и правам друштвои задоволство и е што одам со неа - како душата да ми се исполнува :)
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bо петокот бев црква за божик каков мир на душата ми дојде,некако весела бев внатре :) и оваа година иако бевме сами ние 3ца(јас,керка ми,мажот ми) направив леб со паричка,колку само мир имав во душата на тој ден :)