1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одењето во црква

Дискусија во 'Религија' започната од jasmin, 29 јануари 2010.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Одам во црква.. Некогаш почесто некогаш по славо ... Но во глобала одам.. Зависи од тоа како имам време и како наидувам на цркви :)
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Oдам со маж ми бидејќи наоѓам душевен мир. Ме нервираат луѓе шо ја гледаат црквата како место за собиранка и да се покажат кој колку е дотеран и на кој празник, да не може човек свеќа на раат да запали, ко божем големите верници се сите, затоа на обични денови црквите се празни. И да, ретко а кој му текнува да оди да се заблагодари на Господ туку само коа ќе им претече млекото амаан помагај
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Исто како што и поминувањето покрај црква (па и ако си во автобус) и прекрстување не те прави поголем верник. Не можам да го разберам тој чин, а сите околу мене го прават.

    Без разлика на обредот, дали е тоа за спевање лепче или попрскување со крстена вода во домовите, многу ми пречи тоа што кога ќе велат: За тоа и тоа, толку и толку (пари). Ако имаш... И тоа ако имаш, знаете онака тивко, срамежливо. Тоа ми е исто како и реклама со високи попусти и не знам какви се не понуди, а на крајот оние мали букви кои никој не може да ги прочита. Па нели треба да биде кој колку има толку да даде, има и такви кои буквално не можат да си дозволат да дадат по 500 ден. за таков чин. Сиромашна државичка сме си. Оној кој има нека даде и повеќе, но на оној кој има малку па зар и тоа да му го земеме?
    Секоја чест на исклучоците, не велам дека сите се вакви, но од неколку примери кои ги имам повеќе пати сретнато сум и повеќе од изреволтирана.

    Инаку, да - многу често знам да отидам во црква спонтано, непланирано и да запалам по некоја свеќа за блиските, за здравје. Не ми се случило да имам некаква потреба па специјално за тоа да се молам. Црквата треба да е место за сите Божји чеда каде што тие ќе можат да пронајдат мир. Инаку Господ е секаде. Ако веруваш во него, тој ќе ја слушне твојата молитва без разлика дали си дома, во црква или на крајот од светот.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Одам на црква таму наогам душевен мир. Одам кога ќе имам потреба да се помолам за нето или да се заблагодарам за нешто. Несакам да одам на црква на празници кога е преполно и врие од народ. Најубаво ми е кога ќе си отидам сама.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас не одам. Како мала ме имаат однесено два три пати, ама кога пораснав сфатив дека моето воодушевување од тие места е чисто на уметничка основа. Немам потреба да одам во црква за да почувствувам душевен мир, повеќе ме исполнува некоја убава, сончева, природна средина за да ми се врати хармонијата.

    Имам почит кон црквите заради векови долгата традиција, зачудувачките икони и фрески, за резбите да не правам муабет. На нив гледам како на музеи на нашата, македонска култура.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.559
    Пол:
    Женски
    Одам во црква само за Велигден бидејќи друтвото ми оди. Иако сакам да одам во црква за да ја разгледам, ме интерсира од кој период се, кој ја изградил, некое верување поврзано со неа итн.
     
  7. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
     
    На bestrasnost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Одам,но не многу често :angel:
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.941
    Во црква порано одев само за празници но во последно време почнав почесто да ја посетувам бидејќи раскажуваат многу интересни приказни ...последниот пат кога бев - во неделата кажуваа за гревовите на Св. Јован и навистина многу беа интересни .. порано мислев дека сето тоа е многу досадно , повеќе ме опушташе бош муабет со другарката , не јас слушав мајка ми која е многу побожна жена да одам со неа во црква, но сега ми објасна некои работи и одиме секоја недела :)
     
  10. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    јас одам секоја недела но во протестантска....каде што работат теолози и ја објаснуваат библијата а не пеат ништо да неможеш да ги сватиш....
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    одам во црква но не верувам многу во неа од причина што за религијата не треба да се наплака а нашиве попови ДЕРАТ, човек не е ни да умре. Жив трошок. Католичката црква не зима 2 денари за закоп или за било што, колку милуваш ке оставиш. Знам еден случај на една жена и умре мажот но сиромашна таа нема пари да го погреба, и кога прашала во нашата црква дали може барем на рати, нешто да се направи сите ја одбиле, никој не сакал да и помогне. Кога отишла во католичка црква и прашала дали може и рекле дека нема проблем и без никакво барање од неа му приределе пристоен погреб на човекот. Жената бидејки била многу благодарна ја сменила и религијата. Исто така во мојот град католичката црква поточно калугерките чуваат деца,
    јас сум била првата запишана кај нив кога почнале да чуваат деца
    и децата на сестра ми одеа кај нив. Сите се многу фини и некогаш кога имаме на пример стари алишта од мене кога сум била мала или како и да е, ги носеме кај нив, тие ги даваат во некое село каде што имало голема сиромаштија. Исто така и за католичкиот божик редовно одам во католичката црква бидејки многу убаво е украсено и претставено рагањето на Исус. со секакви фигурички, овчички, шталата, трите мудреци, многу е убаво, многу ги почитувам. ЛЕЛЕ зајдов јас со постов ама зборот ми беше дека многу повеке ја почитуваат религијата тие, одколку нашите ни лакоми попови. |(
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Па тоа и јас викам...поповите не верувам дека се нешто верници можеби пеат ама дали 1 од нив знае што пее....само за пари прават се....мислам може има некој верник ама не верувам баш затоа што се гледа...воопшто не помагаат и не ја вршат главната "задача" да им кажат на лугето за бог...само ги учат на обичаи и им зимаат пари на лугето....протестанската религија воопшто не е почитувана и застапена во мк...но во нашата црква сите се дружат , а пасторите проповедаат нормално со зборови , имаме различни собирања, и не се плака ништо , значи можеш без трошоци да одиш секоја недела во црква и на собирања, а не се плака ни венчавање , ни крштевање....
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да меѓу поповите има секакви и тие се живи луѓе како и ние, ако нешто неправилно прават има Бог нека им суди, одам во црква доста често, иако не толку често како порано, но одам заради Господ не заради нив, иако Господ е секаде и насекаде околку нас, доколку веруваме, сепак црквите се обележје на христијанството ги почитувам и радо ги посетувам, убаво е чувството во црква.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    јас сум католик, но еве ќе те поправам во делот за Божиќот, и во православната убаво го тераат и секогаш се црквите уркасени и на убав начин претставено е раѓањето на Исус, а дека поповите наплаќаат за све живо и диво во православната тоа е вистина и неможам да се изначудам, но црквата не ја одредува религијата, таа си е, верувањата исти како и Библијата.

    оној кој сака да верува во Бог ќе верува, а какви се поповите нека Бог им суди.
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас почесто одам во црква во обични денови,отколку на големите празници.
    Така можам поспокојно да се помолам и да почувствувам поголем мир ненарушуван од галамата на толпата.
    За големите празници не дека не одам никогаш,ама донекаде ми е изгубена желбата поради туркањето за да стигнеш на причесна,како некој да нема да дојде на ред,понатаму очигледното присуство на некои таму исклучиво поради присуство,слушнале дека треба да бидат присутни и дека тоа е образец на добар христијанин,всушност ова се позери или манекенски типови-прикажуваат нешто што не поседуваат.
    Друго,голем дел и од оние редовни посетители на цркви ми се посебна приказна со недефинирано дејствие пр.еден таков голем верник изјави како се чувствувал поубаво во Плаошник бидејќи имало пространост :^) .Не доликуваат вакви компарации никому.Јас ги почитувам и најмалите црквички,изградени во некоја карпа или на високо планинско место,колку од нив биле и тајно градени,секоја од нив си има свој посебен печат и шарм.Покрај духовниот елемент,сакам да се занимавам и со проучување на иконите,стилот на нивната изработка,кои настани до Библијата се насликани во одредена црква,кои светци,како е украсен олтарот итн.Значи сакам да го задоволам и својот уметнички сенс,да вршам компарации на дела од пр.14 век и современоста,бидејќи црквата е и уметничко дело од архитектонски,сликарски,некаде и резбарски поглед,не е само место за религиозно доживување,тоа е причина плус поради која сакам да ги посетувам црквите, :) .
     
    На edna_malecka и Hopeful им се допаѓа ова.
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Одам но не многу често, најчесто за празници, но и понекогаш одам онака да си запалам свеќа за здравје
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Одам прилично често во црква, ми остана навика, уште како малечка со бабами ќе наберевме цвеќе од нашата градина и одевме в црква за да се помолиме и запалиме свеќи... и сум против тоа што тука во Македонија жените (мислам на сите оние кои го имаат редот) одат во црква без шарпа на глава, навистина е срамота. Како што маж не чини да влезе со капа во црква така не чини жена без шамија....ама ајде разберисе :/
     
  18. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Како што телото има потреба од телесна храна, така и духот има потреба од духовна храна.
    Затоа Бог определил 1 ден да не се работи, туку да се посвети за духовната храна!
     
  19. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    А што со другите денови,зарем само еден ден во неделата сме во работен однос со Бог?Христијанската вера не треба да биде празничен десерт туку секојдневен леб.А лугето не одат во црква не затоа што живеат далеку од неа, туку затоа што живеат далеку од Бог.таа треба да биде работилница а не гостилница.
     
  20. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Убаво ми е во црква. Убава ми е тишината, и времето да се помолам. Уживам, и се чувствувам како накратко да сум исклучена од буката и метежот на градот.


    Ми пречи алчноста. Црквата и религијата не се фирми за пари, тие се за духовно прочистување.