пред месец дена ми се деси чудно чуство абе ме тера ме тера да идам на црква и крај! Отидов во 20ч си запалив свека се помолив и си дојдов,еве во сабота излегов за да купам некои работи на доагање поминавме нис црква и јас одма: ај да запалиме по една свекичка... Инаку не гледам само празници значи одам кога сакам,кога осекам дека морам да одам,и кога сум на поминување...а инаку и пред католичка и пред наша црква си се крстам,и плус секоја вечер се молам на Господ и се заблагодарувам за изминатиот ден и за следниот што иде....
Мене пак ми се нема случено чудо некое за да почнам на црква да одам. Порано одев на црква само на празник 2 -3 пати годишно колку да се видам со сите постари луѓе во градот. Кога дојдов во Скопје да студирам секој ден поминував покрај Соборниот храм и еднаш си реков ај да влезам. Не можам да го опишам спокојот кој го почуствував внатре. Заборавив тогаш и на болестите и на испитите и на смртта на баба ми и на тоа дека месец дена си немам одено дома. Од тогаш така го сваќам одењеето в црква. Не одам таму за да редам пари по иконите кажувајќи му ги на Бога моите желби, туку одам кога сакам мир и спокој. И секогаш в црква сама одам си псотојувам таму без да мислам на ништо и пак се вракам тоа ми е како еден вид на медитација
ќе ви раскажам една случка што се случи за Петровден...Бев со татко ми во црква и еден познаник го прашува: Ќе се причестуваш ?(пошо нели се причестуваат тие што сакаат и го постеле петровденскиот пост) и таткоми вики: Не. и овај човеков му вика: Епа што бараш тогаш во црква?... и татко ми му вели: Епа тебе сега џабе ќе ти е причесната кога веќе направи грев, јас немора да се причестувам за да одам во црква... А и стварно е така...Некако не ми се логични тие мислење на луѓето со причесната и одењето во црква :/
Кога можам и кога чуствувам потреба а не обврска. Си имам некоја традиција, кога сум во можност, да си шетнам до Св. Димитрија (црквичено пред влез во чаршија), обично бирам помирен ден - како недела, да запалам свеќа за тато, и за моите најблиски, да си испушам цигарче во дворот, и тука обично спонтано а сепак по правило си ја испуштам душата. Чуствувам поврзаност заради фактот дека татко ми е крстен таму. И токму таму имам внатрешен дијалог со него. Значи црквава ми стана еден вид на светилиште каде знам да се повлечам кога сакам да си комуницирам во мислите со татко ми. Инаку со тек на време, самите цркви ми станаа прекомерцијализирани и вриштат на храмови за заработка, така да духовното во голем дел од нив - исчезнува и затоа, не гледам потреба да одам во нив. Се восхитувам на стари манастири или готски катедрали од чисто историски и уметнички аспект, но тоа е тоа.
Исто и мене ми се случува кога одам во Соборниот храм, таков мир чувствувам, не можам да опишам, сум била и во други цркви, ама таму ми е најубаво, додека сум во Соборниот храм, едноставно имам чувство како самата црква да не припаѓа на тој дел од градот, како отцепена да е, има нешто таа црква што е толку посебно убава, што владее во неа таков мир.Меѓутоа нешто во последно време не одам често во црква, не знам зошто така иако знам секогаш да отидам во црква, да запалам свеќа, едноставно само да отидам, без некоја посебна причина.Секоја црква е убава, мирот владее во неа, но и во нас, само се зависи од тоа колку го чувствуваме тој мир.Одам во Соборниот храм, а нешто во последно време сакам и во католичката црква да отидам, не знам што таква желба ми се појави никогаш не сум била таму, сакам да тркнам да видам како е внатре, иако отприлика знам, ама сакам да отидам таму
odam dosta cesto vo crkva,so blgoslov,so pricest,prekrsno se custvuvam. Mnogu luge odat vo crkvaa a ne znaat sto znaci odenjeto,koga treba,kako treba i mnogu dr raboti. citam deka bile samo za pari itn,toa ne e vo red,zasto popovite i lugeto sto rabott tamu treba plata da zemat,i tie treba da jadat,imaat deca,treba da gi skoluvaat,znaci i im treba pari,vo crkva se plaka struja,voda itn,i oni e kako nas,ne e duhovidrzavata ne gi finnsira, da zemat plata,isto za popovi sto gresat,pa i oni e luge,kako sto gresi hirurgot idr,treba da ne gledame na tie raboti,sepak sekoj za sebe si e odgovoren,a i sekoj umira sam,negov grev [mod-kirilica:wrgaf0pc][/mod-kirilica:wrgaf0pc]
"Одењето во црквата ќе те направи христијанин, исто како што и седењето во гаража ќе те направи автомобил.. " - Многу добро кажано Значи убаво е да се посетува црквата,почесто, а не само за празници како што многумина практикуваат.
Јас лично одам само за празници со семејството не сме баш редовни во црква но секако тоа не значи дека не веруваме во господ
Одам за празници и кога можам и чуствувам некоја потреба не одам во црква така само ради реда туку за да се помолам за нешто или пак да се покајам за нешто што сум направила или едноставно да избегам од надворешниот свет и да се опуштам и за момент да заборавам на проблемите и секако да му се заблагодарам на бога за секој нов ден што ми го дава
За празници, од почит кон бога, и да се помолам за душата на покојните. НЕ верувам во цркви и попови, ама во бог да. Одам исклучиво заради тоа и искрено не верувам мн во секакви обичаии кои кеми ги кажат бабите, пола и повеќе се суеверие.
одам во црква но морам да признам дека повеќе одам кога имам мака отколку да се заблагодарам за нешто,кога ќе одам во црква имам мир и спокој барем на момент имам седено со сати во црква и имам плачено кога излегов од внатре како едена планина да имаше паднато од моите гради
Oдењето во црква, манастир (свет Божји дом ) е едно од каноните на православното христијанство , и сметам дека секој православен христијанин треба да ги посетува. Бог во Светото Евангелие рекол 6 дена работи 7 ден одмарај и посвети се на Мене. Што значи неделата е секогаш одредена да се отиде на литургија. Уште од времето на Апостол Павле нашава прекрасна Македонија има толку многу храмови што и ден денес сеуште може да се видат. Сум слушнала црква е моето срце. Тоа е се убаво но... Како ние ќе му заблагодариме на БОГ за се? Со посета на литрургија, пост, земање на Света Причест. И секако со всадување на Љубов во нашите срца кон ближниот.
Не одам во црква бидејќи верувам во исправноста на Исусовите зборови дека ние самите сме храм на Светиот Дух. Би се согласил со форумџиката која на некоја од претходните страници ги наведе зборовите на францускиот теолог, музичар и хуманист Алберт Швајцер: "Со одењето в црква се станува христијанин колку што се станува автомобил со одењето во гаража!" Бог пребива во нас а не некаде надвор, со Христа преку искрена и спонтана молитва во секое време можеме да се поврземе интензивно со него. Црквите ми се мрачни и зачадени, нешто што е сушта спротивност на моето сфаќање за Бог како нешто што зрачи со светлина и свежина. Црквите ми се некако само за во монографии кои го представуваат културно-историското наследство на некоја земја и добри локации за историски филмови.
Би идела на црква кога би имало цркви каде што сум јас. Но за жал, посетувам цркви само кога идам во Македонија на одмор.
Не сум атеист, но не сум ни некој опеан верник. Одењето во црква ми се случува спонтано, кога ќе почувствувам потреба, немир. И обично нема врска со тековните случувања, едноставно, ме тера нешто, и најчесто тоа го правам во Соборниот храм, или Св Богородица, карши МАНУ. Палам свеќа, седам внатре кратко и си одам. Никогаш не го поврзувам тоа со општите канони за одење на празници, или дека така мора. Своето духовно Јас го слушам, и така и ми е подобро. Не верувам во машкиот принцип на Бог, верувам во енергијата што се создава, така што, храмот е само одбележан простор кој може да ти даде привремен мир, прибежиште, наспроти урбаниот хаос и интуитивната затапеност која владее наоколу. Сепак, храм може да биде и сопственото срце, Дом.
Не одам во црква, не верувам во господ и не сум религиозна.Имам отидено неколку пати, само затоа што сум морала, бидејќи ги изучувавме фреските додека бев средно. Не ги оправдувам тие што одат колку да се рече дека се православни, а кога ќе излезат и пред да отидат неможат да си ги добројат гревовите.Дали ќе одиш во црква, џамија или синагога ќе останеш тоа што си..
Обично за празници и ако имам потреба одам и во обични денови. При поминување покрај некоја црква секогаш чувствувам потреба да влезам, да запалам свеќа и да се помолам. Секогаш после одењето во црква се чувствувам смирена и исполнета со позитивна енергија.
„Одењето во црква не те прави верник,исто како што одењето во гаража не те прави автомобил“ - добар статус од фб Јас одам во црква секоја недела.Претходната не бев ете така испадна.Ама си всадив една таква навика.Секоја седмица во недела одам во црквата во моето маало.Со сестра ми,а патем си правиме муабет.Некогаш и со мајка ми.И незнам зошто ама ако не одам не се осеќам убаво како да не сум заштитена,може сум си умислила нешто..