1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одењето во црква

Дискусија во 'Религија' започната од jasmin, 29 јануари 2010.

  1. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    мојот храм е во мене, мојот бог е со мене... не одам често во црква, одам кога ќе почувствувам дека тоа ми доаѓа одвнатре и кога сум духовно спремна... се молам и фала Му што ги слуша моите молитви.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Само за празници одам и ете некогаш ако имам желба да запалам свеќа и да се помолам.
     
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Дали е грев да се влезе во црква кога имаме добиено? Или само грев е да се запали свеќа?
     
  4. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Почесто одам за време на некои празници. :)
     
  5. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Секогаш кога можам одам во црква независно дали е празник или не..така сум воспитана..за празници пак посебно обрнувам внимание...
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    не е грев ни тоа ни тоа само не треба да ги допираш иконите и да ги бакнуваш
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Најчесто одам за празници.Немам навика така од чиста мира.Еве вчера бев и денес сабајле бев. :) И вечер ќе одам.
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Обавезно одам на празници, но си идам и на обични денови. Денес само таму мир можеш да пронајдеш.
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Можеби се имам изјаснето на темава и порано ама не се сеќавам, и ме мрзи да листам сега наназад.

    Да не се лажам, ама и јас си одам во црква само за празници. Што знам, навика од порано.
    Или па многу ретко одам за да запалам свеќа за здравје и да се помолам.
    Секогаш кога ќе си речам ај денеска ќе одам до црква, се нешто одложувам.. И така си останува идејата, само идеја.

    Инаку вечер ќе одам во св.Петар и Павле во Ѓорче, најблиску ми е.
     
  10. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Одам во црква. Најчесто за празници, но и обични денови. Ме исполнува. Единствено место каде што си го пронаоѓам мирот. Кога палам свеќа си ја празнам душичката кажувајки ги сите неубави работи кои ми се имаат случено и со молитва за подобро утре ја оставам да гори. Кога ќе излезам и ги правам трите прекрстувања накај вратата се чувствувам толку олеснето, мирно и знам дека спокојот е со мене.
     
    На xoxo.Martina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    одам во црква редовно убаво ми е се полнам себеси,тоа е место каде можам се да си кажам и да си посакам се што посакувам
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Во црква одам многу ретко..и тоа ете да речеме ако е некоја кај што немам влезено, а сакам да видам како изгледа. Значи чисто од архитектонски и историски побуди.
    Црквата ја гледам како секој останат бизнис и фирма во државава. Најбогатите бизнисмени се поповите. Нашиве попови овде не се ко на шпанските серии, па кога ќе појдеш да побараш совет, ќе те благословат. Баш напротив, ќе отидеш за време на пост, ќе го начекаш како јаде свинско (ова на дедо ми му се има случено)
    Ако си му верен на Бога, не ти треба ваква институција за да одиш и да му се посветиш. Па нели Бог е насекаде околу нас? Доволно е да си оставиш простор во мислите, момент за да му се довериш и исповедаш. И за тоа нема да мораш да гледаш во ценовникот, како што гледаш по црквиве |( Истото го мислам и за иконите. Зошто морам да бакнувам лик во црква? Ако му служам на Бога јас ќе го дарувам со своите добрини што ќе ги правам, а при тоа да не мислам кој се ја зашлапал таа икона во таа црква, а надвор оди колне и сее зло меѓу своите.
    На крај краева, не си верник по бројот на неделни посети на црква, туку по своите дела, добрина и помагање на другите.
    Од друга страна сакам да одам во манастири. Прекрасни ми се и зрачат со неверојатен мир и спокој. Башка што речиси сите манастири се на преубави места, планински или оддалечени од гужвите.
     
    На ilipili, Miss-Angie92, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Штом сум слободна, или да ме нанесе пат пред црква обавезно одам, за празници и тек како.
    Инаку сега на 50м. од зградата ми градат црква, и ептен ми е мило што ќе можам уште почесто да одам.
    Некако кога сум внатре наоѓам мир спокојство, се полнам со надеж и позитивнаенергија.
     
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    па до негде си во право и се согласувам,но сепак мислам дека треба често да се оди во црква :)
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право за ова, се согласувам, но, исто така и одењето во црква, барем јас лично, сметам дека е време кога се посветуваш себе си и на Бога, всушност преку молитва, најмалку е важно дали ќе бакнам икона, дали на истата ќе оставам пари или не.Низ тоа, јас ја гледам на тој начин црквата, воопшто не ми е битно, примерно, дали донеле нова икона или не, дали и зошто се оставаат свеќи да горат надвор или не, дали попот има пари или не, дали јас тие пари доколку ги оставам пред некоја икона, ќе отидат кај попот или во добротворни цели.Целата работа е духовноста, всушност самата намена на црквата.Ова го кажувам општо, не мислам дека некој друг така прави или размислува.
     
    На i-v-a-n-4-e и kravce им се допаѓа ова.
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Во последно време почнав да одам почесто со цел да најдам некој мир на душава,а и да побарам помош од Исус :)
     
  17. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.273
    Пол:
    Женски
    Јас одам во црква кога имам време обично последно време многу сум зафатена ама еве утре планирам да одам од неделата се токмам и ете утре баш имам и време.. :wasntme:
     
  18. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Татко ми секоја недела оди во црква, а јас 1 месечно... :)
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Во месецот обавезно одам во црква. А има и моменти кога сум премногу тажна на пример, и случајно ќе поминам покрај црква, веднаш си влегувам.. Ми ја топли душата, ме исполнува. Тој мир на друго место не се наоѓа.

    И морам да ве искритикувам сите што ја критикувате црквата заради поповите. Не треба да чувствувате одбивност и да ја нарекувате мафија поради тоа што со црквата работат неблагодарни и неверници можам слободно да ги наречам.

    Одете си во црква за своја душа, не мора секој ден, барем еднаш месечно, сепак и Бог сака да го посетуваме Неговиот дом нели? Тоа е Негов дом. Како Христијани треба да најдеме време да се помолиме во Црква. Убаво е и за нас и за тие околу нас.

    А многу лошо е што сте изреволтирани и размислувате погрешно околу црквата само заради тоа што на нејзино чело стојат луѓе кои ја злоупотребуваат.
     
    На ilipili, zoya, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    До скоро и јас имав изгубено целосно доверба во црквата како институција и се оддалечив и од религијата. Еден ден се најдов во една ситуација кајшто буквално зависеше само од Бога дали навреме ќе се разреши, отидов во црква, запалив свеќа и се помолив....и некако се смирив. За среќа се заврши како што треба. Сфатив дека има нешто посебно во тој ритуал...едноставно те смирува и можеш рационално да размислуваш и имаш моќ да ги наредиш коцките како што треба. Ќе се потрудам да посветувам повеќе време на верата,зашто ти треба нешто што ќе те држи во ова лудо време.
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.