Одам во црква. Порано одев скоро секоја недела, а сега поретко, но одам. Најубаво одење во црква ми е кога ќе почувствувам потреба за тоа. Ете баш пред некое време ми се случи баш тоа. Просто се почувствував преполна со мака, проблеми и гревови. И отидов и секако излегов од таму како нова личност. Нема зборови со кои се опишува тоа чувство. Тоа чувство за мене е едно и единствено. Мир. Мир во душата, во срцето, телото. Насекаде, во мислите. Сакав да искоментирам и за луѓето кои ги судат свештениците. Всушност не да искоментирам туку да кажам некои работи кои можно е да не ги знаеле. Свештениците несмеат да примаат плата. Никаква плата. Единствени пари од кој тој човек ќе преживее со неговото семејство, се парите кои ние ќе ги дадеме. Но од друга страна никој никого не тера да даде некоја одредена сума. Барем јас сум немала таква ситуација, а добро сум упатена во овие работи. Ако сакаш да оставиш, оставаш, ако оставиш никој не те присилува колку точно. И згора на се, ние не оставаме пари на свештените лица, туку на црквата, а тоа е некој вид нивно работни место, иако знам дека звучи многу лошо да речеме така за црквата, но така е . И тие се луѓе кои имаат семејства, а тоа семејство треба нешто да јаде и да се облече, Треба да се платат основните сметки, за скромен живот. Да има и такви кои се многу богати, но колку се такви ?! Обично тие и не се свештеници туку некои поголеми чинови. Се додека тоа се чесно заработени пари, тука нема грев. Во секој случај, верата нема никаква врска со парите или некои обреди. Одиме во црква за да се исповедаме или да се помолиме или едноставно на душата послено да ни дојде. Лошо е да се мешаат парите тука и црквата да се нарекува бизнис.
Одам во црква може да се каже дека во 2 месеци барем еднаш одам, ќе си се помолам, ќе си запалам свеќа и си сум си на раат
Некогаш одењето е зачестено, сега еве неколку месеци немам појдено. Одењето во црква не треба да е обврска па да се оди само за празник.
Секогаш кога сум во близина на некоја Црква влегувам да се помолам или да запалам свеќа,не го правам тоа само на празник,туку кога ќе осетам потреба и сум во можност
Влегувам во црква кога се шетаме во близина на некоја, Атеист сум и на неа гледам како на знаменитост и убав архитектонски објект.
Ќерка ми (3 год) е и штом види црква, бара да влеземе. Ја поткреваме и пали свеќа со наша помош, знае и да се помоли и каже- Дедо Боже, помогни ми! Ја научила баба и , се.
Сакам да прашам, кога одиш во црква да се помолиш, дали мора да се наведнеш и поклониш, дали можеш да стоиш? Знам дека збучи глупаво, не сум доволно информирана сепак..
Длабоки поклони со спуштање на колената до земја и главата на подот се прават само во Велигденскиот пост. Во другиот период не е пожелно да се прават. Нормално, тоа не е нешто задолжително да се прави. Слободно молете се исправени. Молете се и дома, а не само в црква.
Не знаев каде да прашам,па ај оваа тема. Значи за Битола прашвам,дали знаете кога има миса во католичката црква во колку саат,ден?
Посетувам цркви редовно. За обични денови, и за поголеми празници. Кога ќе излезам некако убаво се чувствувам. Прочистено.
Никогаш ништо посебно не сум почувствувала при посета на црква. Вистинската вера во Бог нема врска со влегувањето в црква според мене, уште помалце со обичаите на народецот.
Здраво сакам да прашам кој каде стои в црква? Никој ме нема упатено и најчесто стојам на крајот позади в црква ( претежно ома свеќи запалени таму в црквата) . И еден човек ми рече стојат таму вдовиците. Јас тоа не сум го знаела. Дали има нешто такво или??
Аман овој народов се управија уште стоењево да го погодат Јас знам десно мажите,лево жените ,а ти не се секирај кај сакаш стои си не правиш ништо лошо
Кои глупости ги прочитав. Денес нема ред у црква. Секој како сака прави. Битно е да си смирен и да не се брзаш, во редицата да се буткаш.
По правило в црква мажите стојат од десната страна, жените од левата. Младите невести и девојки стојат на горниот кат, на галерија. Ова е црковното правило во нормални услови и прилики. Во време на пандемија, како што е сега, ако одите в црква барајте место да стоите што подалеку од другите за да не се заразите или да не ги заразите другите. И задолжително носете маска.
Не обрнувам внимание дали ќе застанам од десна или од лева страна. Побогу, од кај излегоа овие поделби сега? Јас откако знам за себе по црквите ги гледам заедно измешани и мажите и жените, така да, нема тука никаква поделба на лева и десна страна.
Заради обрски одам кога можам во Недела, секако и за слава на поважни празнувања. За време на литургијата за жените на десна, мажите на лева, секако треба да се запази и редот за причест, деца, мажи па жените.
Zoshto vakvi podelbi i vo crkva? Ok za decata sfakjam, ama za mazhite i zhenite?!? Neli sme site ednakvi i isti pred Boga?