Не, цело време поентата ми е дека никој нема право да менува Библија и правила како му одговара. Ако ти сметаш дека си чиста за време на менструација ако сакаш и по тело мачкај се со таа крв, како хиндуистине што праат. Нема проблем. Само оставете и не се бунете за нечии правила. Имате други цркви кај што се полиберални и се е дозволено. Толку. И мене многу нешта не ми одговараат па не се пикам и не плачам да ги сменат оти така мене ми е арно.
Ако си во брак колку сакаш биди ебана, влези слободно. Ма да и ако не си во брак влези, никој на врата нема да те праша, и самата си знаеш. Работава е дали тебе лично ќе те јаде нешто од внатре дали си прекршила некое правило. Што ќе ни биде на сите еден ден ќе дознаеме.
Никој не смее да ја навредува но ниту она да не навредува, може така? Па со самото тоа што за грев некои го сметаат тоа дека нечиста била жената, да, понижувачки е. Пошо сама ти рече дека е најнормална и најприродна работа. Зашо ондак грев? Е тоа не го сфаќам.
Сметаш дека си попаметна од Бог и може да се пазариш со него? Библијата е божје слово. Книга напишана од луѓе инспирирани од Бог, луѓе кои живееле со Исус. Супер тогаш. Не гледам никаков проблем. Терај така. Проблемот е што на другиве им сметаат правила кои со векови од самиот почеток на црквата се такви, тоа збориме цело време.
Многу ја затупевте. Пред Господ се сите еднакви: како тие со менструација, така и тие без. Ниту некоја која има е помалку вредна од таа која нема. Муабетов ко на селска чешма, многу работи од стар со нов ги мешате.
Ама ја напнавте @sonuvana, па не го измисли таа правилото, туку свештениците тоа го кажуваат со децении. Постарите жени порано тоа строго внимаваа како влегуваат во црква. Еве една сосетка требаше да крсти дете, кума, и утрото добила, пред да влезе во црква, го викнала попот настрана да праша, му рекла дека е чиста од мажот(секс немала), но му рекла „Од Бога не сум чиста“, по што попот рекол тоа е божја работа и ја пуштил внатре. Да не ја пуштел, мажот ќе го крстел детето. Се фативте за врат за џабе. Примерот со скокање по крст го имав пишано тука, на Водици скокаат мажи, но скокна и една жена во базенчето. Луѓето нормално земаат вода за дома, дојде попот и рече дека скокнала жена, а жената е нечиста поради тоа што добива менструација(не дека во моментот имала добиено) и да не земаат од водата. Сега дали е дискриминирачки или не, веројатно е, ама тоа се некои правила, непишани. Нема ништо да се случи ако неколку дена не одите во црква или ако влезете додека имате добиено, сигурно нема да се случи којзнае што, ама треба да се познава верата и да се почитува. Не сум чула муслиман да полемизира зошто пред секоја молтива мора да се мијат раце и нозе, дури и во зима, надвор мијат нозе во дворот на џамијата. И тие можат да користат изговори во смисла „па сите се тушираме денес, мора ли пред молитва да се мијат нозе?“. Христијаните влегуваат во слободни толкувања на верата. Секс пред брак им е ок, тетоважи им се ок, иако верата тоа го забранува.
Па не е грев,неколку пати напишав. Само во црква се оди чист, а порано не можело да се оди ако крвариш. Денес можеш. Освен што бидејќи се чистиш внатрешно не можеш да се причестиш....се поради почит кон Бога. Зошто ти е понижувачки да си нечиста? Секој ден се тушираме поради нечистотија, најнормално нешто.
Тогаш get off your high horse и престани да им кажуваш на луѓето што да прават и да им лепиш етикети пред и тебе некој да ти залепи некоја етикета за предбрачниот секс.
Намерно пишуваш глупости пошто ти е досадно или стварно до волку не ти работи логиката? Искрена биди. Кој кажа дека може? Ја реков дека и тоа е грев, логично е дека не. Нели си начитана и паметна? Кај пишува дека може? Ниту во Библијата има такво нешто ниту ја реков такво нешто.
Лелее мации и англиски си знаела. На македонски ако го пишеше сето ова немаше да биде тоа тоа нели. Зошто тогаш ти мене ми кажуваш што да правам? Која си ти? Пак се вртиме во круг. Или сите имаме право на збор или никој. Сама себе се закопуваш со зборовите. Ако јас немам право од каде имаш ти право да ми кажуваш што да правам?
Има и свештеници различни и некогаш и ќе згрешат можеби, но не е битно тоа. Ете добар пример даде со крштевката.
Многу се напнавте . Ич да не ве заболе стапот шо напишал некој чича мича ефтина прича пред 2000 години кога жените за вештерки ги сметале. Влагајте тамо ако ви се влага, причестувајте се, клањајте се, шо сакате тоа прајте, нема попот да ви дојде на врата да ви свети во дундата дали ви е крвосана или не. Се знае тоа оти црквата допирна точка нема со реалноста и науката и биологијата.
Значи според тебе во ред е да имаш секс пред брак, затоа што сите сме луѓе, грешни сме, ама строго држење подалеку од црква за време на менструација?! Каде е логиката тука?!
Јас не знам како да ти објаснам колку е смешен фактот што ти се ебеш пред брак и кур те боли што пишува за тоа у Библијата ама затоа дојде овде и се расфрлаш со библиски цитати и осуди за одење во црква со менструација. Тоа се вика хипокризија или лицемерие ( ете ти на македонски). Исто како Трајко да го осудува Петко што и се раздрал на жената а после да отиде дома и да ја искрши од ќутек неговата.
Не мислам дека религиски е дека жената е "нечиста". Туку народски. Јас тргам од себе. Јас сум растена во религија и кога бев најанксиозна и кога најмногу физички симптоми имав ради анксиозност - било ради религијата. Особено ко се борев со неверството. Ама не за то шо религијата рекла. Туку како народот ја толкувал. Буквално сите маки ми биле околу то. Имам менструација од 10 и пол години. И неколку пати кога сум одела кај роднини во друг град, сме оделе во Недела в црква. И се погодило да имам менструација и да не знат и никому ништо. Се дур еден пат не се погоди да знат дека имам и одма да се крени паника дека е грев, дека сум нечиста, максимум на праг од црква, па после да треба да одам на исповед за претходните пати (за кои од после имав страшна анксиозност оти не знаев, а се случиле), па миење дома во не знам колку води и одма после циклус миење ритуално не знам колку пати за да одам на "исправка". Башка шо ритуализирам анксиозност и после сама праев ритуали кога крварев чак и да не одев во црква. И пак. Не мислам дека ова го бара црквата. Ама народот така го толкува. Зато и велат и дека секој има свој духовник. Оти ете кај шо одат роднините ја поткрепи идејата дека жена со менструација е "валкана" или "нечиста". Ама не мислам дека некој официјален став е ова на црквата. Напротив. Сега сакам да прокоментирам уште за 1) менструација како чистење и 2) одбирање друга религија ако ова не одговара. 1) Менструацијата е природен процес, за мене е знак на здравје. Циклусот си го пратам во целост со кога какви промени имам и секој дел од циклусот ми е знак на здравје и секое отстапување ми е аларм да проверам нешто. Е сега имаме чашки за менструација. Сега имаме тампони и влошки. Не сме "нечисти". Не е како да прајме free flow или да крвариме во крпа па ако одиме во храм да истечи на сегде. Делот со причесна го разбирам и зошто постои. Делот со посета, историски, е ради хигиената и начинот на собирање на крвта. Сега е неспоредливо кога можиме пречесто тушови да маваме и имаме модерни методи на собирање крв. 2) Не мислам дека можиш да одбериш друга вера ако сакаш. И зато сувишни ми се муабетите "ако не ти одговара - смени вера". Барем за мене, ко сум била верник, со цело битие сум верувала. Сега кога не сум и да речам "аха еве вервам" буквално е само на збор. Никаква врзаност за одреден Бог не осеќам и негово постоење. И апсолутно треба да се гласни верниците за работи шо се останати од баби/дедовци и не се совпаѓаат со новото време. Пошто многу правила се таму не зошто Бог би се налутил. Туку за ред во некое старо општество шо немало одредени методи - шо денес ги имаме. Како ова со менструацијата. И така.
Ако црквата нема допирна точка со реалноста и науката што мајка бараш во црква да се причестуваш? Не не е во ред. Не сум знаела и сум го направила тоа. Но тоа не го менува фактот дека според Библијата секс пред брак не е дозволено. Исто и со менструација. Кажав погоре, ти влези ако сакаш никој на врата нема ни да те проверува ни да те прашува, поентата е дали ти ќе се осеќаш вина бидејќи црквата вели во тие денови да не се зема света причест и да не се влегува во храм. Толку е просто, зарем не сфати го трубам ова од сабајле.