1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење во црква за време на менструација

Дискусија во 'Религија' започната од CIA, 13 април 2012.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    46.035
    А ај кажи ти еден пример што некој се заразил од жена со менструција коа влегла у некоја просторија, која патем служи да се котат вересии ко тебе?!
     
    На hermosa, KateKane, Medea. и 14 други им се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    Па и да не се заразил никој, попрво од тоа ќе фатиш зараза неголи од некоја жена што влегла во црква со менструација. Уклучете ја таа главата малку, не служи само за шишање.
     
    На Mumoftwo30, Just_a_kid, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    @fbaby 12 години активно одам секоја недела во Црква/Манастир и никој што е здрав влегол во Црква/Манастир не се заразил од било каква бактерија, или да се разболел, а милиони примери има каде болни влегле во Црква/Манастир а здрави излегнале.
     
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    14.666
    Пол:
    Машки
    Многу "тактички" го избегна прашањето... ама изгледа читаш само тоа што ти одговара.
     
    На Medea., joy1, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    @Waverly Raven еве можеби грешам, демантирај ме со примери ако не е така!
     
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    46.035
    Па не изглеа баш дека многу болни здрави излеваат, вака по примериве што ги читаме...
     
    На Medea. и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  7. revolut

    revolut Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2025
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Ова правило важело за порано кога немало доволна хигиена, во денешно време било кој поп да го прашаш ќе ти каже дека може жена за време на менструација да влезе во црква.
     
    На hermosa, Mumoftwo30 и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    14.666
    Пол:
    Машки
    Мојата реплика не се однесуваше кон парите и твоето мислење поврзано со нив, туку репликата на Gosh што ти ја избегна, а патем е поврзана со конкретнава тема.
     
    На Gosh, joy1, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    1.340
    Пол:
    Машки
    Жените во денешно време не можат да испрлаат во црква за време на менструација.. Не треба да биде ова пречка за да влезете во црква, црквата е за сите..
    Исус не и судел на жена која што 12 години поради болест имала менструација и кога се допрела за него не трчал да се бања и чисти затоа што е "нечист". Со тоа докажува дека жена во менструација не е нечиста во Божји очи.
    И една жена, која дванаесет години страдаше од крвотечење и никој не можеше да ја излекува,
    му пријде одзади и се допре до крајот на Неговата облека; и веднаш ѝ престана крвотечењето.
    А Исус рече: „Кој се допре до Мене?“
    А кога сите се откажуваа, Петар и оние со него рекоа: „Учителе, народот Те опкружува и Те притиска, а Ти велиш: ‘Кој се допре до Мене?’“
    Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто почувствував дека сила излезе од Мене.“
    А жената, кога виде дека не може да се сокрие, дојде треперејќи, падна пред Него и кажа пред сите зошто се допрела до Него и како веднаш оздравела.
    А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир.“
    Она што е од стариот завет си е за луѓето кои што бил наменет, ние се водиме според новиот. И како што реков хигиена денес е 100 пати подобра од тогаш.

    Што се однесува до парите, да многу се по нечисти од жена со менструација. Да не ги чистат со дезинцекциони средства пред да ги стават на иконите? Може шансите се мали да се зарази некој од нешто од парите, ама може да се случи.. Ако ти треба доказ еве мое искуство:имаше оставени пари врз иконата не таму кај што се оставаат ги собрав и ги ставив во тоа што е наменето за пари, после ја бакнав иконата кај што стоеа парите за неполн половина час ми испука устата...
    Парите има кај се оставаат а не врз иконите, исто така парите се оставаат за црквата не за здравје или за светците или за Бог.. Еве ти подоле во спојлер стих и за тоа, ако сакаш подетално од ова за парите објаснување цитирај ме во соодветна тема ќе ти објаснам.
    А кога Симон виде дека преку полагање на рацете на апостолите се дава Дух Свети, им донесе пари,
    велејќи: „Дајте ми и мене таа власт!“
    А Петар му рече:
    „Проклети да бидат парите твои со тебе, зашто помисли дека Божјиот дар може да се купи со пари!“
     
    На Just_a_kid, Mumoftwo30 и milkyway^^ им се допаѓа ова.
  10. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    528
    Во стариот завет било забрането да се влегува ради хигиената во тоа време, законот не се однесува на спиритуална (духовна) нечистота така да..
     
    На Just_a_kid, Mr.Limonko и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.306
    Допаѓања:
    133.095
    Пол:
    Женски
    Во денешно време ни поповите не се замараат со ова, ама народот уште лупа безвезе.
     
  12. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko ако ги читаше мојте мислења јас коментирав за парите што се оставаат во Црква, а не за менструацијата.
     
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    1.340
    Пол:
    Машки
    Темава е "Одење во црква за време на менструација".. А според тоа што го имаш цитирано кажуваш во смисла како парите се по чисти од жена со менструација..
    Ти објаснив на кратко и за парите..
     
    На Just_a_kid и milkyway^^ им се допаѓа ова.
  14. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko ај прочитај што сум пишал пред да ме цитираш