Форумџика на годината

Одење во црква за време на менструација

Дискусија во 'Религија' започната од CIA, 13 април 2012.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Машки
    Не те казнил Бог, тоа ти е од подсвеста..
    Нема човек што не направил грев..
    А и не може во денешно време жена да испрла во црква поради менструација.
    Марија била девица, ама никаде не е спомнато дали имала менструација, најверојатно имала..
     
    На Лејди Гага, Panda00 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.074
    Допаѓања:
    82.555
    Пол:
    Женски
    Нема врска, кој ти ги кажувал тие работи?
     
    На Panda00 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    10.866
    Пол:
    Машки
    Муабетот дека жена за време на менструација не смее да влегува во црква или да зема причест е учење на некои попови, а не учење на Светото Писмо (Библијата). Но проклет е овој народ на кого му е поважно што вели попот, отколку што вели Господ.

    Напротив, во Светото Писмо гледаме сосема обратна ситуација. Ако отворите во евангелието по Марко, 5-тото поглавје, ќе прочитате за случката каде што една жена која страдала 20 години од крвотечение (крвавела доле) и од околниот народ била сметана за „нечиста“. Сепак таа жена, кога Исус поминувал покрај нејзиниот крај, скришно му се доближила и си велела „Само ако се допрам до облеките Негови, ќе оздравам.“ И така скришно го допрела за облеката. Исус го забележал тоа и прашал „Кој се допре до Мене?“ Жената кога го слушнала Исус се уплашила и треперела од страв, затоа што мислела дека сега ќе ја кара зошто таа си дозволила така НЕЧИСТА да се допре до Него светиот човек.
    Но како изреагирал Исус? Цитирам:
    А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“

    Епа драги мои, ако таа жена која крварела можела да го допре лично Господ Исус Христос и Тој да нема никаков проблем со тоа, кои сме ние денес да забрануваме жена да влегува во црква? Кој е поголем и посвет, Господ или црквите изградени од човечка рака?
     
    На AnnLa, GirlLove, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.