Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење во црква за време на менструација

Дискусија во 'Религија' започната од CIA, 13 април 2012.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па за сето ова верувале луѓето во минатото, и самата си кажа. Они за сите работи си измислувале причини што немаат врска. Денес се знае зошто девојчињата имаат добиено. И не може да биде дело на ѓаволот, тоа е дар од Господ. Да не било тоа ние немаше да бидеме плодни.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, порано не ни знаеле зошто жените крварат, па смислувале бабини деветини. За да роди дете една жена мора да има менструација сите го знаеме тоа, што значи тоа е повторно дело на Бога кое со сигурност не е зло ниту пак нешто лошо па ајде во Црква да не влегувала жената. Па менструацијата е нај битна за жената, инаку деца од каде? Штркот ли ќе ги носи? За икони, не допирам ајде шубе ми е, да не биде вака онака, но да не палам свеќа? Зошто? Нема ништо лошо во тоа, тоа се само некои ритуали кои останале од порано кога луѓето мислеле дека планетава е рамна и дека два бикови ја носеле на грб. Мислам... you know what I mean.
     
    На karenin и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    ме просветли, :)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.646
    Од како знам за себе,не влегувам ниту во црквен двор кога имам добиено,а не пак внатре во црква.
    Зошто?
    Затоа што така ме научила мајка ми,неа нејзината мајка итн.Традиција,адет,обичај.....незнам.
    Сега после толку години неодење во црква кога ми се тие денови,незнам која јака причина би требало да ја имам за да влезам таква во црква.

    И да,се чувствувам нечисто,доволно, за да го одложам одењето во црква за 5-6 дена.
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да, казна од Бога без која не можеш да забремениш. Ќе се повторам по 10001 пат, тоа е НОРМАЛНА-ПРИРОДНА ПОЈАВА без која ние не би ни постоеле.
    Секој за себе, јас така мислам.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не може да е казна од Бога, затоа што како што се знае од едноставна причина, дека да не била менструацијата, немало деца да се има.За нечисто, треба човек да е има нечиста душа ( да прави зло некому), па тогаш да се размисли за влегување во црква, но и за тоа нема забрана некаква, бидејки секој има право да влезе во црква.Најмал проблем е циклусот да се смета како нечисто, за да се наоѓа изговор како да не чинело.Најголем проблем за нечистотија е тоа што претходно го наведов како пример, правење зло некому.Во сооднос на ова, не гледам причина зошто не би се влегло во црква за време на циклус.
     
    На Ani.taa, Abeja, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Цитат од еден пост во врска на ова прашање.

    Може да се оди во црква, може да се палат свеќи, но никако не се целиваат иконите, не се целива крстот и во никој случај не се прима Светата Причест.

    Се ова не е мое лично мислење, туку тоа е правило дадено од страна на црквата :) .
     
    На friendy и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Jaс почитувам такви работи. Еднаш месечно одам во црква, што ке ми биде да одбегнувам тие денови да одам. И да влезам и да не влезам туку да стојам пред врата исто ми се фака.Мене ми е речено да не палам свеќи и да се доближувам до икони за време на менструација и зошто да водам инает. Ако одиме по правила и прописи па свеката и бакнувањето икони нигде не ги пишува во Библијата. Тоа од Црквата го измислиле. Секој може да се моли на Бога и без да пали свека.

    А може ли да ми обасјни некој зошто на жените им е забрането да влегуваат во таа канцеларијата на попот што е позади иконостасот?
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа се уште не разбирам, ако веќе проблемот е да не капне крв, а денес сме заштитени и тоа не е проблем, зашто не смее да се бакнуваат иконите? :^)
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Менструација жените мора да имаат од биолошки причини. Но во црква никој не мора да оди за да му се доближи на Бога.

    Правилата за богоугоден живот се дадени во 10те Божји заповеди и Проповедта на Гората која ја даде Исус од Назарет. Таму никаде не е спомнато дека менструацијата е нечиста за Бога, ниту дека е потребно посетување на надворешни храмови. Луѓето кои сакаат да бидат поблиски до Бога во себе го прават она што Бог го сака, а не она што луѓето го пропишуваат во божјо име.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Исто како на систематски преглед да одиш не избањат :)
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    ^ Ако појдеш на систематски неизбањат, реата може да биде непријатна за присутните, евентуално нечистотијата можеби може да влијае врз резултатите од прегледот. Но дали е истото и кај Бога? Зарем нему, совршениот, кој има увид во најзатскриеното и во секоја душа, би му пречела крвавата дамка на влошката или тампонот(кој патем не се гледа и е незабележлив за другите евентуални присутни луѓе)?
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мислам дека со смислата за хумор си на ВИ. :swear:
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Подобро да беше твое мислење, зашто не верувам во правилата на црквата, не може мене некој да ми поставува правила, особено кога се работи за Господ, нај малку може тоа да го направи црквата како склоп на попови и канони.
    Со кое право ги делат така работите, да влезе може во црква, свеќа да пали-да, да бацува икони-не, ЗОШТО НЕ?
    На светот има многу цркви, различни религии, многу правила кои не се исти.
    На кои да им веруваме? На кој како му одговарало, така си измислувал. Нееднаквоста на жената со мажот била секогаш вметнувана и во црквата, тоа треба да се искорени.
    Не била крива само Ева што му дала да гризне од јаболкото, крив бил и Адам што гризнал. Ако бил толку чесен, немало да го направи тоа, па и цел кг јаболки да му донела Ева :lol:
    Каде е казната на мажот тука, ако веќе мислите дека жената била казнета? Јас мислам дека жената е благословена, не казнета. Нај голем благослов е да носиш живот во својата утроба 9 месеци и да се радуваш цел живот на тој дел од себе. Подобро кажано, мажите се тие што се казнети и лишени од таа благосостојба, ако веќе зборуваме за "казна"
    СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ ПРЕД ГОСПОД, А ЌЕ СИ ПАТИМЕ СПОРЕД ТОА КОЈ КОЛКУ ГРЕШЕЛ (принцип на кармата)
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Правото мила на кое се темелат така работите, се однесува на тоа што:
    -Свеќата како свеќа е симбол на светлината, симбол на читотата, праслика на принесување на жртва (праслика :!: ). Што значи, свеќата не е осветена, иако е од црквата.
    -Додека иконата, која што еднаш се освети, таа веќе има душа во себе. Таа е жива, иако е можеби само материјален предмет.
    Во која смисла жива?
    Верувам мила досега си се сретнала со тоа нешто. Пример, ако си била во посета на Бигорскиот манастир, сигурно си ја видела чудотворната икона на Св. Јован Крстител.
    Тоа е тоа, секоја икона е чудотворна на свој посебен начин. Но, по Божја промисла, некои икони се одделуваат по таа своја чудотворност, зашто низ историјата на таа икона, постојат многу чудесни случувања (пример иконата на Св. Јован Крстител, лебдела во воздух и ден денес се случуваат многу чудесни настани...).
    Овде веќе станува збор за светост.
    Но, уште поголем грев (ако така би ги класифицирале) е кога жената за време на месечен циклус се Причести.
    Зошто?
    Тоа е затоа што, Причесната се добива и се осветува на најголемата Света Тајна, центарот на Православието, односно Светата Евхаристија (Литургија). Тогаш се принесуваат Даровите и тие се осветуваат, при што стануваат Тело и Крв Христови.
    Малку збунувачко, како што и некој напомена во изминатите постови, дека христијаните кои се причестуваат, фактички се канибали, но не е така.
    Тоа е само почит, спомен на Господовите зборови што ги даде на Тајната Вечера (Земете, јадете, ова е Мојата крв.... и Пијте од неа сите, ова е Мојата крв на Новиот Завет...). Ова е Тајната над Тајните, како тој леб и тоа вино се осветува и станува Тело и Крв Господови.
    Се поставува прашањето:
    Ако Господ сакал тоа да биде така, Тој навистина можел тој принос да го освети и да го направи тело и крв, во правата смисла на зборот, сирово месо и сирова крв? Но, дали ќе можеме ние тоа да го примиме во себе?
    Не.
    Затоа и ни е дадено тоа да биде леб и вино, кое понатаму се осветува и духовно, станува Тело и Крв Христови.
    Затоа и на жената и е забрането, во тој период да не пристапува кон тие Свети Тајни.


    Можеби на светот има многу цркви и сите логично се со свои мислења и размислувања, но ако зборуваме конкретно за Православната вера, тоа е секаде исто. И во Македонија и во Русија, Бугарија, Грција, Србија... Православието е секаде исто. Од тогаш - до тогаш започнува и завршува тој пост, или за време на Литургијата тоа и тоа се прави, така и така се пости (секаде исто)... значи се е исто, насекаде во светот.
    Но, ако зборуваме за различни религии, тука е сосем нешто друго.
    Ова се го наведов од страна на Православната религија.


    Нееднаквоста на жената и мажот од секогаш постоела и ќе постои.
    Првенствено, ако погледнеме од аспект на верата, мажот е создаден прв, а по него и жената. А жената пак е создадена од мажот, од неговото ребро.
    Можеби навидум сме исти и мажите и жените, но мораме да признаме дека сме и можеби малку, но сепак и телесно различни од нив.
    Во однос на гревот, тоа е нешто друго.
    Вистина е, се согласувам дека и Адам ја носи вината, исто онолку колку и Ева, но да бидеме реални, тој што прв погреши беше самата Ева. Точно е, ако бил доволно силен Адам и тој немало да погреши, но ете погрешил и тој.
    Сепак како прва која вкусила од тој забранет плод, таа и прва е казнета. Да раѓа деца со болка, а на Адам му било речено, со труд и пот, да ја обработува земјата и така да произведува за живот. Што до тогаш, тоа не било така. Најважно и двајцата ја добиле заслужената казна, изгонување од Рајот.


    Непобиен факт е дека жената е здрава тогаш, кога има циклус и може да донесе на свет нов живот. Но, ете ја другата логика, реална логика.
    Зошто пак жената не крвари баш за тие 9 месеци? Зошто не добива циклус? Зошто се тоа прекинува?
    Тука е повторно, Божјата промисла. Таа 9 месеци носи нов живот, месечницата и прекинува, се додека го носи тоа бебе во себе.
    Затоа нели и ќе слушнеме, дека жената е во блажена состојба :) .
     
    На friendy и Ognenija им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама мајка ми секогаш ми велела пред да одам во црква да се избањам да се дотерам демек така не се одело. Ако се сеќавате и во народните приказни, сиромашните си чуваа по еден пар чевли само за на црква. Ако е тоа по правило, тогаш не би требало да се влегува со менструација воопшто. Но ако е тоа само измислено од луѓето, демек да не ги гледаат сограѓаните недотерани (оти црквата на времето била главно збирно место) тогаш зошто да не се влегува со менструација.
     
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Јас сум слушала дека можеш да одиш во црвкава\манастир,но несмееш да ги бакнуваш иконите.
     
  18. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.894
    Во црква треба да се оди ПРИСТОЈНО облечен,а не ДОТЕРАН.
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ако е за така тогаш треба и со покриена глава да се влегува внатре, не во смисла шамија врзана, барем само одозгора ставена. Ама никој не го почитува тоа. Не знам кај беше, ама ти даваа сукња долга за да влезеш во црквата. А денес како одат? Со кратки пантолончиња, со сукњи до пич, деколте...без осет.
    Сум слушнала исто како повеќето тука, дека се влегува, меѓутоа не треба да ги бакнуваш иконите.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.894
    Доволно е да ја врзеш косата ако ти е долга.