Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење во црква за време на менструација

Дискусија во 'Религија' започната од CIA, 13 април 2012.

  1. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Од толку денови во месецот, баш тие ли три дена се проблем бреееееееееееееееееееее...........
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Слободно може да се оди, да се присуствува на литургија, да се поклонува, не смее само да се бакнуваат иконите и да се причестува. Нафора може да се јаде, се разбира некој да ви даде.
     
  3. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас на премин портал во прашања и одговори прочитав дека за време на циклусот може да се оди во црква,може да се бакнуваат икони и да се зема нафора само во никој случај не може да се причестува за време на циклусот
     
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Слобдоно може да се оди во црква, и запали и свеќа - но не смеат да се бакнуваат икони и секако не да се причестува - (девојката не е чиста) - така ми кажаа мене и јас го слушам тоа.
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Која дискриминација на женски пол е ова... значи незнам .
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Епа да,ама ако се падне Велигден,Божиќ...
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Кога мора да се оди одам палам свеќа но не бакнувам икони.
     
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Бабичката на црквата шо работи ми кажа дека може да се оди само да не се бакнуват иконите.
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    И јас сум слушнала дека не се влегува ... Неколку пати ми се има случено на некој од големите празници да имам добиено, и не влегувам, седнам пред врата и ги чекам моите :^)[/quote]

    А да треба да се венчаш, ќе ја откажеш ли свадбата ако ти дојде?
    Не бакнувај икони, влези си и свеќа запали.[/quote]

    Добро ја си кажувам за мене .... И да ке ја откажам, бидејќи целата ќе сум во бело и постои голема веројатност да расцветам на сред чочек :rofl:[/quote]

    Епа зато ќе си рачунате кога би тебало да ви дојди :D
     
  10. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Сум слушнала дека не треба да се оди,па и не су била.Ма да многу многу не верувам во вакви работи,но ајде,така останало кажано од старите!
     
  11. AliceInWonderland

    AliceInWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    10
    Јас знам дека може да се оди, може да се палат свеќи, но иконите не смеат да се бакнуваат.
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека можеш да одиш, ама да не се бакнуваат икони :)
     
  13. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Погоре прочитав дека менструацијата била казна од Господ :^)
    Не е точно :shake: Никаде во библијата не го пишува тоа . Пишува само дека Господ ја казнил Ева, да се справува со тешките маки во бременоста и породувањето ако сака да има челад, а Адам го казнил со тоа што морал сам да работи и да се мачи за да го издржува семејството ..
    Јас се имам консултирано со поп, и тој ми рече дека нема никаков проблем ако влезам и запалам свеќа, само да не ги бакнувам иконите.. Така да, може да се оди, само иконите да не се бакнуваат :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Може да одиме, затоа што сме сега заштитени, нормално, да не ги бакнуваме иконите. Тоа со неодењето се поврзува со тоа дека ако капне крв во црква, таа треба повторно да се осветува... Јас мислам така, барем така знам...
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Jас имам читано во библијата дека кога имаме менструација сме нечисти но никаде не пишува дека не смееме да одиме на црква или да бакнуваме икони :?: .Mногу ме јаде совеста ако отидам во црква кога имам менструација но некогаш се налага да одам,ете кога крштевавме бебе бев со тоа и што личеше ли да не одам :shake:
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Поголеми се шансите на некој да му капне крв од нос отколку на жена да и капне крв преку гаќи и улошка.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па да, ама тоа е логиката зад неодењето во црква. Мислењето е од Серафима, најверојатно од тука и на мене ми останало.
     
  18. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Мене старите ми имаат кажано дека кога има менструација тогаш жената не е чиста и затоа не треба да оди во црква,мене еднаш ми се има случено да заборавам дека имам и да отидам на поминување во црква и дури отпосле ми текна дека имам,го прашав мојот колега од факултет што учеше паралелно и богословски факултет дали има нешто врска,а тој ми рече дека тогаш жената не треба само да се причестува,додека,пак,човекот во црквата што работи ми рече дека не треба тогаш да влегувам воопшто во црква бидејќи се сметам за нечиста,сега од претходните мислења дознав дека тогаш не требало да се бакнуваат и да се допираат иконите!Јас ќе гледам во иднина да се придржувам до тоа да не бакнувам и допирам икони кога имам менструација,исто и да не се причестувам,е сега ако,пак ептен искрсне нешто,па да мора да се причестувам ќе ги прашам моите пријатели Власи како да постапам тогаш бидејќи тие како многу побожни православни христијани многу повеќе се упатени во таа проблематика,а и веројатно на сајтот Премин убаво се објаснети работите,исто и на некои други духовни сајтови! :) ;) :* :inlove:
     
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Ти само примиго Бог во срцето твое и верата сето тоа што треба да го знаеш,а одењето во цркава дали со менсруален циклус или не ти е бадијала ако не ја познаваш верата ако не го познаваш бог колку сакаш биди телесно чист ,колку сакаш пали свеќи тоа е вистината.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе едно не разбирам:
    Жена што има менструација не треба да допира и бакнува икони зашто била нечиста.
    Ами онаа без менструација, која патем секојдневно го задоволува шефот од работа за да добие работни бенефиции а шефов успат е женет со деца, таа може ли да допира и бакнува икони? Зашто по оваа логика е чиста нели :?:
     
    На imelda и Orthophill им се допаѓа ова.