Одење во црква за време на менструација

Discussion in 'Религија' started by CIA, Apr 13, 2012.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Од Стариот Завет



    Иначе сега се сетив на една случка од детството. Веќе се имав замомено, значи добивав, и ми се роди братучетка. Отидовме со мајка ми да го видиме бебето, а мајка ми ме советуваше да му шепнм на бебето оти не сум чиста :) да не се нафрлело брунчиња :)
    Ми беше глупо ама послушав.
    Исто кога останав бремена одма се испофалив, и ме укоруваше мајка ми да сум почекала, мене не ми беше шубе. Па фала Богу сѐ помина во ред. Си родив здраво машко бебе.
     
    Last edited by a moderator: May 9, 2017
    Rama and baba Rada like this.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,597
    Gender:
    Female
    Дали тоа значи дека во стариот завет жената била деградирана, понижена и наречена нечиста, додека во новиов завет таа неправда се исправува!?
     
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Тешки теми начнуваш бабе. Може и така да се толкува. Христос дојде за да ни даде живот вечен, и тоа во изобиллие. Плус не дојде за да го поништи Законот, туку да го исполни. Жената ја создал Бог од мажот но тоа не значи дека е деградирана, дури и во Стариот Завет, туку дека е другар негов, коска од неговите коски, тело од неговото тело, оти не е добро за човек да биде сам, жената е помошник на мажот :) така дал Господ, а како се однесуваме денес, тоа си е нова тема, ама вреди да се размислува.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,597
    Gender:
    Female
    I
    Така е душо, начнувам нешто зачнато ама никој не дава конкретен одговор.
    Прашањето е зошто не викаат нечисти?
     
    LivingGlam likes this.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,269
    Likes Received:
    4,338
    Токму така. Што автоматски нè води и кон прашањето дали сè што пишува во Библијата, во случајов во стариот Завет навистина соодветствува на вечната вистина? Дали деградирачките стихови ги објавил навистина Бог?

    Оти ако вистината е вечна тогаш е непроменлива. Во самиот Стар завет во книгата на прорoкот Малахија Бог вели дека Тој, Вечниот, не се менува.

    Христос во Исус од Назарет меѓу многуте други важни работи што ги направил е и рехабилитација на божјите пророци од Стариот завет. Во нивните списи божјиот противник меѓу останатото накнадно вметнал такви мрачни идеи дека наводно жената била нечиста. Тоа погубно влијаело на развојот на човековата општествена мисла и став кон жената низ следните векови, но делумно и денес.

    Со самото тоа што Христос рекол дека не дошол да го укине туку исполни Законот како и преку Неговиот позитивен и рамноправен однос кон жените, ставил до знаење дека тие деградирачки стихови кои можат да се најдат во Библијата не соодветсвуваат на вечниот Божји закон, па оттаму Тој и неговите вистински следбеници нема и не треба да ги исполнуваат.
     
    Last edited: May 9, 2017
    baba Rada likes this.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Joined:
    Dec 22, 2013
    Messages:
    3,454
    Likes Received:
    61,068
    Жената никогаш од Бога не била деградирана и понижувана, барем не беше создадена така првично.
    Беа создадени рамноправни, хармонични, да се надополнуваат еден со друг. Се до падот во грев.

    Во Стариот завет имаше повеќе случаеви кога некој бил прогласен за нечист, не само жената со период, туку и жената после пороѓај дури, некој лепрозен, со кожни оболења, хемороиди, маж кој ејакулирал надвор итн.
    Има повеќе случаеви и за овие случаеви тие требале после навршување денови на 'нивното очистување' да принесат жртва паленица за грев.
    Е сега како е можно нели да бидеш обвинет дека си нечист и дури треба да принесуваш жртва како да си починил грев, во случаеви кои ти не си избрал, не си крив?
    На пример кога жената има период или дури период на крварење после раѓање дете?

    Е па повторно треба да се гледа целосна слика.
    Беа криви, бевме криви.
    Се е всушност поврзано со човековиот пад во грев во Едемската градина поради непослушност, бунтовност.

    Процесот на 'очистување' Бог го користеше кај Евреите како лекција низ историјата дека тоа е се она што човекот сам си направил.
    Сексот помеѓу маж и жена, создаден од Бога, со гревот беше претставен како нешто валкано, срамно, тоа го донесе гревот. Зошто се скрија маж и жена, зошто се засрамија кога се видоја голи? Срамот дотогаш не постоеше.
    Месечно крварење кај жена и после пороѓај е исто поврзано со проклетството кое го навлече Ева кога згрешија.
    Гревот ги донесе сите болести и маки.
    Понатаму служеше како алатка како потсетување како последица од падот во грев од страна на прататкото Адам.

    Исус го исполни Стар Завет. Тој му беше авторитет како што и нам треба да е авторитет. Тој го исполни за нашата слобода, секоја цртка во законот. Нам треба да ни служи за да подобро го запознаеме Бог и неговото спасение од почеток до крај.
    Божјиот план за спасение беше Неговата жртва, целосно искупување, обновување на односот помеѓу него и човек, кое го добиваме во Христа.

    Човекот сам си навлече казна, од неа не можеше сам да се извади, Бог сакаше да тргне од почеток и кога 'дојде времето', Бог тоа го стори во Исус, преку Својата жртва.

    Во Новиот завет за време на служба на Земјата, Исус ги избегнуваше оние кои самите себе се нарекуваа чисти, оние самоправедните, туку напротив се мешаше и посегнуваше кон оние кои беа нарекувани нечисти во тогашен свет.
    Нели тоа доволно зборува?
    Нема веќе чисти и нечисти.

    Зошто тогаш се останува во Стариот завет, нешто што е минало, нешто што беше план да се исполни и заврши преку Исус, а всушност самиот Бог дадел нов почеток?

    Тоа од 'моето' видување. :)
     
    LivingGlam and baba Rada like this.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Од незнаење. Така чинам :)
     
    baba Rada likes this.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,558
    Likes Received:
    55,389
    Gender:
    Female
    Ние жените сите плаќаме за гревот на нашата прамајка Ева :D
    Нели во Стариот Завет Бог и вели на Ева не ме послуша мене туку змијата која те наведи да го наговориш мажот за да јадете овошје од забранетата градина (т.е чинам само за јаболко се работеше) и Бог јасно и вели дека ќе биде казнета со маки да раѓа деца и со денови да крвари :D

    Е сега,мене не ми смета и не ми е контрадикторно да се сметам за нечиста кога сум во менструален циклус или здравје кога ќе раѓам деца,се тоа е од Бог и да сакал да биде поинаку или да требало да е поинаку ќе беше :D
    И аман бе луѓе,што дискриминација е ова?
    Па ние жените слободно може да одиме во Црква за време на менструација,дури ако не грешам смееме и икони да бакниме,иако јас лично несум бакнувала икони за време на циклус,ама си одам во Црква не е страшно тоа.
    Незнам колку прецизно и јасно ќе објаснам ама чинам дека само света Тајна причест и е забранета на "нечиста жена" од причина што тогаш се примаат светите крв и тело на Исус,односно се дава леб и вино кое добро знаеме каква симболика има,а доколку на причест пристапи крвава жена со нечиста крв на која лесно може да и протече крвта може да ја оскверни светоста на лебот и виното.

    Сепак ова е само мое мислење.
     
    Feminka22, baba Rada and sonuvana like this.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,302
    Likes Received:
    2,838
    Gender:
    Female
    Само причестувањето е забрането за време на менструацијата.
    Секако дека сме во тие денови помалку " нечисти", нели хормоните ни работат како луди, самите си се фалиме со тоа. А и телесно и духовно сме послаби, повеќе склони кон грешност.

    Инаку никогаш се не сум се почувствувала дискриминирано, дека Бог помалку ме сака, поради тоа што сум жена.

    Има ли поголем доказ за љубовта и милостта Божија, од фактот дека жена го родила неговиот син, од фактот дека таа сега стои покрај него во Царството Небеско.

    Сепак не е лошо, барем во тие неколку дена, да се сетиме дека го имаме во себе споменот на првобитниот грев. За мене и тоа е доказ на љубов од Бога.
     
    LegallyBlonde13 and Rama like this.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,784
    Gender:
    Male
    Идејата дека жените се „нечисти“ за време на менструалниот циклус е многу постара од христијанството. Во првобитните заедници, кога луѓето сѐ уште немале соодветна облека, постоела реална опасност при течењето на менструална крв за време на циклусот со неа да се контаминираат различни предмети и храна во домот и поради тоа, жените најчесто биле сегрегирани за време на циклусот од остатокот од семејството, а самиот менструален циклус станал своевидно табу.

    Ваквото размислување се среќава во Стариот завет:
    19. Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека е нечиста, и секој што ќе се допре до неа, да биде нечист до вечерта.
    20. И си, на што ќе легне таа, додека трае очистувањето нејзино, да е нечисто; и си, на што ќе седна таа, да е нечисто.
    21. И секој што ќе се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
    22. А и секој, што ќе се допре до постелета нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
    23. И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта.
    24. А ако се неа биде некој, нечистотијата нејзина ќе мине на него: ќе биде нечист седум дена, и секоја постела на која ќе легне тој, ќе биде начиста.
    25. Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не во текот за време очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од нејзиното обично чистење, си додека трае нечистотојата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое.
    26. Секоја постела, на која ќе легна таа во деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и си она, на што ќе седна таа, да биде нечисто, поради нечистотијата нејзина.
    27. И секој што ќе се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ќе биде до вечерта.
    28. А кога жена ќе се исчисти од изливот свој, да изброи седум дена и потоа ќе биде чиста.
    29. Во осмиот ден да зема две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото;
    30. а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за неа пред Господа поради изливот на нечистотијата нејзина.

    Од друга страна, во Новиот завет во евангелието по Марко јасно е опишано што, според зборовите на Исус, ги прави луѓето да бидат „нечисти“, т.е. осквернавени – нечистотијата произлегува од човечките гревови и лошите постапки.
    14. И кога го повика сиот народ, им рече: „Слушајте Ме сите и разберете:
    15. ништо што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; освен она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
    16. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!”
    17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
    18. А Он им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот од надвор, не може да го оскверни?
    19. Оти не во срцето му влегува тоа, а во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.”
    20. И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
    21. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
    22. кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
    23. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.”

    Во секој случај, во Новиот завет никаде не се спомнува менструалниот циклус, или било која друга физиолошка појава, како нечиста.

    Дополнителна забуна во однос на „нечистоста“ на жената за време на менструалниот циклус внесуваат текстовите од светите отци на црквата, чии ставови по ова прашање не се сложни, туку често пати се и дијаметрално спротивни.

    На пример, Дионисиј Александриски бил против тоа жените да ја посетуваат црквата и да учествуваат во литургиите за време на менструалниот циклус, затоа што „секој кој е нечист во душата и телото ќе му биде забранет пристап до светињите“. Сепак, сметал дека жените можат да се молат на Бога и за време на циклусот. Јован IV Цариградски сметал дека жените за време на циклусот не смеат да ги допираат светињите во црквата.

    Од друга страна, Атанасиј Александриски сметал дека целата замисла дека жената е нечиста за време на циклусот е трик на нечестивиот за да се оддалечат жените од Бога и дека нема апсолутно ништо лошо во тоа жена да посетува црква додека крвари, затоа што тоа е физиолошка појава, како и сите други, дадена од Бога.
     
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Баш истото сакав да го пишам, како што пишал Бендер погоре.
    Имам и по други теми спомнато.

    Уште од порано е останато дека жената не смее да влезе во црква кога има циклус, пошто немале хигиенски влошки да се заштитат.
    Ставале стари крпчиња и не знам што, па нормално тоа ќе протече од сите страни.
    Е сега, како да влезе некоја во црква а низ ногавица и тече од циклусот?
    Тоа е свето место, а таа лом ќе направи на подот...Па затоа се пренесувало од генерација на генерација да не влегуваат кога имаат циклус, без да се даде подобро објаснување.

    И мене воопшто не ми беше јасно зошто и во денешно време според некои, жената воопшто не смее да влегува во црква за време на циклусот, според други смее да влезе ама да не бакнува икони, според трети да не пали свеќи, според четврти поинаку и тн.

    Имам разговарано во свештено лице од Бигорски манастир, и рече дека слободно може да се влегува и при циклус...да се палат свеќи, да се остават пари, да се допре икона, само да не се бакнува. (а пак не ми објасни зошто да не се бакнува).

    Јас кога одам во црква/манастир секогаш исто правам...и кога имам, и кога немам циклус.
    Порано кога бев мала ги бакнував иконите, ама сега имам обичај само да допрам со рака по иконите, поради хигиенски причини....КОга ќе ми текне колку луѓе пред мене ја бакнале таа икона, колку луѓе со раце ја допреле, и стари и млади, и болни и здрави...Па послебно за Велигден или Божиќ кога се чекаат редови за да влезат по црквите, едноставно решив само да допирам по икони.

    А имам дома икони, нив си бакнувам слободно пошто знам дека на дофат ни се само на домашните.

    Каква врска има бакнувањето икони и циклусот, ќе остане вечна мистерија.
    Тоа е природата на жената...не е ништо ни срамно, ни страшно...Заради тој циклус можеме човештвото да го продолжиме, ама ете на сите им е некако шубе.

    п.с. Може вакви "забрани" при циклус само во Македонија го има :!:
     
    Bender Rodriguez and baba Rada like this.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,050
    Gender:
    Female
    Нечиста (леонка или во жена во циклус) се смета бидејќи крвари, а ако капне крв, храмот се обесветува, бидејќи самото крварење е чистење од нечиста крв во организмот.
    Во овие времиња има секакви услови за да жената остане заштитена и да не дојде до тоа.
    Јас избегнував, но сега со амин од отец одам и целивам крст зошто секогаш имам циклус на големи празници, па да седам дома не можам...
     
    Rama likes this.
  13. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Joined:
    May 31, 2014
    Messages:
    248
    Likes Received:
    1,535
    Gender:
    Female
    А монахињите кои се нон стоп во црква, немаат ли менструација?
     
    L-a-r-a22 and theowndemon like this.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Joined:
    Feb 9, 2013
    Messages:
    1,337
    Likes Received:
    10,771
    Gender:
    Female
    Јас сум била во црква за време на менструација. Не гледам никаков грев и нечистотија во тоа. Одам со чиста душа, што е многу побитно.
    Какви се грешници влегуваат во црква, зошто тогаш би било грев јас со менструација да одам.
    Сум слушнала дека во црква не се оди ако вечерта пред тоа си имал односи. А попот што секој ден оди комшијата му ги прави децата?
     
  15. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Joined:
    May 22, 2016
    Messages:
    284
    Likes Received:
    420
    Gender:
    Female
    Мислам дека нема врска, пошто ако ти си стварно чесена и имаш желба да појдеш во црква, нема да те "казни" Господ заради тоа, што тој и самиот ти да дал таа особина да си жена и да имаш менструација..
     
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Joined:
    May 30, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    7,815
    Gender:
    Female
    Во мојот крај каде што живеам, останато од претходни генерација кажано дека , доколку имаш добиено а сакаш да одиш во црква/манастир можеш све, но не смее само да бакнуваш икони. Зошто е тоа така незнам, но го почитувам тоа и и јас како сите останати го практикувам тоа.
     
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Joined:
    Apr 23, 2017
    Messages:
    7,014
    Likes Received:
    14,502
    Gender:
    Female
    Jas bi ve sovetuvala da ja procitate biblijata. I jas od lugje rekla - kazala se iznaslusav smeelo da se odi ne smeelo da se odi pa smeelo da se odi ama da ne se dopiraat ikoni..... I edino dogovorot mozev da go najdam vo biblijata. Tamu stoi deka zenata dodeka ima menstruacija e necista I ne smee da se dopira do nesto sto e sveto. Ostajte lugje sto kazuvaat ne e toa obicaj ili tradicija tuku pravilo pisano od Boga
     
    Rama likes this.
  18. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Joined:
    May 31, 2014
    Messages:
    248
    Likes Received:
    1,535
    Gender:
    Female
    1.При м.ц. се целива и раката на свештеникот и крстот, и икони, се зема нафора во црква…се освен Причест, но и тоа може со благослов на духовниот отец (тој знае кога),
     
    La.loca likes this.
  19. La.loca

    La.loca Популарен член

    Joined:
    May 30, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    7,815
    Gender:
    Female
    Точно :)
     
  20. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Joined:
    Dec 23, 2017
    Messages:
    156
    Likes Received:
    152
    Gender:
    Female
    Здраво девојки го држев цел пост велигденски но сега гледам на календар дека можно е да добијам викендов, имам слушнато дека нели не смее да се влезе во црква со менструација а јас треба недела да се причестам како да постапам со тоа? :/