Јас лани за Велигден бев со менс. и си влегов во црква. Си запалив свеќа се помолив, гледам еве уште сум жива и здрава. Ништо страшно.
Можеш да влегуваш тие работи се од народот излезени,ама не смееш да целиваш икони и да се причестуваш.Но сепак за консултација прашај си поп. За многу години празникот!!!
Тоа дека демек не смееш да влегуваш во црква за време на менструација е останато од времето кога немале баш многу избор во хигиенски производи, па најпросто и најотворено кажано, можело да капне. Така да, слободно влегувајте си.
Тоа за влегувањето во црква за време на циклус нема врска, но за причест има. Не смееш да се причестиш кога имаш циклус. Ако ти дојде, продолжи да постиш уште една недела.
ако ја прочитате библијата во стариот завед пишува зошто жена за време на циклус не треба да влегува во црква. Не е измислено од времето на прабаба.
Нема потреба да пости, ако го постела цел пост, може да се причести и по постот, без дополнително постење.
Ќе ми рече: "женско си, не може" и ќе му се вратам. Ахам... Дефинитивно. Сами си бирате да бидете потчинети.
На сите овие прашања, кога земавме молитва за малата на 40 дена, со свештеникот си изнаправивме муабет па ни кажа: единствено од гревови треба да се пазите, се друго е бабини деветтини. Ни објасни и зошто баш на 40 ден се оди за молитва. И не не е затоа што не крвариш веќе. Па според тоа, мислам дека нема врска.
А поради што се зема молитва на 40 дена? Сериозно те прашувам, ме интересира, ние за внук ми земавме на 40 дена точно, а за внука ми на 42 дена, како му доаѓа тоа мислам шест недели, и попот не искара, рече дека поточно е на 40 дена, а не за шест недели, ама зошто е така не прашав....
Во петто одделение, бевме на екскурзија во Охрид. Требаше да влеземе во црквата на Плаошник (мојата омилена после Св.Наум). Имам пишувано дека не сум побожна, ама сакам цркви. Убави ми се. Претходно барав апче за болка/улошка (не памтам) од една од наставничките. Истата таа ми забрани да влезам во црква затоа што сум имала менструација. 11 годишно девојче. Трауми, сите внатре, јас надвор.
Жал ми е што си поминала низ тоа, никој нема право да ти забрани да влезеш во црква кога ти е желба на тебе, едноставно не треба да се бакнуваат икони, да се причестуваш и тоа е се.....е сега овде некој едвај ќе чека да се нафрли со зборовите како не ми сметало да се чувствувам "нечиста" и потчинета нечиста се осеќам да, ама потчинета воопшто не, како што сакаат да претстават дека денес таква е жената во христијанството.... Ти си била само дете, самиот Исус нели велел- Оставете ги децата да бидат деца, и да доаѓаат при мене.
Не знам искрено, тоа го кажал некој од старите луѓе и се врти во круг, немам прашано поп дали смее или не, ако знаат и тие, бидејќи многу работи само се така останати од порано. За бакнувањето икони, искрено не гледам некој проблем, ама за причестувањето е друго, тогаш нели пиеме вино кое ја симболизира крвта Христова и јадеме леб кое го симболизира Неговото тело....а ние во тој момент имаме нечиста крв која излегува од нас, ми има некоја логика дека не треба да ги мешаме двете работи... Може да е смешно за тие кои не се верници, но за нас другите не е.
Eпа ако крвта е нечиста зошто вино? Виното би симболизирало нешто нечисто. А и таа и таа крв се исти - крв. Ете прашав погоре, зашто таа крв при менструацијата е нечиста а исусовата чиста?
Крвта на Исус е чиста и света, виното во таа смисла кога ја симболизира неговата крв исто така. Ние како обични грешници и луѓе, не смееме и не можеме да се споредуваме со него, ова е мое мислење, како што кажав и погоре, многу работи останале од народот и така тераме, ама ми има логика ете...
Затоа што скоро сѐ што е поврзано со жената е нечисто А и самата менструацијата порано била повеќе обвиткана и асоцирана со срам, па претпоставувам останал и обичајов во народот?
Вечер на Војордание сакам да отидам во црква, се имам договорено со другарки, но денес ми дојде циклусот уфф. Дали можам да идам? Стварно ми се оди а се имам веќе и со другарки договорено заедно да идеме. По мислењата што го прочитав мислам дека можам да отидам но сепак нешто ме копка, само на тоа мислам