https://vm.tiktok.com/ZM2W6GCy7/ Ми се допаѓа мислењето на дечкото, се согласувам со него. Зарем не влегуваме со патики во црква, патиките почисти ни се? Си одржуваме хигиена за време на добиено, не би испрлале по црква.
E ова не знаев. Ме интересира зошто на причест нпрво се мажите па после жените? Има ли во Библијата дека прво мажите се причестуваат а жените оти го дале јаболкото се канети и со ова дополнително? Колку пати за ист грев треба да се казнети жените? Дали Бог не дава прошка?
Први одат мажите затоа што прв е создаден Адам, а после е создадена Ева. Во однос на редот на причестување надвор од олтарот тој треба да е следен: 1. деца 2. стари и болни без разлика на пол 3. ниски клирици и монаси и монахињи 4. мажи 5. жени Гледате ни мажите не се толку привилегирани да бидат најпрви!
Секаде на причесна, викале само: Прво мажите па жените. А дека жената е на последно место, е страшно не во ред. Жена го родила Исус, жената готви по две јадења за секој оброк, едно посно едно мрсно, жената спрема за Велогден, жената прави се, и Бог ја става последна. На Бог не му е битна душата на луѓето, дали се добри, лоши, од какви работи се одрекле и се што направиле, него му е битно да е маж, па сите други работи. Секоја причесна се борам со овие мисли, ниедно објаснување не ми е доволно, оти сметам дека кога Бог дава од себе (своето тело и душа) трерба сите исто да не сака. Не помалку, оти сме жени.
Во мојата црква три свештеника истовремено причестуваат . Ќе застанат пред насобраниот народ и логично спонтано се формираат три реда. Децата се пуштаат напред со родителите секогаш, левиот ред се обично жени,десниот мажи, средниот горе долу измешан. Интересно е што додека се чека, некои преминуваат во редот на кој не му "припаднале" спонтано. Изгледа бираат кој свештеник им е поубав, можеби ги нервира човекот пред нив, сомнителен им е. Акробации секогаш има, што би се рекло,си ја мачат душата... Инаку сите три реда истовремено се причестуваат....
Овде станува збор за земната Црква. Во Небесната на највисоко место после Троединиот Бог е жена - Пресвета Богородица. Мене воопшто не ми е битно дали ќе се причестам прв или последен. Што ви менувам вам тоа? Зарем различна е причесната за првиот и последниот?
Понижувањето, не редот. Неправедноста. Нееднаквоста. Дискриминацијата на жената. Нека рече, болните, децата... Ради немоќта нивна, не е проблем. Нека се 100. Ама дека се мажи... Е не.
Не после, жената(Светиот Дух) е дел од Светото Тројство Отец, Мајка, Син. Светиот Дух и Богородица се едно. Ова другото е плагијат и Романски паганизам(окултистички) што ја дискриминира жената. Дополнително што е изоставена и избришана и ќерката, нели. Жените(меѓу кои и Марија, земската мајка на Исус) се створени по (Божјиоѕт) лик на Светиот Дух. Тоа само. Продолжете.
Каква дискриминација има во тоа да се причестат деца, па мажи, па жени? Им ускрати некој земање причест, не им дозволуваат во Црква да влезат? Што?
Zdravo zeni sakame da odime so soprugot na manastirot Sv Vasilij vo petok no mene ciklusot vo sabota mi zavrsuva.Dali smee i e grev da se odi so ciklus?
А зашто сте уопште вернички, ако не ве пуштаат у Црква да влагате и да се причестите со менструација? Да немавте добиено, немаше и да ги раѓате овие кои ве дискриминираат и не ве поштуваат ко човек, туку ве рамнат до нешто одвратно, жена де... Прљава сум била, сум се чистела. Малограѓанштина. Ма да остај тоа, него и вие сами со вакви прости прашања и постапки уште повеќе сами си се понижувате. Ако ви се оди, одете. Никој не знае дали имате добиено или не. Не стои редар на врата па да проверува.
Све е тоа почисто од жената, и нејзината менструација. Од најгнасен до најголем криминалец можат да влезат, да се причестат, да им се опрости, али ова е најголем грев.
Идеата за менструалната крв како нечиста е многу стара идеја. Однсно се работи за табу што постои и денес. Во сите религии го има - јудеизмот, исламот, христијанството, хиндуизмот. Не сум истражувала од колку далеку влече корени ова табу, иако сега сум заинтригирана, може и ќе пробарам. Не би се изненадила ако влече од паганските религии, зошто и модерните религии се еволуирани од нив. Краткото објаснување е дека: Губењето крв е асоцирно со смртта (губењето на животот), а смртта секогаш е нешто негативно, лошо, или казна за гревовите. Затоа и се гледало на неа како на нешто нечисто. Практичните последици биле: Жените биле заштитени од сексуални односи додека имаат добиено, а во некои култури и од работа (не им се давало да припремаат храна додека имаат добиено). Во некои култури дури се повлекувале во други простории, за да не им се „маткаат“ такви „нечисти“ на мажите, особено не додека се мажот се моли. Со тоа жените добивале многу потребен одмор за себе секој месец
Ако не знаете што е светата Причесна и што се случува со нас кога ја примаме, мислам дека е подобро да не коментирате, односно во спротивно Вие имате малоселско однесување, односно сте од оние кои не знаат ништо, ама за се` имаат свое мислење! Јас на пример од спорт не се разбирам и никогаш спорт не сум коментирал. Кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови, ние и физички стануваме едно со Христос. Односно нашето тело станува дел, член, клетка од Христовото Тело и нашата крв се помешува и соединува со Христовата Крв, на невидлив и таинствен начин. Поради ова соединување не се врши причестување на било кој што крвари, вклучувајќи ги и жените во менструален циклус, не затоа што се нечисти, туку затоа што се крвоточиви. Во светото Евангелие читаме како една жена која била крвоточива се допрела до Христа и веднаш и` престанало крвотечењето. Значи Христос ниту ја отфрлил, ниту ја презрел, ниту не и` помогнал затоа што била крвоточива! Туку баш напротив.
Извини што не се разбирам од прикаски пишани од некое чиче пред милијарда години, коа не постоело наука и коа жените не ги ни есапеле за луѓе.