1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење на гробишта

Дискусија во 'Религија' започната од anaantonia, 7 јануари 2013.

  1. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Навистина не можам да си објаснам и сум тотално лута на луѓето кои се прават верници а немаат врска од својата религија.Каде се видело и чуло на вакви големи празници како Божиќ да се оди на гробишта и тоа на прв голем ден од празникот?Гробиштата полни црквите празни ,ете тоа е мојата чудесна земја која се повеќе станува смешна и жална
     
    На tikvi4ka992 и Serafima им се допаѓа ова.
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Во право си , ама размисли.Луѓето одат на гробишта бидејќи таму се нивните блиски , барем тие така го сфаќаат тоа..Мислат дека се поблиску и дека можат да го почувстуваат нивното присуство.Не ги обвинувај..не умираат само стари лица..умираат и деца , бебиња , тинејџери и нивните родители секој ден се на гробишта бидејќи неможат да се помират со фактот дека ги нема повеќе..за нив празникот не е празник , тоа е само обичен ден со истата таа болка..
     
    На tanja11991, poi, Nausicaa и 20 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Прво каде пишува во библијата дека не се оди на гробишта?

    Јас секој Божиќ одам во црква на литургија а после тоа на гробот на мајка ми, ми фали и на тој ден како и секој друг ден кога одам да и оддадам почит, како тоа сега оддеднаш не сум верник затоа што одам на гробишта за Божиќ :^)

    Сум пишала и во друга тема каде е гревот да одиш на гробот на сопствениот родител?
    Нели една од 10-те Божји заповеди е да си ги почитуваш родителите или тоа важи само за живите а не и за мртвите?

    Не е само да напишете нешто, образложете го :!:

    А вакви работи каде се чудаат како луѓето одат на гробишта за празници пишуваат оние кои не ја осетиле болката од загуба на некој близок, убаво напиша форумџиката над мене, болката не познава празник, делник таа е секојдневна.
     
    На Dust, Antebellum, poi и 6 други им се допаѓа ова.
  4. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Прашај кое било свештено лице,пошто ја ги имам прашано...сите ќе ти кажат едно ,на вакви големи и тешки празници на гробишта не се оди.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Епа ако си прашала и ти кажале зошто не споделиш?
    Не ме интересира одговор од само не се оди, ме интересира одговор зошто не се оди :^)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    еве споделив ,ви кажав тоа што ми е кажано.А зашто е тоа не знам веројатно ќе треба сама да се потрудиш и да ги прашаш.
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Токму тоа е проблемот што освен не се оди соодветно објаснување нема.
    А бидејќи ти си ја поставила темата па со чудење за тоа какви се тие верници што одат на гробишта, би требало и да имаш и соодветно објаснување зошто не се оди.
    И да сум прашала свештено лице кој ми дал истиот одговор, не се оди а објаснување нема.
    Библијата сум ја прочитала многу пати и апсолутно никаде немам наидено на дел каде се забранува одење на гробишта за празници а како верник ќе почитувам тоа што го пишува во светата книга а не бабини деветини или што ќе ми каже некој што завршил теологија, кога нема соодветно објаснување за тоа што го прашувам.
    А дали ќе се чуди некој дали одам на гробишта за време на празници и ќе проценува според тоа дали сум или не сум верник ама ич не ме интересира.
     
    На Lejla8, Hopeful и imelda им се допаѓа ова.
  8. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Во исламот, на Бајрам се оди на горбишта на гробот на некој близок, секој човек оди. Е сега кај вас незнам како е ама убаво кажа owl-ribbon тој ден е за со семејството фамилијата и за нив празникот не е празник , тоа е само обичен ден со истата таа болка. :)
     
    На BubbleBum94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Болката на некој кој изгубил близок, не дека е секојдневна и иста, туку и поголема знае да е кога е време за фамилијата, за славење, а со празно место на масата за потсетување на уште поголемата празнина во душата.

    За човечка болка станува збор, и ако му помага на некој одењето на гробот оти да не оди, и во 2 сабајле и во 3 попладне, и во денот на дрвото, и во рандом четврток, и на Божиќ. Не збориме за кога смееме да се бањаме, дали да јадеме месо во петок или да плетеме на празник, па да се прават попови правила денеска вака треба оти онака е нефела.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мислам дека да немаат врска, всушност значи да не знаат кој празник е.
    Јас бев на сличен начин заинтригирана со Духовден и масовното одење на гробишта, најмногу затоа што луѓето всушност не ни знаеја што претставува тој празник.
    За Божиќ, ако е некое објаснување, можеби ви рекле така, затоа што ова е најсреќниот ден во христијанската религија, нели Христовото раѓање, па можеби затоа треба да се прослави во радост и добро расположение, наместо во тагување на гробишта.
    Меѓутоа луѓето не одат од незнаење на гробишта, туку ете баш за да бидат и на овој празник со своите најблиски кои веќе не се меѓу нас (убаво си објасниле девојкиве горе). Затоа што покрај тоа што го означува Христовото раѓање, Божиќ кај нас го симболизира и ден со семејството, сите се дома со блиските, се спрема трпеза, се празнува, навистина фамилијарен празник е и секогаш ќе асоцира на тоа. Токму затоа отсуството на некој од таа трпеза ја буди потребата кај луѓето да ја споделат радоста или тагата на овој ден со починатите блиски на нивните почивалишта.

    А ти како верник, треба да знаеш дека на другиот не му се суди...Господ е тој што пресудува :)
     
    На Teodora*, Doozy, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не сакам верниците да се навредат, ама јас па неможам да го сфатам слепото верување во свештениците. Јас во црква одам за господ а не зошто таму има попови, кои дефинитивно не ја почитуваат религијата, а за тоа сум се уверила со свои очи.
    На гробишта одам тогаш кога ќе осетам да ги посетам, а не само кога морам или требам да одам.
    Господ сигурно нема да ме казни ако ги посетам, да речеме на некој ден кој е празник или слично.
     
    На tikvi4ka992 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    еве што најдов поврзано со оваа тема ,не за Божиќ туку за Велигден,нешто што се случувало во Тиквешкиот крај за сите три дена за време на Велигден и како црквата гледа на тоа

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 42B6423CAB

    "Не само што не е исправно да се оди на гробишта во сабота навечер, тоа се однесува на сите три дена за Велигден, велат од МПЦ."

    Мислам дека ова е доволно.
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е исправно или не,ама еве и годинава на прв ден од Божиќ бевме и секогаш за Велигден.
    Никој од арно не се упатува кон гробишта за време за празник.Ама нели ова се најголемите празници кои се поминуваат со семејството,па така и ние,одиме бидејќи таму за жал имаме уште еден член од семејството.
     
  14. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Значи да се разбереме ,јас одам на гробишта,понекогаш одам и за време празници,зашто нели моите одат па морам и јас да направам чест.Мене ме иритира фактот дека луѓето толку се преокупираа со одењето по гробишта што црквите на вакви празници се празни.Башка толку многу храна се носи таму што е ужас.
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^Сосема погрешно.Ако за време на празник луѓето не одат во црква и тоа баш на најголемите празници,јас стварно незнам кога црквите се полни.
    Незнам што е лошото во јадењето?Мака е тоа бре луѓе.Тага и огромна болка.
    Ти мене ич не си ми јасна со муабетот за гробиштата и јадењето..
     
  16. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Види реков ок е се тоа.Јас одам на гробишта .понекогаш и за празници.Меѓутоа друг ми беше муабетот.Погрешно е во три дена празник да отидеш на гробишта а да не најдеш време за црква или пример да си дадеш ручек за најблиските дома во домашна атмосфера.Макар и јадењето.Се носи премногу јадење на гробишта,најубавите јадења,и се тоа скапува во земја што е прво многу штетно за природата.Ако не скапе во земја секако Ромите се тука кои се гостат со најубавите јадења кои се однеле таму.
     
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Koму му е гајле дали јадењето што го однел на гробишта го изеле кучињата скитници или го земале гладни луѓе кои чекаат за најдат нешто за јадење.Роми ли се,Македонци ли се тоа воопшто не е ни битно. И се носат најубави јадења и ќе се носат.Носиме и ние,од најмала ситница до најголема,ама никогаш не сум пререкла еј чекајте најубавите јадења не се за на гробишта.Пу пу,скраја да е.
    И пак ќе ти кажам,незнам кои се тие луѓе што немаат време за ручек со најблиските и одење во црвка туку одат право на гробишта.
    Секој прави како што сака,ама дека не седнуваат на ручек со најблиските е тоа не сум го видела.
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Малку несекојдневна и невообичаена тема, но неминовна.
    Смрт.
    Кога човекот се одделува од својата пријателка - душата, се случуваат многу чудни настани. Мигот и часот на смртта го отсликува животот на човекот. Честопати се случуваат настани од кои ни заледува крвта и кои едноставно се чудни и необјасниви. Можеби сте слушнале за некои личности кои пред смртниот час викаат, се плашат, се бранат со рацете како некој да ги измачува... Се тоа се должи на фактот што Господ во тој миг допушта на човекот да му се отворат духовните очи и да го погледнат и духовниот свет. Во тој миг и во овој конкретен и споменат случај, таа душа се брани и се плаши, зашто по неа пристигнале мрачните сили кои сакаат да ја земат душата. Тоа се должи на животот на човекот, бидејќи тој човек направил многу гревови, отколку добри дела. Зашто ако направел повеќе добри дела, во тој случај по душата доаѓаат светлите Ангели. Исто така се случува понекогаш човекот да разговара со некои непознати или блиски личности кои се упокоени. Тоа е така, бидејќи Бог ги испраќа нив да помогнат во одделувањето на телото од душата, а притоа душата да не се плаши. Фактички тие испратени личности се на истото рамниште на духовното скалило, па затоа Бог ги испраќа нив.

    Што се случува кога душата се оддели од телото?
    Кога душата се оддели од телото таа патува за првите три денови. Со брзината на мислата таа го поминува целиот свој живот, митарствата, а нејзиниот Ангел Чувар е постојано со неа и ја чува. Тој ангел е испратен воедно да и ги прикаже добрите дела што ги направила, но исто и лошите, гревовите. Потоа го гледа својот погреб и присутна е таму. Ги гледа сите ближни и соочувствува со нивната болка. Можеби неможе да викне и да им ја ублажи болката, но таа е покрај секој човек, но најмногу покрај оној кој најмногу тагува за неа. На третиот ден таа душа се искачува на Небеста. На тој трет ден таа се поклонува пред Бог, пред Престолот Божји. Затоа на земјата, ние, нивните блиски на тие души им носиме во црквата помени, парастос. На тој начин некои гревови што се помали се простуваат.
    Од третиот ден, па се до дететтиот таа престојува во рајот. Ги гледа сите убавини, а воедно ги гледа и сите ближни кои се удостоиле таму да живеат.
    На деветтиот ден повторно душата се поклонува пред Бог. Затоа и на деветтиот ден се пее парастос.
    Од деветтиот, па се до четириесеттиот ден, душата престојува во пеколот. Таму ги гледа сите можни места, сите свои блиски кои се мачат, но таа таму не се измачува, туку само гледа. А 40тиот ден е најстрашниот. На тој ден се изрекува пресудата, каде повремено ќе престојува душата до Второто Христово доаѓање. Затоа на тој ден задолжително се пее парастос, се со цел да и се простат гревовите на душата и таа да добие подобро место, онаму каде заслужила.

    Помените: блудец, парастос, Литургија.
    Најважното нешто за душата кое навистина и е од корист и помош се само помените во нејзино име, а исто и милостината. На тој помен ние принесуваме варена пченица (блудец), вино кои се најважни. Пченицата е симбол на безбројните прегрешенија на душата, а виното кое свештеникот во текот на молитва го става на пченицата е праслика на измивањето на гревовите на душата со Господовата крв кој се пролеа за нас. Всушност ние доколку сакаме навистина да им бидеме од полза на починатите, потребно е само да им принесуваме молитви за простување на гревовите.
    Освен блудецот и парастосот, највозвишеното нешто за душата е Светата Литургија. Тоа во суштина е онаа Литургија која се служи секогаш, но разликата е што на Проскомидијата, Ектениите се споменува постојано името на упокоената душа.
    Проскомидијата е дел од утринската Богослужба, но само кога има Света Литургија :!: . На Проскомидијата се вади Агнецот Божји (приносот кој се осветува и станува Тело Христово) од просфората, но воедно се вадат честички и за живите и за починатите. На тој начин во Светата Крв Господова се ставаат тие (кога се подготвува Причесната) што претставува измивање не на еден, туку на мноштво гревови.
    Да потенцирам, кога човек сака да принесе Литургија за покој на некоја душа (или за здравје) важно е да се знае:
    Оној кој не е крстен; оној кој не е венчан во црква, а живеат во брачна заедница; оној кој се самоубил, тие личности не се споменуваат на Светата Литургија, пред Престолот Божји, зашто тоа е голем грев.
    Исто, ако семејството сака најдобро е за сите денови од првиот ден па до 40иот да се прават Литургијаа за прошка на гревовите. На тој начин душата може да се измие целсно и да биде пмилувана од Бог.


    Сега да се навратам на почетокот, што сакаше да каже девојката која ја отвори темата.
    Можеби не се изрази баш најдобро, можеби од не познавање, но ја сфатив, иако верувам дека кај некои тоа предизвика мал гнев.
    Целта на нејзиниот пост и беше, дека за тие празници прво се оди во црква, а потоа на гробишата.
    А објаснувањето е веќе дадено.
    На секоја Литургија на Проскомидијата, на Ектенијата и за Големиот Вход кога отецот ги принесува Даровите за осветување (виното и лебот), тогаш се споменува и се моли отецот за сите починати. Многу отци советуваат, дека ако човек присуствува на Литургијата и кога е Големиот вход во себе може да се моли и да ги споменува имињата на своите блиски, а со таа молитва им помага на нив и веднаш се искачува на Небеста.
    Затоа е потребно прво да се оди на Светата Литургија, а потоа на гробишата. Зашто на душата и е најпотребна молитвата. Да, таа молитва може да биде и на самиот гроб, но оваа молитва во храмот Божји е непроценлива во својата суштина. Нашите блиски во гробовите не одат никаде и се постојано таму, нема да задоцниме ако еден час или два отидеме во храмот и се помолиме за нив и запалиме свеќа за нивно простување на гревовите. А потоа на никој не му е забрането да оди на гробишта и таму да запали свеќа и се помоли :) . Но центарот на се е Светата Литургија.
    Затоа и црквата советува да не се оди прво на гробишта, туку во храмот Божји. Пример за Воскресение, некои одат на полноќ на гробишта што е погрешно, наместо прво да одат на Литургијата која всушност започнува точно на полноќ. Затоа е и спротиставувањето на црквата во однос на тоа прашање.
     
    На Antebellum, stetoskop, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  19. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    е како да не ни биде гајле.Еве гајле ми е што се носат најубавите јадења,за да скапат така...или да ги изедат ромите кои не работат ништо цел живот и само чекаат да дојде празник за да отидат на гробишта кај христијаните и да соберат што нашите спечалиле со мака
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не е во ред волку да си лута затоа што некој отишол на гробишта наместо во црква, и што жали наместо да пее коледарски песни. Многу луѓе не одат слепо по библијата, си веруваат во тоа што им кажува нивната свест, што им олеснува на душата и така постапуваат. Како ти штетат тебе лично со тоа? А јадењето по гробишта што се носи, од адет ли, од верување дека е раздадено за душата на покојниот ли, и какво и да е, најубаво или само сол и леб, тој што решил на гробишта да го носи ќе го носи таму ако така сака, за свој мир дека така треба да направи, па и на ромчињата да го даде не си го ти донела да решаваш кој ќе го јаде. Никој нема да те тера на сила да земаш од тоа јадење да јадеш или да носиш твое па ромчињата да го јадат.

    Ај не сум јас побожна па не знам, ама нели учи христијанството да се помогне на човек? Ако некој даде на гладен ром да јаде грев ли прави? :wasntme:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.