1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење на гробишта

Дискусија во 'Религија' започната од anaantonia, 7 јануари 2013.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш за празници сме се собирале значи најблиските, па баш поради тоа луѓево сакаат да одат на гробишта за големи празници. Бидејќи им фалат блиските, кои не се само стари луѓе, има и млади кои починале. Затоа баш тогаш најмногу сакаат да одат на гробишта, на некој начин заедно да го поминат празникот. Не ми смета тоа одење на гробишта за големи празници, баш напротив, и јас сакам да го посетам дедичко на Божиќ..

    Единствено, не го оправдудам она ненормално носење храна... На пример, една баба(подалечна) што ја имав, додека беше жива јадеше леб потопен со вода и шеќер одозгора, никој не ја погледнуваа од внуците и синовите. Кога почина, на гробот немаше што немаше, од пиле млеко..Дајте им да јадат додека се живи, подоцна џабе се полни гробот..
     
    На Majski.Cvet, Serafima, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.992
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам погрешно сфатена, немам таква намера, ниту пак посакувам лошо на било која од вас. Но според твоиве фрустрации, можам да приметам дека ти драга моја не си загубила никој близок во животот. Татко ми.. почина лани, во Февруари. Попот кажа дека понеделник и среда не се оди на гроб...но, не постои сила на светов шо ќе ме одврати од идејата да одам кај него било кој ден кога јас ќе осетам дека сакам да бидам таму. Во тој гроб, почива и пола моја душа. Почива делот од мене, во кој тој живееше. Оние шо ја осетиле таа болка знаат како е...другите немаат право да осудуваат. Зошто да се ограничувам со тоа кој шо кажал, макар тоа да е и самата црква, која, реално покрај другото, на сите ни е јасно дека функционира по принцип на "пазарна економија", да се водам според библија која низ историјата е менувана преку 5-6 пати... истовремено запоставувајќи ги сопствените чувства?! Нема рај пекол ствари... тоа е булшит... енергијата нивна можеби се пренела во нешто друго, но телата веќе се изедени од црви.. факт е тоа.. (е тука, секој во шо сака си верува и тоа е негово право) но, ни тоа никако нема да напраи да останам дома ако сакам да бидам "кај него"...зошто тоа е единствено место каде на мир можам да се покорам на она шо од него останало како спомен...

    Како викаат, пред да кажеш било шо за некој, прво пробај да изодиш некоја милја во неговите чевли..
    Пред да посочиш кон некои луѓе и кажеш како можеле да одат на гроб на такви денови, треба прво да пробаш да ја сфатиш болката со која тие луѓе секојдневно се борат. Можеш ли ти да си ја замислиш семејната трпеза без една личност?? И не само празниците... сите денови се болни.. посебно кога ја поставуваш масата и место 4 чинии, вилушки, ножеви...треба да стаиш од се по 3... кога ќе добиеш 10ка на факултет, една личност фали да се радува, па коа ќе видиш резултати одиш прво кај таа личност да споделиш иако се наоѓа на гробишта, кога нема да биде тука за твојот роденден или било чив друг, кога ќе добиеш прстен, денот кога ќе носиш бело... и уште многу такви денови...и ти се прашуваш зошто тие луѓе одат на гробишта? Јас ќе ти кажам... заради љубовта!! кон оние кои порано си заминале од овој свет...многу е едноставно...но ете..ти тоа очигледно не можеш да го сфатиш.. Нив не им е важно кој ден е... тие само сакаат да бидат таму.
     
    На Dreamsdocometrue, Antebellum, Belgin1 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Да не знае човек дали да се смее или да плаче кога ќе прочита вакви работи :x
    Како може да биде штетно за природата храна што ќе скапува во земјата?
    Си слушнала ти за природно ѓубриво?
    И што тебе ти е гајле за тоа дали се носи најубава храна и дали се дава на ромите?
    Ти брцна некој во џеб?
    Најискрено те замолувам во иднина на вакви теми да не се поигруваш/потсмеваш со болката на голем број на форумџики, меѓу кои и јас кои останале без родител, не е ниту убаво, ниту хумано а најмалку христијански.

    Е сега можеби не е местото ама сакам да ја прашам Серафима која ја почитувам бескрајно како форумски лик ако сака да ми одговори во врска со постот за смртта.
    Отприлика знаев за душата што и како оди после смртта ама не знаев дека е толку важно опејувањето на умрениот од свештено лице.
    Неодамно почина на татко ми татко во Скопје, опејувањето на умрениот на денот на закоп- 3500 денари, опејувањето на 3 ден-2000 денари, опејувањето на 9 ден-2000, опејувањето на 40 ден-2500 денари.
    Иако секогаш ги бранев поповите и сметав дека и не е некој трошок за крштевка, венчавка овие суми ми се претерани, покрај огромните трошкови за погреб не секој има толку пари да го плати попот.
    Прашањето ми е дали само на богатите односно тие кои имаат 10.000 денари ќе им се намалат гревовите и со тоа можеби ќе завршат во рајот а на тие што ги немаат овие средства нема да им се намали гревот и ќе им завршат душите во пеколот.
    Сиромавиот и на овој век животот пекол и на оној век пак пекол :worried:
     
    На Lejla8, Teodora*, CoverGirl10 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Кому му е гајле за храната дали ќе скапува или не, кога веќе човечко суштество, нечиј родител, брат, сестра, дедо, баба или пријател, стари, а што е најтрагично и млади луѓе, скапуваат во таа проклета земја?
    Во таков момент, кога знаеш дека некој што си го сакал е под земја и дека никогаш нема да го видиш повеќе, кога знаеш дека нема да се врати никогаш повеќе, ќе фати некој и ќе мисли на најубавата храна која скапува или ја јадат Ромите? Тоа е најголемата глупост што ја имам слушнато!
    И како можеш да речеш дека некој врска нема од својата вера и религија ако оди на празник на гробишта?
    И најголемиот верник, ако има изгубено некој близок, ќе отиде на гробишта и ќе запали свеќа и никој нема да може да го спречи во тоа, па макар и сите попови на светот да се соберат и да му викаат дека не треба.
    И секако дека на празниците сите одиме и на литургијата и се молиме за здравје и спас на нашите и душите на нашите починати блиски, па одиме и на гробишта да им оддадеме почит, да поминеме барем дел од тој празник и со нив зашто до вчера и тие седеле со нас на маса и заедно сме празнувале.
    Само тој кој што има изгубено блиска личност знае како е на тие празници, кога сите слават заедно со семејствата, сите се на број и се среќни и весели, а ти знаеш дека твоето семејство не е цело и дека некој фали, дека на твојата трпеза има празно место и нечии очи и насмевка што недостасуваат, дека сите си ги голтате солзите и избегнувате да се сретнете очи в очи и молчите само за да не се расплачете и се преправате дека сте среќни и дека се е во ред. Е тоа боли! Боли и кога славиш роденден, кога ќе положиш испит, добиеш 5-ка или 10-ка, дипломираш, се вработиш, омажиш, имаш деца и ред други работи и кога сакаш да ја споделиш среќата со најблиските, а сепак некој фали, фали и неговата пофалба, гордоста што си му ја дал, неговата радост. Боли и кога гледаш како другите кои имаат родители покрај нив, а не ги почитуваат, а ти се’ би дал твојот родител да е тука и да го гушнеш. Боли и ова твоево што си го напишала, бесчувствително е.
    За починатиот најдобро е да се носи лепче, вино и пченица (како што рече и Серафима), но сепак луѓето носат и друга храна, жал им е и никој не може да ги спречи.

    Си ја почитувам верата, верник сум и верувам во Господ, верувам и дека душата не исчезнува и дека постои нешто и после смртта и никој на светов не може да ме спречи да одам кај татко ми на гроб и на празник и на делник.
     
    На Belgin1, Teodora*, koritsaki и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Според наведениот финансиски дел, со сигурност тврдам мила дека отците тука ја ставаат и Литургијата, поточно повеќе Литургии за покој на душата. Инаку парастосот на гробот е некаде 600 денари, но тука сигурно се работи и за споменувањето на упокоениеот на Светата Литургија, што во случајот е најдобро за неа.
    Е сега факт е дека некој ги нема тие финансии, но отецот на својата парохија каде е упокоениот сигурно знае за тој финансиски дел на семејството. Затоа е и повеќе е од потребно семејството да си биде колку-толку поврзано со својот парохиски свештеник. Но сепак, отецот нема да го остави тоа семејство и сигурно нема да му наплати толку, туку онолку колку што има и самото семејство или нема воопшто да плати, туку отецот и ќе помогне се што треба :) .

    Од другата страна погледнато, морам да напоменам дека ете тука е важноста и потребата на секој човек да има свој духовен отец. Бидејќи ако православниот христијанин, бил макар еднаш во животот на исповед, на таа исповед дали со епитимија или не, на човекот Бог преку молитвите на свештеникот, му ги простува исповеданите гревови. Значи човекот на својата смртна постела има многу помалку гревови, отколку оној кој никогаш не се исповедал. Но сепак тука постои уште нешто многу поважно, а тоа е молитвата на духовниот отец. Зашто уште додека бил жив човекот, отецот на сите свои Литургии кои ги служи во храмот Божји, го споменува и него. Тоа се случува и по преминувањето на душата во другиот свет. Значи отецот по упокојувањето, тој секојдневно се моли за своето чедо, а него не едно, туку безброј прегрешенија ќе му се простат. Бидејќи таа молитва на духовникот е далеку посилна, но во суштина веќе и гревовите на човекот се минимални.

    Би ви дала еден скромен совет. Напоменав кои личности не се споменуваат на Проскомидијата, на Литургијата, но за оние кои ги немаат тие препреки, сепак нас ни е дадено како што сме се грижеле додека се живи, така да се грижиме и понатаму кога се упокоени. Можете во сабота пример на Вечерната Богослужба или на денот кој е пред некој голем празник и ќе се служи Литургија во храмот, да однесете просфора и името на човекот. Ќе им кажете дека човекот е починат, па отецот да го спомене на Проскомидијата. Во овој случај донацијата за тој чин е доброволна :) . Значи сепак и за секоја треба не постои ценовник, а замислете колкава добрина им правите на вашите блиски. Можете да дадете колку што сакате, а сепак вашиот ближен да биде споменат на Литургијата за покој на душата.
    Истото може да се направи во секој манастир и на монасите или монахињите да им се даде името на личноста, па тие да се молат за таа душа, без разлика дали е жива или упокоена :) .

    Примете соочувство кон сите кои изгубиле свој близок. Да не си речете дека не знам, добро ја познавам таа болка, зашто изгубив четири најблиски личности во период од 2 години. Но сепак повторно ќе напоменам, ако сакаме да помогнеме, тоа ни е најдоброто решение. Да се молиме за нив во храмовите, да им принесуваме помени, да даваме милостина. Прво да одиме на зедничка молитва во храмот, зашто таа молитва ќе биде повеќе услишена од Бог, па потоа на гробовите од блиските. Да потенцирам, да не бидам погрешно сфатена:
    - Не е грев ако се оди на гробот и на голем празник, како Божик, Воскресение, туку тука е во прашање нашата молитва и помош која им ја даваме на нашите блиски прво во храмот Божји на Светата Литургија.

    За милостината.
    Искрено подобро што ги има Ромите на гробиштата. Зашто на нив им е повеќе од потребна храната. А ние фала му на Бог имаме се и за јадење и за пиење. Можеби некој сиромав од гробот ќе земе едно бомбонче, но да знаете таа бомбонче е поголемо од сите милостини кои сме ги дариле на нашите блиски „за душа„ кои буквално имаат се и не се дојдени до таа една бомбона. На душата тоа ќе и биде од голема корист, зашто таа милсотина за душа треб ада им ја даваме на сиромавите.

    ***

    Знам дека сум оф топик, но сакав уште нешто да кажам. Овие неколку реченици не се наменети кон никој, туку колку за информација :) .
    Започнувам од себе, јас, кога не сум знаела ништо порано, а верувам и поголемото мнозинство од луѓето недоволно се запознати со се. Ова го потенцирам бидејќи, да, навистина некои тарифи се поскапи, но крштевката, венчавката, па вклучувајќи го погребот се еднаш во животот. Помените во чиј состав се внесени и Литургиите за покој на душата, можеби навистина се скапи, но тие се добродетелни. Да бидеме реални, колку личности знаат дека најубаво за душата е поменот и Литургијата?!
    Ретко кој.
    И кој некогаш би порачал Литургија на човекот кој е упокоен?
    Повторно, ретко кој човек кој има познавање, но нажалост другите тоа нема да го направат од не знаење. Затоа и отците тоа така го фомулирале, се со цел повеќе да и помогнат на душата, зашто тие помени до 40иот ден се најважните за душата. За нејзиното определување каде ќе престојува, додека блиските пример тоа не го знаат.
    Да не ме сфатите погрешно дека на некој му судам, тоа не ни сакам ни да помислам, но еве тоа нека биде едно расудување на ситуацијата, мислам дека таа не едуцираност се должи на самиот човек, на нас, на мене. Зашто ние скоро сите сме изреволтирани од високата цена, па отецот кој пристигнал на помен или некоја друга треба не го ни прашуваме ништо, а сакаме веднаш да замине да не го гледаме. Но, кога ние малку со трпение би се приближиле кон него, би запрашале за да се информираме, мислам дека многу нешта ќе се променат.
    Морам и нешто друго нажалост да напоменам. Нашата ретка посетеност на храмот Божји тоа го прави. Можеби одиме еднаш, двапати месечно, но ретко кој стои на целата служба, Утринаската и Литургијата. А тука верувајте ми дека се’ се учи. Посебно на проповедта на отецот, не еднаш се напоменува се ова и за живите и за починатите. Можеби некој нема доволно време, но сепак не е оправдување. Ретко кој денес работи во недела, па скоро секој може да жртвува 1-2 часа од својот сон, па да присуствува на Богослужбата. А потоа цел ден му е на располагање, ако сака може да спие и колку што сака.

    Во контекст на се ова, на ценовникот, да напоменам дека тука постојат и безброј други треби кои не се наплаќаат или човекот може да даде доброволно. Но се тоа и ние треба малку да се потрудиме да го научиме :) .
    И на крај се сведува само на добрата волја на човекот, зашто ако човекот со своето трпение и добрина се приближи кон отецот, ќе најде одговор на се :) .
     
    На Antebellum, Philippa, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Кога сме кај јадењата.....
    Многупати мајка ми го сонувала татко ми како бара нешто за јадење.Ќе стане,ќе направи и ќе јадеме сите,ќе оставиме на неговиот гроб да постои,и да ќе го фрлиме.Никогаш не сме се расфрлале со многу јадења на гробишта,за разлика од некои кои носат по цели тепсии зелници,кифли,благо.....

    Интересно е што секогаш кога одиме,кога мајка ми сипува ракија,секогаш ќе и се растури.Велат дека тоа било дека му се пиело ракија.И навистина него го паметам со мала чаша ракија,пред ручек,ритуал.
    Кога првите 40дена одевме секој ден,јас му носев од нашето кафе-топло нес,со малку капучино и млеко.И ден денес без него не сакам да го пијам кафето,само кога сум на гробишта.Утредента,кафето го немаше.Логично,да го испиле мачките,ама не-јас знам дека нешто има........дека е тој.

    Јас никогаш не гледам кој ден е за да го посетам гробот на татко ми.
    Се случувало сама,само со свеќа и термос кафе да се упатам.Сум седела со саати.Велат дека кога правиш свадба не се оди цела година.Глупости,јас ова не можам да си го дозволам.Овој Божиќ не бев,оти се чувствував премногу тажна и не ќе можев да се смирам.А секој Божиќ одиме исто и за Велигден.
    Така ќе биде и за навек.Ништо не може да ме спречи да одам на гробишта.
     
    На Lejla8, Nausicaa, friendy и 8 други им се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ми треба совет, во врска со одењето на гробишта.
    Во нашиот крај има обичај оние кои се бремени, оние кои се во брак ,првата година да не одат на гробишта, како оние така и најблиските. Незнам дали е ова секаде така, но овде кај нас таков е обичајот.
    Во последно време ептен имам желба, потреба да одам на гробишта, кај баба ми, зошто премногу ја сакав, на Божиќ почина(тргнав што се вика да одам, но ајде пак , немој да не не треба), а и ќерка ми го носи нејзиното име. Па, имам желба, потреба, да и кажам иако знам дека понекогаш не е потребно да одиш на гроб за да поразговараш со починетиот, доволно е во мислите да го осетиш близу, но сакам да одам таму, да и кажам дека има внука која го носи нејзиното име, да и кажам дека мене ми е добро....
    Би сакала да знам какви се вашите размислувања за ова? Дали има ваков обичај од црквата кажан или се само верувања во одредени делови ??
     
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    15.279
    MeU и во мојот крај верувањата се такви,ама јас искрено да ти кажам не верувам многу во такви чуда,мојот брат е починат и јас секогаш одам на гробишта кога сакам да одам и таквите муабети ама ич не ме занимаат,само лани кога се верив не одевме првите неколку месеци,инаку скоро почина дедо ми и ни велеа со вереникот да не одеме на погреб,ама ние си решивме и отидовме,јас така сакав и чувствував.Така да ако чувствуваш потреба да отидеш и да си олесниш оди,мене тоа не ми е ништо значајно иако сум голем верник
     
    На meU и karak им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    meU тоа второто што го напомена, верувања. Поточно кажано суеверија кои немаат никаква допирна точка со православието. Ако не отидеме на гробот на нашиот најблизок, кој ќе отиде?! Тој го дарил животот за нас да не одгледа, а ние сега сме му најпотребни, да му помогнеме со нашата посета, молитва, милостина...
    Да си одиш слободно без грижа на совест :) .
     
    На tessie, Hopeful, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Со должна почит кон сите кои пишувате на темата, поставувате рашања, давате одговори, дебатирате...
    Јас како верник имам доста прашања кои не верувам дека некој ќе може да ми ги одговори. Додека го читав постот само ми текнуваа и текнуваа работи од кои сум била и сеуште сум револтирана. Секако дека крштевањето , венчавањето и упокојувањето се случува еднаш во животот , но на кого му текна дека треба да се има тарифник или ценовник за тоа кое колку ќе чини. Па ако сме православни верници, не сме од денес. Ако имате можност прашајте ги постарите од вашето опкружување, дали и колку порано (од прилика пред околу 60 години) се наплаќале овие дејствувања на свештените лица. Како што беше споменато во некој од претходните постови и според мене треба да се остава во Храмот Божји онолку колку што се има. Пред 1 година почина мојата најсакана братучетка, која само што имаше наполнето 21 година. На денот на погребот цела фамилија завиена во болка и тага,неверување, а попот се лути оти тоа што сме му го подале не е поделено во две различни кесиња оти соленото му се мешало со благото?!?!?!?!?!?!?!?! епа како бре луѓе, како? Кога побара по тарифа да наплати, братот на починатата побара фискална сметка (беше некоја сума 3500 денари). Попот не му даде и затоа по неколку дена отиде во црква и си остави онолку колку што мислеше дека тој треба или онолку колку што имаше.
    Во претходниот пост се вели ,,зашто ако човекот со своето трпение и добрина се приближи кон отецот, ќе најде одговор на се ,, но јас не се согласувам со ова, бидејќи мојата куќна слава е мрсна, а таа година паѓаше во посен ден и кога отидовме кај еден поп ни реше дека треба да спремаме мрсно, а кога отидовме кај друг рече треба да ди спремате посно?!?!?! кого да слушаш, не најдовме одговор на прашањето кое го поставивме. И како да се зближам со свештеното лице кое за време на постите на најголемиот христијански празник Воскресение Христово јаде свинско пред очите на верниците. Е не можам да се помирам со тоа.
    за крај само ќе повторам, сум верник, си одам во црква, секој ред на гробишта си го терам ама со некои работи кои се случуваат во поново време не можам да се согласам
    П.С. Со постов не сакам никого да навредам или да дебатирам, само сакав да си го искажам моето мислење.
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски

    Мила MeU ич да не не се замараш со обичаите и дали некој нешто ќе каже,баш и поради многу обичаи верата добива друга димензија а баш напротив така не треба да биде.Мене многу ми е криво што луѓето денес повеќе се осврнуваат кон обичаите него ли спрема верата она што е вистинско и треба да биде над се и јас не сум знаела многу работи до скоро но се трудам да ги осознам трудејќи се да чекорам на правиот пат! Бог да ја прости баба ти нека и е лесна земјата да си одиш чим осетиш потреба,јас керка ми ја носев со неполна година кај мајками на гроб и воопшто не ми бече шубе,чинам и ко трудна одев бидејќи беше пресно почината не обрнував внимание нити пак некој нешто ми кажал така осеќав од душа. Баш како што кажа Серафима истото го мислам и јас.
    Е сега што се однесува на храната и јас претходно не сум знаела( баш кога почина мајка ми на денот на погребот давав ручек во реторанот на гробиштата и така се до три години) од секогаш ме нервирало носење храна на гробишта и оставање небаре мртвиот ќе стане да јаде :| знаеме со маж ми да се напиеме кафе кога одиме и тоа е се. Мислам дека бито е човек како пристапува кон сето тоа а храната воопшто и не е важна (несакам никго да навредам со ова само си го кажувам моето мислење и тоа што сум го читала во катехизикусот). Молитвата во која се спомнуваат мртвите е најбитна јас тоа си го практикувам,така всушност ние се молиме за нивните души од тоа нема ништо позначајно за мене!

    А она што се однесува до свештените лица јас пак ќе речам ко делам мислењето со Серафима доколку сите имаме свој духовен фамилијарен отец нештата би биле поинакви,нажалост денеска ние луѓето се помалку имаме време за одење во црква и посетување на утриските литургии,се молиме само кога нешто ни треба значи пак ќе речам ова не го кажувам за никој поединечно и не генерализирам да не се навреди некој :) Мислам дека човек доколку на свештено лице му даде колку има дека нема да биде одбиен без разлика не ценовникот било за крштевки,погреби вечавки. И не треба да се раководиме според свештените лица дали мрселе или ни проповедале како што не треба ниту па да им судиме има кој да им суди за тоа,тие само ни ја припближуваат верата и се претставници на светиот храм. Треба да ги почитуваме догмите и да се трудиме да веруваме со чиста душа во нашиот единствен Бог Исус Христос ! СЛАВА МУ!!!
     
    На Hopeful, viktorija.manevaa и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ^ ^Со целосна почит и кон твојот пост и мислење мила, бидејќи цитираниот пост беше мој, сепак не се навредив, во ред е :) . Конкретно ќе дадам само еден малечок одговор, бидејќи одиме надвор од темата.
    Можеби си видела нешто во својот живот, што не го оправдувам, но сепак едно е јасно, нема потреба од генерализација. Бидејќи за двајца или тројца свештеници, им се става етикета на сите. Постојат луѓе кои се прозорливи и свети, кои живеат во нашето соседство, кои поминуваат покрај нашата врата... а замислете колкав грев правиме кога ќе кажеме само еден погрешен збор за нив. Не знам за другите, јас се плашам за својата душа. Не сакам да осудувам друг, особено свештеник, кој можеби паднал во грев, но Бог можеби и тоа го допуштил за тоа да биде неговиот најголем грев, а со тоа да предизвика покајание во неговата душа. Никој не ја знае тајната Божја промисла. Зашто кога Бог сеуште го милува и го очекува неговото покајание, која сум јас, ние, да ги судиме неговите постапки. Како што Бог не милува нас, иако ние секојдневно правиме безброј прегрешенија, како да не го милува оној кој достојно или недостојно му служи. Но да се разбереме, Му служи! А колку нажалост ние му служиме :worried: , за да бидеме достојни да ги осудиме нивните животни постапки?!

    Ќе додадам само уште едно нешто. Низ вековите, па се до денес постојат јуродиви ( преведено луди) луѓе. Кои зад таа маска се подвизуваат и повеќе сакаат да направат нешто неубаво и недолично, се со цел да не бидат воздигнати и славени од луѓето. А што е најважно тие личности се скоро сите светии, ангели во тело. Затоа е потребно повеќе внимание со нашите скромни и нескромни заклучоци.
    Ќе кажам само еден пример на една монахиња, која е сеуште жива и која сите ја сметаат за најлоша. Таа вика, подмавнува, навредува... Но да знаете, таа се крие зад тоа. Таа е света и прозорлива, знае се, а живее овде кај нас во еден наш манастир :) .


    Ако мисли модераторката дека местото не му е тука на постот, слободно нека се премести во соодветната тема :) .
     
    На shushu, tessie и Mama25 им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Леле, не ми се верува. Како може бе такви да сте? Одење на гробишта на големи празници не било убаво. Ај дадете ми само еден пример дека некому нешто неубаво му се случило откога отишол на гробишта на тешки празници. Само еден пример дадете.
    Во такви глупости и адети воопшто не верувам. Прво тргнувам од фактот, основно во секој крај на Македонија за погреб има различни верувања, секој различно спрема, прави. И поповите не се тоа што беа. Баба ми почина пред помалку од месец, двајца различни попови прашавме, двајцата различно одговорија за тоа до колку време се жали починатиот поточно се сеќава (се прават парастаси). Единот рече дека се прави до 6 месеци, другиот рече до 3 години се правело обавезно. Како да се фати на таман на ова? Како да се сфатат сериозно луге кои земаат пари, се полнат со пари кои одат директно во нивни џебови од секој парастас, кога сите знаеме дека кажано е дека не треба да поповите да земат пари од луѓето, освен ако не е за потребите на црквата. (тие пари ги добиваат преку продажба на свеќи а не кога се бакнува рака на попот на парастаси)
    Веќе редно е да се престане со вакви малограѓански работи, да етикетирате луѓе како НЕВЕРНИЦИ само затоа што одбиват да прават работи кои немат смисла. Работи, кои ви се наметнети од луѓе кои се нарекуваат следбеници на Господ, а јадат колбаси за време на строг пост па и им се дерат на луѓето кои не постат. Татко ми лично фати поп во нивните простории (канцеларии како да ги наречам) во локалниот манастир, како јадат месишта, мрсни, а до пред 20 минути поповедаше како морало да се почитува постењето.

    Сума сумарум, со вакви глупости не се мери колку некој е верник.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Еднаш еден поп, во еден манастир јадеше месо на Велики Петок. Тоа е исто ко да речам: Еднаш една девојка од Фемина отепа човек на едно место.
    Ни од едната ни од другата реченица не влечам никаква корисна информација. Но кога би се кажало: „На Велики Петок 2013 година, во црквата „свети Никола“ во Скопје, попот Трајко (Трајковски) јадеше месо“ е веќе нешто друго. Истото важи и за еден поп ни побара толку и толку пари, па кога сте неинформирани нека ви бара! Во секое календарче има телефонски броеви од сите епархии, па ако нешто не ви е ко што треба јавете се в митрополија и накодошете го попот на владиката. Па, ќе видете како ќе ви пее ко попче.
    Во мојот роден град, поповите имаат право да не им пеејат на оние кои не прибираат поп во својот дом (за вода крштевање или леб кревање), па кога ќе умри, ќе се крштева или ќе се венчава некој од таква куќа, неретко си бараат поп директно од кај владиката. Некогаш добиваат, некогаш не.
    За тоа до кога се пејат парастаси за покојните, според “типикот“ кој важи во мојот град тоа се прави вака, парастаси на 3.ден(црква), 20.дена(црква, најдобро литургија), 40. дена(на гробишта), 6 месеци(црква), 1 година (на гробишта), 2 години(црква), 3 години(на гробишта). Трисагии или блудци се пејат в црква и тоа првата сабота, 9.дена, саботата по 40.дена, 3.месеци, 9.месеци, 1г.3м., 1г.6м., 1г.9м., 2г.3м, 2г.6м и 2г.9м.
    Набожните пеајат дури и по 40. литургии(со парастаси) во првите 40. дена, или барем секоја сабота или недела до 40. дена. А некои по 3 годишниот помен пејат парастаси и на годишнините до 10. година.
    Нормално е секое семејство на мртви дни да пее блудче за покој на душите на своите предци.
    За тоа кој се споменува на проскомидија, на проскомидија се споменуваат крстените грешници, кои не похулиле на Светиот Дух - самоубивајќи се или преминувајќи во некоја ерес. Тие кои не се венчани в црква од било која причина (РПЦ ги признава и граѓанските бракови) можат да се споменуваат исто како што се спомнуваат и оние кои блудодејствувале пред, по, во или вон црковниот брак.
    ПС: Јас на гробишта најчесто одам по литургија, на 10 минути пешки одење од црквата ни се гробиштата. Ама искрено не одам секоја недела.
     
    На Witchman и Serafima им се допаѓа ова.
  15. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    мајк ми почина пред 1 ипол...татко ми е исто така починат поодаман и цело детство по гобишта го поминав имам некои психички последици....е сеа откако почина мајка ми не сум појдена на год неможам едноставно ја си ја жалам се наприв и 40 дена и се сто треба со поп по редот како што е ама да појдоам неможам :( што мислит вие дали е греф ова што го правам? :( :(
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Во мојот град има 4 македонски православни цркви, во таа што најчесто одам јас, попот го фати полиција со 3,5 килограми марихуана во гепекот и сеуште е поп :puke:
    За крштевки си вади цени од воздух, односно од тоа колку според него си богат, мене ми наплати $1000 за кршевката на син ми, заедно со брат ми кој ги крстеше близнаците негови ни наплати $3000, тоа се 150.000 денари :x
    Каде да се жалам јас?!
    На владиката Петар кој толку го раскара народот тука само за да дојде до материјални богатства кој не му припаѓаат.

    Со сета почит кон тебе и кон Серафима кој можеби се наишле на оние ретките кои се вистински свештени лица меѓутоа дали мене треба овие да ми бидат духовни отци, јас немам никаков респект кон поповите, не ги почитувам ниту како луѓе а како попови па ни најмалку а да ги рачунам за духовни отци тоа ни во најлош сон.

    Си ја сакам и почитувам верата ама поповите и нивната ненаситна алчност се највиновни за тоа да луѓето ги избегаваат црквите, место како луѓе кои наводно му служаат на Бог да ги привлекуваат луѓето кон црквата они ги бркаат :x

    За Меу јас малиот го носам на гробишта од 40 дена, трудна си одев на гробишта и сега пак си одам се додека не добијам соодветно објаснување зошто не се оди, ќе си одам кај мајка ми на гроб.
     
    На Lejla8, Moira, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Да се увезува осветена глина од Македонија треба, за монти, кога градат македонска црква во друга земја. :wasntme:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам неколку пати почуствувано потреба да отидам на гробишта
    ама баба ми и дедо ми на мајка ми се закопани во Тетово а на татко ми незнам поточно каде во Бутел-незнам каде да барам :worried: и баш ја прашав тетка ми и татко ми ми објаснија дека е делаку, ама да се стопли ке се обидам сама да ги најдам :!:
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    не мора да се има празник или било сто да се оди на гробиста..
    тоа биле наси блиски и според мене е добро да се посетуват...
     
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Умираат верници ама и не верници,а сите се погребуваат на истото место на гробишта :!:
    Но кога некој ќе изгуби некој сакан и близок ,може да биде и нај религиозната особа на светот,верувам по прво ќе појде на гробишта без разлика дали е Божик или Велигден.не велам дека ова е правилно но болката не ти дозволува да се одделиш од саканите кои те напуштиле,посебно не на овие големи денови