Одење на гробишта

Discussion in 'Религија' started by anaantonia, Jan 7, 2013.

  1. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Joined:
    Jan 19, 2013
    Messages:
    125
    Likes Received:
    78
    Мојата баба (прабаба) за жал која одамна почина и јас сакам некој ден да одам на гробишта со мама и тато,ама ете колку и да ја сакам на гробишта неможам да одам.Незнам зошто?! :|Толку ја сакав и ме сакаше,ама само зборот гробишта кога ке го слушнам се ежам. А и не е важно дали ке се оди на празник дали на обичен ден.
     
    Mama25 likes this.
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2013
    Messages:
    472
    Likes Received:
    642
    Одењето на гробишта нема врска со празник или делник.На луѓето секој ден им умира по некој , не се битни годините.Секој ден тие одат на гробишта и не бираат дали е празник или не е.Ми нема смисла ова некако..
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,827
    На влезот на градските гробишта кај нас има една табла со натпис кој вели дека на големи празници како Божиќ и Велигден, како и во недела, денот кој треба да го посветиме на Бога, не се оди на гробишта. Празниците се слават со живите, а не со мртвите.
    Го имам ова прекршено неколку пати, со оглед на тоа што си одам дома само за викенди, а бидејќи татко ми обично работи во сабота, мора да ме носи на гробишта во недела.

    Сакам да одам зашто ми се чини тоа ми е единствената врска со оние што ми значеле, а веќе ги нема. И имам чувство дека ми се лутат ако не одам одвреме-навреме таму.

    И навистина не ми е јасно зошто голем број родители своите деца не ги носат таму, со изговор дека биле мали, страшно било тоа за нив, и не знам ти што веќе. Смртта е природна работа и децата мора да се навикнуваат на тоа, да сфатат дека сите тоа не‘ чека еден ден, а не да мислат дека дедо им отишол во Португалија да бери портокали.
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Бидејќи моите родители се починати јас често одам на гробишта,иако секогаш кога ќе одам некое чувство во градите ме стега,но сепак имам обврска да одам и сакам.Така се чувствувам поблиска до нив,имам некаков спокој. Како што кажа и Хипица за празници никогаш не се оди на првиот ден,тогаш славиме ние живите,туку на вториот пример за Божиќ,Велигден.Нема ништо лошо во одењето на гробишта и на деца и на возрасни,напротив тоа е поврзување со нашите блиски и што побргу разбериме дека нив веќе ги нема меѓу нас толку подобро.
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,932
    Likes Received:
    4,705
    Gender:
    Male
    Од кај ви е идејата дека тие во гробовите не се живи? Тие се поживи од нас, бидејќи повеќе не грешат. Ние умираме поради гревовите што ги правиме, а не поради престанокот на дишењето. И баш ме интересира во кој град се гробиштата што ги спомнува Хипица. Пишав еднаш и пак ќе пишам, како што за големите празници се радуваме посетувајќи ги домовите на нашите блиски, ткаа треба да ја споделиме радоста и со нашите покојни чии тела во гробовите го чекаат Второто Христово доаѓање и сеопштото воскресение.
     
    stylishh, Mama25 and blingy like this.
  6. blingy

    blingy Активен член

    Joined:
    Feb 2, 2013
    Messages:
    34
    Likes Received:
    19
    Добро бе луѓе, зарем навистина? Страв од гробишта? |(
    Самите ние треба да на некој начин ја Oживееме нашата врска со мртвите.
    И не, не сум ненормална, не сум ни на пат.
    Доколку го имате читано Шекспир и неговото мастерпис Хамлет, имате претстава за што пишувам.
    Мајка ми почина кога имав 11 години. Никогаш не престанав да верувам па се до денес дека таа е сега до мене. И не, таа помисла не ме плаши туку напротив, секогаш кога ми е тешко и барем за миг ќе помислам дека немам каде, на памет ми паѓа името на оваа тема. Така да луѓе, такви се општествените околности во кои живееме па затоа произлегува стравот од гробишта. Попросто кажано, не е стравот од мртвите, стравот е од фантомите од кои се плашиме дека не демнат и чекорат со нас се додека не излеземе од гробиштата. Разграничете ги предрасудните мислења и предводете се од условите кои ги нуди стварноста, затоа што и самата потсвест ви вели: - "Не, не е можно мртвото тело пред мене да стане и да си помуабети сомене". ;)
     
    Hipica and Milica145 like this.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,827
    За Охридските градски гробишта зборувам.

    Ортофил, верувам дека нашите различни гледишта за оваа работа се врз основа на фактот КОЛКУ ВЕРУВАМЕ во сето она што како објаснување ни го дава религијата.
    Гробовите на моите блиски ги посетувам за да ми биде мене полесно на душата, а не дека верувам во Второто доаѓање и во актот на воскресение на мртвите души. Токму затоа, затоа што сметам дека тие таму се мртви и МОЖЕБИ еден ден повторно ќе ги видиме (ако постои нешто после смртта каде душите се собираат), а не би можела радоста да ја споделам со некој кој нема да може да се радува со мене и да ми возврати, мислам дека на гробишта не се оди на такви големи денови.
    Пореално гледам на работите, тоа е тоа.
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,932
    Likes Received:
    4,705
    Gender:
    Male
    Ти благодарам Хипица за искрениот одговор. Сепак, која е смислата во недела или празник да одиш в Црква, ако не веруваш? Во Символот на верата исповедаме: „Го чекам вскресението на мртвите и животов во идниот век“. Ако во ова не веруваме тогаш и не можеме да се декларираме за Православни Христијани. И зошто тогаш да се радуваме во недела и на верските празници?
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,827
    Ќе се декларирам јас како сакам и ти нема да ми правиш анализа на ставот и да доведуваш заклучоци за мојата религиска определба според моите постови и твоето индивидуално толкување.
    Дека така пишува на влезот на гробиштата - пишува. Ќе ти постирав фотографија, ама мислам дека би било крајно невкусно да го извадам апаратот кога одам таму.
    Спроти претходноспоментата табла каде е напишан натписот има црква, во истиот двор. Верувам дека тие ја виделе и ја гледаат секој ден, па сигурно би реагирале ако не е во согласност со нормите на Христијанството. Тврдиш дека и тие, како јас, не можат да се декларираат како Православни Христијани? М?
     
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Joined:
    Sep 22, 2012
    Messages:
    202
    Likes Received:
    123
    ??? Ние умираме поради гревовите што ги правиме? :o сакаш да кажеш тие што не грешат не умираат или што? Ај малку медицина и наука.Ние умираме заради тоа што срцето престанува да чука.А срцето престанува да чука кога е веќе старо,или заради некои болести итн.
    Тие во гробовите се поживи од нас???? А да секако,со два метра земја над тебе ќе бидеш пожива сигурно
     
  11. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 23, 2013
    Messages:
    117
    Likes Received:
    50
    А од кај ти е па тебе оваа идеја ? Ние не умираме заради тоа што правиме грешки.Ние живиме и правиме грешки,меѓутоа за нив ќе ни се суди коај ќе умреме.А умираме затоа што Господ така сакал.Како може толку многу бебиња,деца кои нели се безгрешни се до нивната свест,па како тие умираат ? Затоа што прават грешки ?Не,тие се безгрешни.
    Тука правиш голема грешка.Прво консилтирај се со некое свето лице па потоа коментирај,не туку лупај нешто без врска.
     
    Saricko and Hipica like this.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Денес е христијанскиот празник:

    ^ Убаво објаснето. Јас сакам да прашам, дали е правилно според религијата или е од народот обичај, тоа седење на гробишта среде ноќ? Ако е според религијата, тогаш која е целта, што е значењето?
    Знам дека не ми е прашањето за тука, ама дека е за празников :angel:
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,932
    Likes Received:
    4,705
    Gender:
    Male
    Денес е христијанскиот празник:

    Тоа е далеку од учењето на Православната Црква. Бденијата се прават во црквите, а не по гробиштата.
    Според народното верување, кое има за жал повеќе пагански елементи од Христијански, душите на умрените доаѓале вечерта за време на бдението на гробиштата и се гледале во чашите со вино. Порано иделе и во “живо“ ама некоја мајка се згрозила од полураспаднатата ќерка и од тогаш само во чашата. Што е чиста глупост. На место христијаните да се спремаат да го примат на Духовден Светиот Дух, Кој што ѝ се дава на Црквата тие го заменуваат тоа со седење по гробишта и правење циркузи...
    За среќа и не во секој крај се прават овие глупости - бденија на гробишта...
     
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,959
    Gender:
    Female
    Дали 40 дена се вадеа на денот,сум заборавила? Ако може некој да ме потсети,фала
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    761
    да 40 дена точно на денот кога му пага 40 ден а на 6 месеци 1 година 2-3-години се предварува со една недела некаде
     
    Mama25 likes this.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,245
    Gender:
    Male
    Се разбира дека не е грев. Немој да се обвинуваш себе си заради тоа. Христијанскиот Бог никогаш не заповедал да ги посетуваме гробовите на нашите родители, роднини, пријатели итн. Се разбира, ниту го забранил тоа. Така што ниту е грев да се отиде, ниту е грев да не се отиде.

    Твоите родители се упокоени и одењето или неодењето на гроб ниту ќе им придодаде нешто, ниту ќе им одземе. Истото важи и за палењето свеќа на гроб или оставањето храна. Тие ниту ќе ја видат свеќата, ниту ќе каснат од храната. Починати се, нивните души се далеку од нашиов свет, а ќе бидат воскреснати кога Христос ќе го заповеда тоа.

    Ако ти треба емотивно испразнување, можеш да отидеш до гробот, но можеш и дома да си го направиш тоа размислувајќи за деновите кога биле живи, разгледувајќи некој албум или сл. Сепак верувам дека и татко ти и мајка ти повеќе би сакале ти помалку да размислуваш за мртвите, а повеќе за живите. Животот овде на Земјава е краток и треба повеќе да се фокусираме на живите или на едвај живите, особено на оние кои се телесно живи, а духовно мртви и забобени во своите гревови и не го познаваат Спасителот Христос кој може да ги спаси од духовна смрт и да им подари живот вечен.
    Тука би сакал да го цитирам Христос кога вели:

    „А (Исус) на друг му рече: „Врви по Мене!” Но тој рече: „Господи, дозволи ми најнапред да одам и да го погребам татка си.” Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци. А ти оди и проповедај го Божјото Царство!”“ (ев. Лука 9:60, Библијата)
     
    Mimi123 likes this.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,596
    Likes Received:
    5,940
    а дали е морално да се дадат 40 баклави и 40 сендвичиња,или само кај нас-нашиот крај е адет?
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,932
    Likes Received:
    4,705
    Gender:
    Male
    А што ако имате повеќе од 40 присутни луѓе на парастасот? Обично на 40. дена се собираат повеќе луѓе, скоро колку и на закопот, па некому нема да му дадете задушнина? Не се замарајте со вакви работи, спремете си онолку лепчиња и баклави колку што очекувате да ви дојдат луѓе, нормално уште неколку повеќе, за оние кои не сте ги очекувале, па да не се посрамите и да не ви недостасува лепче за некого.
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,596
    Likes Received:
    5,940
    а и задушница е или мртвен незнам стварно ..ќе има сигурно народ по гробиштата....за раздавање нешто ќе треба да носиме... Мора ли да повикаме луѓе туѓинци (пример комшии,пријатели) или само сестри,браќа,внуци
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,932
    Likes Received:
    4,705
    Gender:
    Male
    Тоа веќе си зависи од вас, од вашите сфаќања, од вашата култура, вера, обичаи, од вашата љубов кон покојниот итн. На крајот од краиштата можете и никого да не викнете и ништо да не раздавате, па дури не ни мора да пеете парастас, тоа од вас си зависи...
    Искрено, јас не би дозволил на четириесетдневен парастас да не бидат поканети и подалечните роднини, пријателите и комшиите, макар и да биде поскромно раздавањето. Но, сепак тоа е мое сфаќање.