1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење на гробишта

Дискусија во 'Религија' започната од anaantonia, 7 јануари 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Колку глупави мислења ќе прочитам боже сачувај.
    Не одење на гробишта за празници - епа баш одам на секој празник освен Нова Година се разбира, се знае ред кога е за идење на гробишта ( бог да чува бремене не иделе, вакви не иделе глупости на 21 век)
    Ние умираме од грешките што ги правиме - како па да не, која глупост, умираме зошто така ни било пишано, така Господ сакал и го имал зацртано тоа уште кога сме се родиле.
    Храната ќе скапувала - храната ја носите од почит кој починатиот ако толку сте заостанати во паметот па и не мора да одите ни да носите не го почитувајте и крај. :fubar:

    Тетка ми почина пред 10 години и првите 6 и одевме на гробишта, со моите родители и баба ми и дедо ми. Немаше празник кој не е пропуштен за идење на гробишта.
    Баба ми почина пред 2 години и јас сама не можам да одам на гробишта и одам со моите родители. И ништо страшно нема во тоа. Секој сам за себе не пишувајте глупости кај ќе ви се смеат сите.

    Што се не ќе прочитам по интернетов боже мили :x
     
    На Antebellum и natemila им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Се гледа ТИ колку си информирана.
    Ова со неодењето за празници го пишува на самиот влез на гробиштата на прописна табла, не го измисли никој тука на форумов. И логично е - празниците се прославуваат со живите, а не со мртвите. По секако, ако оние живите доволно го почитувале оној кој умрел, духот негов ќе биде присутен на празничната трпеза.

    И не сме заостанати кога велиме дека храната скапува затоа што таа навистина скапува, или ја собираат локалните питачи, или ја собираат кучиња. Поарно купи еден леб и дај му на оној кој нема, отколку да ја оставаш на гробот, зашто на мртвиот таа храна не му користи.
    А и почитта не ја покажуваш ако правиш цели трпези на гробот, туку ако на личност се сеќаваш со топли мислиш и ја спомнуваш за арно.
     
    На Amellie13, Waka-waka, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Имам почината мајка, одам на гробишта колку можам, кога можам, за празници, за не празници сеедно. Ниту ми е полесно ако отидам, ниту ми е потешко ако не отидам. Болка е таа (ОГРОМНА) која никогаш нема да исчезне! Секогаш ќе боли! Секогаш ќе недостасува еден дел од мене!

    Во однос на храната сте се рчнале.
    Носењето на храна (од ќебапи, буреци, пици, баклави, итн.) повеќе ни е заради тоа што нам ни се пријало тоа во моментот и ние да си апнеме, а не заради умрените :!: Никој не може да ме убеди во спротивното.
    Боже каква почит спрема вработените, која се заснова на тоа што ќе однесеш и колку ќе однесеш храна на гробишта? Почитта се согледува во други работи, а пред се' во нашиот однос со нашите починати додека биле живи, а не во материјалните нешта. Додека биле живи очи си ваделе, сега за лице да се направи и за пред народ ќе мкнат ќесиња со храна. Видете ме колку многу жалам :!:
    Носењето на храна на гробишта е паганска работа, измислена од народот, а не од црквата (Македонската православна црква).
    Значи според таа малечката книгичка за умрени која ја добив од попот кога мајка ми почина, од храна се носи само леб, црвено вино и варена пченица, друго НЕ. + вода и свеќи
     
    На Antebellum, Feminka22, Belgin1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    На кој влез и на кои гробишта пишува дека на празник не се оди на гробишта, баш на секој празник кој сака може да си отиде не е забрането ни па некаде пишува, за храната се согласувам, и јас имам починат татко и никогаш не оставам храна на гробот од причина што кучињата прават лом, а и на питачи им давам и на циганчињата затоа што неможат да се избегнат. Исто и со почита точно, ако на живо не сме се сакале после е се џабе и фрлени пари кој не се вракаат, зборот ми беше дека нема правило кога да се оди а кога не.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Имам и претходно пишано на темава, на влезот на градските гробишта во Охрид стои напис. Нема смисла нели да одам да го сликам па да ви го постирам тука за да ви докажам.
    Признавам, и јас одам на гробишта често во недела, зашто некако само тогаш наоѓам време (што ни тоа не е изговор). Но, ако се водиме по правилата на МПЦ, правилно не е.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.551
    Пол:
    Женски
    Јас, а и моите, престанавме да одиме на гробишта после еден несреќен случај во нашето семејство. Не смртен, несреќен, личноста се спаси. Не знам, мајка ми рече не требало да одиме, барем не таа а и наредната година. Но ниту еднаш не појдовме после тоа до денешен ден. А баш таа година кога се случи несреќата, за Велигден кога се оди на гробишта а ние не појдовме, почна да ни паѓа храна а тркалезни плодови се тркалаа под шкафови.
     
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    На самиот штанд со црковни свеќи на гробиштата има црковно соопштение од кои до кои денови не се оди на гробишта, на денови како божиќ и велигден не се оди на самиот ден, туку има термин кога е рој празник посветен на мртвите, наредниот или после два дена, така нешто, а објаснението е дека на ссмиот конкретен празник треба да се празнува самиот ден, дс се оди во црква и да се биде во кругот на семејството со живите, а за умрените си има ден. Ова е објаснение црковно од поп.
     
    На kuc и Lejla8 им се допаѓа ова.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Се изначитав кога требало, кога не требало да се оди на гробишта.
    Ма дај ви се молам. Секој има право да оди кога сака.

    Само оние што не изгубиле битни личности можат да солат памет кога се оди а кога не.
    Немате поим колку некогаш е голема потребата да се отиде, да се исплаче човек, да си ја олесни душата барем за миг.

    Во тие мрачни дупки не се наоѓаат само старци од 90 г па да си речете ајде нема да одиме.
    Таму лежат и млади души што не виделе ништо од животот, а ги затвориле очите.

    Баба ми по 2 пати во денот одела на гробишта кога починал вујко ми. Кој можел да и рече не оди, кога ја разбирале нејзината болка. Вујко ми бил дете од 17 г.

    Затоа не солете памет никому кога да оди а кога не, бидејќи не знаете кој со каква болка живее.
     
    На Duhce123, Antebellum, edna_malecka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Кога мајками почина одев 1 година,секој ден ама буквално секој ден,и тоа седев по 10 часа на ладната плоча.И да никој не смееше да ми кажеше а ни каже,кога да идам,колку да седам.Иако реално е претешко на тие места да се оди,душа пржи,срце боли,али тоа е што е.
     
    На Antebellum, edna_malecka, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341

    Da...potesko nema ...zboruvas kako so ziv covek,drzis monolog...a odgovor nema
    Odam i jas najcesto sama...ponekogas ke mi se natrapi nekoj i odenjeto ne e toa toa...zatoa se zavratuvam povtorno da si kazam sto mi lezi na dusata.
    Svesna sum deka tamu e samo materijalnoto ,promenlivoto ama ete...me vlece nesto natamu,so saati da sedam i da si pravam muabet.
    Vakvoto odnesuvanje za drugite ne e ok,ama onie sto pocuvstvuvale vakva ogromna bolka mozat da razberat.
     
    На Antebellum, Belgin1, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Празник или не,ама душата ме влече да одам до на гробишта.Секако за празници прво во црква,па после на гроб.Како да не одам кога таму ми е најмилото,а и татко ми.Сакам да сум сама,да си се исплачам,ако има други со мене,тоа не можам.Не би можела да не одам,ете на пример за празници,па најмилите баш тогаш најмногу ни фалат,не дека другите дена не.Но кога сум таму,до таа студена плоча,некако ми е подруго,како да сум поблиску до него,зашто половина душа ми е внатре со него.Можеби некој ќе речи дека сето тоа е претерано,но болката кон оној кој заминал,не тера да го посетиме неговиот вечен дом.
     
    На Antebellum, edna_malecka, natemila и 4 други им се допаѓа ова.
  12. stanka_1

    stanka_1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    здраво феминки ме интересира бидејки сум млада а сакам да знам дали може бебе од 1 и 8 месеци од која возраст се носат фала ви
     
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    не постои возраст до кога не смеат/ од кога смеат, зависи од твојата желба и потребата која ја чувствуваш и зависи чив гроб сакаш да осетиш.

    јас моите сум ги носела ко бебиња на гробот кај мајка ми и не сум помислила на ова воопшто. само желбата да и соопштам дека и се родило внуче ме водела
     
    На Antebellum, edna_malecka, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве еден интересен статус од Фејсбук на темава:

    „Како го доживувам практичното народно православје?
    Па отприлика, како храна собрана од задушница. Во една пластична чинија измешате и изнаставате пет-шест видови слатки, два-три видови баници, малку пилешко, малку пржена риба, едно ќофте, има и една оладена мекица, скрешно парче од стврднат ѓеврек, еклер на крајот малку замачкан со кечап, и сето тоа ставено во најлон кеса, па ти јади. Синкретизам е тоа, на христијанство со мешавини на словенски паганизам и анимизам, со по некој турски муслимански обичај, за на крајот тоа да стане една невкусна солено-слатка комбинација со разни мириси под доминација на најсилниот мирис од рибата.“
    (Пастор Сашо Георгиевски, извор)
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Како мала мајка ми секогаш ме носеше на гробот на татко и.Пошто знаеше дека почнав да ги сфаќам тие работи.Искрено сега одамна не сум била.Мајка ми оди секоја Задушница и секоја годишнина на смртта на дедо ми.
    Еден ден..кога моите ќе ги нема ќе гледам често да ги посетувам.Без разлика дали е празник или делник.Може не сум дома со моите циле-миле, се караме не сме толку блиски.Ама тие ми се родители благодарение на нив јас постојам и сум стигнала до одредено ниво во животот.
    Мислам дека кога се работи за починат родител, не гледа детето многу кој ден е и дали е празник.Секој си знае како му е.Нека им е лесна земјата на сите :) :l:
     
    На edna_malecka, Orthophill и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Секако дека може. Ние имаме мали деца во фамилијата и ги носиме на гробишта. Исто имам видено бебе од 6 месеци го донесоа на гробишта.
     
    На edna_malecka и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира истото што и една членка погоре има прашано, меѓутоа кај мене е малку поинакво прашањево. Колку ви е во ред ваши деца да ве напнуваат постариве дека треба секоја недела/празник, да одат по гробишта? Правам муабет за дете од 5-6 години. Свекрва ми редовно си оди на празник и секоја недела, се е тоа во ред нејзино право,ама еве секое одење ја запнува јатрва ми (од внук нејзин жена, до нас живеат) да го пушти малиот со неа, требало детето да си ги "види" претците. Денес и мене ми се пушти, кога ќе наполнел син ми 3-4 години ќе си го земала со неа, морало да знае детето. Мислам во ред е, пример детево ако сака, ама што потреба од напнување. Како ние на 3-4 годишно дете ќе му објссниме што се тие места и што тоа дете бара таму, па тоа толку да сака да оди.
    Мене пример не ме носеле, не гледале ваљда потреба, дури после 12/13 години прв пат сум отидена на гробот на дедо ми што е одамна починат, преку 30 години, итоа јас изразив желба.
    Искрено мое мислење е дека не разбирам која е потребата да се носи дете од 5-6 години та и помало по гробишта (освен ете ако така си сакаат родителите или па така мора во ситуацијата), на прадедовците и прабабите да им ги види гробовите.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да и кажеш дека не сакаш да го носи твоето дете на гробишта, и дека ако сака да си ги види претците да најде некоја слика од нив и да му ги покаже. Дури и повиши и тон ако запне ептен, иначе нема да те разбере.
    И онака ништо нема да види детето на гробишта освен слика од некој што не го ни знае, тоа и дома може да го види.
     
    На Miss666, ElenaOfRivendell, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Да сум на твое место не би го пуштила ни под разно. 3-4 години ќе го носела да ги запознае претците. Трескање зелени. 3-4 годишно дете наместо да игра, да се радува таа нека го носи да го депримира по гробови, нека му збори за смрт. Јас не би го пуштала ни еднаш. Не го замарајте детето со глупости толку мало, дете треба да го живее детството радосно, не секоја недела по гробишта ко некоја тетка.
     
    На mira.mira, Miss666, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нема што да оди дете на гробишта секоја недела.
    Глупости на квадрат.
    Ќе гледа мермери без веза.

    Не го пуштај.
    Речи и' кога ќе порасне ќе оди тоа кога ќе сака и точка.
     
    На ElenaOfRivendell, eliesaab и Nevenche26 им се допаѓа ова.