1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење на гробишта

Дискусија во 'Религија' започната од anaantonia, 7 јануари 2013.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во Вашиов случај мислам, дека пискањето и врискањето биле главниот проблем, што Ви направил подоцнежни проблеми, а не соочувањето со смртта. Верувам Вие како дете не сте го ни виделе покојниот.
    Еве јас лично, првпат покојник видов сосема случајно и тоа од далеку. Го изнесуваа од црква и се сликаа со него. Ме исплаши малку што беше жолт. Првпат во близина на покојник се соочив со смртта на дедо ми, имав 18 години. Иако бевме блиски и ми беше прмногу жал, а и релативно млад почина, не се истрауматизирав премногу. Потоа сум видел уште многу познати, што блиски, што подалечни. И никогаш не сум се истрауматизирал.
    Ридањето, пискањето и врискањето е начин за изразување на тага, ама некогаш е и едноставно глумење пред луѓето...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама мене мртов човек (освен ако нема крвишта и тешки повреди) не ме плаши воопшто.
    Иако верувам да сум видела покојник пред повеќе од 10 години ќе сум се преплашела.

    Сосема е погрешно да се тврди дека ако од деца не соочуваат со смртта, дека таа ќе ни биде помалку трауматична.
    Секако, секое дете со тек на време треба да знае што е смрт. Ама ова е многу според мене.
     
    На ElenaOfRivendell и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ако ви кажам дека на мои години не одам на погреби, ќе ви биде чудно. Не можам да доживувам таков стрес.
     
    На marchi-cool, candy.cane и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Грешка направиле твоите,требало да те шетаат низ судска медицина за да се навикнеш на смрт уште од млади години по логиката на Орти
     
    На ElenaOfRivendell и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Иако немам свој Деца,но Внуката ја гледам и сакам како свое Дете.Мајками е почината 5 год пред да се роди Внуками,и кога се роди нормално не сме збореле воопшто да се носи на Гробишта,но еднаш Сестрами ја зема,немаше кој да ја чува Задушница беше,и ја донесе.Нормално дете мало,со 1000 прашања,тогаш Татко ми и објаснуваше дека тоа е Куќата на нејзината Баба,дека нејзината Баба е горе на небото.Многу пати знае да ме праша Вујче,кога ке одиме кај Баба на гости,кај нејзината Куќа,тогаш тие зборови ме растажуваат премногу,ама такви се Децата.Не преферираме повеќе да ја носиме на Гробишта,а Внук ми (братчето нејзино),не е носено воопшто,и мислам дека нема потреба во брзо да се носи,барем додека не порасне,тогаш може да му се објаснува за неговата покојна Баба.
     
    На edna_malecka, SummerGirl, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    По логиката на моите (повеќе на татко ми) мали деца не треба да одат на гробишта и на погреби. За ова второто би се согласила. Сепак....постресно е од ова првото.
     
    На ElenaOfRivendell, candy.cane и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Јас лично никогаш сум немала проблем со одење на гробишта, ме носеле уште од мала кај братот на дедо ми, можеби бев 7-8 години и баба ми ми кажуваше пред колку време починал, зошто починал и некако смртта си ја прифаќав најнормално, како дел од животот. Во близина кога имало погреби и луѓе плачеле, не ми предизвикувало никаква реакција во смисол да се исплашам или потресам. Сум "раздавала и за душа" на луѓето што биле околу нас, и сум земала и од нив што ќе ми дадат уште како мала.

    Единствено, многу се прашував како ќе реагирам кога за прв пат ќе ми почине некој близок, баба, дедо.. Не знаев што треба да правам.
    Кога ми почина едната баба, не ме земаа на погребот, не се сеќавам зошто, веројатно не сакале да ја гледам таа глетка, а претходно не сум била на ниеден погреб. На дедо ми и другата баба им бев на погреб и беше непријатно чувството, да, особено ми беше жал за вујко ми да го гледам кога почина дедо, зошто иако личеше дека е јак, знаев дека многу го боли. Јас не плачев и на двата погреби, секогаш сум "покер фејс" на вакви настани.. не е дека не чувствувам ништо, туку ете, не знам, не сум таков човек.. или сум стекнала некоја навика од дома да не сакам да искажувам емоции пред моите.

    Во глобала, секогаш кога сум одела на гробишта како мала сум се прашувала за сите тие луѓе што се таму.. зошто починале, каков живот живееле, каква судбина имале, жал ми било кога нечиј живот бил прерано прекинат..
    Немам против да се носат мали деца на гробишта, освен ако тие не сакаат. И не би носела баш дете на погреб, зошто сите се различни а и не е баш убава глетка тоа да ја доживее на мала возраст, со плачки, викања, отворен ковчег, спуштање во земја.. Тоа понатаму кога ќе порасне, ако сака..
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.479
    Пол:
    Женски
    Од мала ме носеа на гробишта.
    Колку и да боли,одам на погреби и одам на гробишта кога можам.
    Сметам дека бебе не треба да се носи на гробишта,ама за поголемо дете дека е ок.Само треба убаво да му се објасни зошто се закопани луѓе таму за да не се истрауматизира.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dtk

    dtk Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Зошто во последно време не се посетуваат гробиштата?

    Дури ниту на Задушници нема луѓе како порано, кога бев помала и одев со баба ми

    Јас сум млада и често одам на гробишта, но страв ме фаќа (од кучиња, не од мртви), насекаде пусто: исушени цвекиња со години, нечисти и напуштени гробови. Жална е ваквата слика.

    Во обични денови во Бутел немам видено никој да доаѓа на гробишта, освен ако нема погреб. Ми се чини ако ми се слоши нема кој да ми помогне.

    Зошто? Толку ли луѓево заборавија на мртвите?
     
    На Orthophill и elimkd им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Јас ретко одам на гробот на татко ми, не дека сум заборавила, едноставно и после толку години без него не можам да ја прифатам смртта, постетата на неговиот вечен дом ми ствара уште поголема душевна болка
     
    На eliesaab, La Stilla, pikabu5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Гробишта се за мртви луѓе. Зошто одиш често на гробишта, која е потребата?
    Ако имаш мака помоли се, запали свеќа во црква, отиди на литургија и готово. Еден ден сите ќе бидеме таму, тоа ќе биде нашата последна дестинација, така да не се брзај. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dtk

    dtk Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Разбирам мила јас истото го чувствував првите години по смртта на мајка ми... но, зборував општо дека не се оди на гробишта. Пусти се...
    Одам бидејќи чувствувам потреба да и го исчистам гробот на мама, да сменам цвеќе итн. Мислам, тоа не е многу често: секои 2-3 месеци кога времето е фино.

    За какви будали зборуваш? Некој може да ме нападне или? Те молам објасни ми, ме заинтересира сега.
     
    На Orthophill, Bitter-Sweet, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Многу ме натажи. Не знаев дека е твојата мајка почината и многу ми е жал. Ме доболе. ;(
    Te разбирам, во ред е. :hug:
     
    На dtk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.789
    Да си одиш кога сакаш и колку сакаш. Никој не смее да се дрзнува да ти го одредува тоа. :hug:
    Ретко - често, како чувствуваш, така прави.
     
    На elimkd и dtk им се допаѓа ова.
  15. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Добра ти е забелешкава.... и да стварно е жална сликата но мислам дека се должи на повеќе работи.

    -Секога е намалено идењето поради Корона (на погреб нема собирање мнг луѓе)
    -поради забрзаното темпо на живеење (мнг луѓе немаат време да потсредат по нивните домови од толку мнг работни обврски а камоли да посредат по грбовите на нивните блиски- не го оправдувам ова само кажувам)
    -поради зголемениот број на атеисти/спиритуалисти (тие луѓе гробните почивалишта не ги доживуваат како христијаните па затоа не присуствуваат на релгиски празници и мнг ретко посетуваат)

    ова се само неколку причини што ми текнаа сега...

    сочуство за твојата мајка, има прекрасна ќерка која што си го чува споменот на својата мајка и нејзиното почивалиште...

    пс- би требало јас почесто да идам....
     
    На Orthophill и dtk им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Одговорот е едноставен и краток. Љубовта се олади... Зошто да одиме на гробишта, кога можеме да дремеме на фб, иг, тт итн.? И не само што не одиме на гробишта се помалку и помалку се молиме за покојните...
    Се сеќавам и јас, пред петнаесетина години кога ќе појдевме на гробишта, полни беа... Сега жив човек нема. Нема кому да се даде нешто задуша...

    Од друга страна, ние плаќаме за одржување на гробиштата, ама очигледно никакво одржување не добиваме! Само парите ни ги собираат.
     
  17. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Душо, нема луѓе во државава, се полека и полека се празни. Не е само на гробиштата, и по улиците, продавниците.. Ноќно време се бројат на прсти, луѓето што ќе ги сретнеш.

    На гробиштата е уште потажно, наоколу се повеќе нови гробови. Короната не дотепа..
     
    На Orthophill, KittyAgnes, dtk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да прашам па ајде тука
    Каква слика треба да се стави на споменот да не е мн насмеан?
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    За ова прв пат слушам / читам дека имало некое правило. :?: Сум видела и слики каде починатите биле насмеани, а претежно млади починати... Која слика ти се допаѓа, таа.
     
    На темјанушка и Kikiccc им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли ова да ми го објасниш поубаво зошто никогаш не ги разбрав тие на ти - дај ми раздавања си храна. Нели треба да има само леб, вино и пченица?